Скопје
28ᴼ /
28ᴼ
Саутемптон против Хал требаше во сабота на Вембли да се бори за враќање во најдобрата англиска лига, но наместо нив, ќе игра Мидлсброу. Англиската лига потврди дека Саутемптон е исфрлен од финалето поради прекршување на правила за шпиунажа. „Независната дисциплинска комисија денеска донесе одлука Саутемптон да биде исфрлен од плејофот во Чемпионшип, откако клубот призна повеќекратни прекршувања на правилникот поврзани со неовластено снимање ...
Правдата на финалниот натпревар ќе ја дели Игор Стојчевски, кој важи за еден од најдобрите македонски арбитри и е интернационален ФИФА судија. Стојчевски е вклучен и во ментор програмата на УЕФА за елитни судии, каде работи под менторство на поранешниот славен турски арбитар Џунејт Чакир. Дополнително признание за македонскиот судија е и изборот да суди на Европското првенство до 19 години кое годинава ќе се одржи во Велс. Негови помошници на ...
Во организација на Здружението на просветни работници, а со поддршка на Општина Куманово, денеска се одржа настанот „Од азбука до алгоритам – приказни што живеат“, на кој ученици од основните и средните училишта презентираа видеоприказни посветени на Свети Кирил и Методиј. Организаторите информираа дека станува збор за продолжение на минатогодишните ликовни и литературни работилници, но годинава фокусот бил ставен на видеоформата како начин ...
Создадено како кафе за носење, Нера кафе е избор за сите кои сакаат уживање без притисок. За прошетка низ град, кратко бегство од обврските, пауза со пријатели, возење без одредена дестинација или оние неколку минути кога сакаш само да застанеш, да здивнеш и да уживаш во добар вкус. Со богат вкус на 100% вистинско кафе и совршено избалансирана млечна нота, Нера кафе носи кремасто, ладно освежување што е секогаш подготвено да тргне со тебе. Не ...
Мислам дека Шкендија по 8 години е во финале на Купот и нормално ќе влеземе максимално во овој меч и како екипа која сака да се надигрува. Имаме почит кон Силекс кои последниве две години играат одлично. Лани до последно коло се бореа со нас за титулата. Нијанси ќе одлучуваат. Можеби имаме мала предност од нашето европско искуство, но во еден меч тоа ништо не значи бидејќи секогаш во овие мечеви одлучува еден момент. Ние ќе дадеме се од себе ...
Првиот концерт се одржал во градот Калиш, во катедралата „Св. Никола” по што свештеникот кој раководи со катедралата, организирал прием за хорот на кој била претставена и голема фреска на која биле претставени светите браќа Кирил и Методиј. Вториот концерт се одржал во концертната сала на универзитетот „Адам Мицкјевич ” во Познањ. За овој концерт, маестро Татарчевски избрал програма со композиции од македонските бардови на хорското творештво ...
Новото Limited Edition издание е резултат на креативната соработка помеѓу Златен Даб и студентите од „Brainster Next“, кои преку креативен хакатон добија можност да работат на предизвик за еден од најпрепознатливите домашни брендови. Во процесот беа вклучени млади креативци од UX/UI и графички дизајн, кои за само 48 часа требаше да креираат впечатливи и јасни дизајни, верни на духот на брендот. Од сите пристигнати решенија, дваесетина дизајни ...
Противничка на Ѓорческа беше Сузан Ламенс од Холандија која важеше за фаворитка во овој дуел и ја оправда таквата улога. Холанѓанката победи со 6-4 и 6-3 во меч кој траеше еден час и десет минути. Ѓорческа оваа годна настапи на во квалификациите за Австралија опен, но досега не успеа да дојде до главната фаза од грен-слем турнир. Противничка на Ѓорческа беше Сузан Ламенс од Холандија која важеше за фаворитка во овој дуел и ја оправда таквата ...
Како што информираа од ДУИ, партијата веќе ја информирaла сета домашна и меѓународна јавност, амбасади и организации, за, како што велат оттаму, овој досега невиден политички притисок врз правосудството. „Наместо да се одважат, издигнат, и да прифатат правни одлуки, глумат обвинители од Тему, иако го немаат ниту прочитано извештајот на Државниот завод за ревизија (ДЗР) ниту одлуката на Обвинителството. ДЗР нема ниту една експертиза за ...
Истражувањето, како што пренесува Гардијан, покажа дека 19 учесници кои примиле единечна доза псилоцибин имале поголема веројатност да се воздржат од кокаин во споредба со 17 учесници кои примиле плацебо, антихистаминот дифенхидрамин. Учесниците од двете групи работеле со психотерапевти за да ги обработат своите искуства за време на третманот. Водечкиот автор на студијата, Питер Хендрикс, професор по ментално здравје на Универзитетот во ...
