Бугарската новинска агенција „БТА“ информира дека до 11:30 часот вкупно 157 бугарски државјани во Македонија го остварија своето право на глас на тамошните парламентарни избори. 70 гласачи гласале на гласачкото место отворено во бугарската амбасада во Скопје, 45 во Генералниот конзулат на Бугарија во Битола, 15 во Охрид, 20 во Струмица и 9 гласачи на гласачкото место во Прилеп. За овие избори биле поднесени 210 пријави за гласање, што е ...

На 19.04.2026 во 02:50 часот во ноќен клуб на подрачјето на Карпош во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишија од слобода Н.Т.(28) од Пробиштип затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По пристигнување во кругот на Полициската станица Карпош, Н.Т. физички нападнал полициски службеници кои вршеле службени дејствија и се обидел да побегне, но бил совладан и приведен ...

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче на денешната прес-конференција рече дека граѓани директно ги чувствуваат последиците од бајките на Мицкоски. „Граѓаните скапо ги плаќаат бајките и неспособноста на премиерот Мицкоски. Ги плаќаат со празни џебови и со празни фрижидери“, истакна Филипче. Тој нагласи дека СДСМ навремено предупредуваше и нудеше конкретни решенија за справување со кризата, но Владата не презела ништо. Прочитајте повеќе: ...

„Со својот глас и потпис, Талат Џафери и ДУИ го изоставија албанскиот јазик од правосудниот испит. Значи, не само што не го заштитија албанскиот јазик, туку свесно го исклучија, на штета на многу студенти Албанци. Документот од 27 август 2019 година, потпишан од Талат Џафери, ја разоткрива вистината. Проблемот со правосудниот испит и исклучувањето на албанскиот јазик носи чист политички печат“, порачаа денеска од коалицијата ВЛЕН преку ...

Прашањето за одговорноста за геноцидот врз советскиот народ сè уште не е затворено, а правните експерти продолжуваат со својата работа, изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова. Во овој контекст, таа ги повика голем број европски земји кои тврдат дека „му помогнале на нацистичкиот режим“. Во интервју за руската државна агенција ТАСС, Захарова ги наведе Чешка, Белгија, Финска, Франција, Италија, ...

„На 19 април 1997 година, во Македонскиот народен театар, визијата за модерна, европска и слободна Македонија ги обедини Стојан Андов и Петар Гошев во создавањето на Либерално-демократска партија. Денес, 29 години подоцна, ЛДП останува гласот на разумот, коректив на системот и доследен носител на либералната идеја – идеја што не прифаќа компромиси кога станува збор за слободата, правдата и достоинството на граѓаните“, велат денеска од ЛДП на ...

Актерот Џастин Теру и неговата сопруга Никол Брајдон Блум ја објавија среќната вест во саботата дека станале родители на машко бебе. Теру (54), познат по серијата „Останатите“ („The Leftovers“), и Блум (32), која глуми во „Позлатено доба“ („The Gilded Age“), се венчаа во тајност во март минатата година на плажа во Тулум, а сега го добија првото дете. Двојката ја сподели веста на Инстаграм споделувајќи црно-бела фотографија од новороденчето ...

Откако СДСМ добија покана за да гостуваат во ТВ Алфа и да ги кажат своите аргументи за обвинувањата кон телевизијата, денеска лидерот на партијата, Венко Филипче се заблагодари на поканата, но рече дека ќе дојде во тв „кога ќе ја ослободи“. -Ќе ве ослободам од канџите кои што се ставени врз вашиот медиум, од црните пари од Унгарија. Има докажано или барем сомнеж дека вашата телевизија се користи за перење на пари, кога ќе ве ослободам од тој ...

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денес изјави дека секој долар платен за руска нафта е пари за војна. „Континуираното олеснување на санкциите против Русија не ја одразува реалната состојба во војната или дипломатијата и ја поттикнува илузијата на руското раководство дека може да ја продолжи војната. Секој долар платен за руска нафта е пари за војна“, порача Зеленски во објава на социјалната мрежа X. Како што истакна, само оваа ...

