Повеќе од 14 500 матуранти се пријавени за полагање на матурата и денеска ќе го имаат првиот екстерен испит, кој е изборен за кандидатите. Задолжителниот екстерен испит (мајчин јазик и литература) матурантите ќе го полагаат на 11 односно на 12 јуни. Во согласност со измените на Законот за средното образование, оваа година првпат се полагаат три типа матурски испит според видот на образование – државна матура, државна стручна матура и државна ...

Иранската револуционерна гарда (ИРГЦ) соопшти дека синоќа нападнала американски воени бази на Блиски Исток како одговор на американските напади врз островите Сирик и Кешм. Во соопштението на ИРГЦ се наведува дека се нападнати „непријателските бази во регионот со помош на ракети“. ИРГЦ тврди дека ракетирани се американски бази во Кувајт и vo Бахреин, а исто така е стрелано врз четири танкери кои се обиделе да поминат низ Ормуска Теснина. ...

Времето денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно, со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално ќе има поинтензивни процеси во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, засилен ветер и изолирана појава на град. Како што соопштуваат од Управата за хидрометеролошки работи (УХМР), минималната температура ќе се движи во интервал од 10 до 18 степени, а максималната ќе достигне од 25 до 34 степени. Во Скопје времето ќе биде ...

Капитенот на македонската ракометна репрезентација, Филип Кузмановски после завршување на сезоната лидерот на Пелистер се уште нема да донесено одлука дали ќе остане во Битола или пак ќе замина надвор од Македонија. Според „СпортСпорт“ дознава во овој момент на адресата на Кузмановски пристигнуваат број понуди, а една од нив е Фуксе Берлин кој е сериозен во своите намери и веќе има испратено понуда до македонскиот репрезентативец. Кузмановски ...

Големо изненадување го одбележа финишот на Ролан Гарос, бидејќи Матео Арналди не излезе на теренот во полуфиналето. Непосредно пред почетокот на натпреварот, организаторите ја информираа публиката дека италијанскиот тенисер се откажал од настапот, што му обезбеди на неговиот сонародник Флавио Конолида се квалификува во финалето без да одигра поен. Организаторите исто така објавија дека на гледачите кои купиле билети за овој натпревар ќе им ...

Трката се вози на патека од 6,2 километри, а автомобилите достигнуваат брзина од повеќе од 322 километри на час минувајќи покрај препознатливи обележја на градо Од првото издание во 2023 година, Големата награда на Лас Вегас генерираше вкупен економски ефект од 3,2 милијарди долари за Јужна Невада. Сите претходни трки беа распродадени, што дополнително го зацврсти статусот на Лас Вегас како една од најважните дестинации во календарот на ...

Кошаркарскиот стратег Василис Спанулис е новиот тренер на кошаркарот Арис, објави клубот од Солун. Спанулис (43) потпиша тригодишен договор со Арис. Грчките медиуми објавија дека годишно ќе заработува 1.200.000 евра. Претходно ги тренираше Перистери и Монако, а моментално е тренер на грчката кошаркарска репрезентација. Спанулис го замени Игор Миличиќ на тренерската позиција на клубот од Солун. Кошаркарскиот стратег Василис Спанулис е новиот ...

Како што тврдат медиумите во Шпанија, Реал Мадрид ќе продолжи да биде дел од кошаркарската елита во натпреварувачката сезона 2026/27. Оваа очекувана, но исклучително важна одлука гарантира дека сите акционерски клубови остануваат цврсто приврзани кон најсилното клупско натпреварување на Стариот континент, во средината на сè погласните и амбициозни планови за формирање нова континентална лига наречена „НБА Европа“. Клубот од Мадрид беше ...

Шкотскиот капитен и досегашна легенда на Ливерпул, Енди Робертсон, официјално е нов фудбалер на Тотенхем. По неколкумесечни шпекулации, искусниот 32-годишен лев бек пристигнува во Лондон како слободен агент по истекот на неговиот договор на „Енфилд“. Тотенхем експресно ја искористи шансата и го засили својот состав со докажан победник, веднаш штом во драматичното последно коло и официјално обезбеди опстанок во Премиер лигата со победата од ...

Причината за ваквата одлука наводно е неговата желба да ја преземе репрезентацијата на Холандија. Актуелниот селектор Роналд Куман има договор до крајот на Светското првенство, а засега нема најава дека соработката ќе биде продолжена. Токму затоа Слот се смета за еден од најсериозните кандидати за оваа позиција. Во својата кариера, Слот работеше во Камбур и АЗ Алкмар, но најголемите успеси ги оствари на клупата на Феенорд, каде што се ...

Македонската репрезентација во ракомет на плажа ќе настапи на силен меѓународен турнир во Полска, а подготовките се закажани за почетокот на идната недела, објави денеска Ракометната федерација на Македонија (РФМ). Првиот собир на репрезентацијата е закажан за в понеделник во Охрид и по неколкудневните подготовки, националниот тим ќе отпатува за Плоцк, каде ќе учествува на меѓународен турнир во конкуренција на европски селекции. Прв противник ...

