Скопје
11ᴼ /
11ᴼ
Петте најголеми европски одбранбени сили се подготвуваат да објават план за инвестирање во воени дронови, како дел од поширокиот напор за зајакнување на одбранбената индустрија соочени со руската инвазија на Украина и загриженоста за посветеноста на САД кон НАТО. Според документ што го виде „Ројтерс“ и извор од полското Министерство за одбрана, пет држави сакаат да развијат соработка во развојот на автономни дронови. Војната во Украина ...
Володимир Зеленски за јапонската новинарска агенција Кјодо њуз изјави дека 10.000 севернокорејски војници моментално се наоѓаат на руска територија, опишувајќи го тоа како „исклучително опасен“ развој на настаните. Тој исто така изјави дека барањата на Русија се „ултиматум“. Според украинскиот претседател, станува збор за војници кои стекнуваат искуство во модерното војување врз основа на борбите на Русија против Украина. „Моментално на ...
Мета во април ќе ја затвори својата самостојна веб-верзија на Messenger, потврди компанијата, со што дополнително ќе продолжи постепеното враќање на комуникациската платформа на самиот Фејсбук. Иако страницата messenger.com ќе престане да постои, корисниците сè уште ќе можат да испраќаат и примаат пораки преку пребарувач, но исклучиво преку Фејсбук. Според центарот за помош на Мета, корисниците кои претходно пристапувале до Messenger преку ...
Tesla го претстави првиот Cybercab автомобил во фабриката „Гига Тексас“, што претставува голем чекор во развојот на самостојно возила без волан или педали. Извршниот директор Илон Маск потврди дека компанијата сè уште планира да понуди потрошувачка верзија за 30.000 долари или помалку и тоа пред 2027 година. Првата производствена единица е веројатно пробна, но покажува дека проектот се движи побрзо од тоа што беше претходно најавено. ...
Членот на Извршниот одбор на СДСМ, Андреј Жерновски поднесува претставка до Судскиот совет поради изнесните информации од страна на портпаролката на Владата на Мицкоски, Марија Митева, во кои таа јавно соопштува исход од судска постапка која сè уште е во тек. „Признавањето како истата поседува информации дека „жалбата против претседателката е одбиена како неоснована“ е крајно сериозно и скандалозно, бидејќи второстепена одлука (од Виш управен ...
СДСМ денеска преку соопштение порача дека сопругата на градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, вчера на свечениот отчет во Филхармонија се појавила со брендирана чанта „Хермес“. Се наведува дека станува збор за еден од најексклузивните и најскапи бренд чанти во светот. Вакви чанти, Hermes mini Kelly 2 (20 cm), како што наведуваат од СДСМ чинат од 28.000 до 33.000 долари. „Додека работниците едвај врзуваат крај со крај и мора да ...
Постапувајќи по поднесена кривична пријава, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против шест лица, за кои постои основано сомнение дека сториле кривично дело „Неовластено изработување и пуштање во промет на наркотична дрога, психотропни супстанции и прекурсори“. Истражната постапка се темели на докази обезбедени врз основа на ...
Општина Центар, во рамки на проектот EU4Digital, обезбеди бесплатна Wi-Fi зона во Дебар Маало, поточно на улицата Боемска и на скверот пред Општината. Согласно програмата, наскоро се предвидува поставување слободни интернет зони (Wi-Fi) и во Капиштец, со што граѓаните ќе имаат полесен пристап до дигитални услуги и информации на отворено. Користењето на Wi-Fi зоните е достапно 24 часа, седум дена во неделата, бесплатно и без лозинка, со ...
Во услови кога младите во Северна Македонија се соочуваат со ограничени можности за активно учество во процесите на донесување одлуки и недоволно развиени механизми за нивно системско вклучување во креирањето и спроведувањето на политики, ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување, во партнерство со Националниот младински совет на Македонија (НМСМ), а со поддршка од Регионалната канцеларија за младинска соработка (RYCO), ја ...
Минималните трошоци на едно четиричлено семејство во февруари се зголемени за речиси 1.000 денари во споредба со јануари, покажуваат податоците на Сојузот на синдикати на Македонија кој ја прави синдикалната потрошувачка кошничка. Синдикалната минимална кошница за февруари изнесува 67.382 денари и во однос на синдикалната минимална кошница во јануари е зголемена за 969 денари. Со изнајмен стан од 60 квадрати, вредноста на синдикалната ...
