Фудбалскиот клуб Шкендија од Тетово вечерва излезе со реакција по повод вчерашната одлука на ФФМ да се казни тетовскиот клуб со исфрлање од Купот за наредната сезона и висока парична казна. -По последната одлука на Фудбалска федерација на Македонија кон Шкендија, спонзорот на клубот бара оваа, како што ја оценува, скандалозна одлука итно да биде преиспитана и коригирана. Шкендија е еден од ретките клубови што функционира со сериозност, ...

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски вечерва предложи директна средба со рускиот претседател Владимир Путин за завршување на војната, соопшти кабинетот на Зеленски. Тој потенцира дека Киев не сака „трајна војна“ и предложи директните преговори да се одржат во трета земја, наведувајќи ги Швајцарија, Турција или арапските земји како можни домаќини. Додека Европа и САД да учествуваат во процесот како гаранти на безбедноста. – Доста е со ...

На 03.06.2026 во 15:00 часот во СВР Скопје, М.К.(49) од Скопје пријави дека на 27.05.2026 околу 13:40 часот на нејзиното работно место во здравствена установа на подрачјето на Центар, во канцеларијата влегла нејзината колешка Н.С., која воедно била и нејзина претпоставена и агресивно се однесувала и ѝ упатила закани. Според пријавеното, Н.С. во тој момент упатила закани и навреди и кон вработената А.А., која што била истуркана од ...

Скопската зоолошка градина има нови најслатки жители. -Кај нашите бели волци пристигна подмладок, две мали волчиња кои веќе ја освојуваат љубопитноста на целиот тим. Сè уште се нежни и најсигурни покрај својата мајка, која внимателно ги чува и се грижи за нив. Нашите мали волчиња најчесто се кријат во дупки и засолништа токму како што тоа природно го прават и во дивината, каде што првите денови ги поминуваат скриени и заштитени, велат од ЗОО ...

Претседателот на Русија, Владимир Путин денеска изјави дека американскиот претседател Доналд Трамп побарал Москва да направи некои компромиси во однос на Украина, додавајќи дека Москва е подготвена да го направи тоа доколку Киев го стори истото. Тој на средбата со уредниците на светските агенции во Санкт Петербург истакна дека Русија располага со сите неопходни ресурси за да ги постигне воените цели и оти армијата ќе продолжи да напредува во ...

На 03.06.2026 во 13:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека во с.Визбегово, во Прифатен центар за баратели на азил, по претходна расправија, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Џ.Б.(27) и А.С.(26), двајцата од Турција. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. На 03.06.2026 во 13:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека во с.Визбегово, во Прифатен центар за баратели на азил, по претходна ...

Дијалогот останува најсилната алатка за постигнување одржливи и избалансирани решенија на пазарот на трудот, порача министерот за економија и труд Бесар Дурмиши во обраќањето на 114. сесија на Меѓународната конференција на трудот во Женева. Во своето излагање, како што соопштија од Кабинетот на министерот, Дурмиши истакна дека Владата е цврсто посветена на реформите на пазарот на трудот, модернизацијата на трудовото законодавство и ...

Денес на седницата на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците успешно ги поминавме во прво читање два исклучително важни закони – Законот за високите раководители во јавната администрација и Законот за соодветна и правична застапеност, вели Љупчо Пренџов. -Дополнително, Комисијата донесе одлука за организирање јавна расправа по Предлог-законот за соодветна и правична застапеност, со што овозможуваме широк и инклузивен процес ...

Првпат од осамостојувањето сме избрани во едно од водечките тела на Обединетите нации (ОН). Огромен успех за државата и македонската дипломатија. Избрани сме со 174 гласа, објави премиерот Христијан Мицкоски во врска со изборот на Македонија за членка во на Економскиот и социјалниот совет на ОН – ЕКОСОК, за периодот 2027–2029 година. -Во Обединетите нации во Њујорк, нашата држава беше избрана за членка на Економскиот и социјалниот совет на ОН ...

Бране Петрушевски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, беше гостин во Дневникот на Алсат телевизија, каде истакна дека Собранието не треба да ја ограничува дебатата околу Законот за правична застапеност. Тој порача дека потребно е нешто ново, а не истата алатка од претходно, нешто кое што како што вели тој, ќе биде модерно и ќе го рефлектира она кон што Македонија се стреми, да биде европска држава, а истовремено ќе го исполнува уставното начело на ...

Пратениците во словенечкиот парламент денеска ја изгласаа новата, 16-та Влада на Словенија и Јанез Јанша за нов премиер. „За“ гласаа 49 пратеници од десничарската Словенечка демократска партија, како и коалициските партнери од Нова Словенија, Словенечка народна партија, Фокус, Демократи, како и пратеници од Движењето Ресница, кое ќе ја поддржи малцинската владата . Словенечка народна партија во новата влада има седум министри, Демократите ...

