Лошите предвидувања се потврдија – Вања Маринковиќ, капитенот на кошаркарскиот клуб Партизан, се здоби со сериозна повреда. Кошаркарите на Партизан го победија Хапоел со 104-101 во Минхен и ја остварија втората последователна победа во Евролигата, но останаа без капитенот. Победата беше спектакуларна, „црно-белите“ имаа -27 во третата четвртина, а победија по продолжението во натпревар во кој беше повреден капитенот Вања Маринковиќ, а во кој ...

Новак Ѓоковиќ го продолжува својот настап на Австралија Опен, откако не виде мака ниту против Ботик Ван де Зандшулп победувајќи го без загубен сет (6-3, 6-4, 7-6/4). Српскиот ас и покрај годините одново покажа дека на терен може да се носи со далеку помладите ривали. Ѓоковиќ воглавно брзо ги решаваше поени, но знаеше да поентира и по дури 26 размени, со што уште еднаш ја одушеви домашната публика, која и онака е голем фан на најтрофејниот. Во ...

Најдобрата јапонска тенисерка Наоми Осака го заврши својот настап на овогодинешниот Австралија Опен. Таа се повлече од натпреварот против домашната тенисерка Медисон Инглис, нагласувајќи дека се работи за повреда поради која не може да игра. Двократната шампионка од Мелбурн (2019 и 2021) изјави дека почувствувала физички проблем по натпреварот во второто коло со Соран Кирсте, по што одлучила да се повлече од турнирот. На овој начин, ...

Екипата на Пелистер максимално подготвена го дочекува стартот на вториот дел од сезоната почнувајќи од неделниот дуел со Работнички. Овој дуел воедно ќе биде и деби во зелено-белиот дрес за Брендан Џенкинс, американскиот поентер кој треба да биде еден од главните играчи во тимот предводен од тренерот Даскаловски. Џенкинс, кој имаше серија одлични настапи во АБА1 лигата ланската сезона, веќе цела седмица тренира со „пелистерци“ и со нетрпение ...

Екипите на Прилеп и Еурофарм Пелистер 2 го одиграа првиот контролен натпревар во рамки од зимските подготовки. Двете екипи кои сè уште имаат шанси за пласман во плеј-офот, одиграа возбудлив натпревар во Прилеп, кој заврши со минимална победа на гостите од Битола со 22-24. Натпреварот послужи како корисна проверка на формата и тактичките замисли пред стартот на пролетните предизвици. Во тековната сезона Прилеп и Еурофарм Пелистер се судрија ...

Условите за фудбал во Анталија во изминатите денови се тешки. Обилните дождови направија големи проблеми и буквално ги стопираа активностите на македонските клубови кои своите подготовки ги одработуваат во овој дел од Турција. Откако вчера беа откажани натпреварите на Вардар и Силекс, денес на терен нема да истрчаат ниту фудбалерите на Пелистер. Причината е иста – услови за одигрување на фудбалски натпревар во Анталија сè уште нема. ...

Македонскиот прволигаш Шкупи објави голема трагедија која што се случила во семејството на некогашниот најдобар фудбалер на чаирчани Фреди Алварез. Имено, утринава во Тирана трагично почина ќерката на фудбалерот од Коста Рика, кој беше дел од шампионскиот тим на Шкупи во 2022 година. Албанските медиуми пишуваат дека првичните сомневања на полицијата се поврзани со пад на девојчето од креветот на кат, што предизвикало непоправлива штета. ...

Легендарниот швајцарски тенисер Станислас Вавринка го загуби својот последен натпревар на Австралија Опен. Американскиот тенисер Тејлор Фриц со 3-1 славеше над некогашниот Грен слем освојувач и на тој начин го елиминираше 40-годишниот Швајцарец од турнирот во Мелбурн. Фриц го доби натпреварот со 7-6, 2-6, 6-4, 6-4 и се пласираше во осминафиналето, а ова беше последниот натпревар на Вавринка во неговата кариера на Австралија Опен, бидејќи по ...