Шефот на дипломатијата Тимчо Муцунски денеска остварил телефонски разговор со новоименуваната министерка за надворешни работи на Република Бугарија, Надежда Нејнски. Како што соопшти на социјалните мрежи, Муцунски упатил искрени честитки по повод нејзиното именување и ѝ посакал успех во извршувањето на функцијата. „Во разговорот нагласив дека односите меѓу двете земји треба да се градат врз принципите на добрососедство, пријателство и ...
Премиерот Мицкоски со јавното „елиминирање“ на Ленче Ристоска веќе не ни крие дека ја става судската власт целосно под своја контрола, реагира најголемата опозициска партија СДСМ. Оттаму велат дека професионалец со интегритет за јавен обвинител не се вклопува во неговиот концепт за судски систем кој тој од собраниска говорница го командува како да работи. „Промената на јавниот обвинител беше политичка цел на Мицкоски за воспоставување целосна ...
Ангела Меркел доаѓа на партискиот конгрес на Германската демо-христијанска партија по шест години. Поранешната канцеларка и поранешната претседателка на ЦДУ прв пат се појавува на политички настан откако Фридрих Мерц ја презеде партијата. Меркел, која се повлече од активната политика и во последните години има само протоколарни настапи, сега од првиот ред ќе набљудува како изгледа ЦДУ под нејзиниот наследник и долгогодишен ривал. Пред четири ...
Кинеските чет-ботови со вештачка интелигенција имаат значително поголема веројатност да одбијат да одговорат на политичко чувствителни прашања или да понудуваат одговори кои се совпаѓаат со официјалните државни наративи, покажува најновото истражување објавено во научното списание PNAS Nexus. Истражувачите анализирале како водечките кинески модели на вештачка интелигенција – вклучувајќи ги BaiChuan, DeepSeek и ChatGLM – одговараат на повеќе ...
„Претседателката Гордана Сиљановска – Давкова, како пратеник јасно потенцираше дека етички и правно е невозможно да се повикуваме на владеење на правото, а истовремено да носиме закони со кои се уредува „правниот статус“ на бесправно изградени објекти. Таа тогаш со право укажа дека не може да се утврди легитимитет на нешто што е изградено спротивно на законот и дека ваквите решенија претставуваат директен удар врз урбанистичкото планирање и ...
Финскиот претседател Александар Стаб изјави дека САД не можат да ѝ наредат на Финска да се откаже од својата одбрана во случај на руска агресија, нагласувајќи дека такво сценарио „нема да се случи“. Стаб, кој е долгогодишен познавач за Русија и Владимир Путин и еден од европските лидери што ги цени американскиот претседател Доналд Трамп, одговараше на прашање за зависноста на европските сојузници од американската воена поддршка. Во интервју, ...
Иако наводно бил миленик на неговата мајка, кралицата Елизабета II, поранешниот принц Ендру долго време е извор на проблеми за британското кралско семејство. Ендру Маунтбатен-Виндзор беше уапсен вчера, на неговиот 66-ти роденден, под сомнение за злоупотреба на јавна функција како дел од истрагата за неговата врска со Џефри Епштајн. Тој е првиот висок член на британското кралско семејство уапсен по речиси 400 години, од времето на кралот Чарлс ...
СВР Куманово до Основното јавно обвинителство Куманово поднесе кривична пријава против Т.Б. (25) од Куманово поради основано сомнение дека извршил кривично дело „убиство“ по член 123 став 2 точка 1 од Кривичниот законик. Во периодот од 27.01 до 12.02.2026, осомничениот во селото Челопек, општина Старо Нагоричане, со умисла на свиреп и подмолен начин ја лишил од живот жртвата, жена родена во 1947 година. Ја искористил околноста дека ...
Унгарската влада ќе ослободи 250.000 тони сирова нафта од своите стратешки резерви, се вели во декретот објавен во службен весник. Одлуката е донесена откако протокот на нафта низ нафтоводот „Дружба“ беше прекинат, објави Ројтерс. Според документот, MOL има приоритетен пристап до ослободените сирови резерви. Министерот задолжен за кабинетот на премиерот, Ѓерѓ Гуљас, изјави дека владата ги ослободила стратешките сирови резерви на Унгарија по ...
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска во кругот на Министерството за внатрешни работи присуствуваше на церемонија на примопредавање на донација од Сојузна Република Германија, на која присуствуваше и амбасадорот на Германија во Република Северна Македонија, Н.Е. Петра Дрекслер, како и претставници од Канцеларијата за врски на Сојузната полиција на СР Германија. Донацијата, во вкупна вредност од околу 600.000 евра реализирана ...
