Дека интересот навистина расте, потврдуваат и податоците од интернет-платформите за продажба на возила. Како што пренесува „Хенделсблат“, портпарол на „Mobile.de“ изјавил дека бројот на пребарувања за електрични автомобили од почетокот на месецот речиси се утроил. Истовремено, продавачите на автомобили забележале и 66 проценти повеќе барања за половни електрични возила во споредба со февруари. Овој тренд не е ограничен само на Германија. ...

Народната банка внимателно ги следи трговските и геополитичките тензии, особено по ескалацијата на кризата на Блискиот Исток и по блокадата на Ормутскиот Теснец, коишто ги зголемија светските ризици, создавајќи нов шок на страната на понудата и брз раст на цените на енергијата. Во услови на висока неизвесност, Народната банка е фокусирана особено на меѓународните и на домашните економски движења и е подготвена за соодветно реагирање. Ова беше ...

„Мислам дека тоа е нешто за кое претседателот би бил и тоа како заинтересиран – да ги повика да учествуваат во финансирањето“, изјави Левит. „Тоа е идеја за која размислува и верувам дека наскоро ќе слушнеме повеќе директно од него“, пренесува Ројтерс. На прашањето дали арапските земји навистина ќе се вклучат и ќе помогнат во покривањето на трошоците за евентуален конфликт, Левит остана воздржана, но јасно стави до знаење дека таа опција се ...

„Република Хрватска и Република Словенија, како членки на Европската унија, го иницираа Процесот Брдо-Бриони со цел унапредување на меѓусебната соработка и забрзување на процесот на европска интеграција на земјите од Југоисточна Европа. Состанокот на шефовите на држави во рамки на Процесот Брдо-Бриони оваа година требаше да се одржи во мај во Хрватска. Политичките изјави и постапки на претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, на ...

На 31.03.2026 во 01:50 часот во Гостивар, полициски службеници од Полициската станица Гостивар го лишија од слобода М.Д.(34) од Гостивар поради основано сомнение за сторено кривично дело „убиство“. Имено, претходно во 01:30 часот во Полициската станица Гостивар машко лице пријави дека се сомнева за убиство на член од неговото семејство. Полициски службеници веднаш излегле на местото на настанот и во куќата е пронајден починат К.Д.(63) од ...

Словачкиот премиер Роберт Фицо ја обвини Европската комисија дека се обидува да влијае врз политичката состојба во Словачка, откако Брисел ја критикуваше неговата влада поради воведување двојни цени на горивото. Фицо тврди и дека Унијата сака да ја ослаби, па дури и да ја замени власта на Виктор Орбан во Унгарија, пренесува DennikE.sk. Вака се изрази за можните последици од енергетската криза: „Кој ќе го објасни недостигот од нафта? Кој ќе ...

Основното јавно обвинителство Кавадарци донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 27-годишник од Росоман осомничен за кривично дело – Убиство согласно член 123 став 2 точка 2 од Кривичниот законик, соопштија од ОЈО. Осомничениот со умисла, при вршење семејно насилство, ја лишил од живот сопствената мајка. Додека жената спиела во една од собите, тој ја прободел со кујнски нож во вратот, нанесувајќи и смртоносни повреди. Јавниот ...

По одлуките на Советот на јавни обвинители после именувањето на новиот државен јавен обвинител, преку социјалните мрежи, реагираше пратеничката од Левица, Јована Мојсоска која одлуките ги оцени како системско политичко влијание врз обвинителството. Таа своите обвинувања ги темели на неколку спорни чекори. „Ја елиминираа обвинителката на ОЈО ГОКК која единствено ги гонеше корумпираните началници и полицајци кои не постапија за трагичната ноќ“, ...

„Орбан, кој веќе е исвиркан и од сопствените поддржувачи на митинзи, е симбол на една политика која Европската Унија веќе не ја толерира. Коруптивна политика која служи на бизнис и руски интереси, наместо на европските вредности и иднината на граѓаните. Додека граѓаните на Унгарија го избираат европскиот пат Мицкоски ја турка Македонија во спротивна насока – кон изолација, неизвесност и назадување кое сака да трае со децении“, велат од СДСМ ...

Здружението за заштита на животните „Анима Мунди“ ја информира севкупната засегната јавност дека Град Скопје донеле одлука за разрешување на директорката на ЈП „Лајка“, Радмила Пешева- активист на „Анима Мунди“ и долгогодишен борец за системско и хумано решавање на проблемот со бездомните животни. Како што информираат, оваа одлука се соопштила преку телефонски повик до активистката, без претходен состанок, образложение и или било каква ...

Mногумина го отстрануваат белиот, влакнест слој наречен кора од портокалот, често поради неговиот горчлив вкус, текстура или едноставно поради неговиот изглед. Меѓутоа, ако го фрлите, може да пропуштите вредни хранливи материи. Еве зошто задржувањето на белата кора на вашиот портокал всушност може да биде корисно. Ако некогаш сте јаделе портокал, веројатно сте го забележале белиот слој под кората. Овој дел од овошјето често се занемарува ...

