Бројот на жртви како последица на непочитување на сообраќајни правила во првите пет месеци годинава е намален со примената на системот „Безбеден град“. Резултатите за првите пет месеци годинава се 17 човечки животи повеќе отколку една година претходно, изјави министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. Тошковски, во гостувањето на „Топ тема“ направи споредба првите пет месеци од 2026 со првите пет месеци во 2025 година, иако „Безбеден ...

Американскиот државен секретар Марко Рубио денеска изјави дека ниту Русија ниту Украина не се подготвени да направат отстапки во преговорите за прекин на војната, пред сè руската страна, и нагласи дека тоа е потребно за да се постигне мир. – Подготвени сме да продолжиме со каква било улога што е потребна во контекст на постигнување мир, бидејќи сметаме дека војната во Украина нема воено решение – рече Рубио во текот на вториот ден од ...

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денеска ги предупреди младите Руси дека најверојатно ќе загинат доколку учествуваат во војната во Украина. – Ви се испраќа лоша понуда. Нема да бидете обучени, опремата што ќе ви ја обезбедат е со лош квалитет и постои многу голема шанса да загинете или да бидете ранети додека сте таму. Ако бидете ранети, веројатно ќе останете во калта да страдате и да умрете – рече Руте за време на прес-конференцијата ...

На 03.06.2026 во 16:00 часот на улица „Илинденска“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Х.Д.(22) од Тетово. При преглед кај него бил пронајден и одземен еден гасен пиштол, а по извршено алкотестирање било утврдено дека е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,35 промили алкохол во крвта. Претходно, во СВР Тетово А.И.(38) од Тетово пријавил дека околу 15:30 часот на неговото работно место во ...

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска вели дека привршуваат разговорите со државните институции за ребалансот на Буџетот и дека наскоро ќе биде познато од каде ќе се крати, а каде има простор за зголемување. Во интервју за телевизија „Сител“, министерката верчерва открива дека одредени институции преку кои оди финансирањето на проектите во општините имаат побарувања за зголемување на ставката за капитални расходи. – Не сме ги ...

Американскиот претседател Доналд Трамп ќе учествува на претстојниот самит на НАТО во Анкара, изјави денеска американскиот државен секретар Марко Рубио. -Мислам дека претстојниот самит на НАТО во Турција во јули е веројатно најважниот самит во историјата на Алијансата, бидејќи има работи што мораме да ги поправиме и расчистиме. Самиот претседател Трамп ќе учествува, рече Рубио во текот на вториот ден од сведочењето пред Комитетот за надворешни ...

Не смееме да дозволиме и никогаш нема да дозволам, барем додека сум на оваа позиција, предмет со такви страшни докази во насока на докажување на одредeно кривично дело од кое ќе му се згади на македонскиот народ така да се затвори, и нема да дозволам, изјави министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, за случајот „Мазут“. Тошковски, во гостувањето на „Топ тема“, зборувајќи за случајот порача дека „секој треба да си ја сработи работата ...

„На предлог на ВМРО-ДПМНЕ беа изгласани црвени линии, односно резолуција за црвени линии, во коишто ние како Република Македонија, како држава, нема да преговараме во делот на идентитетот, јазикот, културата и историјата, која што само за некој месец СДС ја прегазија со оној договор за добрососедство со Бугарија во којшто треба да вметнеме Бугари во Уставот“, истакна Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ на гостување во емисијата „За ...

Тројца припадници на Кралската морнарица загинаа откако хеликоптер се урна во поле за време на вежба за обука. Британското Министерство за одбрана соопшти дека инцидентот се случил денеска малку пред 4 часот наутро, а објавените фотографии го прикажуваат уништеното летало на местото на настанот. Полицијата соопшти дека итните служби биле известени околу 3:45 часот наутро по извештаите за уривање во Суртон Даун, во близина на Окехемптон, ...

На само 47 години почина Един Авдиќ, најпознатиот спортски коментатор на Балканот. Веста за неговата смрт ги потресе бројните пријатели, познаници и спортски работници, кои се простија од него со емотивни пораки на социјалните мрежи. Со години работеше како коментатор за ТВ Арена Спорт, беше препознатлив по своите коментари за натпреварите заедно со Ненад Костиќ. Особено е запаметен по легендарниот пренос на кошаркарската репрезентација на ...

СВР Тетово поднесе кривична пријава против С.А.(58) од с.Брвеница, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „полово вознемирување’’. Во декември 2024 година во комбе со кое вршел превоз на патници, во момент кога немало никој друг во комбето, пријавениот извршил полови дејствија врз 15-годишна малолетничка од тетовско. СВР Тетово поднесе кривична пријава против С.А.(58) од с.Брвеница, тетовско, поради постоење ...

