Скопје
30ᴼ /
30ᴼ
Судијата што ја води правната битка помеѓу Блејк Лајвли и Џастин Балдони отфрли 10 од 13-те тужби што актерката ги поднесе против својот колега, задавајќи ѝ значаен удар пред судењето. Двојката ќе се соочи на суд следниот месец по преостанатите три точки. Американскиот окуржен судија, Луис Џ. Лиман, во четврток ги отфрли повеќето тужби на Лајвли, вклучувајќи ги и оние за вознемирување, клевета и заговор. Сепак, тој дозволи судењето да ...
Мерките што ги презеде Владата со намалување на цената на ДДВ за горивата, според економскиот аналитичар Арбен Халили, се корисни, но не и целосно доволни без поширока и подолгорочна стратегија. Тој за „Локално“ изјави дека мерките претставуваат важен чекор кон ублажување на притисокот од растот на цените на горивата, особено во контекст на кризата на Блискиот исток, но нивната доволност ќе зависи од времетраењето на кризата и од ...
Потпретседателот на САД, Џеј Ди Венс, пристигнува во Будимпешта во вторник, во посета што во дипломатските кругови се толкува како обид за зајакнување на позицијата на Орбан во завршницата на кампањата. Орбан, кој е на власт веќе 16 години, се соочува со пад на поддршката во анкетите. Главниот предизвикувач, опозицискиот кандидат Петер Маѓар, бележи силен раст и се обидува да ја преземе власта од владејачката партија Фидес. Посетата на Џеј ...
Ленче Ристовска е елиминирана затоа што на власта и требаше обвинител под нејзина контрола, нагласи портпаролката и член на Извршниот одбор на СДСМ, Богданка Кузеска. На денешната прес-конференција пред Јавното Обвинителство, Кузеска посочи дека новиот јавен обвинител, Ненад Савески, ги исполнува делегираните задачи од Христијан Мицкоски, а една од нив е елиминирањето на Ленче Ристовска. „Ја елиминираше Ленче Ристовска, независен и признат ...
Војните во Украина и на Блискиот Исток покажаа колку брзо се трошат муницијата во судири со висок интензитет. Париз затоа планира да издвои милијарди евра за зголемување на постоечките залихи и за надомест на проектили за противвоздушна одбрана кои авијацијата ги користела во Персискиот Залив за одбрана од ирански напади со беспилотни летала. „Итната потреба, секако, се однесува на муниција“, изјави неодамна францускиот министер за одбрана ...
На 02.04.2026 во 18:42 часот во СВР Скопје 31-годишна жена пријави дека во домот на подрачјето на Бит Пазар, нејзиниот сопруг Љ.И.(35) ја заклучил во тоалетот, а по некое време и физички ја нападнал, по што ја избркал од домот. Според пријавеното и нивните четири малолетни деца ги заклучил во тоалетот. Љ.И. кажала дека и претходно била физички и психички малтретирана од него, но не пријавувала во полиција. Се преземаат мерки за расчистување ...
„Стариот конак во Лешочкиот манастир ќе биде целосно завршен до крајот на јуни, со што овој значаен духовен комплекс добива обновен и достоен изглед“, истакна министерот Зоран Љутков при денешната работна посета на Лешочкиот манастир. За време на посетата, министерот Љутков беше придружуван од митрополитот на Тетовско-гостиварската епархија, владиката Јосиф, директорот на Националниот конзерваторски центар, Александар Јорданоски, како и ...
„Веќе зборував за идејата за инсталирање „panic button“ во здравствените установи, што ќе овозможи побрза врска со надлежните институции и протоколи за брза реакција при овие непосакувани агресивни чинови. Лекарот, медицинската сеста, како и другите здравствени работници мора да се чувствуваат безбедно на своето работно место, затоа што безбедноста на тие луѓе директно влијае и врз квалитетот на услугата што ја добива пациентот“, вели ...
Медведев на Телеграм наведе дека поради внатрешните противречности во НАТО, Брисел сериозно разгледува воспоставување на воена компонента во рамките на ЕУ, што, според неговите зборови, ја менува глобалната безбедносна слика, пренесува агенцијата РИА Новости. „Време е Русија да го напушти толерантниот став кон приклучувањето на нашите соседи кон воено-економската ЕУ, вклучувајќи ја и Украина“, оцени Медведев. Според него, иранската кампања ги ...
Активистите на опозициската партија Тиса стојат на предизборни штандови во Јасфенисзару, слика која пред само неколку месеци беше незамислива во град од 6.000 жители, каде што Фидес, партијата на националистичкиот премиер, водеше 16 години. „Тиса расте“, рече еден велосипедист додека поминуваше покрај нив, што е игра на зборови, бидејќи партијата го носи истото име како реката што тече од север кон југ на земјата. Крисзтина Менцел вели дека ...
