Скопје
28ᴼ /
28ᴼ
Сериозни сомнежи за злоупотреба на видео надзор и нарушување на приватноста се отвораат во Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), каде вработени протестираат дека директорот Оливер Миланов воспоставил систем за постојано следење на нивното движење, објави „А1он“. Како што стои во нивниот текст, Миланов ги следи вработените во живо од неговата канцеларија. Во канцеларијата на директорот е поставен монитор поврзан со сите камери. Според ...
Димитар Апасиев, пратеник од Левица на денешната собраниска седница за прашања од опозицијата го праша премиерот Христијан Мицкоски дали лично стои зад „проект за вдомување“ на актуелниот претседател на Уставен суд, Дарко Костадиновски, на некој од државните универзитети по истекот на мандатот. Упатувајќи го пратеничкото прашање Апасиев побара јасен одговор од Мицкоски, нагласувајќи дека информациите со кои располага доаѓаат од повеќе извори. ...
Во филмовите, кога ќе падне последниот Дон знаеш дека приказната завршува. Во реалноста, најстрашното е кога нема последен Дон. Кога системот сам станал Дон. И тогаш, борбата не е против мафија. Туку против начин на функционирање што веќе не препознава разлика помеѓу држава и криминал. Зошто? Ако дадеме една теза на модели би рекол дека сме поблиску до Њујоршкиот модел: Мафијата не мора да пука ако, има луѓе во институции, има влијание во ...
Се радувам на секоја странска инвестиција, но државата мора да обезбеди заштита на животната средина и соодветно вреднување на минерралот кој државата сака да го даде под концесија, изјави Максим Ацевски, директор на Државниот завод за ревизија, во одговор на новинарско пршање како ќе ја коментира последната изјава од премиерот дека во стратешкиот дијалог со САД на американската страна им е понудена можност за експлоатација на антимон во ...
Пратеникот и претседател на СДСМ, Венко Филипче, на денешната собраниска седница за прашања од опозицијата, упати прашање до премиерот Христијан Мицкоски, во однос на менаџирањето на кризата, заштитата на стандардот на граѓаните и ликвидноста на компаниите. Филипче посочи дека се случи тоа на што предупредуваше СДСМ изминатиот период, а владата не презема навреме мерки за да ги заштити граѓаните од ценовните шокови. „Во време на менаџирањето ...
Актерката и поранешна пратеничка, Софија Куновска упати остри критики кон министерот за култура и туризам Зоран Љутков, оценувајќи го како „најсрамен министер за култура на сите времиња“. „Неспособен, некомпетентен и неодговорен, подопашна мува на своите претпоставени, подолго време ги множи со нула своите колеги. Дали некои институции ќе ја заменат својата улога на столб на правдата со улоги слични на неговата, ќе видиме“, истакнува ...
Пратеникот и потпретседател на Левица, Реџеп Исмаил – Хактан на денешната седница на собрание ја образложи суштината на предложените измени и дополнувања Законот за одбрана, поднесен од пратеничката група: „Постојното законско решение остава опасно широк простор Владата по сопствена волја да ја вовлекува државата во воени операции што немаат никаква врска со одбраната на суверенитетот и територијалниот интегритет. Членството во НАТО, поради ...
Љ. К. бил уапсен во близина на српскиот град Врање откако тамошната полиција пронашла 3.000 кутии нелиценциран тутун во неговиот автомобил, со што го оштетил српскиот буџет за 8 милиони динари (над 4 милиони денари). „Припадници на полицијата во Врање, по наредба на Основното јавно обвинителство во Врање, го уапсија Љ. К. (34) од Република Северна Македонија, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело нелегална трговија со ...
По долги години чекање и административни пречки, денес со гордост објавувам: започнува реконструкцијата и модернизацијата на Универзалната сала – еден од најзначајните културни симболи на Скопје и на Македонија, објави министерот за култура и туризам Зоран Љутков. Тој информираше дека постапката за избор на изведувач за Универзалната сала успешно е заокружена, откако Државната комисија за жалби по јавни набавки ја одби како неоснована жалбата ...
„Во Македонија, континуирано се случуваат обиди од страна на некои субјекти тенденциозно да го уништат Охридскиот рамковен договор“. Ова го предупреди професорката и член на СДСМ, Ана Чупеска. Според неа, ОРД не е само историски компромис туку, како што вели, нашата реална конституција и иманентен услов за политичкиот опстанок на државата. „Оттука, секој обид за негово релативизирање претставува директен атак врз државната кохезија! Во таа ...
