Скопје
11ᴼ /
11ᴼ
Францускиот претседател Емануел Макрон остро ги критикуваше социјалните медиуми и технолошките компании, велејќи дека повикувањето на слободата на говорот не може да се користи како изговор за непроѕирни алгоритми што го обликуваат јавниот простор Зборувајќи за време на дебатата за универзитетската соработка меѓу Франција и Индија, Макрон предупреди на растечкото влијание на дигиталните платформи и системите за вештачка интелигенција, ...
Четири градилишта во Општина Центар се казнети поради незаконско зафаќање јавни површини со градежен шут и материјал што претставува опасност за движењето на пешаците и одвивањето на сообраќајот. Во рамки на редовните инспекциски контроли, општинските инспектори изготвија записници и издадоа прекршочни налози за градилишта на улиците „Златко Шнајдер”, „9 Мај”, „Дебарца” и „Васил Стефановски”. Паричните санкции за овие прекршоци изнесуваат од ...
Германскиот канцелар Фридрих Мерц изјави дека има малку шанси за брз крај на војната во Украина преку преговори. Тој изјави за германските весници NBR и Rheinfalz дека според него војната ќе заврши само кога една од двете страни ќе биде исцрпена, „или воено или економски“. „Разумот и хуманитарните аргументи нема да го убедат рускиот претседател Владимир Путин. Тоа е горчливата вистина“, рече Мерц. Прочитајте повеќе: Според него, целта на ...
Комисијата за спречување и заштита од дискриминација утврдила директна дискриминација кон пратеникот и лидер на Левица, Димитар Апасиев од страна на Државната комисија за спречување на корупција. Апасиев најави и тужба и истакна дека ќе бара оштета. „Комисијата за спречување и заштита од дискриминација утврди ДИРЕКТНА ДИСКРИМИНАЦИЈА врз мене сторена од страна на Државна комисија за спречување на корупцијата, поради неуредна и невоедначена ...
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) апелира до сопствениците на домашни миленици – кучиња за исполнување на законската обврска за идентификација на миленикот со микрочип и негова регистрација во модулот за домашни миленици на Информативниот систем на Агенцијата за храна и ветеринарство, за што се издава и пасош за домашен миленик. Апликацијата на микрочипот е еднократна, односно, миленикот чипот го носи до крајот на животот. ...
Огромен број на македонски граѓани живеат во сиромаштија и одвај врзуваат месец со месец додека вие како Влада велите дека нема пари за зголемување на минималната плата а уште следниот ден говорите за тоа дека мора да купите нов луксузен државен авион, изјави членот на Извршниот одбор на СДСМ, Андреј Жерновски на вчерашната дебата во „Само вистина“ на Канал 5 Телевизија. „Ние имаме дупка во буџетот, Премиерот вели арогантно: „Буџетот е во ...
Некој во оваа држава се плаши да лета. Не од турбуленции, не од облаци, туку од економска реалност. И тамам кога граѓаните мислат дека најголемата опасност е инфлацијата, премиерот ни соопштува дека ќе мора да се молиме да остане жив ако не купиме нов државен авион. Како да сме во воена хроника, а не во буџетска расправа. И тука почнува театарот. Наместо суви факти и ладни бројки, добивме драма. Наместо анализа на трошоци и корист, добивме ...
Утрово преку соопштение, ВМРО-ДПМНЕ информира дека СДСМ и ДУИ во 2024 година предложиле пакет законски измени со кои суштински ќе се менуваше методологијата за пресметка на платите. Според партијата на власт, со тие измени се предвидуваше минималната плата да се изземе од формулата за пресметка на платите на административните службеници иако таа беше дел од колективниот договор потпишан меѓу ССМ и тогашната влада. -Тоа ќе значеше дека идните ...
И во Македонија, како во Германија, има работодавачи кои не ја исплаќаат законски утврдената минимална плата. Ова го покажуваат податоците од Сојузот на синдикати на Македонија, според кои во изминатата 2025 година преку апликацијата ССМ – Мои работнички права, но и телефонски разговори се пријавени околу 40 пријави за неисплатени плати, надоместоци, додатоци на плати, истите се однесуваат на околу 440 работници. Ова отвора многу прашања за ...
Амбиенталниот воздух што го дишеме во градот Скопје е загаден со години наназад, но Цементарница Титан – УСЈЕ не е единствениот објект кој негативно влијае на него, јас и сите претставници во Советот на Град Скопје сме согласни дека УСЈЕ и сета останата загадувачка индустрија треба да се дислоцира надвор од градот, но станува збор за приватни парцели и за нивна дислокација потреба е дозвола од сопственикот, изјави во вчерашната емисија „Топ ...
