Скопје
27ᴼ /
27ᴼ
Посебни моменти доживеа Карвахал, кој доби „шпалир“ од соиграчите и на крајот беше носен на раце од фудбалерите на Реал, додека навивачите со аплаузи му оддадоа почит за сè што направи во клубот. Искусниот десен бек е дете на Реал Мадрид и речиси целата своја кариера ја мина во „кралскиот клуб“. Единствениот прекин беше сезоната 2012/13 кога настапуваше за Баер Леверкузен, по што се врати во Мадрид и стана една од најголемите легенди на ...
Иран, САД и Пакистан, кој посредува во преговорите, во саботата го потврдија напредокот во преговорите за прекин на речиси тримесечниот конфликт. Во интервју за Си-би-ес њуз Трамп ги нагласи своите услови. „Ќе потпишам само договор со кој ќе добиеме сè што сакаме“, рече тој. Во посебно интервју за Аксиос, Трамп објави дека денес ќе разговара за најновиот нацрт-договор со Иран со советниците. Тој додаде дека може да донесе одлука дали да ја ...
Тема на денешната средба беа капиталните проекти што се во подготовка. Ѓорѓиевски попладнево на Фејсбук напиша дека станува збор за големи, суштински и развојни проекти, што ќе значат вистинска преродба за главниот град на државава. Тој му се заблагодари на премиерот за поддршката што ја добива Град Скопје. „Со конкретни дела покажуваме како се сака својот град и својата татковина. Скопје заслужува многу. Скопје добива нова енергија, нова ...
Нивното потекло било од Македонија. Тие го познавале својот народ и мајчиниот јазик. Затоа, на тој јазик го создале и првото писмо, азбуката и ги поставиле правилата за пишување. Зошто создале азбука и писмо? Браќата го направиле тоа, со мисла за подобро да ја исполнат својата желба, а нивната желба била да Му служат на Бога, проповедајќи го Неговото спасително учење меѓу својот народ и тоа, на разбирлив народен јазик и писмо. Само така може ...
Димитриевски брани во фантастична форма откако доби шанса да застане како прв голман меѓу стативите на Валенсија. Неговиот договор со шпанскиот клуб истекува ова лето, но има и клаузула за продолжување до 2028 година. И покрај тоа што сега Димитриевски царува на голот на Валенсија, овој клуб на почетокот од сезоната не покажа доверба во Македонецот и донесе голман на позајмица од Билбао, Хулен Агирезабала. Нашиот голман чекаше тој да се ...
Клучни за победата беа кошаркарите од клупата на Оклахома кои максимално ја искористија својата шанса и дадоа огромен допринос за победата. Почетокот на мечот изгледаше катастрофално за актуелниот НБА-шампион, со оглед што противникот фуриозно стартува и поведе со 15-0. Поради ова, тренерот Марк Дагенолт беше принуден рано да реагира и веќе по три минути да внесе резервисти за да донесе енергија и промена во ритамот. Резервните играчи на ...
Фокусот на дискусиите беше ставен на имплементацијата на одлуките донесени на минатогодишниот Самит на НАТО во Хаг, особено во делот на зголемените инвестиции за модернизација на одбраната и одбранбените капацитети, како и на целосната и ефективна имплементација на обврските преземени во рамки на Планот за одбранбени инвестиции. Притоа, беше нагласена заедничката заложба за нивно исполнување со цел натамошно зајакнување на колективната ...
На сцената настапија НУ Камерен оркестар – Битола, солистот Јане Петровски и Ема Попивода, пијано. Под диригентската палка на врвни уметници и со извонредна енергија на изведувачите, вечерта донесе силни емоции и вистинско уметничко доживување кое ја воодушеви публиката. Пијанофест и оваа година обединува млади таленти, врвни уметници и љубители на класичната музика од 12 држави: Македонија, Германија, Бугарија, Србија, Хрватска, Словенија, ...
„Нападите кон медиумите, анкетите и јавноста јасно го покажуваат растечката нервоза во редовите на ДУИ поради континуираниот пад на поддршката. Албанците веќе зборуваа јасно. Тие гласаа за промени, одговорност и крај на политиката на страв, договори и манипулации што со години го држеа албанското политичко претставување во заложништво. Влен е резултат на волјата на граѓаните и новата политичка енергија што секојдневно добива сè поголема ...
