Скопје
13ᴼ /
13ᴼ
Екс-градоначалникот на Општина Карпош, Стевче Јакимовски се огласи со краток осврт на 100-те дена мандат на новата локална власт во скопската општина. Во својот Фејсбук статус, Јакимовски наведува дека доколку победел на локалните избори, наместо да се бројат денови од мандатот, граѓаните веќе ќе сведочеле на завршени инфраструктурни и образовни проекти низ општината. „Градинката „Мајски Цвет“ во Тафталиџе 1 веќе ќе беше вселена. „Пролет“ кај ...
Ако некој од страна ја следи македонската политика, ќе помисли дека живееме во маалска серија со премногу ликови и без ниту еден нормален сосед. Секој секого знае „од поодамна“, секој со секого бил „ортак“, а секој втор е осомничен, само уште судот не стигнал да го прочита сценариото. ВМРО-ДПМНЕ реши да ја отвори вратата со нога и да каже: Заев, Филипче, Спасовски, Зечевиќ – сите му се „ортаци по криминал“ на Груби. Не симпатизери, не ...
Го разбирам револтот кај граѓаните за мерката куќен притвор за Артан Груби, но таа мерка не ја носи Владата туку по предлог на јавно обвинителство го носи судската власт која според Уставот на Република Македонија е независна, изјави пратеникот од ВМРО – ДПМНЕ, Бране Петрушевски на вчерашната дебата во „Топ тема“ на Телевизија Телма „Ниту го имаме преземено судството како што опозицијта инсинуира ниту пак имаме договор (со Артан Груби) ниту ...
СДСМ денеска преку соопштение до јавноста велат дека власта се нема откажано од набавката на нов владин авион и одбива да направи ребаланс на буџетот и парите да ги пренамени за плати. -Власта се нема откажано од авионот. Буџетот на СОЗР за оваа 2026 година беше зголемен за 124 милиони денари и тој е непроменет. Во Категорија 48 (Капитални расходи), под ставката за опрема, оваа сума соодветствува на годишна рата за купување авион со рок на ...
Груби не беше уапсен туку сам се пријави на граничниот премин и дополнително е многу симптоматично тоа што службениците кои го приведоа не се од граничната полиција туку од друг полициски оддел, што значи дека или знаеле дека ќе дојде или случајно се нашле таму да го приведат, изјави пратеничката од СДСМ, Јованка Тренчевска на вчерашната дебата во „Топ тема“ на Телевизија Телма. „Театарот беше на границата а во судницата видовме договор, со ...
Генералното собрание на ОН синоќа усвои резолуција со која се повикува на сеопфатен и траен мир во Украина. Резолуцијата ја поднесоа Украина и 45 други земји, а 107 земји гласаа за неа, вклучувајќи ги речиси сите членки на ЕУ, а покрај нив и Македонија. Русија беше јасно против резолуцијата, додека Унгарија, Србија и САД гласаа „воздржано“. Украинскиот претседател Володимир Зеленски на социјалната мрежа „X“ упати благодарност до 107-те земји ...
Членката на Судскиот совет и поранешна адвокатка, Сузана Јошевска Анастасовска не се согласува со изјавата на министерот за правда, Игор Филков кој побара Судскиот и Советот на јавните обвинители итно да свикаат седници за да утврдат дали има основ за одговорност кај судијата и јавниот обвинител за одлуката, Артан Груби наместо во ефективен да заврши во куќен притвор. Јошевска порачува дека судија не смее да изрече мерка притвор ако има ...
Во однос на дебатата за можно „второлигашко“ членство на Македонија во ЕУ до 2027 година, но без право на вето и без право на комесар, поранешниот вицепремиер и претседател на невладината „Солуција“, Никола Димитров оценува дека Брисел се соочува со тешки предизвици со проширувањето поради темата за Украина и поширокиот план со Западен Балкан. Вели дека се уште нема официјален документ кој што може да се прочита туку се е врз основа на ...
Земјоделците не се борат само со пазарот, туку со климатските промени, со зголемени трошоци, со недостиг на квалификувана работна сила. Во такви околности, секоја промена на финансиска поддршката предизвикува загриженост кај земјоделците. Македонија традиционално има силна аграрна основа, но во изминатите децении се соочува со структурни предизвици, фрагментирано земјиште, недоволна модернизација, недостиг на работна сила и ниско ниво на ...