Полицијата информира дека денеска (19.04.2026) на електронска адреса на Министерството за внатрешни работи е добиена порака со закана дека во трговските центри „East gate“ и „Diamond“ во Скопје се поставени експлозивни направи. -Веднаш по добиените пријави преземени се соодветни мерки и активности од страна на полициски службеници во внатрешноста и околу објектите, при што е утврдено дека станува збор за лажни дојави за бомби, појаснија од ...

По барањето на СДСМ за референдум за рудникот во Луке во кривопаланечкиот регион, откако беше најавено можно отворање рудник за антимон, претседателот на Владата, Христијан Мицкоски денеска порача дека правото за да се побара рефередум е уставно загарантирано и дека има услови за тоа, но, како што вели, тоа што него го зачудува е што градоначалникот на Крива Паланка од редовите на СДСМ, има спротивно мислење од ставот на раководството на ...

Запрашан за денешните парламентарни избори во Бугарија, премиерот Христијан Мицкоски вели дека е „благо разочаран“ од нискиот одзив на македонските Бугари бидејќи, како што рече, само 250 од земјава се изјасниле да гласаат на изборите. Премиерот потсети на изјавите на еден од кандидатите за нов премиер на Бугарија и екс-претседател, Румен Радев дека во земјава има над 200 илјади граѓани со бугарски документи. -Истовремено очекувам дека ...

На електронска адреса на Министерството за внатрешни работи денеска била добиена порака со закана дека во два трговски центри во Скопје се поставени експлозивни направи. Полициски службеници преземаат мерки и вршат проверки во трговските центри. Според информациите, станува збор за трговските центри „Ист гејт“ и „Дајмонд“. Вработените веднаш биле евакуирани. Прочитајте повеќе: Повеќе информации од МВР се очекуваат во текот на денот. На ...

СДСМ бара локален референдум и директно изјаснување на граѓаните по најавата за отворање рудник со антимон во кривопаланечко Луке. Од партијата посочуваат дека станува збор за сериозно прашање кое се однесува на тоа како државата одлучува за своите ресурси, за здравјето на граѓаните и за иднината на локалните заедници. „Особено што на пример, старото еколошко жариште Лојане со децении стои нерешено, а во исто време се најавува нов рудник за ...

Актерката Шарлиз Терон отворено проговори за еден од најтешките моменти во нејзиниот живот, ноќта кога нејзиниот татко бил убиен, а нејзината мајка дејствувала во самоодбрана. Во интервју за списанието „Њујорк тајмс“, Терон истакна дека денес не чувствува дека настанот ја „прогонува“ и ја нагласи важноста на јавното зборување за семејното насилство. Актерката се присетила на настаните од 1991 година кога имала само 15 години. Нејзиниот ...

Француско-мароканската актерка Надија Фарес, позната по своите улоги во „Кримсон rиверс“ и „Предупредување за бура“, почина на 57-годишна возраст на 17 април 2026 година, по инцидент во базен. Таа беше пронајдена без свест во базен во Париз на 11 април, по што падна во кома, а потоа почина. Тажната вест ја потврдија нејзините ќерки, кои побараа почит и приватност во периодот на жалост, пренесуваат француските медиуми. Актерката почина во ...

Цените на акциите на светските берзи нагло пораснаа минатата недела, а индексите на Волстрит достигнаа рекордни нивоа, бидејќи инвеститорите веруваат дека САД и Иран наскоро ќе постигнат мировен договор На Волстрит, индексот Дау Џонс порасна за 3,2 проценти минатата недела, на 49.447 поени, додека S&P 500 скокна за 4,5 проценти, на 7.126 поени, а Nasdaq за 6,8 проценти, на 24.468 поени. Силниот раст на најголемата берза во светот трета ...

