Претседателката и врховен командант на Армијата, Гордана Сиљановска-Давкова, им посака успешна работа на мировниците во странство. „Се чини дека никогаш на светот, мирот не му бил потребен повеќе, а вредноста на нашите мировници и македонската Aрмија никогаш не била повидлива. Ви посакувам успешно да продолжите гордо да ја претставувате Армијата, затоа што имате што да претставите“, рече таа. Министерот за одбрана, Владо Мисајловски додаде ...

„Почитувани членови на СДСМ, симпатизери, граѓани на Македонија, Како верни наследници на антифашистичката борба, СДСМ никогаш не соработувал, ниту ќе соработува со сили што имаат корени во фашизмот. ВМРО-ДПМНЕ има длабока историска поврзаност со фашистичките режими – за време на Втората светска војна, ВМРО под водство на Иван Ванчо Михајлов соработувал со нацистичките сојузнички сили, вклучително и со Независната држава Хрватска (НДХ), ...

Министерката за образование и наука Весна Јаневска изјави дека со завршувањето на првото полугодие, „со задоволство можеме да кажеме дека имаме една успешна, системска процедура која можело и порано да се спроведе“. „Во овој момент тврдиме дека е исправена една голема неправда и дискриминација кон децата со хронични и малигни болести кои отсуствуваат повеќе од три недели од училиште. Конечно успеавме заедно со Здружението САНО да направивме и ...

„Од 2-ри до 3-ти јануари, просторот ќе биде отворен за сообраќај, ќе остане само мал дел од Пионерскиот парк во кој тие ќе останат некое време. Јас утре ќе одам да ги поздравам, да им се заблагодарам за сè и да им кажам дека ќе останат во книгите по историја бидејќи издржаа со својата храброст секакви притисоци и ја зачуваа татковината“, изјави Вучиќ за време на поставувањето камен-темелник за зградите на Министерството за одбрана и ...

Катарската епизода за српскиот напаѓач би можела да заврши по само четири месеци. Ал-Рајан е подготвен да го продаде 31-годишниот Митровиќ по само три одиграни натпревари, Србинот се чини дека нема уште долго да остане во Доха. Според информациите кои пристигнуваат од Турција, истанбулскиот гигант Фенербахче сака да го донесе Митровиќ во своите редови и веќе доставиле понуда. Членот на извршниот одбор на клубот, Ертан Торуногулари отпатувал ...

По пауза од четири дена и отворени автопатишта и гранични премини за време на Божиќ, земјоделците од денеска одново ги вратија блокадите на низа локации во цела Грција. На Евзони, кусо пред 12.30 часот по локално време, паркираните трактори на грчката страна го затворија граничниот премин за сите возила, а според информациите на МИА, сообраќајот ќе биде во прекин до 16 по грчко (15 по македонско време), по што границата ќе се отвори на два ...

Се работи за дефанзивен кој на Олд Трафорд пристигна од Арсенал, беше купен за само еден милион фунти. Тој одигра феноменално, имаше осум расчистувања, шест расчистувања со глава и 94% точност на додавањата. А по мечот доби големи пофалби од Аморим кој рече дека ако игра вака местото му е загарантирано. „Тој ја заслужи оваа шанса, ако игра вака, ќе им биде многу тешко на другите да му го земат местото во стартниот тим почнувајќи од сега“, ...

За присутните ова беше класичен акт на властите на цензура и притисок врз македонското малцинство. Обединетата македонска дијаспора (ОМД) остро ги осуди постапките на градоначалникот на Лерин (Флорина), Грција, и локалните општински власти. „Цензурирањето на уметничкото и културното изразување врз основа на јазикот претставува јасно кршење на основните човекови права и е во директна спротивност со обврските на Грција според Европската ...

