Екипата на Работнички беше на чекор од многу важна победа, но на крајот ремизираше со конечни 3-3 (2-1) против Пелистер во натпреварот од триесеттото коло во Првата македонска лига. Првото полувреме донесе многу возбудувања и три погодоци, а шансите почнаа да се редат уште на самиот старт. Работнички бргу поведе со 1-0, откако погоди Сухељ Мухарем во четвртата минута. Се обидоа пелистерци веднаш да возвратат, тргнаа во офанзива и успеаја да ...

Фудбалерите на Брегалница направија уште еден важен чекор до враќање во Првата македонска фудбалска лига, откако денешното дерби на гости кај Беласица славеа со минимални 0-1 и со тоа ја сочуваа лидерската позиција во ВМФЛ, на три кола до крајот на шампионатот. На стадионот „Благој Истатов“ одлучувачкиот момент се случи во самиот финиш. Во 80 минута гостите од Штип добија најстрога казна, но Капсаров не го реализира ударот од 11 метри. ...

Екипата на Хофенхјам пропушти шанса за важен триумф и ремизираше со конечни 3-3 (2-1) против Штутгарт во 32. коло на германската Бундеслига. Директниот дуел меѓу два сериозни ривали донесе одличен фудбал и шест голови, а на паузата домаќините водеа со 2-1, откако стрелаа Андреј Крамариќ и Базумана Туре. „Швабите“ се вратија со голот на Крис Фухрих, но заминаа со негатива во соблекувалната. По само четири минути игра во вториот дел, Крамариќ ...

Екипата на Олимпик Марсеј си ги намали шансите за пласман во Лигата на шампионите, откако доживеа непријатен и неочекуван пораз кај веќе испаднатиот Нант (3-0) во натпреварот од 32. коло на француската Лига 1. Сите голови беа постигнати во вторите 45 минути, а гостите не успеаја да се соземат од шокот и потклекнаа пред тимот кој следната сезона ќе игра еден ранг подолу. За Нант ова беше само петти триумф сезонава, а Олимпик Марсеј го запиша ...

Кошаркарот на Реал Мадрид, Факундо Кампацо, го доби признанието за најкорисен играч (МВП) на вторите натпревари во четвртфиналната евролигашка серија. 35-годишниот Аргентинец го предводеше својот тим до убедлива победа над Хапоел Тел Авив со 102-75, бележејќи учинок од 23 поени (5/5 за два), 4/7 тројки, 1/1 слободно фрлање, на кои додаде шешст асистенции, три скока и две украдени топки - со вкупен индекс на корисност од 30. Кампацо беше ...

Дуелот меѓу Башкими и Вардар кој се игра на неутрален терен во Гостивар имаше немил момент, затоа што еден човек беше итно префрлен во болница. Се работи за навивач на Башкими, кој падна од трибината каде беше сместена групата која ги бодреше кумановчани. Брзата помош влезе на теренот, тој беше пресенен во болница. Сите се надеваат дека нема да има посериозни последици за човекот кој падна од трибината. Дуелот меѓу Башкими и Вардар кој се ...

Фудбалерите на Виљареал убедливо славеа над Леванте со 5-1 во рамките на 34. коло од Ла Лига. Иако „жолтата подморница“ веќе има обезбедено пласман во Лигата на шампионите, тимот на тренерот Марселино одигра максимално ангажирано и со оваа победа дополнително го зацврсти третото место на табелата, оставајќи го зад себе Атлетико Мадрид. Домаќинот дојде до водство во 38. минута по големата грешка на дефанзивецот Морено, чиј слаб пас го пресече ...

Фудбалерите на Мајорка ја победија Џирона со 0-1 (0-1) на гостински терен, во натпреварот од 35. коло во Примера. Екипата на Мартин Демикелис направи можеби клучен исчекор кон опстанок во елитното ниво на шпанскиот фудбал, бидејќи моментално е четири бода над зоната за испаѓање, а Севиља викендов ќе се соочи со Реал Сосиедад. Првото полувреме донесе релативно израмнета борба помеѓу два тима кои влегоа во натпреварот со мотив да стапнат во ...

