Ѓорѓиевски во информацијата што ја сподели во објава на својот Фејсбук профил ги повикува скопјани да пријават потенцијални загадувачи на следниот меил: [email protected]. „Нема толеранција за никого – изречени се казни на загадувачите во Скопје. Почитувани скопјани, изминативе денови Скопје се соочи со сериозно загадување на воздухот. Според податоците од државниот мониторинг, беше пробиен дозволениот праг и состојбата бараше итна и ...

Ендрик во Реал Мадрид пристигна како големо засилување, но не можеше да се избори за некоја позначајна минутажа, па мораше да замине на позајмица. Тој потпиша со Лион до крајот на сезоната. Францускиот клуб ќе плаќа дел од неговата плата. Интересно, во договорот има и ставка дека Лион ќе треба да плати и уште некоја сума доколку Ендрик стартува на помалку од 25 натпревари до крајот од сезоната. Ваквиот договор му гарантира на Бразилецот место ...

Зборувам, рече тој, пред луѓе кои носат посебна тежина во општеството, кои ја знаат татковината и од внатре и од надвор, луѓе кои заминале, не затоа што сакале да ја напуштат татковината, туку затоа што животот, времето и околностите ги натерале да бараат подобри услови, сигурност и перспектива и, како што нагласи, најважно, луѓе кои се вратиле и тука почнале нова успешна приказна. „Вашето враќање не е симболично туку суштинско, тоа е порака ...

Во обраќањето на јавниот состанок што го одржа Агенцијата за пошти, Николоски потсети дека и барањето во Планот за раст е да се подобри ефикасноста на услугите со намалување на трошоците до 15 отсто, како и да се подобрат индикаторите за профитабилност исто така до 15 проценти, но тоа, потенцира, во сегашните услови кај нас е невозможно. „Македонија во континуитет ја следи европската пракса за регулација на поштенскиот пазар на услуги што ...

Царината ќе изнесува три евра по пратка и ќе се применува првенствено на стоки купени преку електронска трговија. Оваа одлука претставува привремено решение до целосната реформа на царинскиот систем на Европската Унија, која е планирана до 2028 година. Целта на мерката е да се одговори на наглиот раст на бројот на мали пратки што влегуваат во Европската Унија без царински давачки, што, според оценките на европските институции, довело до ...

Минималните температури во текот на утрешниот ден ќе се движат во интервал од -1 до 6 степени Целзиусови, додека максималните ќе достигнат од 3 до 9 степени. Во Скопје минималната температура ќе се спушти до 3 степени, а максималната ќе достигне до 6 степени Целзиусови. Според прогнозата на УХМР, од петок следува стабилизирање на временските услови. Во текот на викендот, а особено во првите денови од следната седмица, утрата ќе бидат ведри и ...

Синоќа почина иконата на Вардар, Васил Рингов, а од него со емотивно писмо се збогува и Андон Дончевски кој му беше тренер. Писмо од Андон Дончевски: „Васил Рингов за мене секогаш ќе биде повеќе од големо фудбалско име. Имавме среќа да соработуваме заедно јас како тренер, а он како капитен во време кога апсолутно доминиравме низ цела Југославија. Можевме да го гледаме на терен мирен и сигурен, а во исто време решителен и храбар со ...

Прашана дали поради загадениот воздух МОН размислува за предвремено завршување на првото полугодие од учебната 2025/2026, министерката Весна Јаневска денеска изјави дека остануваат уште малку денови до распустот. Како што рече, во овој момент немаат информации дека нивното здравје е загрозено и дека не е проблем ако од здравствени причини отсуствуваат ден-два од настава. Но, додаде, треба да се напушти негативната појава од минатото кога од ...

„Преку трезорот во изминатите неколку денови се реализирани исплати за субвенции за зелена нафта, субвенции за овчарство, средства за коридорите 8 и 10 д, исплата на две транши кон Развојната банка за домашните компании, средства за примарна здравствена заштита и други тековни налози“, се наведува во соопштението од Министерството за финансии. Меѓу реализираните налози, како што посочуваат оттаму, исто така во текот на изминатата недела се и ...

Во пресрет на зимските месеци, на иницијатива на РКЕ се одржа координативен состанок со Електродистрибуција ДООЕЛ, каде првите луѓе на компанијата реферираа за преземените мерки со цел подобрување на услугата и воспоставување на двонасочна комуникација со потрошувачот, а се со цел јакнење на довербата, транспарентноста и отчетноста. Како што се наведува во соопштението од РКЕ, регулаторите напоменале дека клучно е во првите недели од јануари ...

Двајца сообраќајни полицајци му се приближувале на „сомнително лице“ кога експлозивната направа детонирала, изјави портпаролката на Истражниот комитет, Светлана Петренко. Двајцата полицајци, како и уште едно лице што се наоѓало во близина, починале од добиените повреди. Истражителите и експертите за судска медицина се наоѓаат на местото на настанот, изјави Петренко. Инцидентот се случил во истиот дел од Москва каде што во понеделникот наутро ...