Сите гласачки места во Бугарија се отворени за предвремени парламентарни избори, соопшти утрово Централната изборна комисија (ЦИК). Избирачките места се отворија во 7 часот наутро по локално време и треба да се затворат во 17 часот. Денешното гласање е значајно бидејќи може да го донесе на власт поранешниот претседател Румен Радев – само неколку дена откако гласачите во Унгарија ги отфрлија авторитарните политики и глобалното крајно ...

Двајца српски лекари ќе го прегледаат поранешниот командант на војската на Република Српска, генерал Ратко Младиќ, во затворот во Хаг во среда, 22 април, откако неговата здравствена состојба се влошила, изјави синот на генералот, Дарко Младиќ. „Јас лично летам за Хаг утре. Српскиот министер за правда Ненад Вујиќ, исто така, утре одделно ќе го посети генералот Младиќ како претставник на српската влада. Лекарите, кардиолог и невролог, ...

Денеска во Штип се одржа 41. „Марш на ангелите“, посветен на загинатите, повредените и семејствата кои повеќе од една година бараат правда. За првпат од Штип, родителите и најблиските од градскиот плоштад „Слобода“ порачаа дека денес чекорат семејствата и најблиските на нивните деца и најмили – оние што останаа со најтешката болка, но и со најголемата обврска да се борат за вистината и правдата. Поворката се движеше низ улиците во централното ...

„ВЛЕН денес не ги претставува Албанците. ВЛЕН денес ги претставува оправдувањата на тие што сакаат да го потчинат албанскиот јазик“, велат од ДУИ откако од владејачката ВЛЕН обвинија дека проблемите околу неможноста да се полага правосуден испит на албански јазик се настанати поради „негрижа и политичко предавство“ од страна на ДУИ. Според партијата на Али Ахмети, нивните политички ривали се обидуваат вината да ја префрлат во минатото, само ...

Човекот кој отвори оган со автоматска пушка во киевската населба Голосеевски, каде што убил неколку цивили, е роден во Москва и има украинско државјанство, обелодени главниот обвинител Руслан Кравченко во објава на Телеграм. Човекот, кој беше убиен од полицијата за време на обидот да го уапсат во супермаркет во Киев, се вика Дмитриј Василевич Василченков (58) и живеел во тој дел од градот, објави „Униан“. Новинарот Виталиј Глагола информира ...

Лидерот на босанските Срби, Милорад Додик повторно во саботата ја објави можноста ентитетот Република Српска да се одвои од Босна и Херцеговина и да се обедини со Србија. Зборувајќи на конгресот на партнерската Социјалистичка партија, Додик рече дека политичката борба за Србите ќе заврши „кога ќе бидеме слободни и кога ќе се обединиме со Србија на начинот на кој мислиме дека треба да биде“. За прв пат по долго време, Додик ги повтори своите ...

Контроверзниот Виктор Стојанов, бугарски државјанин и претседател на фондацијата „Македонија“ смета дека промените во политичката ситуација во Унгарија нема да доведат до значајна промена во ставот на Македонија кон Бугарија и Бугарите. Тој во изјава за бугарска „Нова“ истакнал дека очекува новата администрација во Будимпешта по победата на Петер Маѓар да се однесува како европска земја и лојален партнер во ЕУ, вклучително и преку развој на ...

До 4-ти мај продолжува мерката за намалување на акцизите на нафтените деривати, поевтинувањето за дизел горивото за 4 денари по литар и 2 денари за бензинот се задржува, соопшти Владата по денешната седница. ДДВ-то за бензинот останува непроменето, додека за останатите горива се враќа на редовната стапка од 18 проценти. Од „Илинденска“ велат дека одлуката е донесена врз основа на стабилизациските ефекти од досегашните мерки и тековните ...

