Скопје
20ᴼ /
20ᴼ
Заменик – градоначалникот на Општина Карпош, Неделчо Крстевски, присуствуваше на работилницата посветена на обука и имплементација на планови за одржлива урбана мобилност, која се одржа денеска во просториите на Заедницата на единиците на локална самоуправа на РСМ (ЗЕЛС). На денешната средба присуствуваа и градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, министерот за транспорт, Александар Николоски, директорката на Светска Банка за ...
На 06.06.2026 (сабота) поради одржување на ревијална трка со почеток во 17:00 до 18:00 часот од страна на Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе бидат преземени мерки за посебен режим на сообраќај за безбедно и непречено одвивање на сообраќајот. -Имено трката почнува со старт од Порта Македонија, потоа десно долж улицата „Димитрие Чупоски“, десно по улицата „Васил Главинов“, право по булевар „ВМРО“, лево по булевар ...
Премиерот Христијан Мицкоски денеска пред почетоткот на работниот дел на самитот Европска Унија – Западен Балкан во Тиват, изјави дека на средбата со германскиот канцелар Фридрих Мерц разговарале и за нон пејперот на Германија и Франција во кој се предлага постепена интеграција на Западен Балкан во ЕУ пред полноправното членство. – Имавме билатерална средба со канцеларот Мерц, разговаравме и на таа тема. Имаме ние свој инпут во сето тоа и ...
Обдукцијата спроведена на данскиот остров Анхолт покажа дека угинатиот грбав кит, кој во јавноста беше познат како Тими, всушност бил женка. Испитувањето на телото сè уште е во тек, а причината за смртта на животното засега останува нејасна, соопштија денеска данските власти. Тимот експерти кој ја изврши обдукцијата открил грло на матка кај китот, пренесе телевизијата „Њуз5“ (News5), која во живо го пренесуваше процесот. Експертите, чија ...
Пејачката Анѓела Игњатовиќ, попозната како Бресквица, денес е една од најпопуларните млади музички ѕвезди во регионот, но пред да влезе во светот на шоу-бизнисот, таа заработувала пари на сосема поинаков начин. Таа ја започна својата кариера во 2019 година, првично снимајќи песни со нејзиното тогашно момче Михајло Веруовиќ Војаж (Voyage). По раскинувањето, таа продолжи сама и денес зад себе има два албума и бројни хитови. Бресквица откри дека ...
На 04.06.2026 во 14:00 часот во СВР Скопје, од Итна медицинска помош е пријавено дека во домот на подрачјето на општина Аеродром бил пронајден повреден со нож Д.Б.(46) од Скопје, по што бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. -Полициски службеници од СВР Скопје излегле на местото и според првичните сознанија и неговата изјава, тој сам се повредил при пад во кујната додека работел, информира МВР. Известен е јавен обвинител и се ...
Бабите и дедовците играат голема улога во животот на нивните внуци, многу поголема од самото чување деца. Блискиот однос на децата со бабите и дедовците има големо влијание врз емоционалниот развој на децата и остава позитивни ефекти врз нив додека растат. Кога стануваме родители, понекогаш нè мачи кога бабите и дедовците сакаат да учествуваат во секоја одлука што се однесува на нивните внуци. Сепак, нивната улога е многу поголема од ...
Актерката Шерон Стоун откри дека знаела дека нејзиниот брак е завршен во моментот кога нејзиниот сопруг ја нарекол нејзината одлука да направи двојна мастектомија „смешна“. Актерката, која сега има 68 години, беше во брак со познатиот истражувачки новинар Фил Бронштајн од 1998 до 2004 година. Таа се присети како на почетокот на 2000-тите, кога имала здравствени проблеми, сфатила дека нивната врска повеќе нема иднина бидејќи немала негова ...
На 04.06.2026 во 11:15 часот во ОВР Кичево е пријавено дека на ул.„Рудничка“ во Кичево, електричен тротинет, управуван од 13-годишен малолетник од Кичево, удрил во паркирано патничко возило „опел астра“ со кичевски регистарски ознаки, паркирано од Г.Д.(47) од Кичево. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Медицински центар Кичево. Извршен е увид од увидна екипа на ОВР Кичево. На 04.06.2026 во 11:15 ...
ИКТ-индустријата во Македонија и во 2025 година продолжи со стабилен раст, потврдувајќи ја својата улога како еден од најважните двигатели на домашната економија, извозот и отворањето високоплатени работни места. Ова го покажува компаративната анализа на параметрите во ИКТ-индустријата во Македонија за 2024 и 2025 година, подготвена од Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ. Податоците во анализата се добиени од ...
Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) со соопштение се огласи во врска со реакцијата на ФК Шкендија. Соопштението на ФФМ го пренесуваме во целост. Со жалење констатираме дека ФК Шкендија наместо да преземе одговорност за инцидентите што се случија на финалниот натпревар од Купот на Македонија, повторно сме сведоци на обид вниманието да се пренасочи кон ФФМ и нејзините одлуки. Никакви уцени, притисоци или закани нема да ја поколебаат ...
Црна Гора останува цврсто посветена на целта до 2028 година да стане членка на Европската Унија, а одржувањето на Самитот ЕУ – Западен Балкан во Тиват претставува потврда за меѓународниот кредибилитет на земјата и за нејзиниот напредок на европскиот пат. Ова беше истакнато по средбата меѓу црногорскиот претседател Јаков Милатовиќ и претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта. Милатовиќ оцени дека организацијата на самитот во Тиват е ...
Општина Илинден продолжува со реализација на инфраструктурни проекти насочени кон подобрување на локалната патна мрежа. Во рамки на активностите, денес беше започнато асфалтирање на улицата „111“ во месноста Јака, во населеното место Марино. Станува збор за улица со вкупна должина од 550 метри и широчина на коловозот од 6 метри, со изградба на тротоар со широчина од 1,5 метри и отворен одводен канал долж целата улица за прифаќање и одведување ...
Денес се навршуваат 25 години од смртта на нашите херои Влатко Миленковски, Благојче Силјановски и Пеце Матичевски, воени резервисти, припадници на баталјонот на Воената полиција од Битолскиот корпус во конфликтот од 2001 година. Пред споменикот на загинатите бранители „Ангел“ кај Саат кулата и споменикот кај поранешната касарна „Стив Наумов“, им беше оддадена почит на прерано загинатите бранители. Свежо цвеќе во име на градоначалникот на ...
Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, денеска обвини дека поткупот од 2.000 евра бил само првата од неколкуте исплати што требало да ги добие поранешниот директор на Царинската управа, Стефан Богоев, во врска со тендер за одржување на хигиена на граничните премини и терминали, вреден 18 милиони денари. На прес-конференција, Петрушевски рече дека, според информации добиени од свиркачи, Богоев наводно го договарал поткупот во директна ...
Гувернерот на Народната банка д-р Трајко Славески, во рамките на Годишното собрание на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), коешто се одржува во Рига, оствари работна средба со директорот на ЕБОР за Југоисточна Европа, Гжегож Желињски. На средбата присуствуваше и Фатих Туркменоглу, постојан претставник на ЕБОР во нашата земја. Во текот на разговорите беше истакната досегашната соработка меѓу Народната банка и ЕБОР преку поддршката на ...
Заменик-министерот за енергетика, рударство и минерални суровини Мирослав Лабудовиќ учествуваше на Енергетскиот форум на Енергетската заедница во Атина, каде што беше дел од панел-дискусиите посветени на интеграцијата на пазарите на електрична енергија и продлабочувањето на енергетската соработка со Европската Унија. Во своето обраќање, Лабудовиќ го презентираше напредокот што Македонија го постигнува во усогласувањето на националното ...
Директорка на СБ за Косово и Македонија Карол Межеван напомена дека урбаната мобилност е исклучително важна. -Македонија станува сè поурбанизирана држава. Околу 60 проценти од населението живее во градовите, а таму се концентрирани и сè поголем дел од економските активности. Затоа урбаната мобилност претставува сериозен предизвик. Ова не е само прашање на транспорт. Станува збор за тоа како луѓето се движат, како стигнуваат до работните ...
Градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски, нагласувајќи дека изминатите две години како локални самоуправи имаат силна поддршка од Владата, но и од СБ, истакна дека проектите се од различен карактер, инфраструктурни, како и проекти кои директно влијаат врз квалитетот на животот. -Една од најзначајните инвестиции во последните десетина можеби и 15 години е набавката на механизација за комунална хигиена за Град Скопје, како и за останатите ...
Претседателот на Европскиот Совет, Антонио Кошта неделава од Македонија испрати јасна порака дека Македонија има опиплив напредок во делот на исполнување на Реформската Агенда, а дополнително тоа се потврди и со добивањето на 65,7 милиони евра од Планот за раст, што е за 50% повеќе од фронтранерите Црна Гора и Албанија, истакна денеска Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ. Македонија за првпат е избрана за членка на Економскиот и ...