На 16 паноа е претставен ликот на Крал Марко, историска личност која е меѓу најзастапените во литературата, уметноста, во движното и недвижно културно наследство, во народната традиција не само кај македонскиот, туку и кај сите народи на Балканот. Забележани се фактите за крал Марко во топоними, во литературата, уметноста. Неговиот лик е претставен само на две фрески: во манастирот „Архангел Михаил“ во Варош- Прилеп и во Марков манастир во ...

Настанот ќе го отвори директорот на КИЦ Белград Васко Шутаров, со краток осврт за културата на сеќавање кон големиот бард на културата Зафир Хаџиманов, за огромното културно наследство кое го остави како на македонската, така и на српската култура. „Јас сонувам, јас творам, јас водам љубов на двата јазика”, знаеше често да каже Зафир, во неговите интервјуа за српските и македонските медиуми. Вечерта посветена на Зафир Хаџиманов, ќе почне со ...

„Двете страни се согласуваат на моментален прекин на огнот што стапува на сила со потпишувањето на оваа заедничка изјава, со почеток во 12:00 часот (локално време) на 27 декември 2025 година“, се вели во документот потпишан од министрите за одбрана на двете земји од Југоисточна Азија. „Двете страни се согласуваат да им дозволат на цивилите што живеат во погодените гранични области да се вратат дома што е можно побрзо, без пречки, безбедно и ...

„Ќе ги набавиме до април во две фази (од една страна ние самите ќе направиме јавна набавка преку ‘Комунална хигиена’ за што одвоивме средства во буџетот, а од друга страна Министерството за транспорт преку Светска банка). Ова е веќе вест за градот, ќе набавиме камиони кои ќе штедат на гориво, на сервиси, кои ќе ги задоволат целосно потребите на скопјанi“, изјави вечерва Ѓорѓиевски за централниот дневник на ТВ Сител. Ѓоргиевски потсети дека во ...

Уапсени се и потпретседателот на Ејупспор, Фатих Кулаксиз, и функционер на Турската фудбалска асоцијација. Обвинителите во Истанбул велат дека издале 29 налози за апсење, од кои 14 се однесуваат на фудбалери осомничени дека се обложувале дека нивните тимови ќе изгубат. Шест фудбалери се осомничени дека се обложувале и влијаеле на исходот од натпреварот помеѓу Касимпас и Самсунспор во октомври 2024 година. Ова е трет бран апсења како дел од ...

Победниците синоќа ги прогласи и им ја врачи наградата претседателката Гордана Сиљановска-Давкова на Архитектонскиот факултет во Скопје. Годинава четири објекти пристигнале на конкурсот за наградата. За нив одлучувала Комисија во состав: Методи Хаџи-Андов, Јагода Мицајкова, Анета Христова, Бранислава Ѓорѓевиќ. Таа им честиташе на добитниците и на нивните ментори и истакна дека доделувањето на наградата е значајно за македонското општество, за ...

Се очекува украинскиот претседател Володимир Зеленски да се сретне со Трамп во Флорида во недела. Зеленски изјави дека носи нов мировен план составен од 20 точки, пренесува весникот. Во рамките на планот е предложена демилитаризирана зона, се очекува состанокот да се фокусира на безбедносните гаранции на САД. Не, во интервјуто, според Политико, Трамп се однесувал воздржано кон најновиот обид на Зеленски и не брзал да го поддржи предлогот на ...

Напаѓачот, кој доаѓал од окупираниот Западен Брег, бил ранет на местото на настанот од цивил и потоа пренесен во болница, соопшти израелската полиција. „Ова беше терористички напад“, додаде полицијата. Израелскиот министер за одбрана Израел Кац изјави дека ѝ наредил на војската жестоко да одговори во градот Кабатија на Западниот Брег, од каде што, според него, потекнува напаѓачот, со цел да се спречат понатамошни напади. Израелската армија ...

Ова, додаде, не се само бројки и проекти на хартија, туку живи културни настани, обновени институции, заштитено наследство и отворени врати кон Европа и светот. „Го враќаме достоинството на културните работници, ја зајакнуваме инфраструктурата и ја позиционираме Македонија како релевантен културен и туристички актер на меѓународната сцена. Пред нас се уште поголеми предизвици, но и уште поголеми можности- Европска престолнина на културата ...

