Скопје
11ᴼ /
11ᴼ
Количината врнежи за изминатите 24 часа до 7 часот изутрина во Струмица изнесува 13 литри на квадратен метар, 11 во Берово, 8 во Претор и Гевгелија, 7 во Демир Капија, 6 во Битола, 5 во Тетово, Пожаране и Kрушево, 4 во Прилеп, 3 во Скопје-Петровец, Крива Паланка, Штип, Виница и Ѓуриште, 2 во Скопје-Зајчев Рид, Велес, Охрид, 1 во Кавадарци и Mаврови Анови. Снежна покривка има и во Маврови Анови, 3 сантиметри, во Берово, 2 и во Ѓуриште 1 ...
Винисиус со начинот на прослава на погодокот го навлече гневот на фановите на Бенфика, а потоа и на фудбалерите по што настана голема мешаница по која се пожали на расистички навреди. Но, ова не е првпат да му се случи нешто вакво на Винисиус, тој постојано е мета на расизам. Мурињо смета дека е проблематично однесувањето на Бразилецот, па затоа се случуваат сите тие мешаници. „Кога тоа се случува на толку многу стадиони, секогаш со истиот ...
Зимската параолимпијада ќе се одржи од 6 до 15 мај во Милано и Кортина. Русија и Белорусија по долго време првпат ќе учествуваат под своето знаме. Тоа ќе бидат шест руски и четири белоруски спортисти. Тоа ќе биде првпат по Сочи 2014 година да се вее руското знаме на едни параолимписки игри. Најпрво беше забрането поради допинг скандалот, а потоа и поради војната со Украина. Ова би требало да е уште едно наговестување на постепено враќање на ...
По погодокот се случи хаос кој кулминираше со навреда на Престијани кон Винисиус поради која имаше подолг прекин. Наводно Аргентинецот расистички го навреди Бразилецот викајќи го „мајмун“. По мечот Винисиус се обрати со соопштение за целата ситуација. „Расистите се пред се кукавици. Тие треба да го стават дресот на нивните усни за да покажат колку се слаби“, пишува Винисиус. „Но имаат заштита од другите, кои теоретски имаа јасна обврска да ги ...
Според информациите, нема повредени лица. Побарана е интервенција од службени лица од МВР, како и од надлежните институции. „За настанот се известени ТППЕ Гевгелија, ЕЛС Гевгелија и ПС Гевгелија, кои ќе преземат понатамошни мерки во согласност со своите надлежности“, соопшти ЦУК. Во Скопје, како резултат на силниот ветер во скопската котлина, на шест локации се пријавени паднати дрвја и искинати кабли, при што е причинета материјална штета на ...
Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози. Врнежи од слаб снег има во Крива Паланка – Граничен премин Деве Баир, Граничен премин Делчево, Страцин и на Пониква, но во моментов не претставуваат пречка за одвивање на сообраќајот. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува ...
Клучниот пресврт во истрагата го донесе сведоштвото на лице, кое било вработено во служба за противпожарна безбедност и бил формално задолжен да предупреди на опасноста. Овој исказ стана главниот столб врз кој обвинителството ја гради тезата за убиство од небрежност. Според Свисинфо, лицето двапати ги известило сопствениците за опасноста која демне, но тие не одговориле никако на предупредувањата. Медиумот објаснува и дека скалите од подрумот ...
Реал Мадрид имаше слатка одмазда иако војната ќе трае уште едно полувреме. Кралскиот клуб беше подобар и заслужено победи, може и да жалат што не е со повеќе голови разлика. Единствениот гол го постигна Винисиус жуниор во воведниот дел од второто полувреме. Играчот на Реал по дадениот гол направи хаос со својата реакција и предизвика навреди на расна основа по што мечот беше некое време во прекин. Во текот на мечот Жозе Мурињо доби црвен ...
Неговата реакција доаѓа откако денеска Советот на јавни обвинители ја одби неговата кандидатура за државен јавен обвинител, затоа што, како што беше наведено во мислењето – не го исполнувал условот од 10 години непрекинат работен стаж како судија или обвинител во областа на кривичното право. Панчевски ја објави потврдата, со која покажува дека го задоволува условот што од него се бара за избор на државен јавен обвинител. „Чисто заради сите ...
Уредот е 1,5 до 2 пати попрецизен од претходно достапните аналитички алатки и ги поставува темелите за развој на брзи тестови од следната генерација, според Руската научна фондација (РСФ). Пушење, консумирање алкохол, загадувањето на воздухот, хроничните заболувања и голем број други фактори доведуваат до акумулација на реактивни кислородни видови во човечкото тело. Според Руската научна фондација, овие честички, кога се премногу, ги ...
