Скопје
28ᴼ /
28ᴼ
Иако и екстремно интелигентните луѓе се справуваат со свои специфични предизвици, како што се тешкотии со менталното здравје или песимизмот што произлегуваат од подлабоко разбирање на светот, тие имаат и особини што јасно ги издвојуваат од просекот. Од внимателно слушање до способноста подобро да се предвиди што би можело да се случи, разликите помеѓу генијалец и просечна личност често може да се забележат по само неколку минути разговор, ...
Хрватската пејачка Нина Бадриќ денеска го промовирала својот албум во Белград, но најавила и концерт во Сава Центарот. Нина самата напиша неколку песни од албумот, а една од нив се занимава со женската солидарност. Бадриќ го опишала своето искуство со оженет маж кој ѝ пришол. – Тоа е една химна за сите нас, иако сме слободни и прекрасни, одлучуваме да ја зачуваме среќата на некоја жена која ужива во домот и со тој мажот кој се заљубил во нас ...
„Рано е да му судиме на новиот државен обвинител“, вели универзитетскиот професор Гордан Калајџиев за првите денови од новата функција на државниот јавен обвинител, Ненад Савески и направените потези. Како што вели, кадровските решенија не се само негов избор, но за него токму кадровското екипирање и правењето на некаков тим што ќе му помага е важна работа. -Подеднакво е важно на самиот старт јасно да покаже дека нема да прима политички ...
Украина во изминатиот месец ги засили нападите врз руската инфраструктура за извоз на нафта, изведувајќи ги своите најинтензивни напади со беспилотни летала во четиригодишната војна врз балтичките пристаништа Уст-Луга и Приморск. „Доколку се дозволува користење на воздушниот простор за спроведување непријателски, терористички активности против Руската Федерација, тоа ќе нè принуди да извлечеме соодветни заклучоци и да преземеме соодветни ...
Претседателот на Хрватска, Зоран Милановиќ, го откажа самитот Брдо-Бриони, наведувајќи дека нема услови за доаѓање на претседателот на Србија, Александар Вучиќ, во Хрватска поради неговите политички изјави и постапки. Од кабинетот на словенечката претседателка наведоа дека не можат да се мешаат во одлуката на Милановиќ и дека меѓу Загреб и Љубљана се водат разговори за одржување на самитот на алтернативна локација, пишува N1 Словенија. ...
Генералниот секретар на СДСМ, Александар Саша Димитријевиќ, обвини дека во енергетските планови на Владата е вклучена компанија поврзана со лице кое се наоѓа на „црната листа“ на САД. Според него, министерката за енергетика Сања Божиновска во Годишниот план за изградба на енергетски објекти за 2026 година ја вклучила компанијата „Хронос сум“, поврзана со црногорскиот бизнисмен Миодраг Давидовиќ. „Сања Божиновска подготвила бизнис со ...
Алказар Енерџи ја објавува Студијата за оцена на влијанието врз животната средина и социјалните аспекти (ESIA) за ветерниот парк Штип и ја става на јавен увид, што претставува значајна пресвртница во развојот на проектот кој треба да стане најголемиот проект за обновлива енергија во Северна Македонија. Со планиран инсталиран капацитет до 396 MW, ветерниот парк Штип претставува трансформативен чекор кон зајакнување на енергетската независност ...
Италија одбила да дозволи слетување на американски воени авиони во воздухопловната база Сигонела на Сицилија, пред тие да се упатат кон Блискиот исток, пренесува Ројтерс повикувајќи се на италијанскиот весник „Кориере дела Сера“. Имено, дневниот весник „Кориере дела Сера“ објави дека „неколку американски бомбардери“ требало да слетаат во базата во источна Сицилија пред да продолжат кон Блискиот исток. Весникот не наведе кога било планирано ...
Претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ, се обрати до јавноста по средбата со претседателката Гордана Сиљановска-Давкова во Скопјe, нагласувајќи ги силните пријателски односи меѓу двете земји, како и нивната меѓусебна посветеност на регионалната соработка и европската иднина. На почетокот од своето обраќање, претседателот Милатовиќ се заблагодари за гостопримството и топлото добредојде. „Дозволете ми да започнам со тоа што ќе ѝ се ...
Поднесена била кривична пријава против велешанец поради сомнение дека со измама зел 4.000 евра од неготинец. „ОВР – Неготино, до Основното јавно обвинителство – Кавадарци, поднесе кривична пријава против А.С., 67-годишник од Велес, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“. На 19 февруари во Неготино, пријавениот од 76-годишен неготинец побарал 4.000 евра за да му ги покаже на друго лице, со цел да докаже дека ...
