31-вото издание на Индексот на перцепција на корупцијата на Транспаренси Интернешнл прикажува загрижувачка слика на долгорочен пад на лидерството во справувањето со корупцијата, со ограничени знаци на напредок. Македонија и годинава бележи 40 поени на Индексот за перцепција на корупцијата, што значи дека нема суштински напредок во борбата против корупцијата, туку има константа како почетна точка од која работите треба да тргнат на подобро. ...

На 08.02.2026 во 10:15 часот кај место викано „Црници“ во атар на село Степанци, општина Чашка, полициски службеници од Полициско одделение Чашка ги лишиле од слобода В.К.(57), И.Т.(51) и Б.Н.(77), сите од Прилеп. При вршење службени дејствија, полициските службеници ги забележале лицата како излегуваат од патничко возило „лада нива“ со прилепски регистарски ознаки, а лицето кое го управувало возилото испукало неколку истрели од огнено ...

Естонската разузнавачка служба предупреди дека Русија брзо ги засилува своите воени сили додека Европа го засилува вооружувањето, иако нема индикации дека Москва планира напад врз земјите членки на НАТО оваа или следната година. Како што е нагласено во годишниот извештај на службата, целта на Русија е да ја „одложи и спречи“ способноста на Европа да спроведува независни воени дејствија, објави Ројтерс. „Руското раководство го гледа ...

Пратеничката група на СДСМ информира дека веќе поднела предлог-закон за минимална плата и нејзино зголемување за 600 евра. Според координаторот на пратеничката група, Оливер Спасовски има можности за финансиски средства за ова законско решение. Спасовски потсети дека во време кога претходната влада дошла на функција, минималецот бил 8560 денари која ја затекнала од тогашната влада на ВМРО-ДПМНЕ. Пратеникот рече дека законскиот текст бил ...

На денешната седница, Собранието на Република Македонија, во прва фаза, го усвои Предлог-законот поднесен од Левица со кој се укинува дискреционото право на директорите на јавните здравствени установи при вработување. Со оваа одлука, велат од партијата, за првпат сериозно се нарушува долгогодишниот механизам на партиска контрола врз јавното здравство и се отвора пат кон систем заснован на знаење, стручност и професионални критериуми. ...

Искуствата од земјите кои воведоа строги ограничувања за ароматизираните никотински производи покажуваат дека резултатите не секогаш се во насока на заштита на јавното здравје. Законот за заштита од пушење, применет во дел од европските држави, создаде сериозни предизвици во пракса. Од Стопанската комора веќе укажаа дека предложениот закон во Македонија, кој се темели на словенечкиот модел, е тешко применлив во домашни услови. Во меѓувреме, ...

Министерството за внатрешни работи информира дека денеска (10.02.2026) во официјална посета на Р.С.Македонија ќе присуствува претседателот на Владата на Република Косово, Албин Курти. Од тие причини Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот во централното градско подрачје на Град Скопје. -Апелираме до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат ...

Запрашан дали може да се најде едно конечно решение за работниците и зголемување на минималната плата, премиерот Христијан Мицкоски вели дека ситуацијата ќе продолжи бидејќи, како што вели, ова има политичка позадина. Според премиерот, еден од денешните протестанти, како што вели, со мене држеше прес-конференција видно во егзалтична состојба, задоволен од тоа што го постигнал. -Денеска го гледате блокира заедно со уште еден кој се повикува на ...

Косовската полиција уапсила неименуван државјанин на Македонија на преминот Вермица, под сомнение дека сторил кривично дело поткуп. Според полициското соопштение, за време на проверка на документи во понеделник вечерта, осомничениот се обидел да поткупи полицаец со тоа што во неговите документи вметнал пари во вредност од пет евра. Според одлуката на надлежниот обвинител, по сослушувањето, осомничениот е приведен, а случајот ќе се реши во ...

Потпретседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија, Иван Пешевски потсети дека патните трошоци на пратениците, поделени на месечно ниво, се поголеми од минималната плата на еден работник во приватниот сектор. Тој повтори дека ќе продолжат со блокадите на пратениците, Владата, министрите и работодавачите. Пешевски на денешната блокада на Собранието истакна дека животот е поскап за 9000 денари за две години и тоа го покажуваат цените по ...

Со големо изненадување, германските медиуми објавија дека Ангела Меркел, поранешната германска канцеларка, се враќа на партискиот конгрес откако ја напушти политиката и одлучи да не се кандидира повторно за канцеларка на Германија. Имено, нејзината партија, конзервативната Демократска христијанска унија, одржува конгрес на 20 февруари, а беше наведено дека таа е поканета како поранешна претседателка на партијата. Германските медиуми ...

Францускиот претседател Емануел Макрон денес изјави дека Европа ќе биде збришана за пет години ако не направи ништо за да стане учесник, а не само набљудувач, во светските настани. „Ако сакаме да бидеме набљудувачи, тогаш тоа води кон среќно покорување. Ние не му пречиме на никого, се обидуваме да бидеме добри кон Американците, а со Кинезите продолжуваме како и досега. Ви велам, ако не направиме нешто, Европа ќе биде збришана за пет години“, ...

