Како што пренесува Ројтерс, регионалната иницијатива за посредување предводена од Пакистан има за цел да ги намали разликите меѓу Иран и САД по неколкунеделната војна, која го држи клучниот воден пат Ормуски теснец затворен за повеќето бродови и покрај кревкото примирје што ги наруши глобалните енергетски пазари. Иранските државни медиуми објавија дека Мунир се сретнал и со претседателот Масуд Пезешкијан, во присуство на министерот за ...

Битолчани донесоа засилување на левата бековска позиција, ракометар на кој му се предвидува голема кариера. „Со карактеристики кои го привлекоа вниманието на повеќе европски клубови, нашиот нов лев бек со право беше во бележниците на многу ракометни познавачи. Наше е задоволството да го потврдиме неговиот трансфер. 20-годишниот лев бек Малик Татар е нов член на Еурофарм Пелистер. Се работи за словенечки потенцијал, со проекција за голема ...

Вардар во минатото коло ја завери шампионската титула, па денешниот меч против Шкендија ќе биде само можност да се поздрават фудбалерите од страна на навивачите за успехот кој го имаа оваа сезона. Откако ќе заврши натпреварот, ќе почне прославата која ќе се одржи на „Школка“ во Градскиот парк. Пред натпреварот меѓу Вардар и Шкендија, се игра дуелот меѓу Арсими и Струга, тој меч е закажан од 16 часот. ПМФЛ 33. коло: Сабота Арсими – Струга ...

Специфичноста на овие набавки е во тоа што се реализирани во периоди со негативни цени на струјата на берзите, што значи дека АД ЕСМ не плаќа за преземената енергија, туку напротив – на компанијата и се плаќа за да ја преземе таа електрична енергија. За време на овие берзански флуктуации, вкупното преземено количество на набавена електрична енергија изнесува 3.950 MWh. Станува збор за одлична стратегија која носи повеќекратни придобивки во ...

Овој тим-билдинг настан под отворено небо нуди совршена можност за зајакнување на тимскиот дух, дружење надвор од канцеларијата и промоција на здрави животни навики кај вработените. Пријавувањето е веќе активно и се одвива преку официјалната веб-страница www.prvdovrv.mk/business5k. Рокот за пријавување е 27 мај. Бројот на учесници е ограничен. Лани, на премиерното издание, овој настан собра повеќе од 45 компании од најразлични индустрии, ...

Фановите на тетовскиот клуб седеа кога се интонираше македонската химна, ја исвиркуваа, скандираа националистички, имаа транспаренти против ФФМ… Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) отвори дисциплинска постапка против Шкендија по неколку основи. А, сега Балистите го кажуваат својот став. „Нашиот клуб Шкендија оваа година беше оштетен од страна на судиите со тенденција, нарачана од Фудбалската федерација. Целиот овој гнев изразен од наша ...

Овие пораки, информираат од Народната банка, беа упатени на 24. состанок на Работната група за монетарна политика во Централна и Источна Европа, организиран од Банката за меѓународни порамнувања (БИС), којшто се одржува во Сараево, а чиј домаќин е Централната банка на Босна и Херцеговина. „Стапката на адекватност на капиталот во регионот сега изнесува 20,7 отсто, наспроти ниво од под 19 отсто пред пандемијата, додека учеството на ...

Со молебенот ќе чиноначалствува архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан, заедно со митрополитите на Европската и на Дебарско-кичевската епархија, г. Пимен и г. Георгиј, и свештеници од Македонската православна црква – Охридска архиепископија. Македонската делегација ќе ја посети и папската базилика „Санта Марија Маџоре“ каде што претседателот Гаши ќе положи венец на спомен-плочата напишана на македонски јазик. Таа е поставена во 2015 ...

Беше 1-1 кога во 58. минута Барди имаше шанса да му донесе водство на својот тим, но македонскиот фудбалер ја погоди стативата од голот на Онана. Penaltıyı kullanan Bardhi topu direğe nişanladı.#Trabzonspor #Konyaspor #ztk #atv pic.twitter.com/N09p39c1Vx — atv (@atvcomtr) May 22, 2026 На десет минути пред крајот беше досуден и пенал за Трабзон кој го реализираше Онаучи, а тој гол значеше и победа за овој тим. Онаучи го постигна и првиот гол ...

На овој начин, тимот од „Големото јаболко“ успеа да го одбрани својот терен во првите два натпревара и да поведе со 2-0 во серијата, па сега може без притисок да се пресели во Кливленд. Најдобар настап во натпреварот за победничкиот тим имаше Џош Харт, кој постигна 26 поени, а додаде и седум асистенции, додека Микал Бриџис и Џејлен Брансон исто така одиграа солидно, постигнувајќи по 19 поени. Донован Мичел се истакна за поразениот тим со 26 ...

Настанот што денеска ќе се одржи во просториите на Македонскиот културно-информативен центар во Истанбул претставува ретка можност турската публика поблиску да се запознае со богатото културно и археолошко наследство на Македонија. Исар – Марвинци, локалитет сместен во близина на Валандово, претставува простор на континуиран живот од VII век пред нашата ера до VI век од нашата ера. Низ вековите овој простор бил важна комуникациска, трговска и ...