Иранските фудбалери добиле визи за влез во Соединетите Американски Држави, каде треба да настапат на претстојното Светско првенство, изјави официјален претставник на Белата куќа за Ројтерс во петокот, само 10 дена пред нивниот прв натпревар во Лос Анџелес, поради конфликт меѓу двете земји. Амбасадорот на Иран во Мексико, Аболфазл Пасандидех, изјави доцна во четвртокот дека тимот сè уште не ги добил своите американски визи, но дека тие биле ...

Македонското екстра девствено маслиново масло на брендот Olive Garden освои златен медал на престижниот Amsterdam International Olive Oil Competition, еден од најзначајните светски натпревари за оценување на квалитетот на маслиновите масла. Станува збор за значајно меѓународно признание за домашното производство, особено ако се има предвид дека на натпреварот учествувале повеќе од 200 маслинови масла од 20 земји од целиот свет. Од Olive ...

Стартен пораз во Европската лига претрпе вечерва македонската машка одбојкарска репрезентација, откако во Струмица загуби од Холандија со 3-0 во сетови. Холанѓаните ја оправдаа фаворитската улога и беа надмоќни во пресметката со избраниците на селекторот Јошко Миленковски во струмичката сала „Парк“. Воведните два сета се одвиваа по идентично сценарио и до средината од периодот беа резултатски израмнети, кога Холандија со серија поени го доби ...

Стартува третата фаза од проектот е-Фактура, во рамки на која Управата за јавни приходи овозможува тестирање на системот е-Фактура преку веб апликација, со цел компаниите да добијат пристап до практична тест околина за електронска размена на фактури. Во првата фаза се тестираше интеграцијата на ЕРП системите на компаниите со системот е-Фактура. Во втората фаза се додадени API сервиси за преземање, прифаќање, одбивање и сторнирање на е-Фактура ...

СВР Струмица поднесе кривична пријава против Џ.С.(19) од Скопје, М.Г.(18), 17-годишник и 15-годишник, сите од Струмица, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „разбојништво“. На 14.05.2026 во Струмица, пријавените со употреба на физичка сила одзеле чанта со пари, лични документи и други предмети од Б.С. (70) од Струмица. СВР Струмица поднесе кривична пријава против Џ.С.(19) од Скопје, М.Г.(18), 17-годишник и 15-годишник, ...

Претседателот на Франција, британскиот премиер и германскиот канцелар в недела во Лондон ќе се сретнат со претседателот на Украина, Володимир Зеленски, соопшти денеска Елисејската палата. На средбата ќе се разговара за поддршката на Украина и за засилување на притисокот врз руските воени напори, како и за постигнување на праведен и траен мир во Украина и на европскиот континент, особено во рамките на Коалицијата на волјата. Емануел Макрон, ...

Советот на Општина Тетово на денешната 14-та седница усвои одлука со која треба да се доделат ваучери за децата кои се запишуваат во прво одделение во учебната година 2026/2027 година во износ од 6150 денари. Втората одлука која ја донесе советот предвидува реконструкција на паркот кај Музичкото училиште во Тетово, со што, како што беше посочено, овој јавен простор ќе добие нов, помодерен изглед и подобрени услови за рекреација на граѓаните, ...

ОВР Кичево поднесе кривична пријава против З.С.(68) од кичевското село Другово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство врз дете“ по член 201 од Кривичниот законик. Тој, при извршување работни задачи како професор во едно средно училиште во Кичево, физички нападнал малолетна ученичка во училиштето, која се здобила со телесни повреди, констатирани во Општа болница во Кичево. ОВР Кичево поднесе кривична пријава ...

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски изјави дека со тоа што неговиот руски колега Владимир Путин одбива директни разговори избира продолжување на војната. – За жал, руската страна избира уште војна … Едноставно не сака да ја заврши војната, наведе Зеленски. Украинскиот претседател вчера предложи директни преговори за завршување на војната, а Путин денеска одби средба со Зеленски, истакнувајќи оти таква средба „нема цел“ пред да биде ...

Српскиот фудбалер Александар Станковиќ е нов играч на Интер Милано, објави денеска италијанскиот клуб. Станковиќ со тоа се врати во Интер, од каде што се пресели во Клуб Бриж во јули минатата година. Италијанскиот првак одлучи да ја активира откупна клаузула во договорот на 20-годишниот српски фудбалер за врска со Клуб Бриж и го донесе Станковиќ од актуелниот шампион на Белгија за сума од 23 милиони евра. Изминатата сезона, Станковиќ одигра ...

Утре 06.06.2026 година (сабота) во 11:30 часот претседателот на владата на Република Македонија проф. др. Христијан Мицкоски ќе го посети Институтот за јавно здравје-Скопје, каде ќе оствари увид во набавената нова опрема, лабараториите, мерната станица, како и на отворањето на првото Психолошко советувалиште за деца и адолесценти од ваков карактер во државата, направено по сите светски стандарди и останатите новини во работата на Институтот. ...

Претседателот на Русија, Владимир Путин денеска го одби предлогот на украинскиот претседател Володимир Зеленски за директни преговори за завршување на војната, истакнувајќи оти таква средба „нема цел“. Тој на Меѓународниот економски форум во Санкт Петербург истакна дека Зеленски вчера му испратил „грубо“ писмо, особено по нападот врз студентскиот дом во Луганск, при што загинаа 21 човек. Путин претходно му понуди на Зеленски средбата да се ...