Обуката е дел од осум циклуси на „Почетна едукација на професионалците за родово базирано насилство врз жените и семејното насилство и мулти-секторски одговор“, низ кои ќе поминат вкупно 200 полициски службеници од сите сектори за внатрешни работи. Меѓу нив се водичи на безбедносен реон, сменоводители и инспектори задолжени за постапување по пријави за вакви случаи. Целта на обуките е унапредување на знаењата и капацитетите на полициските ...
„Мислам дека воената поддршка која ја обезбедивме досега е апсолутно исправна. Исто така, мислам дека е исправно да се направи многу повеќе за да се создаде ефект на одвраќање покрај нашата поддршка за Украина. Она за што жалам е што Европа, според мене, не го користи доволно својот дипломатски потенцијал“, кажа Меркел во интервју за јавниот сервис ВДР. „Не е доволно само Доналд Трамп да одржува контакт со Русија“, додаде таа. Расте ...
Од ракометниот клуб соопштија дека во истиот термин веќе имаат закажана клупска прослава на која ќе присуствуваат играчите, стручниот штаб, раководството, спонзорите и пријателите на клубот. „АД Ракометен Клуб Вардар 1961 имаше исклучително успешна сезона во која ги обедини титулите во Македонија и имаше успешен настап во Европа. Горди сме што овие успеси ги постигнавме пред полни сали и го привлековме вниманието на целокупната спортска ...
Според обвинението, двајцата обвинети во периодот од 2018 до 2022 година незаконски набавувале лекови преку фиктивни тендери и присвојувале дел од терапијата, а со денеска презентираните докази обвинителството настојува да ја поткрепи документацијата за набавката, евиденцијата и аплицирањето на лековите, како и податоците за нивната потрошувачка и финансиска вредност. Обвинителството пред судот презентираше три цедеа со електронска ...
Како што соопштуваат од Министерството, во своето обраќање, министерот за правда, Игор Филков, истакнал дека предложеното законско решение претставува значаен чекор во зајакнувањето на владеењето на правото, борбата против криминалот и корупцијата и заштитата на јавниот интерес. Министерот потсетил дека во март 2024 година беше донесен првиот Закон за конфискација на имот во граѓанска постапка, со кој Република Македонија започна со ...
Особено силните сончеви бури можат да ги онеспособат сателитите, да ги загрозат астронаутите и да создадат впечатливи поларни светлини на небото на северните и јужните географски широчини. За да дознаат повеќе за овие малку познати временски услови во вселената, вселенското летало СМАЈЛ, со големина на комбе, има задача да ги направи првите рендгенски набљудувања на магнетното поле на Земјата. Вселенското летало треба да се лансира со ракета ...
Истакнат пример е партнерството меѓу Медицинскиот универзитетски канцер институт и болница Тианџин (ТМУЦИХ) и две големи руски институции: Националниот медицински истражувачки центар за онкологија Петров и рускиот Национален истражувачки медицински универзитет Пирогов. Заедно, тие направиле големи чекори во онкопластичната хирургија на гради и истражувањето на коскени метастази, поставувајќи нови стандарди во меѓународната медицинска ...
Развиена е од д-р Херберт Бенсон од Харвард како начин за спротивставување на стресот и реакцијата „бори се или бегај”. Бенсоновата техника за релаксација е едноставен метод за опуштање кој се извршува така што лицето мирно седи или лежи, дише бавно и при издишување во себе повторува некој смирувачки збор или фраза. Целта на техниката е да се смири телото и умот и се препорачува да се практикува секојдневно од 10 до 20 минути. Техниката се ...
ФФМ официјално покрена постапка против Вардар поради контроверзната прослава по освојувањето на шампионската титула. Неколку клубови добија сериозни казни поради однесувањето на своите навивачи, пред се поради користење на пиротехника на стадионите. Последните одлуки на дисциплинската комисија ви ги пренесуваме во целост: – Се поведува дисциплинска постапка против ФК Вардар поради недолично, потценувачко, дискриминирачко и деградирачко ...
За нас ова е натпревар на сезоната, бидејќи носи излез во Европа. Шкендија е квалитетен и искусен противник, можеби и во мала предност поради европските натпревари што ги има одиграно. Но, ќе се обидеме да ги искористиме сите слабости што ќе ни се понудат. Која би била предноста на Силекс? Според мене, тоа е што Шкендија има одиграно 54 мечеви сезонава. Посакувам добро финале и нека победи подобриот Ова е најважниот натпревар за нас сезонава ...