Српскиот ракометен ас, Стефан Додиќ, наскоро ќе има нов клуб, најголем во својата кариера. По Металург, Вардар, Целје, Загреб и Војводина, средниот бек се сели во Унгарија, каде што ќе потпише договор со тамошниот гигант Веспрем. Унгарскиот тим го сака Додиќ веднаш, па со оглед на тоа што тој е под договор со Војводина, српскиот тим ќе добие соодветна оштета, која ќе биде од шест цифри. Се чини дека ова ќе биде „вин-вин“ ситуација и за ...

Екипата на Беласица претстави квартет засилувања за вториот дел од сезоната во Втората македонска фудбалска лига. Нови членови на струмичката гордост се Виктор Делов, Гордан Дамчевски, Давид Ристовски и Давид Ристовски, фудбалери кои треба да дадат додадена вредност во тимот за пролетните предизвици и атакот кон враќање во македонската елита. Делов е играч од средината на теренот и во тој во Беласица пристигна од редовите на Брера исто како и ...

Кошаркарите на Индијана Пејсерс го приредија изненадувањето на вечерта во НБА лигата. Во реприза на минатогодишното финале, како гости го победија бранителот на титулата Оклахома Тандер со 114-117. Тимот на Индијана, кој игра далеку под очекувањата оваа година, успеа да стигне до водство од десет поени во последната четвртина и на крајот да ја сочува победата. Најдобри поединци кај победничкиот тим беа Нембхард со 27 поени, 7 скока и 11 ...

Италијанскиот тениски ас Јанир Синер ја забележа седумнаесеттата последователна победа на Австралија Опен, откако со 3-1 во сетови славеше над против американскиот тенисер Елиот Спицири (6-4, 3-6, 4-6, 4-6). Но, мечот во Мелбурн беше одбележан и по еден контроверзен момент, а во главната улога беше токму Синер. Вториот рекет во светот и двократен последователен победник на Отвореното првенство во Австралија, при 1-1 во сетови и водство на ...

Есенскиот фудбалски шампион во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ), Вардар, објави дека продолжи договори со двајца првотимци. Во вардаровото семејство остануваат Георгие Јанкулов и Мислав Матиќ. Двајцата се согласија на нови договори кои сега ќе имаат важност до јули 2028 година. 26-годишниот Матиќ во Вардар пристигна пред точно една година, а во својата кариера има настапувано за Рудеж, Шибеник, Локомотива Загреб од Хрватска, како и ...

Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз истакна дека чувствува сè поголем напредок во своите настапи, откако се пласираше во осминафиналето на Австралија Опен. По убедливата победа со 3-0 во мечот од третото коло, тој истакна дека е многу задоволен од својата форма и игра. „Моето ниво е сè подобро и подобро. Сакам да напредувам со секој меч, тоа е мојата цел“, рече Алкарас, нагласувајќи дека иако не сите противници играат со постојан ритам, тој ...

Кошаркарот на Реал Мадрид, Тео Маледон, заработи повреда на препоните на десната нога против Монако и затоа ќе биде надвор од терените во догледно време. Маледон се повреди кратко по влегувањето во игра против ланскиот финалист. Шпанскиот шампион откри дека бекот повредил еден од мускулите во препоните, но не кажа колку е сериозна повредата, ниту колку долго ќе мора да мирува францускиот репрезентативец. Маледон оваа сезона во Евролигата има ...

Астон Вила славеше минимална победа (0-1) против Фенербахче во Лига Европа, а натпреварот во Истанбул беше одбележан и со инцидент покрај аут-линијата меѓу тренерот Унаи Емери и Јури Тилеманс. Белгискиот играч беше заменет во 92. минута, во момент кога англискиот тим ја чуваше предноста, по што при излегувањето од теренот дојде до кратка, но бурна реакција од шпанскиот стратег. Тилеманс мирно се упати кон клупата и му подаде рака на тренерот, ...

