Скопје
6ᴼ /
6ᴼ
Левица најостро реагира на скандалот со следењето на претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, што кулминираше со јавно објавување на снимка на која тој е заедно со неговите малолетни деца. Според партијата, ова е злоупотреба на безбедносни механизми и демонстрација на режимска сила насочена против синдикалното организирање. -Откако Христијан Мицкоски наместо достоинствено да одговори на барањата на работниците, јавно најави дека „ќе се ...
Сојузот на синдикати ќе ја блокира Стопанската комора на Македонија, Организацијата на работодавачи и Бизнис-конфедерацијата, в четврток точно напладне. Како што најави претседателот на ССМ, ќе се испрати апел до газдите кои ги блокираат работниците сите изминати години. Трендафилов рече дека блокадите ќе траат сè додека не се донесе одлука за зголемување на минималецот на 600 евра и за зголемување на сите преостанати плати за 100 евра. Од ...
Пратеничка од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојановска остро реагираше на изјавите и обвинувањата упатени од претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, нарекувајќи го „волкот во јагнешка кожа“. За видеото со синдикалниот лидер и неговите деца, кое самата го објави, вели „јавните личности треба да се подготвени на секакви видеа и фотографии“. „Сосема е препознатлив речникот на Трендафилов и не би сакала воопшто да наседнувам на неговото ...
На 10.02.2026 во 15:00 часот во с.Сенокос, општина Долнени, полициски службеници од Полициското одделение Ропотово го лишија од слобода Х.К.(34) од Прилеп. При преглед во неговото патничко возило биле пронајдени предмети за кои постои сомнение дека ги украл од живинарска фарма во с.Долнени, а кои претходно биле пријавени за украдени. Подоцна, од слобода бил лишен и неговиот брат Б.К.(32) затоа што на ул.„Орде Чопела“ во Прилеп застанал пред ...
ДУИ го обвинува Министерството за правда за кривична одговорност за злоупотреба на положбата и службеното овластување, во врска со одбивањето да се спроведе правосудниот испит на албански јазик. Канита Рамадани од оваа партија рече дека законот е јасен и неговото попречување има правни последици. Според неа, попречувањето на спроведувањето на Законот за употреба на јазиците од страна на Министерството за правда и одговорните лица претставува ...
„Наместо да се сокрие од срамот пред македонскиот работник, Слободан Трендафилов одбра со невидена дрскост, паника и нервоза да ја напаѓа пратеничката Дафина Стојаноска, глумејќи жртва за да го прикрие сопствениот скандал. Ова не е напад врз семејство, ова е очајнички крик на еден „синдикалец“ кој мисли дека со солзи и етикетирања ќе го избрише фактот дека ги троши парите на работниците за личен луксуз“, велат од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ...
На 10.02.2026 во 16:15 часот во СВР Скопје е пријавено дека од објект во изградба на подрачјето на Центар, односно каде се изведувале градежни работи за подземен булевар, во период од еден месец се одземени бакарни кабли со должина од два километри и вредност од околу 200.000 евра. По преземени мерки, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „кражба“, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Т.М.(68) од ...
Општина Аеродром спроведува засилен инспекциски надзор, при што е изречена глоба од 1.000 евра за компанија и 300 евра за одговорното лице, поради прекршување на Законот за јавна чистота, информираше денеска градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески. „При извршена контрола на градилиште во близина на СУГС „Димитар Влахов“ на булевар „Трета македонска бригада“, инспекторите утврдија дека градежни возила се движеле по коловоз со ...
„Ние овој закон за банкарски трошоци го доставувавме и во времето кога седевме во влада и го лобиравме законот внатре со тогашниот заменик министер за финансии и се дискутираше во рамки на пратеничката група во која ние пак бевме тогаш независни пратеници и пробувавме да им објасниме дека не е возможно. Тогаш беше и КОВИД пандемијата, а најголеми профитери беа банките. Пробавме да им објасниме дека со кратење на одредени трошоци и со ...
Претседателката на Бугарија Илијана Јотова го номинираше заменик-гувернерот на Бугарската национална банка (БНБ) Андреј Ѓуров за кандидат за привремен премиер на земјата, објави прес-службата на шефот на државата. На 12 февруари во 10 часот наутро по локално време, шефот на државата ќе го прими Ѓуров во „Дондуков“ 2, каде што ќе му наложи да формира привремен кабинет. На крајот на јануари, Илијана Јотова се сретна со сите потенцијални ...