Република Македонија денеска беше избрана за членка на Економскиот и социјалниот совет на Обединетите нации (ЕКОСОК) за мандатниот период 2027–2029 година. На гласањето што се одржа во седиштето на Обединетите нации во Њујорк, кандидатурата на Република Македонија доби поддршка од 174 држави членки. Станува збор за историски успех на македонската дипломатија, бидејќи за првпат од независноста државата ќе биде членка на едно од главните тела ...

Украинското обвинителство и претседателот Володимир Зеленски денеска соопштија дека од почетокот на руската инвазија во февруари 2022 година убиени се 707 деца, а повредени се 2.548. -Секоја смрт, е дете чија иднина е украдена, објави Зеленски на Телеграм и ја повика Русија да „сноси одговорност за овие злосторства“. Обвинителството, исто така, на Телеграм наведе дека се поведени повеќе од 6.000 кривични постапки за злосторства против деца. ...

Со девет гласови „за“, членовите на собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците денеска изгласаа дека Предлог на законот за соодветна и правична застапеност е прифатлив и проследен на понатамошно читање во Собранието. Членовите на Комисијата, исто така, попладнево дадоа поддршка за одржување на јавна расправа по овој Предлог на закон. Пратениците од албанската опозиција на расправата упатија критика дека во ...

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова оствари средба со Вељко Кајтази, претставник на 12 национални малцинства во Хрватскиот сабор и делегација на Сојузот на Ромите од Хрватска „Кали Сара“, предводена од претседателката Сузана Крчмар. Во фокусот на средбата беше положбата на Ромите, потребата од унапредување на нивните права и можностите за споделување добри практики. Сиљановска-Давкова посочи дека Ромите се важен дел од македонското ...

Лидерот на Хезболах, Наим Касем денеска изјави дека постигнатиот договор за прекин на огнот помеѓу владата на Либан и Израел е „имагинарно примирје“. Според него, со договорот се бара повлекување на Хезболах од јужен Либан, а воедно му се дозволува на Израел да „продолжи со својата агресија“. Тој посочи дека примирјето е „предавање, пораз и постигнување на непријателските цели“. Касем ја повика владата на Либан да ги прекине директните ...

Значајна потврда за реформскиот курс на државата и за работата на Министерството за правда дојде од претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, кој ги поздрави континуираните напори и постигнатиот напредок во спроведувањето на реформската агенда. -Особено сме горди што Европската Унија го препозна усвојувањето на Патоказите за владеење на правото и реформата на јавната администрација како конкретен и опиплив резултат на нашата ...

Утре 05.06.2026 година (петок) претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски ќе присуствува на Самитот Европска Унија- Западен Балкан кој ќе се одржи во Тиват, Република Црна Гора. Самитот ќе се одржи во хотелот „Regent Porto Montenegro”, каде што лидерите ќе разговараат за актуелни прашања поврзани со европската интеграција на земјите од регионот и соработката со Европската Унија. По завршувањето на Самитот, на ...

Германскиот канцелар Фридрих Мерц и францускиот претседател Емануел Макрон планираат на Самитот ЕУ – Западен Балкан и Молдавија да презентираат нова иницијатива со која ќе се забрза интеграцијата на земјите кандидатки од Западен Балкан во ЕУ. Во заеднички документ (position paper), владата на Берлин и на Париз се залагаат за први чекори во интеграцијата и пред полноправно членство, со цел да се забрза процесот на интеграција. Според ...

На 03.06.2026 во 23:04 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Шуто Оризари бил нарушен јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка во која што учествувале повеќе лица. Притоа, со тешки телесни повреди се здобиле Е.Ј.(35) и М.Ј.(37), по што се пренесени во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош. Во врска со настанот, полициски службеници ги лишиле од слобода С.Џ.(53), М.С.(27), Џ.Џ.(28), А.К.(44), ...

Руската 19-годишна тенисерка Мира Андреева се пласираше во финалето на Ролан Гарос, откако попладнево во доминантен стил ја совлада Украинката Марта Костјук со 6-1, 6-3 во првото полуфинале на грен слем турнирот во Париз. Иако се очекуваше неизвесен дуел меѓу осмата носителка Андреева и 15-та носителка Костјук, руската тенисерка многу лесно обезбеди пласман во финалето, за само еден час и 15 минути. Во финалето, Андреева ќе игра против ...

Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) изрази длабока загриженост поради нападот во близина на нуклеарната централа Запорожје, предупредувајќи дека тој може да ја загрози единствената преостаната далекуводна линија што во моментов го снабдува со електрична енергија овој енергетски објект, кој е под руска окупација, пренесе Укринформ, повикувајќи се на објавата на МААЕ на социјалната мрежа Икс. „Нуклеарната централа Запорожје ја ...

