Платите на работниците во Европа драстично варираат, при што годишната нето заработка се движи од помалку од 13.000 евра до повеќе од 54.000 евра. Иако јазот помеѓу истокот и западот на континентот се намалува кога ќе се земат предвид трошоците за живот, сепак постојат значителни разлики, објавува „Еуроњуз“. Според најновите податоци на Евростат, работник со просечна плата во Луксембург добива четири пати повеќе пари на својата сметка отколку ...

Утре на 5 јуни во Прилеп со претставата „Мачкина глава“ на Драмски театар Скопје свечено се отвора 60. МТФ „Војдан Чернодрински“. Претставата ќе биде изведена во Центар за култура „Марко Цепенков“ – Прилеп во 20 часот. Јубилејниот 60. МТФ „Војдан Чернодрински“ годинава под мотото „Храбриот нов театар“, ќе отвори дијалог за кризата на човекот во општеството и кризата на општеството во човекот, повикувајќи на театар што има став, што провоцира, ...

Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, денес присуствуваше на Министерската конференција во рамки на Процесот за соработка во Југоисточна Европа (SEECP), што се одржа во Софија, Република Бугарија. Конференцијата беше посветена на зајакнување на регионалната соработка во областа на климатските политики, заштитата на животната средина и одржливиот развој. На настанот учествуваа високи претставници од земјите од ...

Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, потпиша 67 Решенија за доделување еднократна парична помош за набавка на велосипеди. И оваа година Општина Илинден ја реализира мерката за субвенционирање на велосипеди, со цел да се поттикне нивно почесто користење како еколошко и здраво превозно средство, како и да се промовираат здравите животни навики кај граѓаните. Преку оваа мерка, општината продолжува активно да придонесува за ...

Полициски службеници од ОВР Гостивар вчера околу 12:40 часот лишија од слобода 40-годишна жена од гостиварско село. -Полицијата постапи по претходна пријава од нејзиниот 52-годишен сопруг дека околу 07:30 часот, по кратка расправија во семејната куќа, физички го нападнала, при што искршила дел од покуќнината и му го оштетила мобилниот телефон, информираат од СВР Тетово. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава. ...

Препис на чудотворната икона на Пресвета Богородица Троеручица од Света Гора в сабота ќе пристигне во Штип. Протојереј Добрица Јанев во Брегалничката епархија информира дека иконата ќе биде донесена во градот од монасите од манастирот Хиландар. По литијата, иконата ќе биде поставена во црквата „Свети Димитриј“ во штипско Ново Село, каде што ќе остане на поклонение и молитва. – Голема радост ќе се случи на 6 јуни, во сабота, во нашиот град ...

Германскиот математичар и економист Јоаким Клемент верува дека има исклучително прецизна формула со која може да го пресмета победникот на претстојното Светско првенство 2026 година, иако натпреварувањето сè уште не е започнато. Неговиот аналитички модел привлече големо внимание во текот на изминатите години, бидејќи Клемент успеа да предвиди кој ќе го освои Светското првенство три пати по ред! Анализата што ја врши не се базира само на збир ...

Шпанските здравствени власти потврдија дека до крајот на 2025 година се регистрирани вкупно 111 случаи на анапластичен лимфом на големи клетки, ретка форма на рак поврзана со импланти во градите. Шпанската агенција за лекови и медицински помагала (Aemps) примила вкупно 146 сомнителни пријави откако започнала да ја следи состојбата во 2012 година, објави Euronews. Овие податоци се дел од шестиот извештај за следење на националниот протокол за ...

Милитантната група Хезболах денеска соопшти дека го отфрла договорот за прекин на огнот со Израел кој беше поддржан од Соединетите Американски Држави. Групата во соопштението наведе дека „официјално го известила либанскиот претседател Џозеф Аун за своето отфрлање на договорот, инсистирајќи дека секој прифатлив договор мора да почне со целосно повлекување на Израел од целата либанска територија“, пренесе Скај Њуз. Хезболах додаде дека ...