Македонија одигра импресивен меч, а по неговото завршување задоволството не го криеше селекторот Лазаров. „Мора да бидеме задоволни, без разлика на нивото на Словачка, тие против Украина покажаа дека имаат квалитет, не е лесно да ја победите Украина. Им честитам на моите момци, не се победува лесно со 15 голови разлика. Имавме сериозен пристап, секој ривал во баражот е квалитетен, а ние покажавме константен ракомет, тоа го барав од играчите. ...
Соседна Летонија, исто така, издала предупредување за дронови и ги повикала жителите во близина на руската граница да останат во своите домови. Летонската војска објави дека во областа се испратени авиони од мисијата на НАТО за надзор на воздушниот простор на Балтикот. Во последните месеци Украина ги засили нападите со беспилотни летала со долг дострел врз Русија, вклучително и балтичкиот регион. Од март неколку украински воени дронови влегоа ...
Според предложените измени, казината и автомат клубовите би можеле да работат само во граничен појас до пет километри од државната граница или во категоризирани хотели со пет ѕвезди. Мециновиќ истакна дека институциите мора да покажат дека човечкото достоинство, семејната стабилност и иднината на младите се поважни од приватниот профит. Тој нагласи дека коцкањето со години се развива како „дегенеративен феномен“, додека, како што рече, ...
Во говорот тој повика на обединување за државните и националните интереси затоа што, како што рече, ниту една политичка разлика не смее да биде поголема од татковината и ниту една лична амбиција не смее да биде поважна од иднината на нашите деца. „Денес сме овде, во Разловци, на оваа света земја, за да одбележиме 150 години од Разловечкото востание. Стоиме исправени пред историјата, пред жртвата и пред споменот на луѓето, кои во едно тешко и ...
„Овој Центар, отворен во соработка со Општина Кисела Вода и со поддршка од Министерството за социјална политика, демографија и млади и Светската банка, ќе обезбеди индивидуализирани логопедски и дефектолошки третмани, професионална поддршка за децата и родителите, како и соработка со училиштата и институциите. Особено е важно што услугите ќе бидат бесплатно достапни и за деца од социјално ранливи семејства зашто поддршката не смее да зависи ...
„Поднесуваме граѓанска интитуционална иницијатива за почнување постапка за прогласување на село Разловци за заштитена историска целина (културно наследство од особено значење) на Македонија. Ние, долупотпишаните граѓани, жители на село Разловци, Општина Делчево, пошироката јавност и почитувачите на македонската историја, врз основа на Законот за заштита на културното наследство, ја поднесуваме оваа официјална граѓанско-институционална ...
„Сто и педесет години од камбанаријата на црквата Св. цар Константин и царица Елена во ова мало место одекнува името на непокорот што никој не успеал да го замолчи. Сто и педесет години Разловци стои исправено над македонската историја и трае како највисок пантеон на македонскиот опстој. Овде, во 1876 година, македонскиот народ го разгоре жарот, што подоцна ќе прерасне во силен ослободителен бран во цела Македонија. Разловечкото востание е ...
Како што се наведува во соопштението на Демократскиот сојуз, очигледно е дека зад овие активности стои политичката агенда на ДУИ, која, според партијата, по губењето на власта се обидува преку националистичка реторика, етнички тензии и вештачки кризи да предизвика дестабилизација на државата и да обезбеди политички поени. „Демократски сојуз смета дека правото на употреба на албанскиот јазик мора да биде гарантирано и почитувано согласно ...
Сè ова се случува, рече таа, иако по распадот на Југославија, Македонија и Словенија од Бадентeровата комисија беа оценети како земји што уставно ги исполнуваат условите да бидат признаени од тогаш Европската заедница. Таа смета дека и покрај тоа што Бугарите не се споменати во Уставот, тој им ги гарантира истите права на оние што веќе се споменати во него. Исто така, треба да се спомене, рече таа, дека Бугарија во својот Устав нема посебен ...
Според анализата на Радио Слободна Европа, Скопје веќе забрзано гради нова гасна инфраструктура со поддршка од Вашингтон и Брисел, со амбиција да се позиционира како нов регионален енергетски јазол. Клучен дел од тој план е гасоводот Гевгелија-Неготино, кој е во изградба и треба да ја поврзе земјата со грчките терминали за течен природен гас. Почетниот капацитет на гасоводот е планиран на 1,5 милијарди кубни метри годишно. Паралелно, се ...