Основното јавно обвинителство Битола донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело – Производство и дистрибуција на детска порнографија од член 193-а став 3 во врска со став 2 од Кривичниот законик. Осомничениот 31-годишник, кој бил инаку вработен во образовна установа, во периодот од април 2024 година до 01.04.2026 година на компјутерските уреди и опрема кои ги користел дома, набавувал за себе и поседувал ...
Вучиќ прво разговараше со претставници на Движењето на социјалистите, предводено од лидерот на партијата, Александар Вулин, а денес се состанува и со раководствата на две малцински партии – Сојузот на војвоѓанските Унгарци и Бошњачката партија за правда и помирување. Вулин по состанокот изјави за новинарите дека парламентарните избори не треба да се распишуваат во сегашните услови, „во кои би имало повеќе насилство отколку избори и во кои ...
Според Фајнаншл Тајмс, повикувајќи се на извори запознаени со ситуацијата, царините би се применувале на компании кои не постигнале договори со Белата куќа. Царините за увоз од земји кои постигнале трговски договори со Белата куќа исто така би биле ограничени во согласност со условите на договорот, рекоа извори. Царините се резултат на заканите кои Трамп ги изнесе минатата есен, кога рече дека ќе воведе царини од 100 отсто на увозот на бренд ...
Со новиот Закон за внатрешни работи, кој го донесоа и го менуваа неколку пати за само една година, ВМРО-ОКГ и Панче Тошковски ги деградираат професионалците и инсталираат партиска војска во полицијата, нагласи генералниот секретар на СДСМ, Александар Саша Димитријевиќ, на денешната прес-конференција пред Уставниот суд. Димитријевиќ посочи дека новиот Закон за внатрешни работи содржи низа спорни одредби со кои наместо професионализација се ...
Азија досега најмногу е погодена од нарушувањата во снабдувањето со енергенти од Блискиот Исток, а Европа најдоцна до мај би можела да се соочи со недостиг на дизел и авионско гориво, предупреди шефот на Меѓународната агенција за енергија (IEA), Фатих Бирол. Иран на американско-израелските напади врз енергетската инфраструктура одговори со напади врз енергетски капацитети во други земји од регионот на Персискиот Залив кои „ги примиле“ ...
Повторно се актуелизира темата за достапноста на домувањето, која станува сè поактуелна, особено за младите кои сè потешко доаѓаат до сопствен дом. Кој ја пумпа цената на квадратот на становите и каква е улогата на деталните урбанистички планови во целата ситуација? Откако цените на становите во Скопје го достигнаа плафонот од 3.000 евра квадратен метар, неизвесно е дали се очекува стабилизација со зголемувањето на понудата која би требало да ...
„Поминавме низ тешки односи со Иран. Ништо не им направивме. Тие го соборија нашиот авион, ги убија нашите патници и екипажот. Луѓе загинаа. Тоа не го признаа и не дозволија влез на експерти“, изјави Зеленски. Тој потсети на уривањето на летот „Ukraine International Airlines 752“, кога во јануари 2020 година над Техеран беше соборен украински патнички авион, при што загинаа сите 176 лица во леталото. Зеленски истакна дека односите ...
Аналитичарите на Банк оф Америка предвидуваат побавен раст, повисока инфлација и цена на нафтата од 100 долари за барел во текот на целата година како последица од војната во Иран – дури и ако таа заврши за неколку недели. „Воената дивиденда досега: блага стагфлација“, напишаа економистот на БоА, Клаудио Иригојен, и неговиот тим во средата, алудирајќи на економскиот феномен на повисока инфлација во комбинација со побавен раст. Економистите ...
„Спејс Екс“ е подготвен да стане една од највредните компании котирани на светските берзи на капитал. Компанијата – која произведува ракети, технологија за истражување на вселената и сателитите Старлинк – поднесе доверлива пријава до американската Комисија за хартии од вредност и берзи (SEC) за иницијална јавна понуда, што ќе овозможи тргување со акции на берза. Се очекува вредноста на „Спејс Екс“, по неговото излегување на берза, да надмине ...
На 02.04.2026 во 17:48 часот во ОВР Берово е пријавено дека на регионалниот пат Берово- с.Дабиље, на место викано „Ширината“, во атар на Берово, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „форд“ со беровски регистарски ознаки, управувано од Ѓ.А.(37) од Берово и патничко возило „шкода“ со беровски регистарски ознаки, управувано од А.Г.(40) од Берово. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот од патничкото возило ...