Откако протече уште еден негов разговор со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, унгарскиот министер Петер Сијарто се огласи и порача дека истите работи ги кажува и јавно. Имено, „VSquare“ и други истражувачки организации спровеле истрага во чии рамки е објавен разговор од август 2024 година. Во него, меѓу другото, Лавров го потсетува унгарскиот министер да ја тргне сестрата на руски олигарх од листата на санкции на Европската ...
Европската унија (ЕУ) внимателно ги следеше локалните избори одржани на 29 март во десет општини во Србија, соопшти денес шефот на делегацијата на ЕУ, Андреас фон Бекерат, додавајќи дека Делегацијата на ЕУ жали поради пријавените неправилности и инциденти за време на изборите. „Го поздравуваме фактот што националните власти го поканија Конгресот на локални и регионални власти на Советот на Европа да ги набљудува локалните избори. Ги земаме ...
По повод 31 март – Денот на македонското правосудство, министерот за правда Игор Филков упати честитка до сите носители на правосудните функции и до сите вработени во правосудниот систем. „Овој ден е потсетник дека правдата не е само принцип, туку обврска – кон граѓаните, кон државата и кон иднината. Вие, како судии, јавни обвинители, адвокати, нотари и извршители, ја носите таа одговорност секој ден, со вашата работа и со вашите одлуки. ...
39 полицајци потфрлиле во постапувањето во случаите на семејното насилство кое обвинетиот Стојанче Јовановски го вршел врз сега покојната Ивана пред трагедијата во Тафталиџе. Ова го покажа внатрешната контрола на МВР. Известувањето на МВР за полициските службеници поврзани со случајот на Стојанче Јовановски, како што информираат од Обвинителство, веќе е доставен до ОЈО ГОКК и ќе го преземе обвинител од Специјализираното одделение за гонење ...
Франција повторно ја преработува својата воена стратегија врз основа на лекциите од војните во Украина и на Блискиот исток, подготвувајќи се за можен судир со Русија подоцна во оваа декада. Тие два конфликта директно влијаат на одлуките за тоа какво оружје Париз ќе развива, набавува и распоредува, додека француската влада се подготвува на 8 април да го претстави ажурираниот закон за воено планирање, пишува Политико. „Применуваме сè што можеме ...
„Унгарија останува искрен и докажан партнер на Македонија, заедничките вредности, меѓусебната почит и силната соработка се темел на стратешкото партнерство“. Во Будимпешта средба на премиерите Христијан Мицкоски и Виктор Орбан. Во фокусот, продлабочувањето на економската соработка, нови инвестиции и проекти што ќе донесат придобивки за граѓаните на двете земји. Мицкоски и Орбан заклучиле оти во време на предизвици, силните пријателства и ...
Неопходна е обука на вработените во Министерството за внатрешни работи и центрите за социјални работи за да може поуспешно да одговорат во случаи на семејно и родовно базирано насилство, за да може да се пружи соодветна заштита на жртвите. Ова на денешната прес-конференција го истакна народниот правобранител Фатон Сељами, кој рече дека минатата година најмногу претставки имало од областа на правосудството, потоа од потршувачките права, од ...
Членот на ИО на СДСМ, Јон Фрчкоски денеска на прес-конференцијата на партијата, беше запрашан за снимката од разговор меѓу унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто и рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров. Според Фрчкоски, со оглед на ситуацијата, ништо не изненадува. „Мој коментар е дека ништо од ова, впрочем, доколку внимателно ја слушавте и оваа прес-конференција, не нè зачудува. Токму за такво влијание и односи ...
Снимки од разговори меѓу Сергеј Лавров и Петер Сијарто, кои се појавија на социјалните мрежи, сугерираат дека унгарскиот министер бил спремен да ги унапреди интересите на Москва во рамките на ЕУ. Во еден разговор, Лавров бара укинување на санкциите врз сестрата на олигархот Алишер Усманов – Сијарто одговара дека Унгарија, заедно со Словачка, веќе подготвува предлог. Подоцна таа беше отстранета од листата на санкции на ЕУ. Прочитајте повеќе: ...
Левица преку соопштение порачува дека ВМРО-ДПМНЕ на иницијативата за формирање специјална анкетна комисија за трагедијата во Кочани одговори со условување и разводнување – инсистирајќи да се опфатат трагедиите од модуларната болница, „Дурмо турс“ и „Беса транс“. Собранието ги прифати инфантилните однесувања на парламентарното мнозинство и изгласа формирање на комисијата на 3 декември 2025. Денес, речиси четири месеци подоцна, таа така и ...