„Извештајот ПДД-И/ЗП се поднесува посебно за секој одделен зелен пазар. Доколку во текот на годината настане промена на бројот на корисници на зелениот пазар трговецот е должен да достави нов извештај до УЈП најдоцна до 10-ти во месецот кој следи по месецот за кој се однесува промената. Во насока на унапредување на досегашната соработка и обезбедување навремени, ажурни и точни податоци во годишните и месечните извештаи за корисниците на тезги ...

„По долгите судски процеси, судовите утврдија дека одземањето на безбедносниот сертификат и моето отпуштање биле незаконски, дека целата конструкција била неправична и политички мотивирана, а против сторителите е поднесена кривична пријава за злоупотреба на институциите, за која очекувам институциите да постапат, а сторителите да одговараат“, вели Чулев во објавата. Меѓу другото тој открива дека бил цел на организирана кампања на ...

Како прва точка на дневниот ред е предлогот за разрешување на Орхан Муртезани од министерската функција во Министерството за европски прашања. За нов вицепремиер и министер за европски прашања е предложен сегашниот пратеник и поранешен министер за здравство Беким Сали. Изборот на новите членови на Владата дојде по локалните избори одржани во октомври откако Изет Меџити стапи на градоначалничката функција во Општина Чаир, кој ги извршуваше ...

Лазаревски со игрите во последните години се промовираше во еден од најважните македонски ракометари, па Вардар го задржа во своите редови. „Вардар и пивотменот Милан Лазаревски го продолжија договорот и играчот ќе остане дел од црвено-црното семејство и во наредните две сезони. Со тоа Лазаревски ја продолжува верноста кон клубот што почна во 2022 година кога се врати во Македонија и го облече црвено-црниот дрес. Со продолжувањето на ...

Како што вчера објави МКД.мк, општината сè уште нема потврда дека решението е доставено, а тоа е важно бидејќи рокот од три дена почнува да тече од моментот на доставата. Градоначалникот на општина Аеродром, Дејан Митески за МКД.мк посочи дека по два неуспешни обиди за врачување на решението истото е доставено по пошта и сега чекаат доказ дека е примено, па потоа тече рокот за да се отстрани овој објект. Иако од општина Аеродром тврдат дека ...

Игор Ангеловски попладнево бурно реагираше на изборот на Гоце Седлоски за нов селектор, обвини за несериозен пристап и лични интереси. Легендата на македонскиот фудбал и актуелен директор на националните селекции, Горан Пандев се најде прозван во објавата на популарниот Мрме, па реши да му одговори со кратка порака. „Се јави големиот селектор, големиот „патриот“. Не дочека ни шест часа да почне да плука. Замислениот Наполеон. Експертот кој во ...

Празничниот период е карактеристичен по зголемена раздвиженост на населението, зголемен интензитет на сообраќајот, новогодишни прослави и семејни дружби, што објективно го зголемува ризикот од настанување на сообраќајни незгоди со тешки последици. Алкохолот значително ги нарушува психофизичките способности на возачот, ја намалува концентрацијата, го продолжува времето на реакција и ја компромитира способноста за правилна проценка и донесување ...

Збирката раскази е 245. издание во популарната едиција „ПРОаЗА“ на издавачката куќа „Или-Или“. Расказите ќе ги претстави писателот Александар Прокопиев, а извадоци од нив ќе прочита актерката Калина Наумовска. „За какви раскази, всушност, станува збор и кога бившата жена на нараторот од последниот расказ вели такви („Зошто пишуваш такви раскази“) и кога јас уште во насловот на поговорот велам вакви? За лични, сочни, јадри, отворени, ...

Сообраќајот се одвива отежнато, а на терен е поставена соодветна привремена сообраќајна сигнализација. Свлечиштето беше пријавено на 27 ноември. Стручни служби и експерти, заедно со претставници од РЕК Битола, ЈПДП, ЈП Македоноја пат, Регионален центар за управување со кризи (РЦУК), Надзор на патишта, Дирекција за заштита и спасување ДЗС ЈП Комунален Битола, ЈКП Комунална хигиена Новаци, Државен инспекторат за патишта, Инспекциски надзор за ...

„Со одлуката за 100 нови амбулантни возила, во вредност од над 461 милион денари, се обезбедува побрз одговор на итни случаи, поефикасен транспорт на пациенти и подобра покриеност низ целата земја, како во градовите, така и во руралните средини. Во исто време, се решава еден од најстарите и најиритирачки проблеми, паркирањето во Клиничкиот центар ‘Мајка Тереза’. Со отстранувањето на административните пречки, се отвора патот за ред, ...

Во образложението за изборот жири-комисијата што ги оценуваше доспеаните трудови се беше наведено дека поемата „Темна кутија“ отскокнува од останатите дела со поетски елементи, ја следи логиката на наративот од почеток до крај и вешто создава слики во главата на читателот… „Темна кутија“ претставува длабока духовна и егзистенцијална исповед на лирскиот субјект, кој преку долга драматична исповед го претставува сопствениот судир со судбината, ...

