Скопје
28ᴼ /
28ᴼ
Поранешниот министер за надворешни работи и потпретседател на ДУИ, Бујар Османи ја обвини ВМРО-ДПМНЕ за поткопување на процесот на интеграција на Македонија во Европската Унија, наведувајќи три главни причини кои, според него, го одржуваат овој курс стабилен. „Постојат три причини кои дејствуваат истовремено и го прават овој курс стабилен“, објави Османи. Според него, првата причина е поврзана со надворешното влијание. Прочитајте повеќе: ...
Копретседателот на АфД, Тино Хрупала, на собир во саботата изјави дека е време за отстранување на сојузничките сили и нуклеарното оружје од Германија. „Ајде да започнеме со тоа – повлекување на американските војници од Германија“, им порача тој на поддржувачите во Саксонија. Во земјата се распоредени речиси 40.000 американски војници, а Германија е домаќин на повеќе од десет големи американски воени инсталации, вклучително и Командата на ...
Повеќе од две децении Македонија чека на влез во Европската унија. Од првата апликација во 2004 година, преку добивањето на кандидатски статус во 2005, до историската одлука за отворање на преговори во 2022 година. Сепак, според пораките од властите, ќе се чека уште долго време. „Владата нема да прифати уставни измени под услови кои, директно го засегаат македонскиот идентитет без јасна предвидливост и конечен исход на процесот“ – дециден ...
Руската контраразузнавачка агенција, ФСБ, соопшти дека британскиот дипломат „давал лажни информации за себе“. „Јанс ван Ренсбург, втор секретар на британската амбасада во Москва, е прогласен за виновен за субверзивни разузнавачки активности и му е одземена акредитацијата“, соопшти во понеделник Центарот за односи со јавноста на ФСБ. „Донесена е одлука на Јанс ван Ренсбург да му се одземе акредитацијата и да му се наложи да ја напушти Русија ...
Исланд и Норвешка, земји кои со децении го одбиваа членството во Европската унија, сè посериозно размислуваат за пристапување кон Брисел, а клучната причина за оваа промена лежи во новите безбедносни околности по враќањето на Доналд Трамп на чело на САД во 2025 година, пренесува Политико. Според дипломатски извори, низа потези на американската администрација – од воведување нови увозни тарифи, преку закани за анексија на Гренланд, до поостра ...
Нова семејна трагедија во Македонија. Убиство го потресе Росоман откако според првичните информации, син ја усмртил својата мајка, објавија од МИА. Настанот бил потврден од Итната медицинска помош во Кавадарци, чија екипа веднаш излегла на местото на повикот, но можела само да констатира смрт. „Нашата екипа констатираше фатален убод со нож во пределот на вратот. Од тежината на повредата, жената починала на самото место“, изјавил доктор Ратко ...
Левица ја обвинува власта дека без збор одобри одбележување на јубилеј посветен на контроверзниот Милаим Фејзиу со што уште еднаш докажала, како што велат, дека коленичи и капитулира пред коалициониот партнер ВРЕДИ. Партијата истакнува дека се работи за фигура поврзана со иницијативата за албанскиот референдум од 1992 година, прв претседател на Сенатот на Тетовскиот универзитет и учесник на трибината во 2021 година за формирање на партијата ...
На лондонскиот пазар цената на барел минатата недела порасна за 0,3 проценти, на 112,57 долари, додека на американскиот пазар барелот поскапе за 1,3 проценти, на 99,64 долари. Тоа се највисоките нивоа од јули 2022 година, кога пазарот беше потресен од војната меѓу Русија и Украина. Во последните недели, пак, цените на високите нивоа ги одржува кризата на Блискиот Исток. Претседателот на САД, Доналд Трамп, минатата недела порача дека Иран мора ...
Советот на Народната банка на својата редовна седница ги разгледа најновите економски показатели и оцени за тековната макроекономска состојба во земјата. Се истакнува дека движењата остварени кај главните макроекономски показатели засега се во рамките на очекувањата според последните проекции, но со нагласени ризици поради неизвесноста од интензитетот и времетраењето на конфликтот на Блискиот Исток. Имено, од почетокот на 2026 година, ...
Вучиќ, чие име „Александар Вучиќ – Србија, наше семејство“ го носеа сите локални изборни листи, во седиштето на СНС пред новинарите, врз основа на прелиминарните партиски резултати, прогласи „победа со 10:0“ над опозицијата и студентските листи. Најнеизвесни резултати, додаде тој, имало во војводинската општина Кула, но дека СНС победила со разлика од 530 гласа. Изборите се одржаа во Аранѓеловац, Бајина Башта, Бор, Кладово, Књажевац, Кула, ...