СДСМ денеска преку соопштение повторно се осврна на прашањето за евентуална набавка на нов владин авион, иако премиерот Христијан Мицкоски вчера информира дека Владата се откажува од купувањето на воздухоплов. „Мицкоски вчера јавно изјави дека кога лета со владиниот авион, наводно се плаши за својот живот и дека „се моли на Бога да останат живи“ кога лета. Ако тоа е вистина, тогаш се поставува суштинско прашање: Како можел тогаш во таков ...
„Додека градот мирува, машините не запираат“, порача синоќа градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, кој заедно со работниците беше на реконструкцијата на улицата „Перо Наков“. – Вечерва интензивно се работи на улицата „Перо Наков“ во општина Гази Баба – со три гребалки истовремено на терен, придружени од повеќе од 30 камиони и неколку багери. Значајната сообраќајна артерија „Перо Наков“, на потегот од булеварот „Киро Глигоров“ до улицата ...
На 17.02.2026 во 09:45 часот во ОВР Неготино, 18-годишник од демиркаписко, пријавил дека во октомври или ноември 2025, едно машко лице во Неготино му ја земало и фотографирало неговата лична карта со изговор дека е потребно во постапка за делење на пакети за црквата за што би добил паричен надомест, но до пријавување на настанот не бил повикан да дели пакети ниту добил пари и се сомнева дека личната карта му била злоупотребена за подигнување ...
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски порача дека Македонија останува посветена на имплементацијата на проектот за изградба на Коридорот 8, нагласувајќи дека тој не е само линија на мапата, туку стратешка врска помеѓу Јадранското и Црното Море. „Во денешниот свет, поврзаноста не е слоган – тоа е форма на моќ“, напиша Муцунски на Фејсбук, по министерскиот состанок „Коридорот 8 во стратешкиот момент на Европа: ...
Извршниот директор на „Мета“, Марк Закерберг, денес ќе биде испрашуван пред американски суд за прв пат за влијанието на платформата Инстаграм врз менталното здравје на младите корисници. Ројтерс објави дека сослушувањето е дел од големото судење за зависноста на младите од социјалните медиуми. Милијардерот основач на „Фејсбук“ претходно сведочеше на оваа тема пред Конгресот. „Мета“ би можела да мора да плати отштета ако го изгуби случајот, а ...
Иднината на шпанскиот бренд останува неизвесна и во еден вид магла. Volkswagen, кој долго време се бори на неколку фронтови, одбива да одобри нови инвестиции за шпанскиот бренд додека не се разјасни регулаторната рамка поврзана со стандардот Euro 7. Ова го потврди Карлос Галиндо, директор за маркетинг и развој на производи за Seat и Cupra, во изјава за холандскиот Autointernationaal. „Не можеме да одобриме никакви значајни инвестиции за Seat ...
Поранешниот врховен командант на вооружените сили на Украина, Валериј Залужни, смета дека контраофанзивата во 2023 година не успеала поради постапките на украинскиот претседател Володимир Зеленски и други функционери. Во интервју за Асошиејтед Прес, саканиот украински генерал, како што го нарекуваат многу медиуми, изјави дека планот развиен со партнерите од НАТО не успеал затоа што „Зеленски и другите функционери не ги обезбедиле потребните ...
Кривичниот суд определи краткотраен притвор од 48 часа за двајца осомничени за случајот со 5-те тони марихуана запленета во Србија. Како што велат од Обвинителството, од преземените дејствија и докази постојат основи на сомневање дека лицата се инволвирани во случајот, а барањето за притвор е со цел да се обезбеди нивно присуство, додека јавниот обвинител ги презема неопходните процесни дејствија и додека се донесе одлука за натамошно ...
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека Европа повеќе не може да ја игнорира клучната улога на Турција во континенталната безбедност, нагласувајќи дека „идеолошките бариери“ мора да се отстранат за да се создаде реална и одржлива одбранбена рамка. Зборувајќи со новинарите во авионот по враќањето од Етиопија, Ердоган одговори на прашања за активната улога на Турција во мисиите и вежбите на НАТО. Посебен фокус беше ставен на ...
Уставниот суд на Македонија денеска доби нов член. Со 63 гласа „за“, пратениците го избраа Гоце Наумовски за нов уставен судија. „Против“ гласаа седум пратеници, а немаше воздржани. Веднаш по гласањето, Наумовски пред законодавниот дом даде свечена изјава со која се обврза дека највисокиот правен акт во државата – Уставот, ќе го штити совесно и одговорно. Наумовски досега беше и актуелен надворешен советник за правни работи на премиерот ...