Последната недела од февруари во Европа ќе биде обележана со исклучително топло, потенцијално рекордно време. Тоа е предизвикано од силен прилив на тропски воздух од Африка, кој ќе остане над Европа поголемиот дел од неделата поради блокадата на системот за притисок, а надпросечното топло време би можело да продолжи и до првата недела од март. Топлото време неделава постепено ќе се шири низ Европа, од запад кон исток. Во првите денови, ...
Демократската унија за интеграција изразува длабоко незадоволство и остро реагира против, како што велат, заканите упатени кон судиите и обвинителите од страна на министерот за правда Игор Филков на денешната прес-конференција. Од ДУИ велат дека не само што извршната власт нема уставно право да сугерира како ќе дејствуваат судските органи, туку улогата на Министерството за правда е токму да го заштити интегритетот и независноста на судството, ...
Во регионот Рибатехо, североисточно од Лисабон, каде што во текот на целата година се одгледува околу 200 хектари свеж зеленчук, штетата е значителна. Тања Луз е Силва од компанијата Раш Груп предупредува дека ситуацијата би можела дополнително да се влоши. Компанијата работи во неколку европски и неевропски земји, а португалската подружница Раш Фармс Португалија е меѓу погодените од поплавите. Производителите, истакнува Силва, веќе биле ...
Колку Македонија е навистина безбедна и колку можеме навистина да се справиме со теростички напади? Ваква дилема се поставува во јавноста откако во петокот некако незабележително одекна веста дека 20-годишник од Мала Речица се заканувал дека ќе изврши масакр во земјава, налик на пукањата и убиствата во средните и основни училишта во САД кои се честа појава. Алармот дека закани за териростички напад се упатени од профил на социјалната мрежа ...
Русија во голема мера се потпира на приходите од своите енергенси за финансирање на војната во Украина, затоа западните земји воведуваа сè построги санкции врз руската нафта и гас со цел да ги ослабат воените напори на Москва. Анализата на финската невладина организација, „Центар за истражување на енергијата и чистиот воздух“ (CREA) откри дека вкупните приходи на Русија од нафта, гас, јаглен и рафинирани производи изнесува 193 милијарди евра ...
Зголемувањето на минималната плата на 600 евра не е никаков каприц, туку барање за социјална нормалност, а без оваа законска интервенција, оваа нормалност може да биде само политичка привилегија. Кога велиме 600 евра минимална плата, ние не велиме државата да продолжи да биде пасивен набљудувач и работите во економијата да се движат по инерција. Бараме платата да се зголеми, а Владата да си ја преземе одговорноста, рече пратеникот на СДСМ, ...
Документот, објавен во петокот како дел од федералната тужба во Калифорнија и прегледан од Ројтерс, вклучува извадоци од сослушувањето на извршниот директор на Инстаграм, Адам Мосери од март 2025 година. Во друг документ објавен како дел од тужбата, истражувач на Мета предложил компанијата да се фокусира на тинејџерските корисници бидејќи тие се „катализатори“ во своите домаќинства и влијаат на тоа како нивните помлади браќа и сестри и ...
Еден од осудените за нападот во Собраниетo на 27 април 2017 година, Јане Ченто со револт реагираше на одлуката за куќен притвор за екс-вицепремиерот Артан Груби. Ченто ја споредува оваа ситуација со одлуката за негов притвор додека беше во процес судскиот случај за крвавите настани од 2017 година. Поранешниот осуденик вели дека „му се гади од лицемерието“. „Артан Груби во куќен притвор, јас 28 месеци во притвор. Мене ми наместија предмет ...
Поранешниот премиер на Велика Британија, Борис Џонсон, кој беше на функција пред четири години кога започна руската инвазија на Украина, денес изјави дека Украинците „се борат како херои додека Западот чека“. „Како што оваа ужасна и непотребна војна влегува во својата петта година, Западот, а особено Соединетите Американски Држави, мора да разберат една вистина: Путин не сака да ја заврши оваа војна. Путин не сака мир. Тој нема да го запре ...
ОВР Прилеп поднесе кривична пријава против Н.А.(49) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување на исправа“. Во септември 2025 година, пријавениот направил лажна исправа – свидетелство на негово име издадено од основно училиште за завршено осмо одделение, кое имал намера да го употреби за пријавување во авто школа за полагање на возачки испит, иако имал завршено четврто одделение. ОВР Прилеп поднесе ...
СВР Битола поднесе кривична пријава против В.Ф.(42) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „убиство“ во обид, „загрозување на сигурноста“ и „напад на службено лице при вршење работи на безбедноста“. На 18.02.2026 во семејниот дом во Битола каде живеат неговите деца, пријавениот со остри предмети ги нападнал неговиот 21-годишен син и неговата 16-годишна ќерка. Додека, на 19.02.2026 во Полициската станица Битола, ...