Трамп го имитираше Стармер со потсмевлив глас, што предизвика потсмев кај публиката на приватен велигденски ручек, за кој се појави и видео-снимка. Трамп изјави дека Велика Британија треба да биде најдобриот сојузник на САД, но дека тоа не е случај. Ова е најновата критика на Трамп кон Стармер поради неговото одбивање да дозволи Велика Британија да биде вовлечена во иранскиот конфликт. Трамп и претходно ги критикуваше британските носачи на ...
За време на средбата, Пашињан нагласи дека Ерменија е демократска држава во која изборите се одржуваат редовно и со активно учество на граѓаните. Додека ги изнесуваше овие ставови, Путин, според снимките што се појавија во јавноста, делуваше нелагодно, го спушташе погледот, ги поместуваше нозете и нервозно ги движеше рацете. „Што се однесува до нашите внатрешни политички процеси, знаете дека Ерменија е демократска земја. Кај нас редовно се ...
„Во услови на растечка нееднаквост, пад на животниот стандард и хронична институционална неефикасност, најновите податоци за инфлацијата јасно ја потврдуваат реалноста дека Македонија се движи кон сериозна економска нестабилност! Владата наместо реални мерки води фискална политика базирана на статистички манипулации и политички маркетинг – целосно оддалечена од вистинските проблеми на граѓаните“, обвинија денеска од Левица преку соопштение. ...
Стигна реакција од официјална Софија во врска со неодамнешните изјави на премиерот Христијан Мицковски дека „ако треба ние ќе чекаме децении“, но нема да прифати уставни измени кои „директно влијаат врз идентитетските позиции“, додавајќи дека не планира да влезе во „авантура без јасен крај“. Според в.д. заменик-министерот за надворешни работи на Бугарија, Марин Рајков, „очигледно одредени кругови во Скопје се склони да губат повеќе време на ...
Виенскиот бал во Скопје оваа година го одбележува својот значаен јубилеј – 25 години континуитет, традиција и културен престиж. Во време кога многу настани доаѓаат и заминуваат, Виенскиот бал останува симбол на стабилност, елеганција и европска вредност која се гради веќе четврт век. Како дел од светската традиција на Виенските балови, кои се одржуваат во најпрестижните градови како Виена, Париз и Њујорк, Скопје со гордост ја носи оваа ...
Генералниот секретар на Демократската унија за интеграција, Арбер Адеми реагираше на изјавите на лидерот на Движењето Беса, Биљал Касами, обвинувајќи го за контрадикции и „политички автогол“. Адеми нагласува дека Касами, од една страна, го критикува лидерот на ДУИ, Али Ахмети, за „20 години на власт“, додека од друга страна, изјавува дека правата на Албанците нема да бидат засегнати. „Биљал Зеза повторно си постигна автогол. Од една страна, ...
„Ништо не си разбрал. Никој не се буни против построги критериуми туку против бесмислени критериуми кои ја замаглуваат сликата и овозможуваат и такви како тебе да станат професори“, вели универзитетската професорка Мирјана Најчевска по изјавите на премиерот Христијан Мицкоски за новиот Закон за високо образование што треба да биде усвоен. Најчевска обвинува дека „ВМРО-ДПМНЕ го уништи високото образование и немуштите кадри без трунка знаење и ...
Еден затвореник е повреден во тепачка со двајца други осуденици во Казнено-поправната установа „Идризово“, информираат од Министерството за внатрешни работи. „На 01.04.2026 во 13:00 часот во СВР Скопје, од Казнено – поправната установа Затвор Идризово е пријавено дека околу 12:40 часот за време на редовната прошетка, осудениците Е.А.(32) и Ш.И.(35), од една страна и С.М.(26) од друга страна, со тврди предмети си размениле удари, а потоа Е.А. ...
Прашањето за ЕУ веќе не е прашање на обична политика, на власт или опозиција, тоа е прашање за иднината на државата, на народот, нагласи претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во интервјуто во централниот дневник на МТВ 1. Филипче предупреди дека застојот во евроинтеграциите претставува сериозен ризик за иднината на државата и граѓаните. “Ова е иднината на народот кој што утре, за некоја деценија може да го нема. Пола Македонци ќе земат ...
Кога станува збор за европската интеграција, Македонија има избор, вели црногорскиот претседател Јаков Милатовиќ, кој оценува дека граѓаните и политичарите во земјава мора да одлучат дали „сакаат да бидат во право“ или дали земјата треба да стане членка на ЕУ. „Мислам дека на Северна Македонија ѝ е нанесена голема неправда во процесот на европска интеграција. Дека тоа е земја која, како што рековте, одамна доби статус на кандидат – во 2005 ...