Филмот „Соучесници“ е психолошка и социјална драма, во кој идиличниот живот на главните ликови нагло се менува по сообраќајна несреќа. Додека се борат да се справат со последиците, нивната совест ги прогонува, трансформирајќи ја нивната врска и доведувајќи до низа неочекувани настани. Продуцент на филмот е Лазар Ристовски (Зилион филм), а копродуценти се Роберт Насков (Партизанс) и Иван Малоча (Интер филм). Директор на фотографија е Бојан ...
Според соопштението од неговото семејство, тој починал мирно во својот дом во Вирџинија, а покрај него била неговата сопруга. Дувал не сакал формална комеморација, па семејството ги охрабри обожавателите да му оддадат почит со „гледање одличен филм, раскажување добра приказна околу масата со пријателите или возење низ природата и уживање во убавината на светот“, се наведува во текстот. Тој беше најпознат по улогата на Том Хејген, заедно со ...
Изложбата опфаќа дваесет графики, кои претставуваат внимателно селектиран пресек од неговото најново творештво. Делата веќе биле претставени на бројни групни изложби и меѓународни конкурси во повеќе европски и светски земји, каде што биле високо оценети од стручната јавност, но и препознаени од љубителите на класичната графика како дела со изразена авторска ракописност и концептуална продлабоченост. Сите графики се реализирани во техниката ...
Наградата за животно дело „Крсте Петков Мисирков“ ја добија новинарот Ристо Тасев од Струмица и фоторепортерот на МКД.мк Роберт Атанасовски. Наградата за истражувачко новинарство ја поделија новинарите на „Код“, Истражувачката репортерска лабораторија (ИРЛ) и Ирена Мулачка од „Фокус“ за нивните стории за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Здружението на новинари на Македонија додели и признанија на Владо Апостолов од БИРН, а наградата ...
Со искрено задоволство ја споделувам веста која со години ја чекаа повеќе од 100.000 жители што секојдневно го користат еден од најклучните сообраќајни правци во Скопје булеварот „Борис Трајковски“, пишува на својот профил на Фејсбук, градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски. „Денеска остварив средба со стопанствениците долж трасата и постигнавме договор за забрзано спроведување на експропријацијата, процес кој во минатото останал ...
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Утре времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и дневни температури од 7 до 12 степени. Ќе дува умерен ветер од југоисточен правец. Во текот на ноќта почнувајќи од западните делови ќе има врнежи од дожд и снег. Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Утре времето ќе биде ...
Министерството за јавна администрација соопшти дека на средбата се дискутирало за принципите на професионализација, мерит систем, транспарентност и отчетност во именувањето и управувањето со високите раководни структури во државната управа, како и за потребата од јасно разграничување на надлежностите, унапредување на координацијата и зголемување на ефикасноста во функционирањето на институциите преку новото законско решение за организација и ...
Зеленски, кој во интервју за американскиот медиум Аксиос зборувал за актуелните тековни преговори, оцени дека е неправедно тоа што американскиот претседател Доналд Трамп продолжува јавно да бара од Украина, а не од Русија, отстапки за постигнување мир. Украинскиот претседател кажа дека иако можеби е полесно за Трамп да изврши притисок врз Украина отколку врз многу поголемата Русија, начинот за создавање траен мир не е да му ја предаде ...
За нив ќе може да аплицираат клубови од Прва, Втора и Трета лига. „Управниот одбор на ФФМ донесе одлука за набавка на 15.000 до 20.000 нови столчиња за стадионите низ државата. Распределбата на столчињата ќе се врши согласно препораките на Општинските фудбалски сојузи и Управниот одбор на ФФМ, а ќе ги опфати клубовите од Првата, Втората и Третата Македонска фудбалска лига каде што се исполнети условите за нивна монтажа. Клубовите, во ...
„Соговорничките се фокусираа на македонските работи: реформските процеси во судството, дигитализацијата, борбата против корупцијата и организираниот криминал и реализацијата на инфраструктурните проекти. За нив, инклузивниот модел на одлучување и меритократијата во сите сфери на општествениот живот, а особено во образовниот систем и во регрутирањето на државната и јавна администрација на највисоко ниво се клучни, не само за нашата ...