Животите на Марко, Петар и Адам згаснаа на само 20 години, додека Ристе Велков загина на 51-годишна возраст. Од младите момчиња се простија и од гимназијата „Никола Карев“, каде тие пред две години матурирале завршувајќи го средното образование. „Со огромна тага и неверување ја примивме веста за сообраќајната несреќа во којаме ги загубив нашите поранешни ученици, Марко, Петар и Адам, матуранти во генерацијата 2020-2024 година, момчиња познати ...

На отворањето на настанот пред публиката се обратија директорката на македонскиот Културно-информативен центар во Загреб, Мими Ѓоргоска-Илиевска, директорот на турскиот Културен центар „Јунус Емре“ во Загреб, Фуат Коркмаз, како и директорот на „Едисон“, Иван Гојмерац. Во своите обраќања тие ја истакнаа важноста на меѓуинституционалната соработка, културното поврзување и универзалните пораки што ги носи филмот „Медена земја“ – припадноста на ...

„Глупавото попречување на патот на Македонија кон ЕУ од страна на Бугарија е неодговорно и мора да престане. Тоа ја ослабува ЕУ, го дестабилизира Западен Балкан и им користи само на Русија, Кина и други авторитарни актери. Новата бугарска влада треба да се засрами, напиша Рот на „X“. Bulgaria’s stupid obstruction of North Macedonia’s EU path is irresponsible and must stop. It weakens the EU, destabilizes the Western Balkans, and only benefits ...

Во Скопје, променливо облачно и нестабилно, во делови од котлината со пороен дожд, грмежи и засилен ветер од северен правец. Утре претпладне времето ќе биде сончево, попладне променливо облачно и нестабилно, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер (над 50 км/ч). Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд (над 20 л/м²), грмежи и силен ветер (над 60 км/ч) и услови за појава на град. Во ...

Оваа негова оставка доаѓа по неговите изјави за Гоце Делчев во дебата со бугарски експерти. Земон пред три недели изјави дека „Гоце Делчев ништо не напишал во животот, ниту една битка не извојувал никаде, а кај нас од него е направен мит“. По жестоките реакции во јавноста, Земон се извини, тврдејќи дека бил погрешно разбран. Вчера се објави негова фотографија од средба со Виктор Стојанов, претседател на бугарската фондација Македонија и човек ...

„Обвинување за шпионажа е многу сериозно обвинување и мислам дека нема логичен основ за тоа. Ќе објаснам зошто. Имено, шпионажата се однесува на класифицирани или на строго доверливи податоци. Не знам колку знае јавноста, но во Кабинетот не постои електронска мрежа на класифицирани податоци, односно на податоци од доверлив или строго доверлив карактер. Сите документи од доверлив или од строго доверлив карактер, јас и само јас ги добивам во ...

На конференцијата учествуваа клучните инволвирани страни со цел да се забрзаат реформите и да се зајакне економијата на грижа на земјата, со што се обезбеди платформа за дискусија за решенија на политиките, презентирање на клучни наоди и препораки за реформа на системот на грижа, како и споделување на европски и меѓународни добри практики. На настанот присуствуваа претставници на јавни институции, општините, академската заедница, граѓанското ...

Во последното коло, Спартак Варна го совлада Локомотив Софија со 3-0, а сите три гола беа дело на 22-годишниот поранешен фудбалер на Вардар, Тетекс, Хата, Работнички и Шкупи. Резултатот го отвори во осмата минута, на 2-0 зголеми во 30., а точка стави во 62. минута. Ѓоко Хаџиевски го извади од игра пред истекот на основниот дел за да добие аплауз од домашната публика. Со денешните три гола, Стојановски ја заврши сезоната со осум погодоци, како ...

Како што инфирмираа од ОЈО Скопје, на 20 мај годинава, таа се обидела неовластено да внесе марихуана и кокаин во затворот во Идризово додека била во посета на нејзиниот сопруг кој издржува казна во затворот. „Однела две табли во кои визуелно изгледало дека се спакувани вкупно 60 јајца, но при проверка на скенер и при рачна проверка, било утврдено дека 28 од нив содржат пакувања дрога, односно 318,62 грама марихуана и 142,2 грама кокаин. ...

На средбата биле разменети мислења за билатералните односи, регионалната соработка и европската интеграција на државата. Во таа насока министерот Муцунски ја нагласил потребата од изнаоѓање решение за билатералното прашање, кое го кочи процесот на отворање преговори со Европската Унија, потврдувајќи ги позициите на Владата и укажувајќи дека темите поврзани со македонскиот јазик, идентитет, култура и историја не можат да бидат предмет на ...

Во заедничката реакција, потпишана од Мрежа за заштита од дискриминација, Платформа за родова еднаквост, Македонска платформа против сиромаштија и Национална мрежа против насилство врз жени и семејно насилство, се наведува дека не станува збор за техничка измена, туку за сериозен преседан што може да има долгорочни последици врз граѓанското општество и заштитата на ранливите категории. „Со децении, граѓанските организации обезбедуваат ...