Министерот за правда Игор Филков на прес-конференција упати пораки во врска со одлуката за замена на мерката притвор со куќен притвор во случај поврзан со истрага за проневера од над осум милиони евра. Во своето обраќање, министерот потенцираше дека Министерството за правда нема да биде нем сведок кога довербата на граѓаните во правниот систем е разнишана, ниту ќе стои на страна кога јавноста со право бара одговори. „Досега, почитувајќи го ...
Американско-иранските тензии повторно ја разгоруваат дискусијата за ранливоста на глобалната економија на геополитички тензии, во услови на постоечки регионални конфликти како руско-украинскиот конфликт, воената интервенција на Израел во појасот Газа и американската интервенција во Венецуела. Со оглед на фактот дека САД и останатите т.н. Западни сојузници имаат воведено низа економски санкции за иранската економија, а како резултат на тоа ...
Русија го истражува основачот на Телеграм, Павел Дуров, во кривична постапка за „олеснување на терористички активности“, објави државниот весник „Росијскаја газета“, повикувајќи се на Федералната служба за безбедност (ФСБ). Ројтерс не можеше веднаш да го контактира Дуров за коментар за извештајот, но Телеграм негираше голем број руски обвинувања во последните денови дека апликацијата е рај за криминални активности и дека е компромитирана и од ...
Кога ќе прочитате некое од стотиците шокантни партиски соопштенија на сдсм против Србија, а сте нормален човек, во прв миг сигурно ќе помислите дека истите стварно делуваат како некој да се испијанчил или се издрогирал па шкрабал глупости, посебно кога се знае дека кај нас одамна еден плаузибилен херменевтички контекст за разбирање на такви партиски будалаштини е претпоставката дека можеби, како што вели урбаната легенда, ставаат дрога во ...
Платите на избраните и именуваните функционери ќе се намалат за 10 до 13 илјади денари, а кај дел од позициите и повеќе, со цел поправична распределба на буџетските средства и усогласување со економските услови во државата, изјави денеска пратеникот од ВМРО‑ДПМНЕ, Бојан Стојаноски кој информира дека нивната пратеничка група поднела пакет од предлог измени на шест закони со кои тоа ќе се постигне. -Како група пратеници во Собранието, ...
Во четвртокот Локално имаше своја анализа посветена на економската состојба на младите во Македонија која е отсликана со негативни статистички показатели на секој чекор: низок процент на вработеност и висок процент на млади луѓе кои припаѓаат во категоријата NEET (Not in employment, education, or training) со што ефективно огромен број на млади се на маргините на општествените случувања. Со оглед на тоа што обрнување на мало внимание кон овие ...
Велика Британија денеска воведе санкции врз гигантот за нафтоводи „Транснефт“, како и на речиси 300 руски субјекти, во тоа што го нарече, нејзин најголем пакет на мерки од првите месеци од војната во Украина. Најавувајќи ги санкциите на четвртата годишнина од војната, Владата соопшти дека „Транснефт“ е една од најголемите светски компании за нафтоводи и дека пренесува повеќе од 80 проценти од рускиот извоз на сирова нафта. Целта е ...
„Самиот Путин значи војна“, објави украинскиот претседател Володимир Зеленски во видео порака до Европскиот парламент на вонредната седница посветена на 4-годишнината од почетокот на руската инвазија на Украина. Тој повика на строго почитување на санкциите против Русија и сè што, според неговите зборови, „може да го исуши паричникот на Путин за водење војна“. „Секој од вас разбира што го полни паричникот на Путин со пари и му дозволува да ја ...
Бугарија ќе продолжи да стои покрај Украина и да ја поддржува нејзината независност, суверенитет и територијален интегритет во рамките на нејзините меѓународно признати граници. Ова е наведено во ставот на Министерството за надворешни работи на Бугарија по повод четвртата година од почетокот на руската војна во Украина. Министерството ја поддржува континуираната силна посветеност на Соединетите Американски Држави за постигнување решение за ...
Денеска се одржа деветтата седница на Советот на Општина Карпош, каде советниците разгледуваа и одлучуваа по три точки од дневниот ред. Оттука, поддршка доби Предлог – Одлуката за кофинансирање на проектот кој го објави Министерството за локална самоуправа на РСМ, насловен како „Набавка на телескопски натоварувач со променливи корпи“. Станува збор за набавка на механизација која ќе ја користат службите од Општина Карпош, задолжени за ...