Тотенхем е заинтересиран да го потпише левиот бек на на Ливерпул, Енди Робертсон, објави „Би-Би-Си“. Лондонскиот клуб наводно отворил преговори со Ливерпул за трансфер на шкотскиот репрезентативец уште во зимскиот преоден рок. Робертсон е под договор со Ливерпул до крајот на сезоната, а бидејќи изјави дека не сака да го продолжи договорот, ова е последна шанса за клубот од „Енфилд Роуд“ да заработи пари од неговиот трансфер. 31-годишниот бек ...

Фудбалскиот клуб Манчестер Јунајтед започна преговори со претставниците на младиот играч од средниот ред, Коби Мејно, околу нов и подобрен договор. Целта на клубот е да ја продолжи соработката со 20-годишниот фудбалер и да му ја зголеми платата, со што таа би одговарала на неговата улога и статусот во првиот тим. Мејно е продукт на клупската академија и моментално важи за еден од најниско платените играчи во сениорскиот состав. Иако во ...

Кошаркарите на Партизан ја забележа една од најлудите победи во сезоната во Евролигата – како домаќин во Минхен се врати од негатива од 27 поени и во продолжението славеше над лидерот Хапоел Тел Авив со 104-101 (88-88). По очајните две четвртини, се очекуваше нов убедлив пораз на „црно-белите“, но Партизан го одигра најневеројатниот натпревар во сезоната и на неверување на сите се избори за огромна победа. На спротивната страна најдобриот тим ...

Екипите на Интер и Пиза одиграа неверојатен натпревар во Серија А, откако на „Џузепе Меаца“ гостите први постигнаа два гола, а потоа беа потопени, односно Интер славеше со убедливи 6-2. Стефано Морео со два гола за дванаесет минути донесе водство за Пиза од 0-2 и многу проблеми за фаворизираниот домаќин. Но, Интер одново покажа карактер на голема екипа и трпеливо ја чекаше својата шанса, а кога ја дочека, следуваа три гола за само осум ...

Црвена Звезда извојува уште една голема победа во Евролигата, откако на гости кај Виртус во Болоња славеше со 93-102 во 24. коло од европската кошаркарска елита. Српскиот тим со тоа ја оствари третата последователна победа на гостински терен во Евролигата, достигнувајќи скор од 14-10 и одлична позиција пред трите последователни натпревари во Белград. „Црвено-белите“ повторно беа особено инспирирани офанзивно и постигнаа 100 или повеќе поени ...

Македонскиот напаѓач Марко Ѓорѓиевски го постигна својот деби-гол во романскиот шампионат во дресот на Херманштат. Некогашниот најдобар стрелец во ПМФЛ, стрелаше во натпреварот со лидерот Динамо Букурешт, но тоа не беше доволно за изненадување, затоа што гостинот славеше со минимални 1-2. Ѓоргиевски во игра влезе во 64. минута и само тринаесет минути подоцна машки издржа дуел со противнички играч и со прецизен удар ја смести топката во ...

Фудбалерите на ПСЖ по неочекуваниот пораз во Лигата на шампионите од Спортинг, вечерва им се вратија на победите и со минимални 0-1 го совладаа составот на Оксер, во натпревар од 19. коло на француската Лига 1. „Фенерџијата“ беше многу блиску до изненадување и освојување на бод против парижани, но Баркола го спаси шампионот од нов кикс. Во првото полувреме ПСЖ ја имаше топката во своите нозе во поголемиот дел од времето, имаше три одлични ...

Ракометната селекција на Шведска со победа ја започна втората фаза од Европското првенство, откако во драматичен натпревар и пресврт успеа да слави над Словенија со 31-35 (15-13). Словенците во транс го отворија соочувањето во Малме. Андраж Макуц одлично ја разигруваше екипата и Словенија уште во раната фаза се избори за предност од три гола (4-1). Домашниот терен колку што беше мотив, толку беше и притисок за шведските ракометари, кои дури ...

Италијанскиот тим Ферари официјално го откри својот нов болид за новата сезона во Формула 1, именуван како SF-26, со што започнува ново поглавје за „Скудерија“ под новите технички правила во спортот. SF-26 е изграден според најновите регулативи и носи значајни технички и аеродинамички подобрувања со цел да ја оптимизира ефикасноста и перформансите на патеката. Болидот е забележително полесен и агилен, со фокус на понапредни хибридни системи и ...