Процесот ќе зависи од тоа колку брзо земјите ќе ги усогласат своите телекомуникациски правила со европското законодавство. Преговорите ќе се водат со Македонија, Србија, Црна Гора, Албанија, Босна и Херцеговина и Косово. Укинувањето на роамингот за Западен Балкан ќе биде една од темите на самитот на ЕУ во Тиват, Црна Гора, закажан за 5 јуни 2026 година. Брисел неофицијално проценува дека првите резултати би можеле да се видат околу 2027 ...
Во Скопје, променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи. Во делови од котлината ќе има услови за краткотрајно невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, засилен ветер и изолирана појава на град. Утре времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и дневни температури од 22 до 30 степени. Ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер. Попладне претежно во јужните делови ќе има услови за локална појава на пороен дожд, ...
Првото полувреме мина без голови и со неколку добри обиди на двете страни, но продолжението целосно му припадна на баварскиот тим. Човек на одлука беше Хари Кејн, кој блесна кога беше најпотребно и сам го реши финалето. Англискиот напаѓач го отвори резултатот во 55. минута по асистенција од Олисе, а потоа во завршницата уште двапати ја затресе мрежата на Штутгарт. Вториот погодок го постигна десет минути пред крајот, додека во судиското ...
Стратегијата е изработена со поддршка од Канцеларијата на СЗО, Скопје, Канцеларија на УНФПА – Скопје и МАГО со учество и на граѓански организации кои работат на областа, како и здравствени институции и релевантни министерства. „Новата стратегија се темели на следните начела: мултисекторски пристап кон унапредување на здравјето, интеграција на јавното здравје, образованието и социјалната заштита, усогласеност со политиките на Европската Унија ...
Професорката Костовска своите искуства ги сподели на дводневниот меѓународен стручен собир во Загреб, посветен на дијагностиката и лекувањето на ATTR-CM. Таа појасни дека станува збор за специфична област, ендемска форма на болеста, каде членови на фамилии носители на генот Glu109Gln се дијагностицирани, а оние кои се заболени се лекуваат во рамки на Програмата за ретки болести на Министерството за здравство. „Во моментов имаме околу 30 ...
По добиената пријава, Центарот за управување со кризи-РЦУК Тетово остварило координација со СВР Тетово, ПС Маврово и ЈП Национален парк Маврово, со цел брза и ефикасна интервенција на терен. Ренџерите од Националниот парк успешно го лоцирале повредениот планинар, кој бил во стабилна состојба, по што започнало негово безбедно спуштање кон селото Жужње каде бил преземен од екипа на Итната медицинска помош од Гостивар за понатамошен транспорт и ...
Херој на „тигрите“ беше Оливер Мекбрни, кој победничкиот гол го постигна во петтата минута од судиското продолжение и донесе огромна радост за својот тим. Мидлсбро беше подобар ривал во најголем дел од натпреварот и создаде повеќе шанси. Сепак, одличен на голот на Хал беше Ивор Пандур, кој со неколку важни интервенции ја сочува својата мрежа. Хал едвај обезбеди место во плејофот во последното коло од регуларниот дел, но потоа одигра одлично ...
„Со развој на вештачката интелегенција и целосната револуција што му се случува на светот во насока на вештачка интелегенција, дата центрите стануваат нивна неопходност и поддршка. Македонија тука треба да води паметна политика и да привлече инвеститори кои ќе инвестираат во големи дата центри. За да го овозможиме тоа потребни се законски измени за урбанизирање вакви центри и начин на нивна градба. Планираме да се направи тоа централизирано и ...
Иако натпреварот немаше резултатско значење, затоа што вардарци веќе ја обезбедија титулата, а Шкендија второто место, домашниот тим одигра одличен меч и заслужено стигна до триумфот. Вардар поведе во 20. минута кога по контранапад и мешаница во одбраната Нуман Ајетовиќ си постигна автогол за 1-0. Домашните продолжија со добрата игра. Во 35. минута Горан Закариќ по одлична тимска акција и асистенција од Цветковиќ зголеми на 2-0. Шкендија во ...
Од Министерството соопштија дека при контролата биле утврдени груби прекршувања на прописите, постапување спротивно на правилата за заштита на корисниците, како и практики со кои директно биле доведени во ризик граѓаните што користеле финансиски услуги. „Поради тежината на утврдените прекршоци и сериозноста на констатираните неправилности, Министерството за финансии во мај донесе решение за одземање на дозволата за работа на финансиското ...
„Министерството за транспорт ја водеше постапката за набавка на 150 електрични автобуси и електрични полначи во целосно транспарентен процес и целосно согласно Законот за јавни набавки. Согласно процедурата, до Министерството за транспорт пристигнаа 4 понуди кои беа предмет на евалуација. Иако тендерот пропадна, во интерес на јавноста би сакале да ги објавиме понудите и причините за отфрлање на секоја од нив“, се вели во реакцијата од ...