Управата за јавни приходи најави дека започнуваат засилени активности насочени кон субјекти кои вршат дејност и остваруваат промет без регистриран фискален систем на опрема. -Имено, согласно службената евиденција на УЈП, во дејностите трговија на големо и трговија на мало, дејности за подготовка на оброци и служење на храна, правни и сметководствени дејности, туристички агенции и организатори на патувања (туроператори), каде што претежно се ...
Актуелниот геополитички момент е исклучително поволен за проширување на Европската Унија, но оваа историска можност мора да се искористи веднаш бидејќи светот брзо се менува, вели францускиот амбасадор во земјава Кристоф Ле Риголер за РСЕ, оценувајќи ја подготвеноста на Македонија за отпочнување на преговорите. Според него, централна етапа за отворање на првиот и најважен кластер наречен „Фундаментални вредности“ е отворање на уставните ...
Последиците од војната на Блискиот Исток ќе се прелеат и во вториот квартал од годинава, што , според економистите, е јасен сигнал дека првата половина од оваа година ќе го носи предзнакот „кризна“. Домашната експертска јавност е уверена дека проектираната стапка на инфлација од 2,5% за годинава е неостварилива, а според дел од науката под знак прашање ќе биде и проектираниот раст од 3,8%. Стапката на раст на БДП, според професорот Сами ...
Вчера (29.03.2026) во 18:55 часот на експресен пат Штип – Радовиш, од страна на полициски службеници од Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при Сектор за сообраќајни работи со помош на специјално возило – пресретнувач на Министерството за внатрешни работи измерена е брзина на движење на патничко моторно возило ,,мерцедес” со скопски регистарски ознаки од 178 километри на час надвор од населено место каде што ...
Новата недела носи бура од емоции, неочекувани пресврти и важни одлуки што многумина нема да можат да ги одложат. Додека некои хороскопски знаци ќе уживаат во љубовта и успехот, други ќе мора да се соочат со предизвици на работа и во врските. Овен Прочитајте повеќе: Љубов: Страстите се засилени, но расправиите исто така лесно избувнуваат. Ако сте во врска, вашиот партнер може да бара повеќе внимание отколку што сте спремни да дадете. ...
Оттуѓениот татко на Меган Маркл повторно ја пронајде љубовта со филипинска медицинска сестра која е 35 години помлада од него. Пензионираниот холивудски режисер за осветлување Томас Маркл (81), вели дека се чувствува „благословенo и неизмерно среќно“ што повторно ја пронашол радоста по години страдање, бидејќи тврди дека неговата ќерка го отфрлила по нејзината венчавка со принцот Хари во 2018 година, пишува „Дејли мејл“. – Никогаш не очекував ...
„Подготвени сме да чекаме и децении, нема да има уставни измени“ е досега најсилно признание на Мицкоски за изолацијата во којашто ја турка земјата“, се вели во соопштението на Социјалдемократскиот Сојуз, од каде што додаваат дека со Мицкоски и ВМРО – ДПМНЕ Македонија никогаш нема да стане членка на ЕУ. „Ова значи со децении загарантирана сиромаштија, уште поголемо иселување на младите, криминал и корупција без контрола врз грбот на ...
Српскиот фолк пејач Аца Лукас бил приведен од страна на граничната полиција во Гетеборг, дознава српскиот таблоид „Курир.“ Лукас требало да одржи концерт со Стефан Ѓуриќ Раста и Амар Гилета Јашарспахиќ, но планот бил променет поради проблеми со документацијата со шведскиот организатор. Пејачот Лукас рекол за „Хајп Тв“ и ја откри вистинската причина зошто му беше забрането да настапува во Шведска. Прочитајте повеќе: „Да, вистина е дека не ни ...
Од организацијата наведуваат дека во Кладово на нивните набљудувачи им бил оневозможен влез на одредени избирачки места, додека на некои локации биле присутни „трети лица“ кои се претставувале како набљудувачи, без да наведат за која мисија работат. Регистрирани се и случаи на организирано носење гласачи на гласање. Во Мајданпек, како што објави „Црта“, на повеќе избирачки места било сериозно нарушено тајното гласање, при што во одредени ...
Полицијата го расчисти убиството што вчера се случи во Виница, при што е поднесена кривична пријава против 80-годишен државјанин на Грција, а четири лица се приведени. Како што информира МВР, на 28 март околу 16:11 часот, од Итната медицинска помош било пријавено дека во близина на градските гробишта во Виница е пронајдено тело на 56-годишен маж од село Липец. Лекар констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото било предадено на ...