Арно Дени, истакнатиот француски актер, чиј живот се претвори во продолжена агонија по неуспешната операција на вградување мрежа за хернија, денеска се подготвува за евтаназија во Белгија. Со години се сметаше за уметник посветен на класиците и суптилната интерпретација на драмските текстови. Меѓутоа, во последно време, неговото име се повеќе се поврзува со борбата за правото на достоинство во состојба на тешко страдање, но и со остра критика ...

Преживеаните и повредени лица од пожари се соочуваат со сериозни психолошки последици, потенцираше проф. д-р Славица Арсова, директорка на Универзитетската клиника за психијатрија, на втората Научна конференција на Универзитетската клиника за дерматологија, што се одржа викендов во Скопје. Ова го покажа истражувањето на Универзитетската клиника за психијатрија спроведено кај 50 повредени лица во трагичниот пожар во Кочани – испитаници кои ...

На 29.03.2026 во 12:00 часот во СВР Тетово, 35-годишник од Тетово пријави дека бил измамен од негов познаник А.Х.. Според пријавеното, тој побарал да му го позајми неговото возило „бмв“, а откако го зел го известил дека има дефект и го оставил кај механичар. Како што е пријавено, по неколкудневни обиди да стапи во контакт и да го добие возилото назад, на 28.03.2026 се соочил со механичарот кој признал дека возилото го однел на отпад во ...

„И покрај јасниот факт дека владејачкиот режим целосно ги искористи државните ресурси и медиумскиот монопол за време на кампањата, претерување е да се зборува за изборна кражба. Злоупотребите и притисоците врз гласачите сè уште се случуваат според воспоставената практика што датира од времето на Слободан Милошевиќ, но проценките велат дека тоа му обезбедува на режимот до 5% дополнителни гласови. Иако изборните услови во Србија се сè уште ...

Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, денес го потпиша колективниот договор за вработените во Министерството за јавна администрација, со што се прави значаен чекор кон унапредување на статусот на вработените и зајакнување на социјалниот дијалог во институцијата. Со Колективниот договор се предвидува зголемување на платите на административните службеници, кое ќе се реализира во три фази, во периодот од март 2026 до март 2028 ...

„Дали СДС е свесен дека цената на ова што го збори е национално предавство и уништување на идентитетот и ставање на нова јамка на вратот на македонскиот народ како што веќе ставија со францускиот предлог и договорот со Бугарија“, велат од ВМРО-ДПМНЕ за ставовите на СДСМ по вчерашната изјава на премиерот Христијан Мицкоски за евроинтегративниот пат на Македонија. Според најголемата владејачка партија, како што велат, оваа слаткоречива изјава ...

Нападот се случил на 26 март, при што биле ранети повеќе американски војници, а биле погодени и авиони. Американските официјални лица потврдија дека повредите не биле опасни по живот. Зеленски изјави дека е „100 проценти“ уверен дека Русија споделува разузнавачки информации со Иран со цел да помогне во напади врз американски цели на Блискиот Исток. „Мислам дека е во интерес на Русија да му помогне на Иран. И знам дека споделуваат информации. ...

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) ја информира јавноста дека поради актуелните случувања на светските берзи на цени на нафта и нафтени деривати, а со цел амортизација на влијанието на домашниот пазар и заштита на потрошувачите и обезбедување на сигурност во снабдувањето со нафта и нафтени деривати во земјата донесе Одлука со која го намали износот ...

Српскиот претседател Александар Вучиќ прогласи победа на владејачката СНС на локалните избори во сите десет општини, повикувајќи на обединување и смирување на тензиите. „Не е разлика од 2,3 или 5 проценти. Разликата кога ќе ги соберете гласовите е речиси 20 проценти“, рекол Вучиќ во Претседателството, одговарајќи на новинарско прашање дека е забележан пад на СНС во девет од десет општини. Вучиќ истакнал дека вечните губитници се оние кои ќе ...

Шеснаесет години откако вторпат дојде на власт, никој не успеа сериозно да го загрози Орбан. Сепак, според најновите анкети, еден човек можеби ја пронашол формулата за негов пораз. Петер Маѓар, поранешен член на Орбановата партија Фидес, е водечки кандидат на парламентарните избори на 12 април. Тој ќе се соочи со Орбан, кој има за цел петта последователна победа. Маѓар намерно се позиционира како десничар кој ја разбира базата на Орбан, ...

Успешното органодарителство и трансплантација бараат врвна медицинска подготвеност, мултидисциплинарен пристап и силна координација меѓу институциите и стручната јавност, истакна д-р Жан Митрев на јавната панел-дискусија „Органодарителството во Македонија“, која се одржа во организација на Мултимедијалниот центар при Економскиот факултет при УГД – Штип. „Тука сме да ја поддржиме оваа иницијатива, бидејќи сме една од болниците каде што ...