Во сениорска конкуренција, признанијата им припаднаа на: Адријана Попарсова (Атлетски Клуб Делта) и Андреас Трајковски (Атлетски Клуб Работнички), атлетичари кои со своите настапи, резултати и континуитет ја одбележаа сезоната и поставија високи стандарди за идните генерации. Во младинските категории, признанијата им беа доделени на: Марко Алексовски – најдобар младинец (Атлетски клуб Центар) Мелиса Димитриевска – најдобра младинка (Атлетски ...

Во моментов се губат околу 1.000 глечери годишно, а таа стапка би можела да се искачи на 3.000 годишно уште околу 2040 година, дури и ако земјите ги исполнат своите цели за намалување на јаглеродните емисии, вели Њу саентист. Најмалку 4.000 глечери се стопиле во изминатите две децении. Ландер ван Трихт од ЕТХ Цирих во Швајцарија и неговите колеги користеле климатски модели за да предвидат што ќе се случи со 211.000 глечери во светот во текот ...

„Апсолутно сум убеден дека САД му се целосно посветени на НАТО. Нема никакво сомневање во тоа. Се зголемија и очекувањата. Навистина, ние сакаме да трошиме повеќе, Европа ќе преземе поголема одговорност“, рече Руте. Но, на крајот, станува збор за тоа сè да се направи заедно со САД, додаде тој. Поранешниот холандски премиер го истакна самитот на НАТО во Хаг во јуни, на кој сите сојузници се договорија за зголемување на одбранбените трошоци на ...

„Буџетот за 2026 година е доказ дека кога има ред, визија и работа, ќе има и резултати. Сакам искрено и од срце да се заблагодарам на сите советници кои го поддржаа“, напиша на Фејсбук скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски. Основниот Буџет на Град Скопје, како што вели градоначалникот, изнесува 5.201.600.000 денари, што претставува зголемување од 12,04 отсто во однос на 2025 година. Според него, ова зголемување е резултат на засилена и ...

Во објава на социјалната мрежа Икс, Зеленски наведе дека со Стуб разговарал за „контактите со партнерите“ во контекст на мировните преговори. „Овде во Украина во моментов се подготвуваме за состаноци и преговори во Соединетите Американски Држави, а денес нашите тимови – украинскиот и американскиот преговарачки тим – постигнаа значителен напредок. Постигнато е многу во изработката на потребните безбедносни гаранции, планот за обнова и ...

„Девизните резерви се повисоки за околу 50 отсто во однос на 2019 година и изнесуваат приближно 4,9 милијарди евра. Тоа е комотно ниво што гарантира стабилност на девизниот курс и обезбедува простор за интервенции доколку се укаже потреба“, истакна Славески. Тој потсети дека за време на пандемијата дел од девизните резерви беа искористени преку интервенции на девизниот пазар, но во наредниот период тие беа целосно надоместени. Во моментов, ...

Генералниот директор на Фондот, Сашо Клековски на прес-конференција информираше дека ФЗО има склучено договор со вкупно 149 приватни здравствени установи (ПЗУ) за вршење на примарна здравствена заштита во дејноста гинекологија – матични гинеколози. „Во ноември 2025 година извршени се заеднички контроли со Управата за јавни приходи (УЈП) во 49 ПЗУ (33 отсто од вкупниот број договори). Контролите се извршени поради зачестени претставки од ...

Печалбарите кои со години работеа за американски компании велат дека УЈП им доставило известување за персонален данок на доход од шести месец-2020 година, период кога голем дел од нив воопшто и не биле во државата, поради пандемијата, кога воопшто немаше ниту авионски летови никаде во светот. За нив е нејасно зошто ретроактивно се спроведува наплатата, укажувајќи дека не се против даноци, дека парите се вложени во Куманово и се плаќани даноци ...

