Окружниот суд во Хаг денеска осуди 49-годишна холандска државјанка на седум години затвор затоа што му дозволила на својот 14-годишен син да се приклучи на терористичката организација Исламска држава. Судот ја прогласи Ајада К. за виновна за воено злосторство, односно за помагање и за поттикнување регрутирање или користење на деца во вооружени дејствија. Таа беше прогласена за виновна и за помагање на терористичка организација, како и за ...

Германскиот тенисер Александар Зверев се пласираше во финалето на Ролан Гарос, откако попладнево во четири сета го совлада Чехот Јакуб Меншик со 7-5, 6-2, 3-6, 6-3. Дваесетидеветгодишниот Зверев се избори за своето четврто грен слем финалето, а во претходните три претрпе исто толку порази – на Ју Ес Опен 2020, Ролан Гарос 2024 и Австралија Опен 2025. Во неделното финале, Зверев ќе игра против победникот од втората полуфинална пресметка меѓу ...

Во пустината Сахара, на територијата на Нигер, починаа 49 луѓе од жед, соопштија денеска локалните власт. Инцидентот се случи откако им се расипал камионот со кој патувале. Двајца патници пешки пристигнале до еден извор на вода и ги известиле властите на Нигер. Сите починати се државјани на Нигер. Тие се враќале од верски фестивал во Мали кога им се расипал камионот. (МИА) Во пустината Сахара, на територијата на Нигер, починаа 49 луѓе од ...

На астронаутите од Меѓународната вселенска станица денеска им беше наредено да се засолнат во своите летала и да се подготват за евентуална евакуација додека рускиот екипаж се обидува да го санира истекувањето на возух од орбиталната лабораторија, објави американската вселенска агенција НАСА. По кратко време на астронаутите им беше дозволено да излезат од засолништето. Истекувањето на воздух изминатите месеци беше релативно мало, но тоа се ...

Денеска (05.06.2026 година) околу 10:00 часот, во СВР Тетово е пријавено дека на улица „Илинденска“ во Тетово, спроти Основниот суд, се случила сообраќајна несреќа во која електричен тротинет управувано од 16- годишен малолетник од село Лисец, кој удрил во пешакот И.Ѓ. (32) (женско) од село Непроштено. По несреќата, пешакот И.Ѓ. во неконтактибилна состојба итно била пренесена во Клиничката болница во Тетово за укажување на лекарска помош, од ...

Ракометната федерација на Македонија ја известува јавноста дека, по поднесената оставка од селекторската функција на машката младинска репрезентација (М20) од страна на Наум Танески, за нов селектор на националниот тим е назначен Игор Илиевски. Илиевски ќе ја предводи машката младинска репрезентација на Македонија на претстојното Европско првенство за играчи до 20 години, кое ќе се одржи во Романија. Ракометната федерација на Македонија му се ...

Фудбалската репрезентација на Македонија ќе падне за две позиции на новото ФИФА рангирање. Во претходната седмица македонските фудбалери ремизираа на гостувањето кај Босна и Херцеговина (0-0), со што заработија минимални 0,07 поени на ранкингот. Сепак, по високиот пораз од Турците загубија 2,95 поени. Со тоа, нашата репрезентација дојде до 1.369,16 поени и сега е рангирана на 69. позиција на ранкингот. Пред Мундијалот на врвот на светското ...

Директорот на Светска здравствена организација, Тедрос Аданом Гебреисус денеска изјави дека е подготвен шестмесечен план за борба против ширењето на еболата, за чија реализација ќе бидат одделени 518 милиони долари. -Не почнуваме од нула, овој план се базира на претходните епидемии и здравствени кризи од изминатите години, наведе Гебреисус. Африканските центри за контрола и превенција на болести, исто така, ќе бидат вклучени во борбата против ...

Македонскиот филм „Скејтбордингот не е за девојчиња“ во режија на Дина Дума синоќа ја имаше својата американска премиера на филмскиот фестивал „Трајбека“ во Њујорк. Ова е прво македонско кинематографско остварување што е дел од програмата на овој фестивал. Како што соопштуваат од ПР тимот на филмот, проекцијата се одржала пред преполна сала на Менхетен, во рамките на фестивалот чиј основач е Роберт де Ниро. По прикажувањето на филмот, се ...

Министерството за социјална политика, демографија и млади ја информира јавноста дека во тек е имплементација на ново софтверско решение со кое се врши модернизација и унапредување на процесите за обработка и исплата на правата од социјална и детска заштита во центрите за социјална работа. Станува збор за значајна реформа чија цел е зголемување на ефикасноста, сигурноста и квалитетот на услугите што ги добиваат граѓаните. Во процесот на ...

Во рамки на Самитот Европска Унија – Западен Балкан кој се одржа денес во Тиват, Црна Гора, претседателот на владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски даде изјава за медиумите во која оцени дека процесот на проширување на Европската Унија останува жив. „Ова се моменти кога практично Европската унија, односно Европскиот Совете јасно кажува дека процесот на проширување останува жив. Она што е наша задача како Влада е тој процес да го ...