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ и потпретседател на Собранието, Антонијо Милошоски, говорот на претседателката го оцени како издржано образложение на нејзините годишни активности и согледувања на проблемите, предизвиците со кои се соочуваме како држава. „Она што е важно да се напомене е нејзиниот принципиелен став, кој се совпаѓа со мислењето на големото мнозинство граѓани во Македонија, а тоа е дека нашата определба се европските интеграции и ...

Како Водичот за декарбонизација ги поддржува компаниите во Македонија на нивниот пат кон нето-нула емисии? – Изработен во соработка со Стопанската комора и Делегацијата на ЕУ, Водичот нуди јасна и практична патна карта: идентификување на емисиите, нивно мерење и приоритизирање на најефикасните мерки за намалување. Тој започнува со модул за самооценка кој им овозможува на бизнисите да ги пресметаат своите тековни јаглеродни емисии и ...

Наградата за акција со најголем промет беше доделена на Комерцијална банка, додека акција со најголем пораст на цена годинава е на Макпетрол АД Скопје. Акција со најголем пораст на промет, пак, е Стопанска банка АД Скопје. Во категоријата за остварувања на овластени учесници на македонски пазар на хартии од вредност, Еурохаус АД Скопје ја доби наградата за бронзена членка, Илирика Инвестментс АД Скопје – сребрена, а Комерцијална банка АД ...

Вучиќ неодамна истакна дека енергетиката е најважната област на националната економија и објави планови за изградба на клучна инфраструктура. „Треба да градиме многу. Треба да изградиме интерконектор кон Македонија. Што се однесува до гасот, треба да изградиме она што го нареков производствен цевковод. Значи, покрај гасниот интерконектор кон Романија, треба да изградиме и нафтовод кон Романија“, изјави претходно српскиот претседател. За време ...

Конкретни примери го потврдуваат овој тренд: Спот биткоин ЕТФ (ИБИТ) на Блекрок до 22 декември држеше 776.100 биткоини, Џеј Пи Морган лансираше токенизиран паричен фонд со почетни 100 милиони долари, додека Бродриџ обработи 7,4 трилиони долари во токенизирани репо трансакции само во ноември – зачудувачки раст од 466 отсто на годишно ниво. Малопродажната манија која го карактеризираше последниот циклус е исчезната, а Волстрит го презеде ...

Фокусот на дискусијата бил ставен на тоа планот да биде оперативен и имплементациски, со јасно дефинирани активности и проекти, одговорни институции, временска рамка, потребни ресурси и механизам за следење на напредокот. „Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска истакна дека успешната имплементација во 2026 година бара силна меѓуинституционална координација, јасни улоги и активна вклученост на сите ...

Свеченото отворање на Спомен-собата во негова чест, во рамките на НУ „Завод и музеј“ – Битола, ќе се одржи со свечена академија на 23 декември. Истата содржи ексклузивен материјал за композиторот, бројни информации за животот и делото, обемна литература, како и оригинали и лични предмети, од кои дел оваа година семејството на великанот ги предаде на Музејот, институцијата која има посебно место во чувањето, заштитата и презентирањето на ...

На средбата се разговараше за хотелските капацитети и приватните сместувачки објекти во текот на целата година (преку сите четири сезони), за економскиот развој на локалните бизниси и поддршката за угостителите во регионот. Договорена е глобална промоција на природните убавини во Маврово и богатата културно-историска традиција на Реканскиот крај. „Мавровско-Реканскиот регион поседува уникатен потенцијал кој е исклучително привлечен за ...

weather icon

Скопје

-5ᴼ / -5ᴼ
3.09
74%
1022
weather icon

Белград

-5ᴼ / -6ᴼ
5.66
74%
1022
weather icon

Загреб

-6ᴼ / -11ᴼ
1.54
83%
1025
weather icon

Софија

-6ᴼ / -6ᴼ
5.14
73%
1025
weather icon

Сараево

-4ᴼ / -4ᴼ
6.68
80%
1020
weather icon

Љубљана

-8ᴼ / -12ᴼ
0.78
89%
1027
weather icon

Атина

6ᴼ / 5ᴼ
7.72
65%
1012
weather icon

Тирана

0ᴼ / 0ᴼ
2.57
40%
1018
weather icon

Подгорица

0ᴼ / 0ᴼ
6.17
40%
1021
weather icon

Букурешт

-4ᴼ / -6ᴼ
4.12
88%
1016
weather icon

Будимпешта

-4ᴼ / -6ᴼ
8.75
67%
1020
weather icon

Истанбул

1ᴼ / 1ᴼ
6.69
100%
1014
Currency

61.5417

Currency

52.8868

Currency

70.8856

Currency

35.3793

Currency

38.0127

Currency

66.0784

Currency

7.5808

Currency

0.66901

Currency

0.33445

Currency

0.52469

Currency

1.224

Currency

0.58613

Родиум

310254.70

Калај

44.73

Иридиум

169549.30

Сребро

2569.43

Злато

144981.23

Бакар

11.84

Паладиум

57935.65

Цинк

3.10

Рутениум

44946.74

Алуминиум

3.14

Кобалт

59.52

Платина

72292.89