Општина Дојран објави повик со кој бара организатор на културно лето, манифестација која ќе обезбеди културни и забавни случувања во период од два месеци во текот на летната сезона. Во јавниот повик објавен на општинската веб страна е наведено дека се бара заинтересирано правно лице или здружение на граѓани со кое ќе се склучи меморандум за организирање на манифестацијата со назив „Дојранско културно лето-Дојрански ракувања”. Настаните е ...

Рудник Саса и оваа година го одбележа 5 Јуни – Светскиот ден на животната средина (World Environment Day 2026), реализирајќи нова едукативна и еколошка иницијатива под мотото „Пријатели на биодиверзитетот – Чувари на природата и климата“ (#3BBuddies; #BeesBugsBirdsGuardians; #SasaForNature; #WorldEnvironmentDay), насочена кон подигнување на јавната свест за значењето на биолошката разновидност, зачувувањето на природата и потребата од ...

Премиерот Христијан Мицкоски попладнево се сретна со претставници на стопански комори и на градежни компании за реализација на капитални проекти. -По интензивната агенда во Тиват утрово и можноста за средби со лидерите на ЕУ, директно на средба со стопански комори каде разговараме со градежните компании и нивниот интерес за учество во реализација на капиталните проекти во државата, пишува Мицкоски на својот Фејсбук профил. Премиерот ...

Светското првенство 2026 носи бројни интересни статистички податоци, а еден од највпечатливите е поврзан со репрезентацијата на Босна и Херцеговина. Според анализата на составите на сите 48 учесници на Мундијалот, Босна и Херцеговина е највисоката репрезентација на турнирот. „Змејовите“ имаат просечна висина од 187,2 сантиметри, исто колку и Норвешка, која го дели првото место на оваа листа. Највисок фудбалер во босанскиот состав е Стјепан ...

Крилниот напаѓач на Барселона, Ламин Јамал, е прогласен за фудбалер на сезоната во Ла Лига, објави денеска шпанската фудбалска лига. Осумнаесетгодишниот Јамал ѝ помогна изминатата сезона на Барселона да ја одбрани шпанската титула, стана првиот фудбалер кој ја освои наградата за играч на месецот во лигата три пати во една сезона и заврши како најдобар стрелец на клубот во Ла Лига со 16 голови, а додаде и 11 асистенции. Поради повреда на ...

Германскиот канцелар Фридрих Мерц денеска изјави дека Европска Унија планира да почне постепен процес за вклучување на земјите од Западен Балкан во ЕУ и да испрати сигнал дека се посакувани како полноправни членки. – Јасната порака од денешниот состанок е и ќе остане: Ве сакаме. И сакаме овој регион и земјите во него наскоро да станат членки на ЕУ, истакна Мерц по Самитот ЕУ – Западен Балкан во Тиват. Германија и Франција вчера претставија ...

Интегративниот процес на регионот ќе биде централен приоритет на грчкото претседателство со Советот на ЕУ во втората половина на 2027 година, нагласил грчкиот претседател Константинос Тасулас за време на неговото учество на Самитот ЕУ – Западен Балкан во Тиват, јави дописничката на МИА од Атина. Како што информираа од неговиот кабинет, во своето обраќање на пленарната седница на Самитот, Тасулас ја потврдил цврстата поддршка на Грција за ...

weather icon

Скопје

20ᴼ / 20ᴼ
0.89
59%
1019
weather icon

Белград

20ᴼ / 18ᴼ
4.02
70%
1015
weather icon

Загреб

21ᴼ / 21ᴼ
0.9
72%
1014
weather icon

Софија

17ᴼ / 17ᴼ
2.02
51%
1018
weather icon

Сараево

21ᴼ / 21ᴼ
4.3
64%
1016
weather icon

Љубљана

19ᴼ / 18ᴼ
0.76
76%
1015
weather icon

Атина

24ᴼ / 23ᴼ
1.79
53%
1016
weather icon

Тирана

22ᴼ / 22ᴼ
1.05
52%
1017
weather icon

Подгорица

21ᴼ / 21ᴼ
0.7
52%
1018
weather icon

Букурешт

20ᴼ / 18ᴼ
1.34
72%
1014
weather icon

Будимпешта

21ᴼ / 20ᴼ
1.79
68%
1013
weather icon

Истанбул

22ᴼ / 22ᴼ
1.66
62%
1016
Currency

61.6417

Currency

53.2519

Currency

71.4228

Currency

37.518

Currency

38.0513

Currency

66.9089

Currency

7.86455

Currency

0.73496

Currency

0.33234

Currency

0.52573

Currency

1.15189

Currency

0.55992

Цинк

0.00

Иридиум

253540.09

Платина

55170.68

Сребро

2186.28

Паладиум

40767.15

Родиум

257205.97

Калај

53.60

Злато

135639.33

Кобалт

45.39

Алуминиум

3.54

Рутениум

48965.59

Бакар

13.01