Украинскиот министер за надворешни работи, Андриј Сибиха, ги пречека Калас и другите високи претставници на ЕУ на главната железничка станица во Киев рано во вторник, истакнувајќи дека таквото силно присуство на Европа покажува дека правдата за руските злосторства е неизбежна. „Денес ја одбележуваме мрачната годишнина од масакрот во Буча“, напиша Сибиха на „Telegram“. „Сеопфатната одговорност за руските злосторства е клучна за враќање на ...
Македонскиот сервис на Радио Слободна Европа денеска престанува со работа. Заедно со македонскиот сервис, се затвора и сервисот на Радио Слободна Европа на паштунски јазик, кој емитува програма за Авганистан и Пакистан. Радио Слободна Европа ги затвора бројните подружници низ светот откако администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп го укина финансирањето на медиумските проекти надвор од САД. Претседателот и извршен директор ...
Согласно објавениот нов податок за минимална плата, Министерството за внатрешни работи информира дека извршило линеарно покачување на платата за вработените во МВР во бруто износ од 2470 денари и тоа почнувајќи со исплата на плата за месец март 2026. Оттаму додаваат дека во наредниот период, со имплементација на новиот Закон за внатрешни работи ќе биде разгледана можноста за дополнително покачување на плати за вработените во МВР. ...
Рубио изјави дека САД утврдиле дека Шпанија, членка на НАТО која САД се обврзани да ја бранат, им го одзела користењето на својот воздушен простор и се фалила со тоа, според транскриптот од изјавата за Ал Џезира, објавен од неговото министерство вчера. Тој исто така рече дека Вашингтон се соочил со отпор при користење на воените бази во Шпанија и на други места. „НАТО е корисен за САД затоа што овозможува стационирање на трупи и опрема во ...
Словенија издаде обврзници во јуани на кинескиот пазар. Големината на емисијата изнесува 4 милијарди јуани, односно околу 500 милиони евра. Главен организатор е „Bank of China“ во соработка со други кинески банки Министерството за финансии на 24 март објави мандат за издавање на т.н. „панда обврзници“. Книгата на нарачки официјално беше отворена во понеделникот со почетен распон на каматни стапки меѓу 1,70 и 2,20 проценти. Изданието привлече ...
Владата на Република Словенија во понеделникот донесе одлука за укинување на ограничувањето за точење гориво на бензинските пумпи, откако беше проценето дека состојбата на пазарот на нафтени деривати се стабилизирала. Одлуката за укинување на уредбата со која беше ограничена максималната дневна количина продадено гориво по поединечно продажно место стапи на сила веднаш по нејзиното усвојување, пренесува STA. Овие ограничувања беа во сила од ...
Безбедносниот комитет на иранскиот парламент го одобри нацрт-законот со кој се воведува систем за наплата на поминувањето низ Ормутскиот теснец и се предлага ограничување на пристапот за пловила поврзани со земји кои вовеле санкции против Иран. Нацрт-законот ќе биде поднесен за расправа и гласање во парламентот, изјави членот на комитетот Можтаба Сари за медиумска агенција FARS. Според нацрт-законот, на бродовите од Соединетите Американски ...
По изјавата на премиерот Христијан Мицкоски дека нема да прифати уставни измени без јасни услови, претседателот на Институтот за демократија, „Социетас Цивилис“, Марко Трошановски смета дека земјата не треба да чека, туку треба да биде проактивна и да бара решенија. -Самото проширување е исклучително важно за Унијата поради глобалната нестабилност, безбедносна, економска, ебнергетска и од секаков вид. Од друга страна, токму неизвесноста ...
Први денови од работата на новиот државен јавен обвинител Ненад Савески и веднаш обвинувања од опозицијата. Се истакнува дека се елиминира обвинителката на ОЈО ГОКК која ги гонеше корумпираните началници и полицајци кои не постапија за трагичната ноќ во Кочани и дека новиот државен јавен обвинител за свој заменик ја назначи Анита Топалова Исајловска која бараше да падне случајот “Талир” за незаконското финансирање на ВМРО-ДПМНЕ…Исто така од ...
Италијанскиот министер за одбрана Гуидо Крозето упати драматично предупредување за војната со Иран, наведувајќи дека располага со „застрашувачки“ информации кои укажуваат на ескалација на конфликтот, чии последици ќе ги почувствува цела Европа. Во интервју за весникот „La Repubblica“, Крозето беше подиректен од кога било, истакнувајќи дека заканата не е само воена, туку и општествена и економска. „Поради природата на мојата работа, имам увид ...