„Кога Социјалдемократскиот сојуз зборува за криминал, добро е да ја потсетиме јавноста дека во ИО на СДС моментално има криминалец, тоа е господинот Филип Андов нарекуван Сокол. Значи, повторно ќе кажам член на ИО на СДС моментално е во затвор, е осуден за злоупотреба на службена положба, и е член на највисокото, наголемото извршно тело на СДС“, истакна Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ на гостување во емисијата „За или против“ на ...

Светската фудбалска федерација ФИФА воведува нова генерација полуавтоматски офсајд технологија која ќе биде користена на СП 2026 во САД, Канада и Мексико. Новата технологија ќе овозможи носење побрза одлука, а помошните судии нема да мораа да го чекаат крајот на акцијата за да сигнализираат офсајд. Доколку играчот биде повеќе од 10 сантиметри во недозволена позиција, помошниот судија со аудио сигнал во реално време ќе добива информација. ...

Светската здравствена организација денеска соопшти дека во Демократска Република Конго се потврдени 344 случаи на ебола, а 60 пациенти починале од болеста. Генералниот директор на Светската здравствена организација, Тедрос Адханом Гебрејесус, на прес-конференција изјави дека одговорот на епидемијата сè уште доцни, но дека здравствените служби „под водство на владата на ДР Конго, ја стасуваат“ епидемијата. Епидемијата на ебола од Конго се ...

Оператори со храна свесно ги доведуваат во заблуда потрошувачите преку продажба на производи чиј состав не одговара на наведеното на самите декларации, покажаа најновите анализи на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ). Примероците со недозволени состојки, како растителни масти, се лоцирани главно во млечната и месната индустрија. Гостувајќи во емисијата „Директно“ на телевизија Телма, Светлана Колариќ од АХВ информираше дека по налог на ...

Американскиот државен секретар Марко Рубио денеска изрази надеж дека тековниот состанок на либанските и израелските официјални лица во Вашингтон, на кој се разговара за мировен план, ќе резултира со заедничка изјава и акциски план. Најновата, четврта рунда разговори, која е насочена кон прекин на борбите меѓу Израел и милитантното проиранско движење Хезболах во Либан и постигнување долгорочен мир, почна вчера и би требало да заврши денеска. ...

Случајот со советникот Борче Корлевски од претходниот состав на Советот на Општина Битола не е обична административна неправилност, ниту изолиран спор околу неколку денови отсуство од работа. Напротив, според доставената документација и наводите во материјалот што му е достапен на Плусинфо, станува збор за можен модел на злоупотреба на правото на ослободување од работа поради советнички ангажман, преку потврди кои во овој случај опфаќаат ...

Поранешниот директор на Царинската управа, Стефан Богоев попладнево е спроведен во Основниот кривичен суд во Скопје. Богоев треба да биде изведен пред судија на претходна постапка, по барањето од Обвинителството за определување мерка притвор за него и уште три лица поради постоење на основано сомнение за злоупотреба на постапката за јавна набавка, за примање и давање поткуп. Обвинителство, претходно соопшти, дека постои основано сомнение дека ...

За нас, за Грција, стабилноста и просперитетот на Балканот претставуваат витален национален интерес. Сето она што го зајакнува еден од нас, кога во рамките на вистинска соработка, сметаме дека го зајакнува и целиот регион, бидејќи безбедноста на Балканот е и европско прашање, посочи министерот за одбрана на Грција Никос Дендиас на 19. Балканскиот Самит на началниците на Генералштабовите, јави дописничката на МИА од Атина. Конференцијата се ...

Најдобрата светска тенисерка Арина Сабаленка го заврши настапот на Ролан Гарос откако попладнево во четвртфиналето беше елиминирана од Дијана Шнајдер. До големиот триумф Шнајдер стигна со неверојатен пресврт и освоени десет гема во серија. Сабаленка имаше водство од 1-0 во сетови и предност од 5:3 во гемови во вториот сет. Во продолжението на сетот Сабаленка сервираше за меч, но Шнајдер успеа да направи два брејка во завршницата на вториот ...

На крајот од сезоната во двете конкуренции во Фудбалското првенство во женска конкуренција беа доделени трофеите за двете најдобри екипи. Шампионската титула во ЖФЛ ја освои ЖФК Скопје кој првенството го заврши со 69 бода, 12 повеќе од најблискиот конкурент ЖФК Тиверија Брера. Елитното фудбалско друштво го напушта Топ Гол, а од следната сезона дел од Првата лига ќе биде ЖФК Конзули од Битола. За пополнување на уште едно место во ЖФЛ преку ...

Републичкиот јавен обвинител Ненад Савески денеска на брифинг со новинарите порача дека јавните обвинители мора да постапуваат самостојно, без притисоци и со целосна одговорност за предметите што ги водат, нагласувајќи дека финансиските причини никогаш не смеат да бидат пречка за прибирање докази, но оти истрагите треба да се водат економично и ефикасно. Осврнувајќи се на предметот за пожарот во Кочани, тој рече дека не очекува постапката да ...