Heineken NV ќе отпушти помеѓу 5.000 и 6.000 работни места, бидејќи перспективите на пиварницата со седиште во Холандија се замаглени од падот на побарувачката за алкохол, објави „Блумберг“. Компанијата соопшти дека ќе ја намали својата работна сила во следните две години во обид да ги намали трошоците. Вработува околу 87.000 луѓе низ целиот свет, вклучувајќи 3.700 во Холандија. Поголемиот дел од отпуштањата ќе бидат надвор од земјата каде ...
Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата поднесе предлог-закон за изменување на Законот за постапување со бесправно изградените објекти, по скратена постапка, за граѓаните да не останат со нерешени статуси за своите домови поради административни препреки или бавни процедури. Предлогот доаѓа во момент кога важноста на актуелниот рок истекува следниот месец на 3-ти март, што, според предлагачите, би значело автоматско прекинување на ...
Украинската армија може да издржи најмалку уште 18 месеци во деловите од Донбас што ги контролира, изјавија високи извори од НАТО. Според податоците што ги имаат, на Русија ќе ѝ треба најмалку година и пол за да го преземе целиот регион ако напредува со сегашното темпо. Тие исто така не веруваат во тврдењата, главно од Москва, дека украинската одбрана е на работ на колапс. Сепак, пактот призна дека руските сили напредуваат побрзо во ...
„Додека фрижидерите се празни а неплатените сметки се редат една врз друга, и додека минималната плата не стигнува ни за основна храна, власта има јасен приоритет – не достоинствен живот за народот, туку комфорен лет за премиерот“, објави членот на ИО на СДСМ, Андреј Жерновски по барањата на синдикалците и работниците за зголемување на платите и најавите од СОЗР дека Владата треба да набави нов службен авион и службено возило за специјални ...
ВМРО-ДПМНЕ излезе со соопштение по денешните пораки од првиот синдикалец во државата, Слободан Трендафилов. Од партијата не се огласуваат за објавеното видео од нивната пратеничка на кои може да се видат децата на Трендафилов, туку доколку „смета дека му е загрозена приватноста, нека пријави во надлежните институции“. Сепак, тврдат дека претседателот на ССМ „сака да се претстави како жртва на прогон“. „Фијаското на протестите на ССМ и ...
Европскиот парламент со големо мнозинство одобри заем од 90 милијарди евра за Украина за оваа и следната година. 60 милијарди евра од ова се наменети за воена помош, додека остатокот е за поддршка на буџетот на земјата. Европратеничката од „Обнова Европа“ Карин Карлсбро, која е и известувач за ова прашање, нагласи дека ова е и инвестиција во заедничката европска иднина: „Денес, Украина е нашата прва линија. Украинците ја бранат нашата ...
Американската компанија „Форд Моторс“ објави пад на основната квартална добивка од околу 50 проценти, на 1 милијарда долари. Производителот на автомобили објави нето загуба во четвртиот квартал од 2025 година од 11,1 милијарди долари по значителните, претходно најавени отписи во своите програми за електрични возила, објави Ројтерс. Прилагодената заработка по акција на компанијата од 13 центи за кварталот беше пониска од прогнозите на ...
Лидерот на Левица и пратеник, Димитар Апасиев објави дека денеска поминал првиот закон предложен од неговата партија, со кој се укинува дискреционото право на директорите на јавните здравствени установи при вработување. Според Апасиев, нема да има веќе, како што вели, молење по штабови. „Ова воопшто не е мала промена. Може да ги задржи најдобрите медицинари во државава, наместо масовно да се селат во Германија, Бугарија и по белиот свет на ...
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) ги информира физичките и правните лица дека согласно член 62 став 3 од новиот Закон за инспекциски надзор, кој е во сила од 01.01.2026 година, инспекциските служби на АХВ нема да постапуваат по анонимно поднесени иницијативи за спроведување на инспекциски надзор за прашања од делокруг на работењето на институцијата. Постапувањето по иницијативите кои се уредно поднесени ќе се реализира согласно ...
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР до надлежното Основно јавно обвинителство Штип поднесе кривична пријава против М.С. на работно место советник за управни работи за Штип во Одделението за управни работи Штип при Одделот за граѓански работи, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „проневера во служба“ по член 354 став 1 од Кривичниот законик. Пријавениот М.С. во ...