Ревизијата во Академијата за судии и јавни обвинители откри серија на слабости и неправилности: Се исплаќале средства за прекувремена работа, неконтролирано се точело гориво, неправилности во набавка на стоки и услуги… Државниот завод за ревизија изрази мислење без резерва за финансиските извештаи на Академијата за судии и јавни обвинители за 2024 година оценувајќи дека тие реално и објективно ја прикажуваат финансиската состојба на ...

Нa денешен ден во 2004 година, филмот „Хари Потер и Затвореникот од Азкабан“ беше објавен во американските кина. Режиран од Алфонсо Куарон, а во главните улоги се Даниел Редклиф, Руперт Гринт и Ема Вотсон, многумина сè уште го сметаат за еден од најдобрите филмови во целата франшиза. Филмот ја следи третата година на Хари во Хогвортс, за време на која тој дознава повеќе за своето минато и луѓето што ги познавале неговите родители. Во исто ...

Црната комедија „Бардо Тодор“ на 9 јуни ќе се одигра во Скопје Црната сатирична комедија „Бардо Тодор“, на 9 јуни, во 20 часот ќе се одигра воДомот на култура во Кисела Вода „Билјана Беличанец“. Претставата која на сатиричен начин носи силна порака е дело на режисерот СашоМиленковски и авторот Сашо Кокаланов, а е помогната од Центарот за истражување иинформирање за животната средина „Еко-свест“. Актерската екипа е составена од младите актери ...

Безбедната храна не е привилегија, туку основно право на секој граѓанин. Секој од нас има право да биде сигурен дека храната што ја купува и консумира е безбедна. Токму таа доверба е најголемата одговорност што ја носиме како институција, порача директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) Оливер Миланов на настанот по повод јубилејот – 15 години од постоењето на АХВ и 7 Јуни, Светскиот ден на безбедноста на храната. Како што ...

– Филипче секојдневно бара Уставни измени, дури повеќе и од Бугарите. Филипче испадна поголем Бугарин дури и од самите Бугари, вели портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ. На Филипче не му се слушаат пофалните зборови на Антонио Кошта во делот на Реформската агенда, како и добиените финансиски средства од Планот за раст, тој оди со главата во ѕид, работејќи во полза на бугарските власти и знае само за една реформа, а тоа е уставни измени. – СДС важи за ...

До крајот на оваа година не се планира издавање нова Еврообврзница. Се она што беше планирано со Буџетот за 2026 година при неговото носење за обезбедување средства најпрвин за отплата на старите долгови е веќе реалзирано и останува до крајот на годината обезбедување средства за финансирање на буџетскиот дефицит. Ова го истакна министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во интервју за ТВ Сител. „Согласно проекците на буџетот и како ...

Состојки: 12 мали млади компири 1 црвена, зелена и жолта пиперка 40-50 коцки свинско филе сол, бибер, сув зеленчук 20 печурки гранчиња рузмарин 3 лажици маслиново масло Подготовка: Измијте ги компирите и варете ги во солена вода околу 15 минути. Mесото исечете го на парчиња. Измијте ги и исчистете ги пиперките и печурките и исечете ги на парчиња . Измијте го и протресете го рузмаринот. Исцедете ги компирите и оставете ги малку да се изладат. ...

Во рамки на програма за терапија со животни која привлече внимание во Франција и пошироко, магариња им помагаат на пациенти со ментални проблеми во психијатриска болница недалеку од Париз. Лекувањето се одвива во Вил-Еврар, кој се смета за единствена институција со ваков метод во Франција. Основен дел од терапијата е пациентите да се грижат за животните, водејќи ги на прошетка.Дел од учесниците ја завршија сесијата со прегратка на ...