о рамки на официјалната посета на висока владина делегација на Соединетите Американски Држави, министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска потпиша Меморандум за разбирање со САД за унапредување на безбедноста на снабдувањето со природен гас. Потпишувањето се реализира во Вашингтон, како дел од стратешкиот дијалог со САД, клучна платформа за продлабочување на стратешкото партнерство меѓу двете земји. Дијалогот ги ...
Царински службеници на граничен премин „Богородица“ спречиле обид за шверц на 12,5 тони овошје и зелечнук во вкупна вредност од 1,4 милиони денари. При контрола на стока во транзитна постапка, пронајдени се 750 кг ананас, над три тони авокадо, 2,5 тони лута пиперка, 600 кг брокула, 2,3 тони јагоди, 3,3 тони киви и 40 кг печурки кои не биле пријавени со царинската декларација. Непријавената стока која осомничениот се обидел да ја криумчари е ...
„Сервилноста на ВМРО-ДПМНЕ кон најреакционерната администрација во историјата на САД на Доналд Трамп, добива нова димензија со посетата на делегацијата предводена од страна на министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски, во Вашингтон на средба со заменик-државниот секретар на САД – Кристофер Ландау во рамките на т.н. ʼстратешки дијалогʼ при што на американската страна им е понудена можност за експлоатација на антимон во Кривопаланечко, ...
„Секакви обиди се прават од страна на сегашната влада во Република Северна Македонија да го заобиколи европскиот консензус, да започне повторно преговарање“, изјавила утрово вршителката на должноста министерка за надворешни работи на Бугарија, Надежда Нејнски. Според неа, „сите обиди се насочени кон сопствените граѓани, чие време навистина се губи со вакви политички игри, наместо да се почитува она што веќе е договорено“. „Тврдат дека ...
На 07.04.2026 во 13:40 и во 19.10 часот, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода А.М.(48) и неговите синови Ј.М.(26) и Б.М.(27), сите од Скопје. Тие се сомничат дека околу 12:40 часот во близина на гробиштата Бутел ги нападнале Е.Д.(51) и М.Д.(54), вработени во АД „Бутел“, при што употребиле оружје – гасен пиштол и ладно оружје (боксирач и нож). Притоа, Е.Д. и М.Д. се здобиле со телесни повреди, констатирани во ЈЗУ „Св.Наум ...
Цената на референтната сурова нафта „Брент“ падна за околу 13% на 94,80 долари за барел, додека нафтата со која се тргува на американската берза се намали за повеќе од 15% и изнесува 95,75 долари. Сепак, цените на нафтата и понатаму се повисоки отколку пред почетокот на конфликтот на 28 февруари. Во тој период, се тргуваше по цена од околу 70 долари за барел. „Трговците исклучително внимателно го следеа овој момент, барајќи конкретна обврска ...
„Иако сценариото во кое мислење на Правната служба би утврдило или посочило на несогласност со примарното право на ЕУ (ДЕУ или ДФЕУ) теоретски може да отвори прашање за ревизија на Преговарачката рамка, вклучително и преку иницијатива од држава членка или политички притисок од Европскиот парламент врз Советот да побара формално мислење, во пракса таквиот исход останува малку веројатен“, вели во изјава за „Локално“, извршниот директор на ...
Коалицијата ВЛЕН внимателно ги следи случувањата поврзани со полагањето на правосудниот испит на албански јазик и реакциите на студентите по право, кои во изминатите денови јавно го изразија својот став и загриженост. Оттаму велат дека мотивот и процесот на организирање на студентите се сосема легитимни, како и нивната јасна порака дека станува збор за прашање на доследна примена на постојните права, а не за нови барања. ВЛЕН смета дека ...
Државниот инспекторат за труд е на маргините на заштита на правата на работниците, особено во последниот период кога за една претставка може да се чека месеци, евентуално и да не се дочека одговор. Последен таков случај имаме по постапувањето за Македонски шуми, каде вработените пријавуваа дека наместо регрес за годишен одмор добиваат дрва. Се поставува прашањето дали воопшто имаме потреба од плата или наместо тоа може да прифатиме руска ...
Многумина често избираат да пијат вода што била наполнета претходниот ден и стоела предолго, а експертите објаснија зошто ова е лошо за вашето здравје. Диететичарката Кристен Смит навела дека се придржува на правилото од 12 часа за чаша вода. По 12 часа, таа избира да си сипе и да испие нова чаша вода. Сепак, таа вели дека можете да пиете чаша вода што е стара еден ден, сè додека не била изложена на загадувачи или оставена непокриена. ...