Утрово повторно е пријавена дојава за бомба во гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“ во Тетово, со што се продолжува серијата последователни закани што се регистрирани во оваа образовна установа во последниот период. Според првичните информации, како што пренесуваат дел од медиумите во земјава на албански јазик, веднаш по приемот на известувањето, преземени се стандардни безбедносни процедури, а учениците и вработениот персонал се привремено ...
Одливот на мозоци и сериозната демографска криза предизвикуваат сериозни негативни ефекти врз грчката економија, кои стануваат сè посериозни, предупредуваат експерти и службеници од земјата, пишува онлајн изданието на весникот „Катимерини“. Неодамна, за време на специјална конференција во грчкиот парламент посветена на демографските предизвици со кои се соочува Грција, директорката за истражување во грчката статистичка агенција „Дијанеозис“, ...
Четворица кандидати за највисоката функција во судската фела го минаа филтерот на Советот на јавни обвинители. Од трката отпадна поранешниот кривичен судија Владимир Панчевски. Сега на потег е Владата. Ќе одлучува чие име ќе адресира до Собранието кое треба да го избере новиот државен обвинител. Сепак, еден од кандидатите веќе отпадна од трката, иако официјалниот список се уште не дошол до „Илинденска бр.2“, како што рече вчера премиерот ...
Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски изјави дека е горд на имплементацијата на новиот систем „Безбеден град“ (Сејф сити) и дека бројот на прекршоци драстично се намалил, имено од 120 илјади колку што беше на почетокот во фазата на тестирање, сега има само 500 прекршоци. Тошковски во емисијата „Клик Плус“ нагласи дека времето на опасно однесување и брзо возење по патиштата е завршено. „На почетокот на тест-периодот, бројот на ...
Владата се уште не го добила официјалниот список од Советот за јавни обвинители со имињата за највисоката функција во фелата, а веќе отпиша една од кандидатките. Обвинителката Ленче Ристоска во кратка изјава за „Локално“ ја коментираше синоќешната изјава на премиерот Христијан Мицкоски. Според неа, „кога кандидат однапред се исклучува без анализа на неговата програма и професионален пат, тоа отвора прашања за природата на критериумите што се ...
Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп вчера ја отвори првата седница на Комитетот за мир, со пораката дека она што го прават е многу едноставно – мир, кој, иако е лесен за кажување, тешко се постигнува. Набројувајќи ги конфликтите што ги решил во минатото, Трамп повторно ги спомена Косово и Србија и им порача на лидерите сами да продолжат да ги решаваат проблемите, а ако не можат – да го повикаат него. „Еден пример се ...
Претседателката на Косово, Вјоса Османи, во интервју за РТВ 21, истакна дека американскиот претседател Доналд Трамп ја повторил својата силна поддршка за Косово на состанокот на Мировниот комитет и додаде дека учеството на Косовските безбедносни сили во меѓународната мисија за стабилизација ги отвора вратите за постигнување на целта за членство во НАТО. „Со оглед на тоа што сме членка основач со полни права и дека сега ќе бидеме придонесувач, ...
Нацрт-извештајот на европратеникот Томас Вајц, кој ќе биде разгледан во Европскиот парламент, испраќа јасна порака: македонскиот пристапен процес е во застој, но вратата за членство останува отворена. Формулацијата дека „процесот на пристапување е сопрен“ се чита како политичко предупредување дека реформите не напредуваат со очекуваното темпо, а не како вовед во нови формални блокади. Високи извори во Министерство за надворешни работи ...
ВМРО-ДПМНЕ останува цврсто посветена на заштитата на работниците и унапредувањето на животниот стандард на сите граѓани, соопшти партијата на власт. Оттаму велат дека приоритет на Владата е обезбедување стабилна економија во која трудот се вреднува, платите растат, а институциите функционираат одговорно и транспарентно. Со политики насочени кон реален економски раст, создавање нови работни места и почитување на колективните договори, се ...
Банкарската 2026-та почна со зголемена претпазливост на банкарите –заострување на кредитините услови за станбени кредити, тренд кој започнал во последниот квартал од минатата година и продолжил годинава. Новата Анкета за кредитна активност на НБМ покажува дека во овие први три месеци од 2026-та банките најавиле заострување на политиката за одборување на станбени кредити – пред се во делот на хипотеката, односно обезбедувањето за задолжувањето ...