При првата посета на Франција, новиот бугарски премиер и екс претседател Румен Радев откри детал кој дава сосема нова слика на фамозната преговарачка рамка за Македонија, базирана на тнр. француски предлог. Радев од Париз порача дека му била потребна една година за да ги убеди европските лидери зошто обврската вметнување на Бугарите во македонскиот устав треба да се вгради во преговарачката рамка. За таа одлука бугарскиот премиер вели посебно ...

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска, заедно со амбасадорот на Европската Унија во Република Македонија, Михалис Рокас и постојаниот претставник на програмата за развој на Обединетите нации (УНПД) Армен Григоријан, извршија увид во активностите за воспоставување на граничниот премин „Маркова Нога“, каде во тек е реализацијата на проектот „Гранична станица Преспанско Езеро: Воспоставување на граничен премин меѓу Грција и ...

Видеозаписи, од кои се нотираат времето на пристигнување на полициските службеници пред дискотеката „Пулс“ и активацијата на пиротехниката, беа изведени денеска во материјалните докази од Обвинителството во рамките на судскиот процес во Основниот кривичен суд Скопје против 13 полициски службеници. Тие се товарат за тешки дела против општата сигурност, поврзани со пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, во Кочани, во кој на 16 март 2025 година ...

Европската Унија мора јасно да покаже дека има политичка волја и дека е подготвена за проширувањето, кое веќе со години доцни, изјави денеска германскиот канцелар Фридрих Мерц на Самитот ЕУ – Западен Балкан во црногорскиот град Тиват. Мерц информираше дека за следните конкретни чекори за влез на земјите од Западен Балкан во Унијата веќе разговарал и со францускиот претседател Емануел Макрон. Според германскиот канцелар, овој дел од Европа во ...

Војната што Русија ја води против Украина сè повеќе претставува закана за земјите на источната граница на Европската Унија – изјави претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, откога денеска морски дрон експлодира во близина на романското црноморско пристаниште Констанца. „Нашата солидарност со секоја земја членка изложена на вакви закани е апсолутна“, напиша Фон дер Лајен на социјалната мрежа „Икс“. Според романското ...

Проф. д-р Владимир Рендевски, неврохирург на Универзитетската клиника за неврохирургија, во видеообраќање, во рамките на националната кампања „Органодарителството ѝ дава највисока смисла на човечноста!“, упати апел до семејствата на потенцијалните донори да дадат согласност за органодарителство нагласувајќи дека станува збор за висок морален и хуман чин, кој спасува животи. – Денес, се наоѓаме во одделот за интензивно лекување на нашата ...

Францускиот претседател Емануел Макрон го оцени како „добра иницијатива“ писмото што украинскиот претседател Володимир Зеленски му го испратил на рускиот претседател Владимир Путин со предлог за директна средба меѓу двајцата лидери. – Отсекогаш сме поддржувале директни преговори меѓу Украина и Кремљ – изјави Макрон за време на посетата на Црна Гора. Тој нагласи дека токму Украина и Русија треба да го изградат патот кон прекин на огнот и кон ...

Во текот на мај 2026 година пријавени се вкупно 191 кривично дело од семејно насилство што претставува зголемување од 70,5% во споредба со истиот месец од претходната година. Најголем дел од кривичните дела се „телесна повреда“ – 130 и „загрозување на сигурноста“ – 52 кривични дела, додека од потешките кривични дела во овој период извршено е едно убиство на подрачјето на СВР Битола и две тешки телесни повреди. Најголем број од кривичните дела ...

Голем дел од компаниите со седиште во Европската Унија кои имаат деловни активности на Куба забрзано си заминуваат од оваа карипска држава поради новите, поостри санкции од САД што стапија во сила денеска, пренесува бриселскиот портал „Политико“. Според медиумот, европските фирми кои ќе одлучат да останат на островот се соочуваат со висок ризик од замрзнување на нивниот имот или од целосно исклучување од американскиот финансиски систем. Меѓу ...

Десетото јубилејно издание на „Охрид трчаТ“ ќе се одржи в недела 7.јуни. Оваа година организаторите ќе бидат домаќини на повеќе од 2.700 учесници од повеќе од 30 држави во трите трки – полумаратон, 5 километри и штафетен полумаратон. – Наша цел е да имаме успешна организација, а воедно преку овој настан да го презентираме најубавото од Охрид, преку тркачите и на тој начин да се пренесе порака. Дружбата е неизбежна во деновите од викендот, не ...

Во 2025 година социјална заштита користеле 76 250 лица, од кои 16 743 малолетни и 59 507 полнолетни лица, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Од вкупните права на социјална заштита кај малолетните корисници, најголемо учество од 50.3 % имаа услугите на социјалната работа. Од вкупните права на социјална заштита кај полнолетните корисници, пак, најголемо учество од 84.6 % имаа услугите на социјалната заштита. Во 2025 година, ...