На 6 јуни 2026 година, во организација на Македонскиот културно-информативен центар во Истанбул, ќе се одржи солистички концерт на македонската пијанистка Горјана Стојановска. Концертот ќе биде изведен во Ерменската католичка катедрала „Сурп Левон“ во Кадиќој, со почеток во 19:30 часот. Пред истанбулската публика Стојановска ќе се претстави со програма составена од дела на Морис Равел, Јоханес Брамс, Петар Илич Чајковски и Фредерик Шопен, ...

Странски високи функционери ќе почнат да ја избегнуваат Македонија. Чуму, се прашувате? Па, за да не бидат мизерно алиби за Филипче и бандата, за да не врескаат автошовинистичките ќелепури дека поради фактот што истиот светски политичар ќе каже ВНЕСЕТЕ БУГАРИ ВО УСТАВ, власта демек за да ја засени пораката – „под хитно“ и „оком-скоком“ ќе затвори некој криминалец од СДС. Колку и да звучи глупаво, за дефокус на нешто што секој нормален ...

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков, на денешната прес-конференција упати сериозни обвинувања кон поранешниот директор на Царинската управа и поранешен потпретседател на СДСМ, Стефан Богоев, тврдејќи дека е осомничен за местење тендер вреден околу 300.000 евра. „Богоев осомничен за местење на тендер во Царина вреден 300 илјади евра, притоа примил мито во вредност од 2.000 евра за да влијае на исходот на постапката“, изјави Лефков. Според ...

Четврток ѝ носи на Вагата динамичен ден исполнет со комуникација, состаноци и бројни социјални обврски. Како знак кој природно се стреми кон хармонија и добри односи, денес ќе се најдете во ситуации кои ќе бараат трпение, дипломатија и способност да слушате различни мислења. Сепак, со сè што се случува околу вас, важно е да не ги занемарувате сопствените потреби. Многу членови на овој знак ќе бидат преплавени со пораки, повици и барања од ...

Експерти за природата и див свет за време на научна експедиција на висорамнината Лисима во Ангола, во февруари откриле повеќе од 70 досега непознати видови инсекти, соопшти организацијата за заштита на природата Вилдернес (Wilderness). Во рамки на истражувањето биле идентификувани осум нови видови вилински коњчиња, три нови видови скакулци, како и околу 60 нови видови пеперутки и молци со впечатливи и разновидни бои. Во истражувањето биле ...

Бојана Лазиќ моментално е на одмор на грчкиот брег, а по денот поминат на сонце и уживајќи во морето, ја затена шок додека спила во својата хотелска соба. Водителката споделила видео од хотелската соба на Инстаграм, на кое се гледа како мало маче се крие зад нејзиниот кревет. „Маче влезе во нашата соба додека спиевме и бевме преплашени во 4 часот наутро!“, напиша водителката додека се обидуваше да го повика мачето да дојде кај неа во видеото. ...

Анастасија Ражнатовиќ и Немања Гудељ се венчаа во 2023 година. Црковната венчавка се одржа во манастирот Раџиновац, додека граѓанската венчавка се одржа една година подоцна во семејниот дом на Ражнатовиќ. Иако претходно нагласија дека нивната врска се темели на целосна доверба, Анастасија сподели видео на социјалните мрежи кое привлече големо внимание. На него се гледа како фудбалерот држи рака на жена чиј идентитет не може јасно да се ...

Израелскиот министер за одбрана, Израел Кац, изјави дека Израел ќе ги продолжи воените операции во јужен Либан, а раселените либански жители се уште не можат да се вратат во своите домови. Неговата изјава доаѓа еден ден откако со посредство на САД беше договорен прекин на огнот меѓу Израел и Либан. Кац наведе дека израелските сили ќе останат во таканаречената „безбедносна зона“ на југот на Либан, вклучително и подрачјето околу замокот Бофор, ...

