Скопје
8ᴼ /
8ᴼ
Францускиот претседател Емануел Макрон денеска ја повика Индија да го поддржи прекинот на воените напади врз цивилите и инфраструктурата во војната меѓу Русија и Украина, по средбата со премиерот Нарендра Моди, објави АФП. Во Мумбај, Макрон го повика Моди да „поддржи воспоставување на итен и траен мораториум за напади врз цивили и цивилна инфраструктура“. Њу Делхи и Москва имаат долгогодишни врски. Прочитајте повеќе: Руските и украинските ...
Економскиот институт „Ифо“ ја ревидираше својата прогноза за намалување на населението на Германија за 1% до 2050 година на пад од речиси 5%, што би ја оставило земјата со најмало население од нејзиното повторно обединување во 1990 година, објави Фајненшл тајмс. Ревизијата се базира на ажурирани податоци од статистичкиот завод на земјата. „Демографските промени ќе имаат значително влијание врз сите области на економијата и општеството“, ...
За време на економската криза, германската индустрија продолжи да ја намалува својата работна сила во голем обем во 2025 година. На крајот од минатата година, околу 5,38 милиони луѓе беа вработени во секторот, 124.000 помалку од претходната година. Автомобилската индустрија, која се бори со проблеми, беше најтешко погодена минатата година, со околу 50.000 скратени работни места, додека хемиската и фармацевтската индустрија се покажаа ...
Демократската унија за интеграција (ДУИ) денес поднесе кривична пријава против министерот за правда, Игор Филков за, како што вели, сериозни уставни и законски прекршувања. Партијата го обвинува Министерството за правда за неспроведување на Законот за употреба на јазиците и за неорганизирање на правосудниот испит на албански јазик. Според ДУИ, оваа акција ја нарушува уставната рамноправност на граѓаните Албанци и претставува дискриминација ...
„До Советот на Европа е доставено писмo за мерките против насилството и говорот на омраза против бугарската етничка заедница во Република Северна Македонија. Документот е адресиран до Комитетот на министри и е регистриран како писмено прашање бр. 806 од 17 февруари 2026 година“, објави денеска БГНЕС. Текстот е потпишан од заменик-претседателката на пратеничката група на ГЕРБ-СДФ, Деница Сачева, претставник на Бугарија во Парламентарното ...
Центар за слобода изразува сериозна загриженост по одлуката на Апелацискиот суд во Скопје што ја потврди пресудата против новинарот и уредник Насер Селмани, кој е осуден за клевета и навреда поради изнесен став во јавна дебата поврзана со медиумската независност и притисоците врз уредувачките политики. Тужбата е поднесена од ТВ Канал 5 и нејзиниот директор Иван Мирчевски. Пресудата се темели на изјави на Селмани во кои тој укажа дека ...
Netflix му одобри на Warner Bros. Discovery седумдневно откажување од ексклузивност, дозволувајќи му на студиото повторно да ги отвори преговорите за преземање на Paramount Skydance. Warner Bros. во поднесена пријава наведува дека откажувањето ќе им овозможи да ги решат нерешените „недостатоци“ во претходните понуди на Paramount. Warner Bros. сега има рок до 23 февруари да преговара за евентуален договор со Paramount Skydance. Прочитајте ...
Процедурата за избор на нов државен јавен обвинител влегува во клучна фаза. Совет на јавни обвинители на седница треба да достави образложено мислење до Владата за кандидатите што конкурираат за функцијата. Во трка се петмина. Сепа, Советот прва ја разгледа кандидатурата на поранешниот претседател на Кривичниот суд, Владимир Панчевски, притоа едногласно одлучи дека тој не го исполнува условот за непрекинат работен стаж од најмалку 10 години ...
Украина започна бесплатна програма за замрзнување на сперма на војниците, во обид да ја ублажи демографската криза влошена од војната со Русија и големиот број жртви меѓу мажите во акција, објави Би-Би-Си. Програмата финансирана од државата им овозможува на партнерите на починатите војници да користат замрзнати примероци до три години по смртта на донаторот, со претходна писмена согласност. Приватните клиники во Киев нудат криопрезервација ...
Компанијата OpenAI објави дека ќе тестира реклами на својата платформа ChatGPT за корисници во Соединетите Американски Држави кои не плаќаат претплата или го користат нејзиниот нов нискобуџетен план Go, со цена од осум долари месечно. Open AI нагласи дека рекламите нема да влијаат на одговорите што ги дава ChatGPT и дека разговорите на корисниците ќе продолжат да бидат доверливи. Целта на воведувањето реклами, како што наведуваат, е да се ...