Министерот за животна средина и просторно планирање Муамет Хоџа нагласи дека денешното потпишување на маморандумот за соработка со двете зоолошки градини е вистински пример за тоа дека Министерството гради силни партнерства. Потенцира дека целта на Владата и Министерството е јасна – сакаат овие институции да ги трансформираат во модерни, европски центри. „Центри кои примарно ќе се грижат за благосостојбата на животните, заштитата на дивиот ...

„Дополнително, Управата за јавни приходи известува дека на Chrome web store се имаат појавено веб-екстензии за наводна поддршка на процесот на електронското потпишување на електронската фактура на УЈП (проект кој е фаза на тестирање). Управата за јавни приходи укажува дека овие веб-екстензии на chrome web store не се развиени од изведувачот на оригиналната екстензија на проектот за е-фактура и во таа насока напоменуваме преземањето на ...

Во пресрет на последното коло во Втора македонска фудбалска лига, градоначалникот на Штип, Иван Јорданов, откри дека заинтересираниот инвеститор веќе бил во посета на клубот и се запознал со состојбата во Брегалница. „Веќе интензивно комуницираме со заинтересираниот спонзор, кој веќе ги има посетено Брегалница и Штип. Тој е информиран за сè во клубот. Разговараме во насока во носење одлука на следната седница на Советот на Општина Штип за ...

„Граѓаните сакаат ред во главниот град. Логично е да има одреден отпор, но јас и Градот постапуваме според законот. Јас сум многу упорен и решителен кога станува збор за почитување на законите и правилата, кои треба да важат еднакво за сите. Токму недовербата во институциите ги тераше младите да ја напуштаат државата. Ние треба да создадеме општество во кое сите ќе бидеме рамноправни. Не смее да има повластени – одредена група луѓе, на ...

НП Маврово е партнер во проектот „Секој чекор е важен“ – Користење на екотуризмот за одржливо финансирање на прекуграничната заштита на животната средина и намалување на предизвиците од климатските промени. Според директорот на НП „Маврово“, Харис Ибраими, носител на проектот е Националниот парк Шари од Косово, додека партнери се Националниот парк Маврово, Националниот парк Шар Планина и Општина Теарце. Вкупниот буџет на проектот изнесува ...

На Канскиот фестивал присуствуваа претставници на Агенцијата за филм задолжени за меѓународна соработка и промоција на македонската кинематографија, меѓу кои и директорот Сашко Мицевски , кој учествуваше како панелист на настан организиран од Centre national du cinéma et de l’image animée , посветен на копродукциската соработка со Франција. На панелот се дискутираше за значењето на поддршката што Агенцијата ја обезбедуваза фестивалите ...

Советот на Општина Василево денеска на вонредна седница усвои Елаборат за проценка на штетата од елементарна непогода – ниски температури проследени со снег и слана на 18, 19 и 20 март лани. Истиот елаборат беше усвоен на вонредна седницата на 9 март годинава, но, како што соопшти општината, заради технички причини е вратен на корекција од страна на повисоките органи на одлучување во Владата. Според податоците од Елаборатот, невремето ...

Најавите на Трамп за намалување на американското воено присуство во Европа, заедно со критиките кон европските сојузници и доведувањето во прашање на Членот 5 на НАТО, предизвикаа сериозна загриженост кај европските држави. Особено одекна одлуката за повлекување на дел од американските сили од Германија и откажувањето на одредени распоредувања што требаше да го зајакнат источното крило на Алијансата. Иако европските влади јавно продолжуваат ...

weather icon

Скопје

27ᴼ / 27ᴼ
2.06
33%
1014
weather icon

Белград

30ᴼ / 29ᴼ
0.89
46%
1012
weather icon

Загреб

29ᴼ / 29ᴼ
1.78
46%
1011
weather icon

Софија

24ᴼ / 24ᴼ
2.52
40%
1015
weather icon

Сараево

29ᴼ / 29ᴼ
3.21
35%
1013
weather icon

Љубљана

29ᴼ / 27ᴼ
0.45
49%
1011
weather icon

Атина

29ᴼ / 26ᴼ
1.79
44%
1015
weather icon

Тирана

28ᴼ / 28ᴼ
3.54
40%
1016
weather icon

Подгорица

27ᴼ / 27ᴼ
2.4
38%
1016
weather icon

Букурешт

27ᴼ / 26ᴼ
3.13
44%
1012
weather icon

Будимпешта

24ᴼ / 22ᴼ
4.02
48%
1011
weather icon

Истанбул

22ᴼ / 22ᴼ
1.17
65%
1015
Currency

61.6417

Currency

53.2519

Currency

71.4228

Currency

37.518

Currency

38.0513

Currency

66.9089

Currency

7.86455

Currency

0.73496

Currency

0.33234

Currency

0.52573

Currency

1.15189

Currency

0.55992

Бакар

13.01

Иридиум

253540.09

Цинк

0.00

Алуминиум

3.54

Паладиум

40767.15

Сребро

2186.28

Кобалт

45.39

Калај

53.60

Злато

135639.33

Родиум

257205.97

Рутениум

48965.59

Платина

55170.68