Денеска, 09 февруари 2026 година, Центарот за граѓански комуникации ги објави извештајот и базата на податоци од следењето на доделувањето пари од Владата за инфраструктурни проекти во општините во 2024 и 2025 година, со следниве клучни наоди: -Од октомври 2024 до октомври 2025 година, Владата испланира 250 милиони евра за инфраструктурни проекти на општините, и од тие пари им одобри 112 милиони евра преку шест министерства. -Со првата ...

Францускиот претседател Емануел Макрон денес изјави дека Европа ќе биде збришана за пет години ако не направи ништо за да стане учесник, а не само набљудувач, во светските настани. „Ако сакаме да бидеме набљудувачи, тогаш тоа води кон среќно покорување. Ние не му пречиме на никого, се обидуваме да бидеме добри кон Американците, а со Кинезите продолжуваме како и досега. Ви велам, ако не направиме ништо, Европа ќе биде збришана за пет години“, ...

Германската влада планира да нарача борбени дронови во вредност од 536 милиони евра од локалните стартапи „Хелсинг“ и „Старк Дифенс“, како дел од големата трка во вооружување по руската инвазија на Украина. Договорите се за таканаречена „муниција што се движи наоколу“ – дронови што можат да лебдат над целна област пред да се урнат во неа, објави Ројтерс. Договорите се дел од поширок рамковен договор вреден 4,3 милијарди евра. Прочитајте ...

Комуналните инспектори и редари на Општина Центар спроведуваат засилени контроли на возила кои се непрописно паркирани на јавни и зелени површини. На секое неправилно паркирано возило ќе биде оставено известување за сторен прекршок, со предвидена казна од 50 евра во денарска противвредност, согласно Законот за комунални дејности и Одлуката за комунален ред на Општина Центар. Сторителот на прекршокот е должен веднаш да го подигне прекршочниот ...

Саботното апсење на три лица во Скопје, осомничени за злосторничко здружување и нелегално оружје, повторно го врати прашањето за безбедноста на Македонија во фокусот на јавноста. Не поради бројот на приведени, ниту поради количината запленето оружје, туку поради тоа што истото сценарио ни се повторува по само една година. Истата идеолошка матрица, слични методи на организирање и исти безбедносни ризици – само една година по акцијата со која ...

Поради денешните блокади на Собранието, голем дел од пратениците мораа да се снаоѓаат за да дојдат на своите работни места. Таков беше случајот и со пратеникот од пратеничката група на „Европскиот фронт“, Сали Мурати кој пешки дојде во зградата на Парламентот. Тој поминувајќи, покрај втората блокада на Собранието на улицата „Даме Груев“, во изјава за медиумите порача дека „не е проблем што дошол пешки“. -Не е проблем, зошто? Не е вистина ...

Поранешниот пратеник на ДУИ, Арбен Зибери го продолжува своето политичко делување, но овој со таборот на Изет Меџити. Тој преминува во Демократското движење предводено од Меџити, кое е дел од коалицијата ВЛЕН, јавуваат дел од медиумите во земјава на албански јазик. Зибери е внук на поранешниот народен правобранител и екс-кандидатот за премиер, Насер Зибери. Зибери беше пратеник на ДУИ во претходниот собраниски состав, а во Владата на СДСМ и ...

На денешната блокада на Собранието, претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов им посака добро утро на сите, освен на пратениците кои, како што вели, две години го блокираат предлогот за зголемување на сите плати. Вели дека блокадата е за да не можат пратениците да дојдат со сопствените возила во зградата на Парламентот. -Моите информации се дека голем дел на пратеници станале рано утринава за да дојдат пред 9 часот на работа, за да не се ...

Лидерот на едното од трите крила на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари, изрази длабоки сомнежи за функционирањето и перспективите на владејачката коалиција ВЛЕН, опишувајќи ја како конгломерат од партии со различни идеологии, кои тешко можат да се трансформираат во обединета политичка структура. Во интервју за „КохаКаст“, Таравари рекол дека, иако сака ВЛЕН да се обедини и да функционира како единствена партија, реалноста во рамките на ...

Го почитуваме правото на протест на сите. Наша обврска е да се јавиме на работното место и ќе бидам присутен, вели пратеникот Петар Ристески за денешните блокади на Собранието од страна на ССМ и барањето за минималец од 600 евра. Тој вели дека ја прифаќа пораката на синдикатите и дека ги поддржува работниците во своите барања. „Наш приоритет како политичка партија, како Влада, како пратеници од владејачкото мнозинство, е економскиот развој и ...