Таа нагласи дека додека „граѓаните едвај врзуваат крај со крај, додека Владата одбива 600 евра минимална плата и им крати 40 милиони евра на земјоделците, премиерот се луксузира врз грбот на народот“. Набрзо од Владата реагираа дека владиниот авион е користен во согласност со прописите, а секој надлежен орган има право и обврска да изврши увид и контрола. Ние немаме што да криеме, порача денеска Владат,а оценувајќи дека и опозицијата шири ...
Куба е во длабока криза, закрепнувајќи од четиригодишен економски пад влошен од хиперинфлацијата и емиграцијата на речиси 20 проценти од населението, а 67-годишната комунистичка власт е на најслаби нозе досега. По успешната воена операција на САД против кубанскиот сојузник Венецуела на почетокот на јануари, администрацијата на Трамп активно работи на промена на режимот, пишува Гардијан. Американската стратегија ги фрустрира сојузниците ...
Македонскиот претставник во главната рунда влегува со два пренесени бода, додека португалскиот тим стартува од нула, што дополнително го зголемува значењето на овој дуел за домаќините. Вардар на стартот на годината покажа стабилна форма и најави борба за позитивен резултат. Скопскиот состав во 2026 година запиша три победи во домашното првенство, а во тимот повторно се на располагање Милан Лазаревски, Мигел Еспиња и Мамаду Кеита, додека ново ...
Тајсон е легенда во тешка категорија, а Мејведер беше шампион во супер-велтер категорија. Тајсон има 59 години, Мејведер 48. Но, сите овие разлики се премостуваат кога парите се во прашање. Ова е уште еден од оние боксерски мечеви во кои не се очекува врвна борба, забавата е загарантирана, како и огромните заработки на двајцата пензионери. View this post on Instagram A post shared by Inside The Ring (@insideringshow) Тајсон е легенда во ...
„Четири предмети се формирани. Точно е дека ќе се постапува бидејќи е новина во нашата држава. Бргу ќе се постапува по овие предмети. Не можам пред време да давам своја анализа. Веќе еднаш го имам кажано мојот личен став. Дали овој проект има легитимна цел? Да. Дали општествено е оправдан? Да. Дали мерките што ги предвидува се пропорционални на целта што сака да се постигне? Мојот став е – да. Дури и го искористив како пример на прашање од ...
Ѓорѓи Каракамишев, претседател на Националната земјоделска мрежа, изјави дека во последните 10 години субвенциите константно се движат околу 100 милиона евра, што рече тој, ним не им ги покриваат ни елементарните потреби. „Потрагично е што оваа година субвенциите се условени. Кај растителното производство тоа е минимум 0,7 проценти, кај животинското се условени, на пример, со минимум 30 пчелни семејства, минимум 30 овци, 30 кози, минимум три ...
„Во тек е втората фаза од реконструкцијата на улицата ‘Фрањо Клуз’, една од најважните сообраќајни артерии во општина Аеродром. По децении запоставеност, оваа улица добива нов, двослоен асфалт, нови рабници и целосно уредени тротоари. Создаваме безбеден, чист и функционален простор – и за возачите, за пешаците, но и за најмладите и највозрасните сограѓани“, информираше градоначалникот. Тој соопшти дека градежни зафати се одвиваат и на улицата ...
ФФМ информираше дека за време на суспензијата на ОФС кичево ќе му мируваат правата од членство вклучително и учество на делегатите на ОФС Кичево на Собранието на ФФМ. Но, фудбалските клубови, фудбалерите, судиите и контролорите нема да трпат последици и тие ќе продолжат со своите активности. „Поради грубо кршење на одредбите од Статутот на ФФМ, Управниот одбор на ФФМ донесе одлука на ОФС Кичево да му се изрече суспензија во траење од две ...
Според најновите податоци на Управа за хидрометеоролошки работи (УХМР), нивото на речиси сите поголеми водотеци е далеку над просекот за февруари, а на одредени мерни места се бележи зголемување и за повеќе од четири пати во однос на вообичаените вредности. Најдраматична е состојбата со реката Треска кај Македонски Брод, каде што денеска се измерени 196 сантиметри во споредба со февруарскиот просек од 49 сантиметри. Зголемени вредности бележи ...
Натпреварот во Куманово не изобилуваше со шанси, особено во првото полувреме во кое двете екипи играа претпазливо и без поголем ризик. Одлучувачкиот момент се случи во 38. минута кога Сумер Хасан највисоко скокна по корнерот на Алити и ја затресе мрежата за 1-0. Во вториот дел Пелистер се обиде со поофанзивен пристап да стигне до израмнување, изврши неколку измени и притисна кон голот на домаќините. Ивановски и Керим имаа свои можности, а ...