Сезоната во Чемпионшип доби кулминација по 46 одиграни кола, а познати се и првите два патници во Премиер лига. Покрај Ковентри Сити, кој претходно обезбеди директен пласман, второто место го освои Ипсвич Таун. Тимот од Ипсвич ја искористи шансата на домашен терен и со убедлива победа од 3-0 против Квинс Парк Ренџерс се врати во елитата по само една сезона пауза. Во борбата за плеј-оф местата се водеше далеку поголема драма. Милвол победи со ...

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа ќе настапи на уште еден Грен слем турнир оваа сезона – тоа е Ролан Гарос во Париз. Тетовчанката која има 31 година, ќе го започне настапот од квалификациите, каде ќе се обиде да избори пласман во главниот турнир на престижниот настан на земјена подлога. Во моментов се очекува ждрепката за првото квалификациско коло, по што ќе биде познато и името на нејзината противничка. Името на Ѓорческа веќе ...

Ѕвездата на Бостон Селтикс, Џејсон Тејтум, доби сериозно предупредување пред одлучувачкиот плеј-оф натпревар против Филаделфија 76ерс поради проблемите со повреда. Иако се очекува да настапи на седмиот меч од серијата, Тејтум има проблеми со листот на ногата и го напушти теренот на претходниот натпревар, по што остатокот од мечот го проследи од клупата со бандажирана нога. Познатиот аналитичар Стивен Еј Смит испрати јасна порака дека постои ...

Екипата на ЖФК Љуботен е актуелен првак во женска конкуренција, но доби уште еден проблем пред крајот на сезоната. Тетовскиот прволигаш доби забрана за трансфери од ФИФА. Куќата на фудбалот пред крајот на месец април донесе одлука за блокада во следните три преодни рока. Овие блокади од ФИФА се пред се заради неисплатени обврски кон играчи и тренери од странство. ЖФК Љуботен на листата на ФИФА за блокади од мак-фудбалот е заедно со Шкупи и ...

Организаторите на МотоГП донесоа значајна одлука која ќе стапи на сила од сезоната 2027, а тоа е целосна забрана на настапите со т.н. „вајлд-кард“ во кралската класа. Одлуката е донесена од Гран при комисијата, составена од претставници на ФИМ, тимовите, производителите и самата организација со цел да се воспостави порамноправен и поконзистентен натпреварувачки систем. Со оваа промена, производителите повеќе нема да можат да користат ...

Екипата на Шкупи е единствен тим без победа во европскиот фудбал во најдобрите лиги. Доколку во последните кола чаирчани не направат чудо, ќе станат најлошиот клуб во историјата на македонскиот шампионат. Само еден освоен бод во досегашните кола има стариот првак на Македонија. Причините за тоа се јасни, клубот е во финансиска криза, игра со младинци, нема плата, има блокада за трансфери од ФИФА... Рекордот за најлоша сезона во Првата лига на ...

Шпекулациите за можен ангажман на Јирген Клоп во Реал Мадрид повторно се покажаа како неосновани, пренесуваат шпанските медиуми. Иако „кралскиот клуб“ е во потрага по нов тренер за следната сезона, по разочарувачките резултати под водство на Алваро Арбелоа, нема никакви конкретни контакти со поранешниот стратег на Ливерпул. Според информациите, Клоп нема намера да се врати на клупската сцена во блиска иднина. Неговата желба е во иднина да ја ...

Фудбалската федерација на Македонија донесе одлука да го откаже пријателскиот натпревар против Иран, кој требаше да биде дел од подготовките на азиската селекција за Светското првенство. Средбата беше планирана во рамките на подготвителниот камп на иранската репрезентација во САД, каде Иранците требаше да одиграат контролни натпревари, како против клубови, така и против национални селекции. Иако првично постоел договор и официјална потврда за ...

Останаа уште три кола до крајот на фудбалското првенство на Холандија, но таму шампионската трка одамна е решена. ПСВ Ајндховен се прошета до титулата, веќе неколку недели игра крајно растеретено. Последната важна задача што ќе ја имаат избраниците на Петер Бош до крајот на оваа сезона е наредната сабота од 20:00 часот да го победат и, по можност да го понижат, својот најголем ривал Ајакс во рамките на 32. коло од Ередивизие. Сите квоти во ...