Во периодот од 16:30 до 18:30 часот, меѓународни уметници од различни европски земји ќе работат на изработка на големи мурали во соработка со локалната заедница, а посетителите ќе имаат можност активно да се вклучат во креативниот процес, работилници, панел-дискусии и активности посветени на уличната култура и современата уметност. Домаќин на фестивалот е здружението за културна соработка Интеркултура Скопје. Во периодот од 16:30 до 18:30 ...
Според информациите од Центарот за управување со кризи, силните налети на ветер во главниот град предизвикале штети во повеќе населби, особено во општините Аеродром, Карпош и Кисела Вода, каде што дрвја биле откорнати или искршени. Поројниот дожд за кратко време поплави дел од критичните сообраќајници и подвозници, што доведе до сериозни застои во сообраќајот низ градот. Екипи на ЈП „Паркови и зеленило“ излегоа на терен за расчистување на ...
„Со редовно работно време ќе се продолжи од 26 мај 2026 година (вторник)“, посочуваат од Јавното градско претпријатие. Оттаму ги повикуваат корисниците да ги користат електронските сервиси на ЈП Водовод и канализација – Скопје, кои овозможуваат брз и едноставен пристап до услугите. „Повеќе информации се достапни на www.vodovod-skopje.com.mk и пристап до електронските сервиси е овозможен преку e.vodovod-skopje.com.mk“, прецизираат од Водовод и ...
Брегалница и официјално обезбеди враќање во елитното друштво откако во последното коло убедливо ја декласира Победа со 7-0. Штипјани со овој триумф го потврдија првото место на табелата, благодарение на подобриот меѓусебен учинок од Скопје, тим кој исто така славеше сигурна победа против Детонит Плачковица со 5-1. Тимот од Арачиново ја завери третата позиција со триумф од 2-4 на гостувањето кај Каменица Саса, па така без значење остана ...
Македонската државно-црковна делегација во Рим денеска им оддаде почит на светите браќа Кирил и Методиј, со пораки дека нивното дело не е само историско наследство, туку жива основа на македонскиот духовен и културен идентитет. Во базиликата „Сан Клементе“, пред гробот на Свети Кирил, архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан порача дека светите браќа не се личности затворени во минатото, туку темел врз кој и денес стои македонската ...
Билетите за реваншот во „Билјанини извори“ беа распродадени за само неколку минути. За помалку од 15 минути беа продадени речиси 2.000 билети за двете трибини, па салата ќе биде исполнета до последно место. Возбудата во градот крај Охридското езеро е огромна, бидејќи клубот е на чекор до најголемиот успех во својата историја. Охрид прво в сабота ќе гостува кај Татабања во првиот финален натпревар, а реваншот пред домашната публика се игра на ...
Бруно Фернандеш постигна осум голови и го израмни рекордот по најмногу асистенции во една сезона во Премиер лигата, сега заедно со Тјери Анри и Кевин Де Брујне имаат по 20. Португалецот даде голем доприност за Манчестер Јунајтед да дојде до место кое води во Лигата на шампионите. Ова признание го освојува по првпат и стана прв фудбалер на Манчестер Јунајтед по Немања Матиќ во 2010/11 кој бил прогласен за играч на сезоната во најдобрата ...
„Во влашкиот јазик, традиција и култура се вткаени вековната истрајност, силното чувство на припадност и духовното достоинство, пренесувани низ генерациите како печат на еден народ што умеел и успеал да си го сочува националниот интегритет и дигнитет во тешки времиња на војни, страдања и преселби. Треба да сме горди како единствената држава во којашто Власите се уставен етнички ентитет, рамноправен со другите и еднаков во уживањето на ...
Според достапните информации, потресот бил регистриран во 17:41 часот, со јачина од 3,5 степени според Европската макросеизмичка скала. Земјотресот бил на длабочина од 5 километри, со епицентар на 21 километар источно од Скопје, односно 15 километри источно од Кисела Вода. Потресот го почувствуваа граѓани во повеќе делови од главниот град, а засега нема информации за евентуална материјална штета или повредени лица. Скопското подрачје е ...
„Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против косовски државјанин осомничен за тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“, соопшти вечерва Јавното обвинителство. Осомничениот 76-годишник, информира ЈО, управувал товарно возилo МАН со прикачена полуприколка со косовски регистарски таблички, по северната обиколница на град Скопје во насока од запад кон ...