Израелските напади во Либан продолжуваат и покрај новиот обид за спроведување на кревкиот прекин на огнот во конфликтот меѓу Израел и Хезболах, јави денеска либанската државна Национална новинска агенција (ННА). Утрината се случиле најмалку два напади со дронови врз различни возила во јужниот дел на земјата, јавува ННА. Израелската војска првично не даде коментар за овие настани, пренесе ДПА. Израел и Либан во текот на ноќта повторно се ...

Иранскиот врховен водач Моџтаба Хамнеи денеска повика на национално единство и порача дека непријателите на Техеран, „откако беа поразени на бојното поле“, како што наведе тој, сега се обидуваат да предизвикаат внатрешни поделби во Иран. Хамнеи во пораката наведе дека е потребно национално единство бидејќи, како што истакна, секоја акција која создава песимизам или фрустрација во јавноста претставува „помош за непријателот“, пренесе Скај Њуз. ...

Во пресрет на самитот ЕУ-Западен Балкан закажан за петок во Тиват, Црна Гора, во земјава и натаму се анализираат пораките што во рамките на мини-турнејата завчера од Скопје ги упати првиот човек на Европскиот совет, Антонио Кошта. Имено, она што јасно и недвосмислено беше кажано на заедничката прес-конференција со македонскиот премиер Христијан Мицкоски беше тоа дека уставните измени мора да се направат доколку земјава сака и формално да ги ...

Националната единица за сузбивање на криумчарење мигранти и трговија со луѓе при Сектор за криминалистички истраги во Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал поднесе кривична пријава против Ф.А.(63), Ѓ.К.(57), И.Ш.(35), Џ.Ш.(35), сите од Скопје, како и против С.Ј.(35) од Куманово и И.А.(38) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „трговија со дете“. -Во текот на 2024 и 2025 година, Ф.А. и Ѓ.К. го ...

Четири странски земјоделски работници беа изгорени живи во автомобил во Амендолара вчера, а полицијата уапси двајца осомничени Пакистанци. Три од жртвите се авганистански државјани, а четвртиот е од Пакистан. Единствениот преживеан, Авганистанец кој избегал кршејќи прозорец, е клучен сведок во истрагата фокусирана на конфликти околу земјоделски работни места, објавија италијанските медиуми. Пожарот избувнал вчера околу 13 часот во близина на ...

weather icon

Скопје

25ᴼ / 25ᴼ
1.18
43%
1016
weather icon

Белград

27ᴼ / 25ᴼ
3.13
54%
1013
weather icon

Загреб

25ᴼ / 25ᴼ
1.87
66%
1012
weather icon

Софија

21ᴼ / 21ᴼ
2.93
44%
1016
weather icon

Сараево

27ᴼ / 27ᴼ
3.66
43%
1014
weather icon

Љубљана

27ᴼ / 25ᴼ
0.89
56%
1012
weather icon

Атина

28ᴼ / 25ᴼ
3.13
43%
1015
weather icon

Тирана

27ᴼ / 27ᴼ
2.05
40%
1016
weather icon

Подгорица

25ᴼ / 25ᴼ
1.78
45%
1016
weather icon

Букурешт

25ᴼ / 25ᴼ
1.34
51%
1012
weather icon

Будимпешта

23ᴼ / 22ᴼ
2.68
55%
1012
weather icon

Истанбул

22ᴼ / 21ᴼ
1.45
63%
1016
Currency

61.6417

Currency

53.2519

Currency

71.4228

Currency

37.518

Currency

38.0513

Currency

66.9089

Currency

7.86455

Currency

0.73496

Currency

0.33234

Currency

0.52573

Currency

1.15189

Currency

0.55992

Алуминиум

3.54

Родиум

257205.97

Злато

135639.33

Платина

55170.68

Кобалт

45.39

Калај

53.60

Рутениум

48965.59

Паладиум

40767.15

Иридиум

253540.09

Сребро

2186.28

Цинк

0.00

Бакар

13.01