Министерот за правда Игор Филков упати остра реакција до вицепремиерот Беким Сали, по неговата изјава за барањето на студентите за полагање на правосуден испит на албански јазик. Филков децидно порача дека времето на политички толкувања на законите е завршено и дека државата не функционира според „професионалниот рефлекс на еден стоматолог“, туку според Уставот. „Времето кога Уставот и законите се толкуваа според дневнополитички потреби, а не ...

На вчерашната седница на Извршниот одбор на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, на предлог на партискиот лидер, Венко Филипче, донесена е одлука за избор на Каја Шукова за нова претседателка на Форумот на жени на СДСМ. Одлуката следи во период кога партијата интензивно работи на јакнење на женското учество во политиката и на позициите на жените како активни членови на општеството. Изборот на Шукова доаѓа во време кога СДСМ особено се ...

Министерот за правда Игор Филков упати остра реакција до вицепремиерот Беким Сали, по неговата изјава за барањето на студентите за полагање на правосуден испит на албански јазик. Филков децидно порача дека времето на политички толкувања на законите е завршено и дека државата не функционира според „професионалниот рефлекс на еден стоматолог“, туку според Уставот. „Времето кога Уставот и законите се толкуваа според дневнополитички потреби, а не ...

Импулсивноста, намалениот праг на толеранција на фрустрација која резултира со агресија е повеќе од очекувна појава. Наместо живот и развој, се случува „преживување”! Човекот има потреба од безбедност и сигурност. Луѓето како да не можат веќе да издржат (не можат да собираат во себе) и или пукаат, или се повлекуваат во домот или во „свој свет”. Како последица на овој притисок се случуваат автоагресија (алкохолизам, наркоманија, коцкање, ...

Поради уличен дефект на водоводната мрежа, утре (10 февруари) ќе има прекин на водоснабдувањето во повеќе улици во општина Карпош, информираат од ЈП Водовод и Канализација. Како што соопштуваат од претпријатието, ќе се врши санација на дефект на водоводна цевка со пречник од 100 милиметри, лоциран на крстосницата меѓу улиците Његошева и Софиска. Поради интервенцијата, без вода ќе останат корисниците на улиците Софиска, Његошева, Бриселска, ...

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров ја обвини администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп дека одбива да ги спроведе наводните руско-американски договори за Украина и дека води политика на „економска доминација“. Изјавите на Лавров, дадени денеска за руската телевизија BRICS, претставуваат значително заострување на тонот на Москва кон Вашингтон, пишува The Kyiv Independent. Лавров тврди дека САД се повлекле од ...

Измените на Законот за Владата, со кои се предвидува укинување на т.н. пржинска, односно техничка влада, влегуваат во завршна фаза. Предлог-законот наскоро ќе биде доставен од Министерството за јавна администрација до Владата, а потоа ќе следи расправа во Собранието, изјави министерот за јавна администрација Горан Минчев во гостување на ТВ Сител. Минчев нагласи дека процесот се одвивал транспарентно и инклузивно, со активно учество и на ...

Клучниот европски воен проект Future Combat Air System (FCAS), кој заеднички го развиваат Франција, Германија и Шпанија, се наоѓа на работ на пропаст, објави Politico, повикувајќи се на четворица европски функционери во Париз и Берлин. „Поверојатно е да се соопшти дека проектот е мртов отколку повторно да се рестартира“, изјавил функционер запознаен со размислувањата на францускиот претседател Емануел Макрон. Слична оценка дал и француски ...

weather icon

Скопје

5ᴼ / 5ᴼ
1.03
81%
1019
weather icon

Белград

7ᴼ / 6ᴼ
1.03
75%
1018
weather icon

Загреб

12ᴼ / 5ᴼ
0.51
62%
1019
weather icon

Софија

4ᴼ / 4ᴼ
3.09
81%
1020
weather icon

Сараево

6ᴼ / 6ᴼ
1.17
80%
1019
weather icon

Љубљана

10ᴼ / 7ᴼ
1.03
83%
1019
weather icon

Атина

16ᴼ / 14ᴼ
6.17
48%
1017
weather icon

Тирана

10ᴼ / 10ᴼ
1.03
76%
1017
weather icon

Подгорица

12ᴼ / 12ᴼ
1.03
62%
1017
weather icon

Букурешт

7ᴼ / 5ᴼ
2.06
81%
1019
weather icon

Будимпешта

10ᴼ / 8ᴼ
0.89
49%
1020
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 7ᴼ
4.12
76%
1020
Currency

61.6417

Currency

52.5834

Currency

71.17

Currency

37.8

Currency

38.587

Currency

66.9558

Currency

7.70703

Currency

0.70233

Currency

0.32993

Currency

0.52528

Currency

1.16806

Currency

0.55853

Иридиум

253540.09

Сребро

2439.04

Родиум

323115.00

Цинк

0.00

Паладиум

47550.95

Калај

50.46

Рутениум

53788.20

Платина

64944.51

Алуминиум

3.60

Кобалт

45.39

Злато

151548.67

Бакар

12.12