„При едно неодамнешно заловување, во текот на само еден ден, по женка во циклус, од шест заловени кучиња од страна на ЈП Лајка, дури пет биле со сопственик. Сопствениците дошле да ги подигнат од стационарот. Овој податок е алармантен и укажува на клучен аспект од каде извира проблемот, истакнуваат од здружението за заштита на животни „Анима Мунди“. Овој пример, како што велат, не значи дека тоа е единствениот извор на проблемот, туку ...
Шпанската влада ќе побара од Јавното обвинителство да ги истражи дигиталните платформи Meta, TikTok и X за можно создавање и ширење детска порнографија со употреба на вештачка интелигенција (ВИ), објави шпанскиот премиер Педро Санчез. Санчез рече дека овие платформи „станале пропадната држава“ каде што „законите се игнорираат, а злосторствата се толерираат“, загрозувајќи го менталното здравје, достоинството и правата на децата, објави Pais. ...
Пет партии влегуваат во парламентот, а уште две имаат реални шанси да бидат во него доколку изборите се одржат во средината на февруари, покажуваат резултатите од независната месечна истражувачка програма на социолошката агенција „Мерка“, цитирана од „Инвестор“. Најголема поддршка има формацијата на Румен Радев – 33,3%. Следуваат ГЕРБ-СДФ – 18,9%, ПП-ДБ – 12,7%, ДПС-НН – 10,7%, „Преродба“ – 6,8%. МЕХ добива 3,9%, БСП – 3,7% и 2,3% за ...
Денешната блокада нема да ја спречи Владата да продолжи со заложбата за раст на платите. Напротив, ние ќе продолжиме да работиме на поголем економски раст од досегашниот кој ќе овозможи зголемување на сите плати во државата, а не само на минималната, изјави пратеникот Бојан Стојаноски од ВМРО-ДПМНЕ. Според него, од страна на раководството на ССМ нема ниту еден нов договор со кој тие самостојно избориле зголемување. Вели дека нема ниту една ...
Мнозинството големи инвеститори очекуваат назначувањето на Кевин Ворш за шеф на Федералните резерви да доведе до понатамошно слабеење на американскиот долар, знак за постојана загриженост за независноста на американската централна банка. Речиси 60 проценти од менаџерите на фондови рекоа дека номинацијата на Ворш од страна на Доналд Трамп за шеф на Федералните резерви ќе ѝ наштети на американската валута, според внимателно следеното ...
Британската мултинационална телекомуникациска компанија Vodafone Group Plc соопшти дека ја проширува својата соработка со финската компанија за мобилни комуникациски технологии Nokia Corporation за борба против измамите низ цела Европа. Двете компании планираат да ја искористат „моќта на 5G за развивачите на апликации“ за да создадат попаметни, побезбедни апликации што би ја подобриле верификацијата на идентитетот и би ја зголемиле ...
Коалицијата ВЛЕН во соопштение за медиумите, му ја честиташе на Косово годишнината од независноста. Од ВЛЕН велат дека Косово денес ја слави 18-годишнината од слободата освоена со крв и жртва. „Косово денес слави 18 години слобода и државност, освоени со крвта и жртвата на своите синови и ќерки. На оваа годишнина, не можеме, а да не се сетиме на Ослободителната војска на Косово и нејзините лидери, на кои денес им се суди во Хаг. Веруваме дека ...
Сојузот на синдикати на Македонија не се откажува од барањето за зголемувањето на минималната плата на 600 евра и зголемување на останатите плати за 6000 денари. Ова беа пораките од денешната блокада на Владата на булеварот „Илинденска“. Поради тоа, премиерот Христијан Мицкоски и останатите министри пристигнале пешки до зградата на Владата, каде што се одржува владината седница. Според првиот човек на ССМ, Слободан Трендафилов, блокадите ќе ...
„Јавно и недвосмислено укажуваме дека владиниот авион е користен исклучиво во согласност со прописите и актите за негово користење, согласно Правилникот за условите и начинот на користење на истиот. Секое користење е евидентирано, документирано и предмет на институционална контрола. Ниту една активност не е надвор од утврдените процедури, ниту постои каква било форма на злоупотреба“, велат од Владата по објавувањето на податоците за тоа кои ...
Франција и Германија ја повикуваат Европската комисија да презентира амбициозен „пакет за поедноставување на финансиските услуги“ што би ги направил правилата на ЕУ полесни за разбирање и помалку оптоварувачки за бизнисите, покажува писмо до кое увид имал Ројтерс. Во писмо до европската комесарка за финансиски услуги Марија Луиза Албукерке, германскиот министер за финансии Ларс Клингбеил и неговиот француски колега Роланд Лескур наведуваат ...