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски денеска информираше дека дадена била насока до директорот на ЈП „Градски паркинг”, во општина Аеродром, во Реонскиот центар каде се воведува зоната D12, дека останува да важи старото правило: секој резидент – физички и правни лица, ќе може да се паркира на сите зони на територијата на општината без да плаќа надоместок, како што беше најавено претходно. „Ова правило останува да важи за цел Аеродром! ...

Министерот за култура и туризам Зоран Љутков денеска беше во посета на Разловци, каде што заедно со стручната екипа од Националниот конзерваторски центар изврши увид во активностите за непосредна заштита на Спомен-домот на Разловечкото востание, еден од најзначајните симболи на отпорот на македонскиот народ за слобода. „Денеска сум во Разловци, каде што заедно со стручната екипа од Националниот конзерваторски центар извршивме увид во ...

Шеснаесет години откако вторпат дојде на власт, никој не успеа сериозно да го загрози Орбан. Сепак, според најновите анкети, еден човек можеби ја пронашол формулата за негов пораз. Петер Маѓар, поранешен член на Орбановата партија Фидес, е водечки кандидат на парламентарните избори на 12 април. Тој ќе се соочи со Орбан, кој има за цел петта последователна победа. Маѓар намерно се позиционира како десничар кој ја разбира базата на Орбан, ...

Во Основниот кривичен суд Скопје започна судењето против Стојанче Јовановски, кој се товари дека преку континуирано семејно насилство ја довел својата сопруга Ивана Јовановска до самоубиство, при што животот го загуби и нивната малолетна ќерка Катја Јовановска по пад од балкон. На денешното рочиште, обвинетиот изјави дека чувствува вина за дел од делата што му се ставаат на товар, но го отфрли обвинението за наведување и помагање при ...

Советот на јавните обвинители на денешната седница едногласно ја одби иницијативата на јавната обвинителка Ленче Ристоска, која тврдеше дека врз нејзината самостојност имало надворешни влијанија и притисоци, особено поради нејзиното постапување во предмети против ВМРО-ДПМНЕ. Ристоска во претставката навела дека нападите кон неа потекнуваат од политички структури на ВМРО-ДПМНЕ, а како пример навела изјави на премиерот и неколку објави од ...

Армин Папергер, извршен директор на „Рајнметал“, на прашањето дали украинската технологија за беспилотни летала може да ја наруши нивната индустрија доминирана од топништво, тенкови и воени возила, одговори: „Вака се игра со лего коцки“, и спореди големите украински производители на дронови со „домаќинки“. „Тие имаат 3D печатачи во кујната и произведуваат делови за дронови. Ова не е иновација, ова не е технологија на „Локхед Мартин“, „Џенерал ...

Андреја Стојковски, извршен директор и истражувач од „Преспа институт“, по изјавата на премиерот Христијан Мицкоски дека нема намера да влага во авантура на уставни измени без јасни услови и дека приемот на ЕУ мое да чека со децении, изјави дека Владата може да чека, но граѓаните и државата не може да чекаат. „Одложувањето на пристапувањето во ЕУ да не се случи штитејќи го идентитетот да нема за кого да го штитиме“, посочува Стојковски во ...

Европската унија разгледува различни опции во однос на Унгарија, вклучително и сценарија кои досега се сметаа за политички чувствителни, пишува Политико. Според наводите на весникот, во дипломатските кругови повторно се отвора прашањето за можноста за „оддалечување“ на Будимпешта од европскиот блок доколку премиерот Виктор Орбан продолжи со политички курс што предизвикува несогласувања во рамките на Унијата. Иако досега ниту една држава не е ...

weather icon

Скопје

28ᴼ / 28ᴼ
4.7
33%
1010
weather icon

Белград

19ᴼ / 17ᴼ
0.89
72%
1015
weather icon

Загреб

21ᴼ / 21ᴼ
1.78
72%
1014
weather icon

Софија

27ᴼ / 27ᴼ
1.97
44%
1011
weather icon

Сараево

25ᴼ / 25ᴼ
2.15
46%
1012
weather icon

Љубљана

21ᴼ / 21ᴼ
1.74
76%
1014
weather icon

Атина

30ᴼ / 27ᴼ
2.68
43%
1013
weather icon

Тирана

25ᴼ / 25ᴼ
2.92
48%
1014
weather icon

Подгорица

25ᴼ / 25ᴼ
3.08
47%
1013
weather icon

Букурешт

26ᴼ / 25ᴼ
2.24
42%
1011
weather icon

Будимпешта

22ᴼ / 21ᴼ
2.68
46%
1013
weather icon

Истанбул

28ᴼ / 24ᴼ
1.58
45%
1013
Currency

61.645

Currency

53.2547

Currency

71.3983

Currency

37.518

Currency

38.0603

Currency

66.8565

Currency

7.86455

Currency

0.73493

Currency

0.33253

Currency

0.52573

Currency

1.15121

Currency

0.55992

Цинк

0.00

Бакар

13.10

Сребро

2269.46

Калај

53.60

Рутениум

48965.59

Родиум

257205.97

Иридиум

253540.09

Злато

139690.59

Алуминиум

3.46

Кобалт

45.39

Паладиум

42535.44

Платина

57324.78