Иако настапите на легендарниот пејач Здравко Чолиќ се секогаш спектакуларни, неговиот последен, трет концерт во Сараево бил обележан со спонтан гест што предизвикал посебни емоции. Чолиќ, всушност, се симнал од сцената и се упатил во публиката за да ја поздрави познатата актерка Јасна Орнела Бери, неговата прва љубов од младоста. Вниманието на пејачот било насочено токму кон актерката со која имал врска во Сараево во седумдесеттите години. Во ...
„Во моментов има околу еден милион предмети и околу 200.000 блокирани сметки. Имаме случаи каде долговите се пренесуваат на семејството, па дури и на децата, на ова мора да се стави крај“, вели претседателот на Конфедерацијата на синдикални организации на Македонија (КСОМ), Марјан Ристески за прашањето за личен банкрот, кое досега се спомнуваше во многу предизборни програми. Ристески посочува дека постојат случаи каде за долг од 5–6 илјади ...
Актерот Џонатан Мејџорс и неговиот колега Џеј Си Килкојн доживеале сериозна несреќа на снимањето на нов акционен филм кога паднале низ прозорец директно на бетонот. За време на снимањето на една од сцените, актерите паднале низ стаклениот прозорец од висина од речиси два метра, откако необезбедената плоча од калено стакло паднала од кадарот. Додека Мејџорс поминал без посериозни повреди, Килкојн се здобил со исекотини на рацете кои морале да ...
Било која мерка да ја преземе Владата, од аспект на граѓаните, секогаш нема да бидат доволни, ако кај нив се почуствува по џебот, како што сега се покачени цените, вели економистот Зоран Витанов за преземените мерки во однос на економската криза. Витанов ги оправдува и поддржува намалувањето на акцизата и намалувањето на ДДВ-то за горивата. -Сега треба до максимум да се зголемат резервите на гориво на храна и исто така Владата треба да гледа ...
Популарниот музички фестивал „Вајрлес“ во Лондон е откажан откако на раперот Канје Вест, познат и како Је, му беше забранет влез во Велика Британија, пренесува британската новинска агенција „ПА медиа“, а пренесе Си-ен-ен. Најавата дека Вест ќе биде главна ѕвезда на фестивалот „Вајрлес“ предизвика остри реакции од еврејски организации и политичари, поради неговите контроверзни и чести антисемитски изјави во последните години. Поради ...
Станува збор за експериментална алатка базирана на Гугл-овите Gemma модели за препознавање говор, која им овозможува на корисниците изговорениот текст да го претворат во уредени и „готови“ реченици. Откако моделите ќе се преземат на уредот, апликацијата може да работи локално, без испраќање податоци во облак. За разлика од класичните апликации за диктирање, „Eloquent“ не го пренесува говорот дословно, туку автоматски ги отстранува поштепките ...
Според транскриптот на унгарската влада, во кој увид имал „Блумберг“, Орбан за време на разговорот на 17 октомври 2025 година му порачал на Путин: „Нашето пријателство вчера достигна такво ниво што можам да помогнам во сè. Во сè каде што можам да бидам од помош, ви стојам на располагање.“ За дополнително да ја нагласи својата порака, Орбан се споредил со глушецот од познатата басна кој му помага на лавот, што, според транскриптот, ...
Веќе подолго време се навестува дека iPhone Fold (или Ultra) конечно ќе „ја види светлината на денот“ во текот на есента оваа година, заедно со iPhone 18 Pro и iPhone 18 Pro Max. Сепак, неодамнешните гласини наведуваат дека испораките нема веднаш да започнат, бидејќи Apple наводно ќе го најави на истиот настан како и Pro моделите, кои традиционално стануваат достапни кон крајот на септември, додека на Fold моделот ќе му бидат потребни уште ...
Според украинска разузнавачка процена, руските сателити извршиле десетици детални набљудувања на воени објекти и клучни локации ширум Блискиот Исток, со цел да му помогнат на Иран во нападите врз американските воени сили и други цели. Заклучоците, во кои увид имал „Ројтерс“, укажуваат и на тоа дека руските и иранските хакери соработуваат во сајбер-просторот. Овие процени претставуваат најдетален извештај досега за тоа како Русија му давала ...
„Јас сум за редовни избори. Мора да се знае кога се изборите – чести и добри избори би биле во некои други организации како што е црквата“, изјави Дачиќ по консултациите со претседателот на Србија, Александар Вучиќ. Дачиќ изјави дека не е сигурен дали и оние што бараат вонредни избори се подготвени за нив, како и дали навистина сакаат тие да бидат брзо организирани. Тој повтори дека одржувањето на изборите треба да биде што е можно поблиску ...