Европската комисија објави дека отворила формална постапка против онлајн платформата Shein според Законот за дигитални услуги. Истрагата ќе ги опфати системите што компанијата ги има воспоставено за ограничување на продажбата на нелегални производи во ЕУ, вклучувајќи содржина што може да претставува материјал за сексуална злоупотреба на деца, како што се кукли што прикажуваат сексуализирани деца. Комисијата, исто така, ќе ги испита ризиците ...
На 16.02.2026 околу 17:00 часот, на улицата „Живко Фирфов“ во Скопје, патничко возило „фолксваген туран“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Д. (41) од Скопје, удрило во четиригодишно дете од Скопје. Детето се здобило со тешки телесни повреди и е пренесено во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“, каде што му е укажана медицинска помош. На местото на настанот извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје, а се преземаат мерки ...
Косово денес слави 18 години од прогласувањето независност од Србија, јавуваат косовските медиуми. Независноста на Косово е прогласена на 17 февруари 2008 година од страна на косовскиот парламент, потсетува косовскиот новински портал „Калџо“. По гласањето за актот за прогласување независност, пратениците на косовскиот парламент ја потпишаа Декларацијата за независност на пергамент стар илјада години, дониран на Косово од Лондонскиот музеј. ...
Општина Центар ги повикува сите заинтересирани граѓани да аплицираат за услугата Итно копче, наменета за лица над 65 години, со приоритет за оние кои живеат сами или со брачен другар со нарушена здравствена состојба. Услугата е наменета за лица со пензија до 35.000 денари и без дијагноза на деменција или Алцхајмерова болест, а може да ја користи само еден член на семејство. „Со примена на оваа иновативна услуга обезбедуваме брза реакција за ...
Министерството за одбрана наскоро ќе објави конкурс за прием на 300 нови војници во Армијата, обелодени министерот за одбрана Владо Мисајловски. Тој информираше дека конкурсот ќе биде објавен откако ќе се добие потребната документација од Министерството за финансии, за да може приемот да започне напролет. „Кога ќе пристигнат сите потребни документи од Министерството за финансии, ќе ги објавиме конкурсите, се надеваме во следниот пролетен ...
Најмалку тројца демонстранти беа повредени синоќа во инциденти во центарот на Нови Сад, каде што истовремено се одржуваа анти- и про-владини собири, одделени со полициски кордони, објавија локалните медиуми. Според очевидци, тензиите ескалирале пред Српскиот народен театар. Студентите, кои со месеци ги блокираат факултетите и се меѓу организаторите на анти-владините протести, ги обвинија поддржувачите на владејачката Српска напредна партија ...
Левица потсетува дека жителите на Струга 10 дена се оставени без чиста вода за пиење поради сериозната еколошка хаварија со изворот на вода за снабдување. Иако институциите соопштија дека се преземаат мерки за лоцирање на причините, се уште нема никакви официјални информации како загаденоста на водата во Струга достигна 30 пати над дозволеното. До Левица пристигнале информации, како што велат од партијата, дека над самиот извор се врши ...
Во ВРЕДИ има поголеми проблеми отколку што изгледа на прв поглед и доколку не се појави некој надворешен фактор кој ќе ги мотивира да ги надминат поделбите помеѓу поголемите и помалите партии внатре во коалицијата иднината на ВРЕДИ останува нејасна, изјави политичкиот аналитичар, Ибрахим Мехмети во вчерашната дебата во „Топ Тема“ на телевизија „Телма“. „Иднината на ВРЕДИ е сè уште нејасна, мислам дека и за нив не е јасна не само за нас… Таму ...
Обидот коалицијата Вреди да се трансформира во политичка партија, наместо да означи момент на консолидација и демонстрација на сила, отвори чувствително прашање што може да го одреди нејзиниот понатамошен развој: дали обединувањето е реален процес на интеграција или само формално спојување зад кое се кријат нерешени амбиции и различни визии за лидерство?! Информацијата дека новата партија би ја предводеле двајца претседатели – лидерот на Беса ...
Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска денеска од пред зградата на Владата обвини дека премиерот Христијан Мицкоски со владин авион и парите од граѓаните, бил на одмор на Јадранското море. Кузеска оценува дека премиерот се луксузира врз грбот на народот, исто, како што вели, како претходниот премиер Никола Груевски кој избега надвор од Македонија. Портпаролката на СДСМ потенцира дека пола Влада се шетала со владиниот авион. -Главна ...