Познатата руска актерка, водителка и инфлуенсерка Викторија Боња објави видео кое достигна 26 милиони прегледи и 1,3 милиони лајкови, во кое се осмели да ја критикува политиката на Владимир Путин. Видеото за кое зборува цела Русија беше објавено во понеделникот, во кое Боња, која не живее во Русија, го предупредува рускиот претседател за низа проблеми кои се повеќе се надвор од контрола на руските власти. Таа наброи список на прашања за кои ...

Претсеседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, во рамки на конференцијата во Барселона, организирана од Партија на европски социјалисти (ПЕС), имаше кратка и пријателска средба со премиерот на Шпанија, Педро Санчез. На средбата Филипче и Санчез разговараа за актуелните предизвици со кои се соочуваат прогресивните сили во Европа и потребата од силна соработка, солидарност и заеднички одговори во време на неизвесност. “Ваквите контакти се важни ...

Српскиот претседател Александар Вучиќ, по повод 13-годишнината од Бриселскиот договор, изјави дека 19 април 2013 година не бил лесен, туку ден полн со компромиси во речиси невозможни услови, но тој документ бил најмалку лошо што можело да се добие во тој момент. Во интервју за „Косово онлајн“, 13 години подоцна, тој истакнува дека дури и тогаш, како што прави и денес, гледал кон иднината, сакал добри односи со Албанците и верувал дека нивната ...

Полицијата регистрира оштетен минибус на патот Прилеп-Ресен кој превезувал навивачка група од Охрид. -На 17.04.2026 во 23:15 часот во СВР Битола било пријавено дека на патот Прилеп-Ресен, кај крстосница Ротино и Кукуречанска крстосница, минибус „мерцедес” со охридски регистарски ознаки, сопственост на приватна фирма од с.Коњско, охридско, кој превезувал навивачка група од Охрид, движеќи се по патот бил оштетен од група граѓани при што се ...

Меѓународниот аеродром Скопје останува лидер во регионот со раст од 32% споредбено со истиот период минатата година, објави вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на Фејсбук. „За оваа година од понудените преку 390.000 нови седишта, поради влијанието на конфликтот на Блискиот Исток има намалување за околу 6.000 седишта, но и покрај ова останува високо рангиран во регинот и во овој сегмент, пренесува специјализираниот ...

weather icon

Скопје

15ᴼ / 15ᴼ
1.03
67%
1014
weather icon

Белград

16ᴼ / 15ᴼ
1.11
92%
1014
weather icon

Загреб

14ᴼ / 14ᴼ
2.19
89%
1014
weather icon

Софија

14ᴼ / 14ᴼ
0.65
74%
1014
weather icon

Сараево

17ᴼ / 17ᴼ
2.79
94%
1012
weather icon

Љубљана

16ᴼ / 15ᴼ
0.89
87%
1014
weather icon

Атина

22ᴼ / 19ᴼ
0.89
70%
1013
weather icon

Тирана

18ᴼ / 18ᴼ
1.91
70%
1014
weather icon

Подгорица

17ᴼ / 17ᴼ
1.86
61%
1014
weather icon

Букурешт

18ᴼ / 16ᴼ
1.34
83%
1010
weather icon

Будимпешта

15ᴼ / 14ᴼ
2.24
61%
1013
weather icon

Истанбул

18ᴼ / 18ᴼ
2.05
92%
1013
Currency

61.645

Currency

53.2547

Currency

71.3983

Currency

37.518

Currency

38.0603

Currency

66.8565

Currency

7.86455

Currency

0.73493

Currency

0.33253

Currency

0.52573

Currency

1.15121

Currency

0.55992

Рутениум

48965.59

Сребро

2186.28

Злато

135639.33

Калај

53.60

Цинк

0.00

Алуминиум

3.54

Кобалт

45.39

Бакар

13.01

Паладиум

40767.15

Платина

55170.68

Родиум

257205.97

Иридиум

253540.09