Режимот инкогнито во Chrome ја брише вашата историја од вашиот уред, но не ја крие вашата активност од интернет, вашиот интернет-провајдер или Google. Вистинската онлајн анонимност бара многу повеќе од само приватен прелистувач. Повеќето луѓе го користат режимот Инкогнито мислејќи дека се целосно анонимни, но вистината е многу помалку бајковита. Овој режим само ги брише историјата и колачињата од вашиот уред, но не ги крие вашите активности ...

На 02.06.2026 околу 20:00 часот во ОВР Свети Николе е пријавено дека на некатегоризиран пат во „Новиот парк“ во Свети Николе, 15-годишен малолетник од Свети Николе, управувајќи велосипед, изгубил контрола и паднал на патот. -Притоа, малолетникот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Штип, информира МВР. Извршен е увид од увидна екипа на ОВР Свети Николе. На 02.06.2026 околу 20:00 часот во ОВР Свети Николе е ...

Цените на угостителските услуги во мај годинава во однос на истиот месец лани се зголемени за 2.6 %. Во споредба со претходнио месец, пак, цените се повисоки за 0.1 %, објави Државниот завод за статистика. Цените на угостителските услуги во периодот јануари – мај 2026 година во однос на истиот период од минатата година се зголемени за 2.9 %, додека во однос на декември 2025 година зголемувањето е 0.7 %. Цените на угостителските услуги во мај ...

Фудбалската репрезентација на Иран поднесе барања за визи за САД и Канада во турската престолнина Анкара, како дел од подготовките за настап на Светското првенство 2026, кое од 11 јуни до 19 јули ќе се одржи во САД, Канада и Мексико. Целиот ирански национален тим присуствувал на термините за издавање канадски визи, додека дел од фудбалерите поднеле и барања за американски визи, бидејќи претходно не успеале да ја завршат процедурата. Според ...

Општина Ѓорче Петров, во соработка со питомците од Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ и Универзалната единица за заштита и спасување при Општина Ѓорче Петров, денес реализираше акција за чистење на локалитетот Крст во Кучково. Акцијата беше организирана во рамки на цивилно-воена соработка, со цел подигнување на јавната свест за заштита на животната средина, одговорно однесување кон природата и зачувување на природните локалитети ...

На 04.06.2026 во периодот од 11:00 до 13:00 часот во СВР Куманово, полициски службеници извршија службен разговор со Е.Љ.(22), В.Б.(19), Љ.А.(23) и 17-годишник, сите од Куманово. -Тие се сомничат дека, со употреба на сила влегле во угостителски објект на улица „Гоце Делчев“ во Куманово и одзеле поголем број маси и столови. Е.Љ.(22), В.Б.(19), Љ.А.(23) и 17-годишникот во разговорот го признале делото, информира МВР. Одземеното било пронајдено ...

За неполни две години направивме многу во спортската инфраструктура и тоа мене како поранешен спортист и сега како спортски функционер ме прави особено горд – истакна министерот за спорт Борко Ристовски во интервјуто за Радио Лидер во кое зборуваше на повеќе теми поврзани со работата на Министерството за спорт во изминатите две години, реализираните проекти, како и за плановите и проектите што се во најава. – Резултатите се единствено мерило ...

Заменик министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Зоран Димитровски, денеска во Струга, учествуваше на 23 Конференција на КОСАП, која ги обединува парламентарните комисии за европска интеграција и европски прашања од земјите учеснички во Процесот на стабилизација и асоцијација во Југоисточна Европа. Конференцијата ја отвори и со неа претседаваше потпретседателот на Собранието и претседател на Комисијата за европски прашања, ...

weather icon

Скопје

20ᴼ / 20ᴼ
0.89
59%
1019
weather icon

Белград

20ᴼ / 18ᴼ
4.02
70%
1015
weather icon

Загреб

21ᴼ / 21ᴼ
0.9
72%
1014
weather icon

Софија

17ᴼ / 17ᴼ
2.02
51%
1018
weather icon

Сараево

21ᴼ / 21ᴼ
4.3
64%
1016
weather icon

Љубљана

19ᴼ / 18ᴼ
0.76
76%
1015
weather icon

Атина

24ᴼ / 23ᴼ
1.79
53%
1016
weather icon

Тирана

22ᴼ / 22ᴼ
1.05
52%
1017
weather icon

Подгорица

21ᴼ / 21ᴼ
0.7
52%
1018
weather icon

Букурешт

20ᴼ / 18ᴼ
1.34
72%
1014
weather icon

Будимпешта

21ᴼ / 20ᴼ
1.79
68%
1013
weather icon

Истанбул

22ᴼ / 22ᴼ
1.66
62%
1016
Currency

61.6417

Currency

53.2519

Currency

71.4228

Currency

37.518

Currency

38.0513

Currency

66.9089

Currency

7.86455

Currency

0.73496

Currency

0.33234

Currency

0.52573

Currency

1.15189

Currency

0.55992

Бакар

13.01

Родиум

257205.97

Сребро

2186.28

Иридиум

253540.09

Кобалт

45.39

Алуминиум

3.54

Злато

135639.33

Цинк

0.00

Платина

55170.68

Паладиум

40767.15

Рутениум

48965.59

Калај

53.60