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков денеска изјави дека Русија, по украинските напади врз нафтен терминал и военопоморска база во Санкт Петербург, ќе продолжи со систематските напади врз Украина. -Што се однесува до конкретниот (одговор) на нападите: информациите за ова се прерогатив на регионалните власти и нашето Министерство за одбрана. Но, генерално, можам да кажам дека специјалната воена операција продолжува, токму со цел да се спречат ...

На 02.06.2026 во 13:00 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица ги лишија од слобода Т.Ј.(45) и В.Ј.(39), двајцата од село Баница, струмичко. Според пријавеното, тие на ул.„Братство и единство“ во Струмица, заедно со уште две малолетни лица од село Баница, агресивно се однесувале кон вработени во општина Струмица и полициски службеници од СВР Струмица кои извршувале службени задачи. Тие се задржани во Полициската станица ...

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска денеска соопшти дека во целост е затворен процесот на отплата на Еврообврницата изддена во 2020 година во вкупен износ од 700 милиони евра и дека сите средства потребни за отплата на еврообврзницата беа однапред планирани и обезбедени. Средстата беа депонирани на девизната сметка и отплатата беше реализирана согласно планираната динамика. -Денеска официјално е заокружена исплатата на ...

Клубот ФК Шкендија е казнет со 30.000 евра и исклучување од натпреварувањето во Купот на Македонија за сезоната 2026/27 поради одбивање да ги прими медалите на свечената церемонија, како и поради деградирачки и непочитувачки однос кон официјалните лица и противничката екипа, ова е една од одлуките на Дисциплинската комисија на ФФМ, кои беа денеска изречени. Дисциплинската комисија при ФФМ донесе одлука со која ФК Шкендија се казнува и со ...

Началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски, во периодот од 2 до 4 јуни во Солун, Република Грција, учествува на 19. Конференција на началниците на генералштабовите на балканските земји (BCHOD Conference), соопштија попладнево од Генералштабот на Армијата. – Годинашната конференција, на тема „Предизвици и иновации во цивилната заштита – прилагодување кон новите реалности на војувањето“, беше отворена од страна на ...

Делегација на Министерството за јавна администрација учествуваше на конференцијата „ReSPA Open Days“ во Кишинев, Молдавија, каде на панел-дискусии ги презентираше клучните приоритети и достигнувања од македонската реформска агенда во јавната администрација. Како што соопшти Министерството, во фокусот на излагањата била улогата на Регионалната школа за јавна администрација (ReSPA) во поддршката на реформите во земјите од Западен Балкан, при ...

Иднината на британскиот актер Том Харди во популарната серија „Земја на мафијата“ и понатаму останува неизвесна откако во јавноста се појавија неколку спротивставени информации за неговиот статус во продукцијата. Според различни извори, актерот или добил отказ или сам одлучил да ја напушти серијата. Според британските медиуми, засега не е јасно дали Харди ќе се појави во третата сезона од серијата, која веќе е предмет на продукциски планови. ...

Градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска денес присуствуваше на генералната проба на децата од општина Кисела Вода кои ќе бидат дел од „Киселко“, првиот детски фестивал во организација на општината. Настанот ќе се одржи на 6 јуни со почеток во 13 часот, во Домот на култура „Билјана Беличанец“, каде што премиерно ќе прозвучат 13 нови детски песнички. Со овој настан, општина Кисела Вода отвора ново поглавје во културниот живот, сакајќи да ...

weather icon

Скопје

27ᴼ / 27ᴼ
2.06
33%
1014
weather icon

Белград

30ᴼ / 29ᴼ
0.89
46%
1012
weather icon

Загреб

29ᴼ / 29ᴼ
1.78
46%
1011
weather icon

Софија

24ᴼ / 24ᴼ
2.52
40%
1015
weather icon

Сараево

29ᴼ / 29ᴼ
3.21
35%
1013
weather icon

Љубљана

29ᴼ / 27ᴼ
0.45
49%
1011
weather icon

Атина

29ᴼ / 26ᴼ
1.79
44%
1015
weather icon

Тирана

28ᴼ / 28ᴼ
3.54
40%
1016
weather icon

Подгорица

27ᴼ / 27ᴼ
2.4
38%
1016
weather icon

Букурешт

27ᴼ / 26ᴼ
3.13
44%
1012
weather icon

Будимпешта

24ᴼ / 22ᴼ
4.02
48%
1011
weather icon

Истанбул

22ᴼ / 22ᴼ
1.17
65%
1015
Currency

61.6417

Currency

53.2519

Currency

71.4228

Currency

37.518

Currency

38.0513

Currency

66.9089

Currency

7.86455

Currency

0.73496

Currency

0.33234

Currency

0.52573

Currency

1.15189

Currency

0.55992

Сребро

2186.28

Рутениум

48965.59

Калај

53.60

Бакар

13.01

Алуминиум

3.54

Родиум

257205.97

Кобалт

45.39

Платина

55170.68

Злато

135639.33

Иридиум

253540.09

Паладиум

40767.15

Цинк

0.00