„Го повикуваме Израел да ја поништи оваа одлука и да го запре ширењето на населбите, во согласност со Резолуцијата 2.334 на Советот за безбедност на Обединетите нации“, наведоа тие држави во заедничка декларација, пренесе британската агенција Ројтерс. „Оваа еднострана акција, која е дел од општото засилување на политиката на населување на Западниот Брег, претставува кршење на меѓународното право и ризикува да поттикне нестабилност“, се додава ...

Во овие примероци е откриен исклучително заразен вирус кој е поврзан со масовното насукање на китови и делфини низ целиот свет. Собирањето примероци од здивот на китовите претставува значајна пресвртница во грижата за здравјето и благосостојбата на китовите. Според професорот Тери Досон од Кингс колеџ во Лондон, методот овозможува следење на патогените кај живите китови без да се предизвика стрес или повреда, обезбедувајќи клучни сознанија за ...

Традицијата почнала пред 165 години, фудбал во Англија се играше во сите лиги, тоа беше подарок за навивачите на овој посебен ден. Но, за денешните луѓе кои го водат фудбалот ништо не е свето, па ниту оваа неверојатна традиција. Наместо многу натпревари, денеска се игра само еден, Манчестер Јунајтед на Олд Трафорд го пречекува Њукасл. Ова не им се допадна на навивачите, па Премиер лигата се обиде со соопштение да објасни зошто се случи на ...

Ибтисем (која побарала да не ѝ се наведува презимето) муслиманската вера ја наследила од семејството. За оваа 18-годишна девојка религијата долго време повеќе била прашање на култура отколку на духовност. Како што објаснила, никогаш не покажувала посебен интерес за верата воопшто, ниту за исламот конкретно. „Имав верско образование, но таа тема не ме интересираше особено“, вели ученичката. Сепак, сè се променило кога наполнила 15 години. ...

„Користењето лични навреди, дисквалификации и етикетирања на новинари претставува форма на притисок која има обесхрабрувачки ефект врз слободното новинарство. Ваквиот начин на комуникација придонесува за продлабочување на поларизацијата во општеството, со што се поткопува демократијата и се врши индиректен притисок врз уредувачката независност“, велат од АВМУ. Оттаму потенцираат дека Агенцијата во повеќе наврати апелира до сите политички ...

weather icon

Скопје

-3ᴼ / -3ᴼ
1.03
68%
1022
weather icon

Белград

-4ᴼ / -5ᴼ
6.69
74%
1024
weather icon

Загреб

-5ᴼ / -10ᴼ
1.54
82%
1025
weather icon

Софија

-6ᴼ / -6ᴼ
4.12
73%
1024
weather icon

Сараево

-3ᴼ / -3ᴼ
6.83
78%
1020
weather icon

Љубљана

-8ᴼ / -11ᴼ
0.45
89%
1026
weather icon

Атина

7ᴼ / 6ᴼ
8.23
65%
1011
weather icon

Тирана

0ᴼ / 0ᴼ
4.12
40%
1017
weather icon

Подгорица

0ᴼ / 0ᴼ
10.8
37%
1020
weather icon

Букурешт

-5ᴼ / -7ᴼ
1.54
93%
1016
weather icon

Будимпешта

-4ᴼ / -5ᴼ
9.26
64%
1019
weather icon

Истанбул

2ᴼ / 1ᴼ
6.17
93%
1013
Currency

61.5417

Currency

52.8868

Currency

70.8856

Currency

35.4077

Currency

38.0127

Currency

66.0784

Currency

7.5808

Currency

0.66901

Currency

0.33445

Currency

0.52469

Currency

1.2315

Currency

0.58613

Иридиум

169549.30

Кобалт

59.52

Рутениум

44946.74

Родиум

310254.70

Злато

144981.23

Паладиум

57935.65

Платина

72292.89

Бакар

11.84

Сребро

2569.43

Алуминиум

3.14

Калај

44.73

Цинк

3.10