Амбициозниот второлигаш Скопје претстави две нови засилувања за вториот дел од сезоната во Втората македонска фудбалска лига. По Кристијан Наумовски во Скопје зимава се преселија уште Симеон Христов и Бесмир Даци. Поточно, Христов и Даци се враќаат на добро позната средина. Искусниот напаѓач есенскиот дел од сезоната го мина во редовите на Македонија ЃП, каде забележа шест гола на дванаесет натпревари, додека Даци во Скопје доаѓа по ...

Во Истанбул немаше дилеми, Фенербахче со одлична игра во второто полувреме ја победи Басконија со 84-71. Фенербахче во првиот натпревар од 2026 година, славеше на гости кај Басконија, а во истиот месец, турскиот тим повторно играше против истиот ривал во Евролигата и резултатот беше ист, овој пат во Истанбул. Басконија сили за надигрување имашесамо во првото полувреме, отиде на пауза со само четири поени негатива (42-38), но потоа, уште во ...

Македонскиот прволигаш Башкими се пофали со уште едно ново име оваа зима. Клубот од Куманово пазареше од „Чаир“ и своите редови ги засили со Луис Рибеиро. Португалскиот играч за врска по само шест месеци го напушти тимот на Шкупи, но остана во Првата македонска фудбалска лига. Од Башкими имаат големи очекувања од 25-годишниот Рибеиро, кој со своето искуство и квалитет треба да придонесе во офанзивната на тимот. Според „Трансфермаркт“ Рибеиро, ...

Звонимир Срна и неговата Хрватска се изборија за херојски триумф над Исланд на Европското првенство, со кој „каубоите“ останаа во игра за пласман меѓу четирите најдобри селекции. Високиот ракометар на францускиот Монпелје изјави дека е пресреќен за победата и најави уште поголема борба во клучните натпревари на континенталниот собир. „Во првото полурвеме бевме одлични, бевме полетни и водевме. Во вториот дел се мачевме, имавме резултатски ...

Челниците на хрватскиот ракометен шампион Загреб го составуваат тимот за следната сезона, а тамошните медиуми објавуваат сензационална вест Даниел Душебаев треба да биде засилувањето на левата бековска позиција. „Преговорите за доаѓањето на Даниел Душебајев во РК Загреб се во напредна фза. Сè уште не е официјално, но договорот е многу блиску“, објави познатиот ракометен агент Хен Ливгот на социјалните мрежи. Секако дека ова би било ...

weather icon

Скопје

1ᴼ / 1ᴼ
1.03
93%
1027
weather icon

Белград

5ᴼ / 1ᴼ
2.06
76%
1025
weather icon

Загреб

0ᴼ / 0ᴼ
0.51
86%
1026
weather icon

Софија

6ᴼ / 5ᴼ
1.5
59%
1028
weather icon

Сараево

2ᴼ / 2ᴼ
2.62
81%
1028
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 3ᴼ
0.53
75%
1027
weather icon

Атина

11ᴼ / 8ᴼ
5.14
72%
1025
weather icon

Тирана

5ᴼ / 5ᴼ
1.54
81%
1026
weather icon

Подгорица

6ᴼ / 6ᴼ
2.57
76%
1026
weather icon

Букурешт

2ᴼ / 0ᴼ
2.06
82%
1029
weather icon

Будимпешта

6ᴼ / -3ᴼ
1.54
59%
1026
weather icon

Истанбул

4ᴼ / 3ᴼ
3.6
75%
1028
Currency

61.6317

Currency

53.0259

Currency

70.9869

Currency

37.3197

Currency

39.0543

Currency

68.3788

Currency

7.68854

Currency

0.66899

Currency

0.33609

Currency

0.52519

Currency

1.20315

Currency

0.57679

Кобалт

66.14

Злато

166253.76

Рутениум

47358.05

Бакар

11.73

Родиум

372948.66

Паладиум

51794.85

Цинк

3.24

Платина

68963.35

Алуминиум

3.42

Калај

50.64

Иридиум

231355.22

Сребро

2711.59