Полска нема да се приклучи на Мировниот совет предводен од САД под сегашните околности, но ќе продолжи да ја анализира можноста, изјави денес полскиот премиер Доналд Туск. „Земајќи во предвид одредени национални сомнежи во врска со формата на советот, под овие околности Полска нема да се приклучи на работата на Мировниот совет, но ние ќе го анализираме“, рече Туск на состанокот на кабинетот. Како што претходно беше најавено, американскиот ...
„Во тек е координирана политичка операција чија цел е враќање на Никола Груевски и целосно уривање на правниот систем во државата“, вели портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска по последните обвинувања од ВМРО-ДПМНЕ кон згаснатото СЈО и наводите дека се вршеле притисоци врз луѓе за гонење. Според Кузеска, „преку орбановите медиуми во Македонија, пред сè преку Алфа, веќе се води црна кампања со наратив за „политички прогон“ и „монтирани ...
Унгарскиот премиер Виктор Орбан порача дека Брисел и Киев „објавиле војна“ на Унгарија откако „Политико“ објави статија во која се наведени плановите за пристапување на Украина во ЕУ, пред да се завршат сите формални чекори од стандардниот процес на пристапување, како и мерките за поништување на унгарското вето. Во објава на „X“, Орбан наведе дека претставниците на ЕУ и Украина сакаат да го примат Киев во блокот уште во 2027 година и да го ...
На 10.02.2026 во 20:25 часот на Граничен премин Блато, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор „Блато“ го лишија од слобода Б.Ц.(33) од Република Албанија поради сомнение дека сторил кривично дело „давање поткуп“ по член 358 од Кривичниот законик. Имено, при пасошка контрола при излез од државата, тој во неговата патна исправа ставил пари и го известил полицискиот службеник, со што го сторил делото. ...
Првиот човек на ССМ, Слободан Трендафилов денеска побара од Владата одговор дали претседателот на Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија (КСС), Благоја Ралповски е поставен во Управниот одбор на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување. -Ве повикувам да побарате од Владата информација како тоа претседателот на КСС, како награда за тоа што не излегува на протестите со работниците за зголемување на работничките плати е награден ...
Раководството на ССМ на денешната прес-конференција обелодени дека утре во 12 часот ќе започнат со блокадата на Стопанската комора, Организацијата на работодавачи и Бизнис-конфедерацијата. Слободан Трендафилов од ССМ рече дека нема да дозволат работниците да „им мрзнат на улица на пратениците, газдите и Владата“. Според него, ќе блокираат газди кои се исплашиле од нападите на Владата и партиите врз работниците и синдикатите. Трендафилов ...
На интернет адресата radnaimark.hu се појави мистериозна веб-страница, предизвикувајќи возбуда во унгарската политика. Доменот регистриран на име на Марк Раднаи, потпретседател на опозициската партија Тиса и близок соработник на Петер Маѓар, прикажува фотографија од безбедносна камера на растурен кревет, со порака „наскоро“. Раднаи тврди дека не ја препознава собата на фотографијата и се сомнева дека станува збор за обид да се дискредитира. ...
Европската агенција за статистика Евростат објави податоци за 2025 година за тоа колку граѓаните, првенствено младите, во европските земји користеле алатки за вештачка интелигенција (ВИ). Евростат објави и податоци за земјите кои не се дел од Европската Унија, а ова особено се однесува на земјите од Западен Балкан. Според овие информации, алатки за генерирана вештачка интелеганција во Македонија користат 45,4 отсто од младите на возраст од 16 ...
Apple објави рекордна продажба на iPhone за четвртиот квартал од 2025 година, што пак резултираше со најдобриот финансиски квартал на компанијата досега со приходи од продажба од 143,8 милијарди долари. Аналитичарите посочуваат на „необичен“ двигател на овој успех. Ова е зголемување од 16 проценти во споредба со претходната година, што е доста импресивно за компанија од оваа големина. Кога станува збор за причината за невидената побарувачка ...
Синоќа околу 23 часот на патот Велес-Скопје кај клучката Хиподром се случила сообраќајна несреќа кога патничко возило „БМВ“ удрило во товарен камион од Неготино, при што имало експлозија и пожар. Интервенирале пет противпожарни возила на скопската противпожарна бригада, по што пожарот целосно бил локализиран до 3 часот изутринава и сообраќајот е нормализиран. Во несреќата повреден е 25-годишниот возач на патничкото возило од скопско ...