Русија оваа недела ја нападнала Украина со повеќе од 3.000 беспилотни летала, 1.450 наведувани бомби и 40 ракети, изјави денеска украинскиот претседател Володимир Зеленски. Тој на Телеграм додаде дека Украина е погодена од „практично истите ударни дронови какви што се користат против земјите на Блискиот Исток и во регионот на Заливот“, а кои ги користи Иран. Зеленски оцени дека руските „балистички ракети се користат против нас со ист цинизам ...
Според СДСМ, актуелната опозиција ВМРО-ДПМНЕ се фокусира речиси исклучиво на критики и напади врз најголемата опозициска партија и нејзините функционери. Социјалдемократите укажуваат дека ова се одвива преку црни кампањи и јавен линч на лидерот на партијата, Венко Филипче, како и преку ширење измислени афери и негативни објави во голем број медиуми, како и преку лажни анкети и секојдневни прес-конференции кои според нив се небулозни. „Ете ...
Денеска на прес-конференција Министер за транспорт Александар Николоски, Премиерот Христијан Мицкоски и директорот на ТАВ, Неџат Курт го означија почетокот на градежните работи во обемниот проект за реконструкција, проширување и модернизација на охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“, со кој е предвидено да се добијат околу 4.500 квадратни метри нов функционален простор, што е за 2.500 квадратни метри повеќе од постојниот. Вицепремиерот ...
Независниот синдикат на полицијата информира дека внимателно ја следи состојбата по синоќешниот инцидент пред дискотеката „Пјур“ во Скопје, каде биле нападнати двајца полициски службеници од Полициската станица од општа надлежност Карпош. Според синдикатот, напаѓачите биле под дејство на алкохол, а полицајците се здобиле со тешки телесни повреди. „Целосно сме запрепастени од одлуката на обвинителството лицата да бидат ослободени и да не бидат ...
Според овој договор, Иран секојдневно ќе дозволува премин на по два брода под пакистанско знаме низ овој клучен пловен пат, изјави Дар. „Оваа позитивна објава претставува значаен чекор кон мирот и ќе ги зајакне нашите заеднички напори во таа насока“, додаде тој. Во изминатите недели, Иран веќе дозволи премин на неколку пловила поврзани со Пакистан, кој помага во посредувањето на преговорите меѓу Вашингтон и Техеран. Прочитајте повеќе: ...
Седум лица се лишени од слобода поради случаи на семејно насилство во повеќе градови низ државата, информираат од Министерството за внатрешни работи. Три од приведените се во Скопје, двајца во Кавадарци, а по едно лице во Струмица и Гостивар. Во Скопје, на подрачјето на Бит Пазар, полицијата привела 41-годишна жена поради сомнение дека физички ја нападнала својата 66-годишна свекрва. Во поврзан случај, друга 41-годишна жена пријавила дека ...
На денешното обраќање кон медиумите по повод започнувањето на реконструкцијата на аеродромот „Св. Апостол Павле“, Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека Владата нема да прифати уставни измени без јасни гаранции и предвидлив исход од евроинтегративниот процес, и покрај пораките од меѓународната заедница дека тоа е клучен услов за продолжување на патот кон ЕУ. Тој нагласи дека актуелната позиција на државата е резултат на, како што рече, ...
Политичката партија Левица отвора прашање за, како што наведуваат, сериозно прекршување на законите и пример на неспоивост на функции. Тие посочуваат дека Астрит Илјази истовремено ја извршува функцијата директор на ХЕС „Треска“, во рамки на државната компанија АД ЕСМ, и е советник во Град Скопје од редовите на Влен, повикувајќи се на објава на Портал Х. „Наместо одговорност, Илјази тврди дека „нема никаков случај“, дека се консултирал со ЕСМ ...
Турција ги предупреди САД, Ирак и курдските сили дека ќе преземе воена акција доколку курдските организации бидат вклучени во операциите против Иран. Според информациите што ги добила Турција, со почетокот на нападот врз Иран, Израел започнал да се обидува да преговара со Работничката партија на Курдистан (PKK) и нејзиното иранско крило PJAK, кои во Анкара се означени како терористички групи, за нивно учество во борбите како копнени ...
Индексите на светските пазари паѓаа и кон крајот на март, бидејќи инвеститорите стравуваат дека зголемените цени на нафтата ќе ја поттикнат инфлацијата и ќе го забават растот на светската економија. На Волстрит, индексот „Dow Jones“ минатата недела се намали за 0,9 отсто, на 45.166 поени, додека S&P 500 се лизна за 2,1 отсто, на 6.368 поени, а „Nasdaq“ за 3,2 отсто, на 20.948 поени. Овие индекси остро паѓаа веќе петта недела по ред, па ...