Директорот на Башкими, Бурак Хида, испрати силна порака пред важниот натпревар против лидерот на табелата Вардар, нагласувајќи дека неговиот тим ќе одигра максимално ангажирано и без калкулации. Во изјава пред мечот, Хида потенцираше дека и покрај сомнежите и коментарите во јавноста, Башкими останува фокусиран исклучиво на сопствениот настап. „Знаеме дека денес имаме многу тежок натпревар против лидерот на табелата, но ние сме помотивирани од ...

Црногорскиот репрезентативец Вуко Борозан следната сезона ќе настапува за Алкалоид, со што ќе стане дел од четврти македонски клуб во својата кариера, објави „Моцарт Спорт“ повикувајќи се на свои извори. По периодот поминат во Вардар, а потоа и кратката епизода во ГРК Охрид, искусниот лев бек повторно се враќа во Скопје, овојпат во тимот од Автокоманда, каде тренер е Кирил Лазаров. Борозан во моментов се опоравува од повреда и нема да може да ...

Малку неверојатна вест ни доаѓа од Премиер лигата, откако Брајтон се реши за досега невидено решение. Имено, тренерот Фабијан Хирцелер покани ММА борецот да учествува на тренинзите на тимот за да му помогне во вежбањето на одбраната при прекини. Германскиот стручњак, кој со 33 години е најмладиот тренер во Премиер, јавно потврди на прес-конференција пред натпреварот на гости против Њукасл дека ММА борец навистина учествувал во тренинг пред ...

Работнички денеска игра еден од решавачките натпревари во битката за опстанок. По поразот од Македонија ЃП во Ѓорче Петров, избраниците на Муарем Муарем се наоѓаат пред голем предизвик, затоа што состојбата на табелата дека едноставно мора да го победат Пелистер во денешниот дуел од 30. коло во Првата лига, доколку сакаат да продолжат да се надеваат на останување во елитата. Тимот ќе биде под голем психолошки притисок, но и максимално ...

Ракометниот клуб Охрид го очекува еден од најважните натпревари во својата историја, откако на домашен терен ќе го пречека Целје во реваншот од полуфиналето во ЕХФ Европски Куп. Охриѓани ќе имаат активен резултат по првиот натпревар, во кој некогашниот европски првак славеше со 27-26. Иако словенечкиот тим во еден момент имаше и убедлива предност од седум гола, избраниците на Борис Ројевиќ покажаа карактер и се вратија во игра, намалувајќи ја ...

По големата победа над Шкендија во Тетово, екипата на Башкими со многу оптимизам влегува во претстојниот дуел со лидерот. Во рамките на 30. коло, кумановци ќе се соочат со Вардар, но наместо во Куманово, натпреварот ќе се одигра во Гостивар. И покрај тоа што Башкими ќе го пречека најтрофејниот македонски клуб на неутрален терен, мотивот кај фудбалерите е на највисоко ниво. Тимот сè уште ја бара „безбедната зона“ за опстанок во елитата, што е ...

Арсенал сè уште живее два сона - титулата во Премиер лигата и трофејот во Лигата на шампионите. „Топџиите“ се живи на двата фронта, но се соочуваат со тестови за зрелост за да го ослободат својот ореол на „вечен губитник“. Тимот на Микел Артета ќе се соочи со првиот од четирите последни чекори во нивната битка со Манчестер Сити за титулата што се чека повеќе од две децении на „Емирати“. Фулам честопати беше коска во грлото на „топџиите“, но ...

И на 43 години љубовта кон кошарката сè уште е огромна. Едис Нури, капитенот на ТФТ Скопје, уште еднаш покажа дека годините се само бројка за него и на натпреварот со Кожув направи потег кој што ретко се гледа на македонскиот паркет. Највозрасниот кошаркар во Суперлигата во самата завршница од првото полувреме подели асистенција во стилот на кошаркарскиот великан Никола Јокиќ, откако од зад грб проигра соиграч кој беше сам пред рекетот и ...