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе кривична пријава против У.А.(26), Е.Џ.(25) и М.Г.(21), сите од с.Црник, општина Пехчево, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“. На 06.05.2026 на место викано „Турски гробишта“, пријавените со земјоделска машина-трактор се обиделе да прегазат двајца вработени во Шумско подрачно стопанство „Равна река“, кои ги затекнале ...

Државната комисија за спречување на корупцијата соопшти дека денеска на колегиум, постапувајќи согласно своите надлежности утврдени со Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси, по сопствена иницијатива отвори предмет во врска со наодите содржани во ревизорскиот извештај на Државниот завод за ревизија, а кои се однесуваат на Институтот за јавно здравје. Како што се посочува во соопштението на ДКСК, предметот е отворен поради ...

Непријатно е да се слуша СДС и нивните првенци како се препелкаат зборувајќи за економија, инфлација, скапотија. Делува како да не сакаат Македонија да се движи на подобро, економијата да се стабилизира и постепено да заживува, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ. -Излегуваат на прес-конференција каде јавно признаат дека им смета растот на БДП од 3,1%, кој впрочем е раст од 3 или над 3% седми квартал по ред, односно од заминувањето на СДС во длабока ...

Голманот на македонската фудбалска репрезентација Столе Димитриевски ќе остане во редовите на Валенсија до јуни 2028 година, откако шпанскиот прволигаш објави попладнево дека ја искористил опцијата за продолжување на соработката за уште две сезони. Димитриевски дојде во Валенсија во 2024 година и откако подолг период беше резервен голман, на средина од изминатата сезона се избори за место во почетниот состав, одигрувајќи 33 натпревари во Ла ...

Најмалку четири лица загинаа при пад на мал авион во близина на градот Медулин, во јужниот дел на хрватскиот полуостров Истра, јави Хина, повикувајќи се на локалната полиција. Според локалните медиуми, четири лица го загубиле животот, додека по уште две лица сѐ уште се трага. Според првичните информации, полицијата околу 11:20 часот по локално време добила пријава дека мал авион се урнал меѓу населените места Каштијун и Медулин. На местото ...

Општина Кисела Вода континуирано вложува во создавање на современи услови во училиштата, преку редовни инфраструктурни подобрувања и модернизација на објектите. Изминативе неколку месеци се работеше на повеќе градежни зафати, реконструкции и набавка на опрема, со единствена цел да се унапреди квалитетот на наставата за секој ученик, пишува во денешното соопштение на локалната самоуправа. – Имено, во ООУ „Партенија Зографски“ се реализираше ...

Денеска во Собранието се одржа јавна расправа за утврдување на предлог-листа од пријавените кандидати по Одлуката за објавување јавен оглас за избор на член на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација. На јавниот оглас беа пријавени вкупно 11 кандидати, од кои осум ги исполнија условите утврдени со огласот. Кандидати кои го поминаа првичниот процес на селекција беа: Миле Стојановски, Јасна Оровчанец-Арангеловиќ, Исмаил Синани, ...

Првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, учествуваше на 68-та седница на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците во Собранието на Република Северна Македонија, на која во прво читање беше разгледан Предлог-законот за правична и соодветна застапеност. Во текот на дискусијата беше истакнато дека начелото на правична и соодветна застапеност е уставна вредност која произлегува од Охридскиот ...

weather icon

Скопје

25ᴼ / 25ᴼ
1.18
43%
1016
weather icon

Белград

27ᴼ / 25ᴼ
3.13
54%
1013
weather icon

Загреб

25ᴼ / 25ᴼ
1.87
66%
1012
weather icon

Софија

21ᴼ / 21ᴼ
2.93
44%
1016
weather icon

Сараево

27ᴼ / 27ᴼ
3.66
43%
1014
weather icon

Љубљана

27ᴼ / 25ᴼ
0.89
56%
1012
weather icon

Атина

28ᴼ / 25ᴼ
3.13
43%
1015
weather icon

Тирана

27ᴼ / 27ᴼ
2.05
40%
1016
weather icon

Подгорица

25ᴼ / 25ᴼ
1.78
45%
1016
weather icon

Букурешт

25ᴼ / 25ᴼ
1.34
51%
1012
weather icon

Будимпешта

23ᴼ / 22ᴼ
2.68
55%
1012
weather icon

Истанбул

22ᴼ / 21ᴼ
1.45
63%
1016
Currency

61.6417

Currency

53.2519

Currency

71.4228

Currency

37.518

Currency

38.0513

Currency

66.9089

Currency

7.86455

Currency

0.73496

Currency

0.33234

Currency

0.52573

Currency

1.15189

Currency

0.55992

Алуминиум

3.54

Злато

135639.33

Иридиум

253540.09

Рутениум

48965.59

Платина

55170.68

Калај

53.60

Цинк

0.00

Кобалт

45.39

Паладиум

40767.15

Сребро

2186.28

Бакар

13.01

Родиум

257205.97