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска во кругот на министерството присуствуваше на предавање на опрема обезбедена во соработка со Американската амбасада во Македонија и програмата АТА. Се работи за донација за опрема за потребите на Единицата за откривање и демонтирање на експлозивни средства и направи во Секторот за борба против тероризам, насилен екстремизам и радикализам при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен ...
Кривичен суд Скопје со соопштение денеска информираше дека утрешното судско рочиште за предметот со пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани се одложува. Причината е влошената здравствена состојба на обвинетиот Гроздан Милковски, сопственик на објектот, кој во моментов се наоѓа на болничко лекување во Општа болница Кочани. Како што информираат од Судот, претседателот на судечкиот совет во текот на денешниот ден остварил телефонска комуникација ...
Бизнис-клубот „Европа“, како советодавно тело на Стопанската комора на Македонија, во Виница го организираше форумот „Европската перспектива на македонскиот бизнис“. На панелот насловен „Единствениот пазар на ЕУ: колку е подготвена македонската економија?“ учествуваше и генералниот директор и претседател на Управниот одбор на „Алкалоид“, Живко Мукаетов. Посочувајќи ја фармацијата како една од најрегулираните индустрии во светот, во која ...
Владата се откажа од набавка на нов авион на што се одлучи оти стариот е дотрајан и претставува голем трошок за одржување. Премиерот Христијан Мицкоски денес кажа дека ќе се повлечат од набавката. Веднаш стигна реакција од СДСМ од каде велат дека „многу тажната приказна на премиерот ја доведе до солзи половина Македонија“. „Авион морало да се купи за да служи во хуманитарни цели. Очигледно за него лично патувањето на море со авион е „хумано“? ...
Германија го зајакнува своето надворешно разузнавање со нови широки овластувања додека се подготвува за евентуално одвојување од САД, објави „Политико“. Овој потег доаѓа во услови на растечка загриженост меѓу германските и другите европски лидери дека претседателот Доналд Трамп би можел да го прекине споделувањето разузнавачки информации од САД, на кои Европа во голема мера се потпира – или да ја искористи таа зависност како лост. Исто како ...
Граѓанската иницијатива „Зелен хуман град“ реагира дека со месеци се зголемуваат објавите и сведоштвата за исфрлање кучиња од други градови на територијата на Скопје, што, според нив, создава дополнителен притисок и тензии околу проблемот со бездомните животни. Во објава на социјалните мрежи, од иницијативата наведуваат дека паралелно со ваквите случаи се зголемуваат и немилите снимки од несакани интеракции меѓу луѓе и животни, што, како што ...
Во текот на вчерашниот ден Советот на јавните обвинители ја одржа својата 38. седница на која на Владата и предложи четири имиња за избор на нов јавен обвинител на Република Македонија, обвинителките Ленче Ристоска, Лидија Раичевиќ и Анита Тополова – Исајловска како и судијата Ненад Савески, додека пак негативно мислење од Советот доби поранешниот судија Владимир Панчевски. Во врска со процедурата за избор на нов државен обвинител, „Локално“ ...
Потпретседателката на СДСМ и пратеничка, Јованка Тренчевска информира дека Законот за минимална плата поднесен од пратеничката група на СДСМ и коалцијата се најде на дневен ред на Собранието. Според неа, овој закон е реален одговор на барањата на синдикатите и работниците, за 600 евра минимална плата. -Сведоци сме дека за достинствен живот работниците се приморани да протестираат на улиците. Поради тоа што нивната мака е тешкото секојдневие, ...
Синоќа на Политехничкиот факултет на Аристотеловиот универзитет во Солун беше спроведена полициска операција, во која беа приведени вкупно 38 лица, објави грчката државна телевизија ЕРТ. Операцијата се одржа по полноќ во и околу факултетот, а нејзината цел беше да се следи спроведувањето на наредбата на ректорот, со која се забрануваат настани од неакадемска и научна природа на универзитетот по 22 часот локално време. Наредбата беше ...
Делегација на српски земјоделци одржа разговори со министерот за земјоделство на земјата, Драган Гламочиќ, но разговорите завршија без резултати, објави регионалниот телевизиски канал N1. Земјоделците протестираат со денови, блокирајќи патишта и истурајќи млеко за да го привлечат вниманието кон проблемите во секторот. По вчерашната средба со министерот, тие ја објавија својата намера да ги прошират блокадите на други патишта во Србија. ...