Сопственикот на Панатинаикос, Димитрис Јанакопулос, е казнет за неговото однесување за време на реваншот од плејоф серијата помеѓу Валенсија и „зелените“ од Атина. На Јанакопулос му е забрането да присуствува на следните три натпревари од Евролигата што ќе ги игра Панатинаикос, а доби и парична казна од 10.000 евра. Како што пишува „ Еурохупс“, Евролигата ќе им предложи на своите акционери ревизија на релевантните одредби од Дисциплинскиот ...

Фудбалерите на Лече го надиграа тимот на Пиза на гостински терен со 1-2, во натпреварот од 35. коло на италијанската Серија А. Откако стана јасно дека дел од италијанската елита следната сезона ќе стане Венеција, сега е познато дека Пиза ќе биде дел од Серија Б од претстојното лето. Тоа веќе беше познато на средината од сезоната и беше само прашање на време кога „сино-црните“ математички ќе испаднат од лигата, што се случи по вечерашниот ...

Кошаркарите на Орландо Меџик пропуштија голема шанса да ја завршат работата и да го елиминираат најдобриот тим од Истокот, Детроит Пистонс. Орландо имаше можност да го победи Детроит на домашен терен и да се пласира во втората рунда, но доживеа пораз од 79-93. И не обичен пораз, туку болен, бидејќи тимот на Џамал Мозли имаше предност од 22 поени на полувремето. Но, ништо од тоа не беше доволно, затоа што следеше катастрофа. „Магичните“ ...

Англиските медиуми пишуваат дека раководството на Манчестер јунајтед не сака да ја повтори грешката што ја направи со Оле Гунар Солскјер, па затоа размислува за ново тренерско решение. Иако Мајкл Керик во моментов го води тимот и има солидни резултати, во клубот не се целосно убедени дека тој е долгорочно решение за клупата. Токму поради тоа, веќе се разгледуваат алтернативи. Како сериозен кандидат се споменува шпанскиот тренер Андони Ираола, ...

Кошаркарите на Лос Анџелес Лејкерс се пласираа во полуфиналето на Западната конференција на НБА лигата, откако во шестиот натпревар од серијата славеа над Хјустон Рокетс со 98-78 и со вкупни 4-2 обезбедија пласман во следната фаза. Лејкерс речиси целата работа ја завршија во првото полувреме, бидејќи стигнаа до огромни +18 (49-31), а предноста ја одржуваа до самиот крај. Рокетси беа ослабени и во овој натпревар поради отсуството на Кевин ...

weather icon

Скопје

16ᴼ / 16ᴼ
0.75
66%
1014
weather icon

Белград

16ᴼ / 15ᴼ
1.76
91%
1013
weather icon

Загреб

15ᴼ / 15ᴼ
3.17
88%
1014
weather icon

Софија

14ᴼ / 14ᴼ
0.62
71%
1013
weather icon

Сараево

17ᴼ / 17ᴼ
2.98
95%
1012
weather icon

Љубљана

16ᴼ / 16ᴼ
1.34
85%
1013
weather icon

Атина

22ᴼ / 20ᴼ
0.89
67%
1013
weather icon

Тирана

18ᴼ / 18ᴼ
1.26
70%
1014
weather icon

Подгорица

17ᴼ / 17ᴼ
1.94
62%
1015
weather icon

Букурешт

18ᴼ / 16ᴼ
0.89
84%
1009
weather icon

Будимпешта

15ᴼ / 14ᴼ
1.79
57%
1012
weather icon

Истанбул

18ᴼ / 18ᴼ
1.42
98%
1013
Currency

61.645

Currency

53.2547

Currency

71.3983

Currency

37.518

Currency

38.0603

Currency

66.8565

Currency

7.86455

Currency

0.73493

Currency

0.33253

Currency

0.52573

Currency

1.15121

Currency

0.55992

Цинк

0.00

Кобалт

45.39

Злато

135639.33

Калај

53.60

Рутениум

48965.59

Паладиум

40767.15

Сребро

2186.28

Платина

55170.68

Иридиум

253540.09

Родиум

257205.97

Бакар

13.01

Алуминиум

3.54