Денес се навршуваат 25 години од смртта на нашите херои Влатко Миленковски, Благојче Силјановски и Пеце Матичевски, воени резервисти, припадници на баталјонот на Воената полиција од Битолскиот корпус во конфликтот од 2001 година. Пред споменикот на загинатите бранители „Ангел“ кај Саат кулата и споменикот кај поранешната касарна „Стив Наумов“, им беше оддадена почит на прерано загинатите бранители. Свежо цвеќе во име на градоначалникот на ...
Со доаѓањето на летните месеци, многу парови исцрпени од секојдневниот живот го очекуваат годишниот одморт како можност да избегаат од рутината, да ја обноват блискоста, а понекогаш и како последен обид да го спасат својот брак. Сепак, наместо да донесе олеснување, комбинацијата од високи очекувања, променети дневни рутини и постојано заедништво честопати се претвора во причина за криза. Експертите истакнуваат дека одморите сами по себе не ги ...
Премиерот Христијан Мицкоски објави дека остварил пријателска и срдечна средба со францускиот претседател Емануел Макрон. -Разговаравме за регионот, за прашањата важни за иднината на нашите граѓани и за европските перспективи, теми на кои долго време работиме. Франција е една од највлијателните држави во Европа, па затоа е важно да се разговара отворено, директно и со јасно изразени очекувања. Нашата цел е да градиме пријателства, да отвораме ...
Во периодот од јуни 2024 до јуни 2026 година беа потпишани договори во вредност од 25,3 милиони евра за реконструкција на локални патишта во општините, изјави денеска вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски на заедничката прес-конференција со градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски и директорката на Светска банка за Македонија и Косово, Карол Межеван, пред почетокот на Работилницата посветена на изработка на Планови за ...
Заменик министерката за животна средина и просторно планирање, Ане Лашкоска, заедно со амбасадорот на Швајцарската Конфедерација во земјава, Н.Е. Кристоф Зомер, денеска се обратија на официјалното започнување на проектот „Отпорни и ефикасни комунални претпријатија во МК“. На настанот присуствуваа претставници на општините и јавните комунални претпријатија – корисници на проектот, државни институции, меѓународни организации, донатори и ...
За време на предсезонските анализите на водата на локалитетите Вајнорско Езеро и Нове Кошариска во Словачка, експертите забележаа присуство на таканаречени „црни точки“. Посетителите на неколку базени околу Братислава во последните денови забележале мали темни точки на површината на водата, што предизвика загриженост кај граѓаните, пренесува tnlive.sk. Регионалниот институт за јавно здравје во Словачка вели дека нема причина за загриженост ...
Музичарот Енрике Иглесијас (51) објави видео на социјалните мрежи кое нема да ја израдува неговата сопруга Ана Курникова (44)… Имено, иако видеото наводно е снимено уште во 2022 година, популарниот музичар го објави повторно од непозната причина. Dört çocuk babası ünlü şarkıcı Enrique Iglesias, bir konseri sırasında sahneye çıkan kadın hayranıyla yaşadığı sürpriz anları sosyal medya hesabından paylaştı. Sahneye atlayan hayranının öpmesiyle ...
Иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи изјави дека Иран и Оман заеднички ќе управуваат со Ормуската Теснина во согласност со меѓународното право, јави Анадолија. Во изјава што ја пренесе иранскиот државен радиодифузен сервис ИРИБ, повикувајќи се на либанската телевизија „Ал Мајадин“, Арагчи рече дека Иран и Оман, како двете држави што граничат со овој стратешки поморски премин, имаат „природно право“ да ги координираат и носат ...
Управата за хидрометеоролошки работи најавува променливо облачно и топло време. Во попладневните часови се очекува локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. – Заради поголема енергија во атмосферата ќе има услови за појава на краткотрајно невреме, велат од УХМР. Утринските и дневните температури ќе бидат високи. Дневните ќе достигнат до 35 степени во четврток. Управата за хидрометеоролошки работи најавува променливо ...
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова го оцени изборот на Македонија за членка на Економскиот и социјален совет на Обединетите нации (ЕКОСОК) како значаен дипломатски успех и потврда за довербата што меѓународната заедница ја има во државата. – Овој успех е резултат на повеќеслојна, принципиелна и активна надворешна политика што се води со доследност, решителност и визија. Особено ме радува што нашите долгогодишни дипломатски напори и ...