Скопје
17ᴼ /
17ᴼ
Диего Симеоне и Атлетико Мадрид допатуваа во Лондон на мегдан со Арсенал во полуфиналниот реванш од Лигата на шампионите, а популарниот „Чоло“ беше прилично оптимистички расположен на прес-конференцијата. Шпанскиот гигант ќе се обиде да дојде до ново финале во елитниот ранг на УЕФА, но Симеоне предупредува дека борбата ќе биде огромна, со надеж за успех на неговиот тим. „Јас сум реален човек и не сакам да давам лажни надежи. Играчите знаат ...
По освојувањето на шампионската титула во Серија А, тренерот на Интер, Кристијан Киву, не го криеше задоволството од успехот, истакнувајќи дека тимскиот дух бил клучен фактор во текот на целата сезона. Романецот додаде дека патот до титулата не бил лесен, но дека токму тешките моменти го изградиле тимот и го направиле посилен. Според него, успехот е резултат на напорната работа, дисциплината и желбата за докажување на највисоко ниво. „Ова не ...
ГФК Тиквеш денес одржа состанок на акционерското друштво и донесени се повеќе одлуки. Се менува целосниот стручен штаб на тимот на чело со тренерот Борче Христов. Освен него, заминуваат асистентите Трајче Стојковски, Ванче Шиков и Баже Левков. Исто така, раскината е соработката и со спортскиот директор Љупчо Трајковски. Според најавите од Кавадарци, водењето на клубот ќе го преземе ко-сопственикот Браво до крајот на сезоната. „По одржување на ...
Тренерот на Арсенал, Микел Артета, ги прокоментира очекувањата од реваншот во полуфиналето на Лигата на шампиони, каде неговите избраници вторпат се соочуваат со незгодниот Атлетико Мадрид. „Топчиите“ успеаја да извлечат реми на првиот меч во Мадрид (1-1), но сега ќе мораат да одиграат далеку подобро ако сакаат пласман во големото финале. „Едвај чекам да започне мечот. Ја чувствувам енергијата во екипата и среќен сум што сите се расположени. ...
Фудбалерите на Лацио запишаа победа на гостувањето кај Кремонезе, славејќи со 1-2 во рамките на 35. коло во Серија А. Домашниот тим подобро го отвори натпреварот и поведе во 29. минута преку Федерико Бонацоли, кој ја искористи својата шанса и погоди за 1-0. До паузата, гостите се обидуваа да се вратат, но не најдоа начин да го совладаат противничкиот голман. Во второто полувреме, Лацио заигра поофанзивно и израмни во 53. минута, кога Густав ...
Легендарниот Талант Душебаев замина од Киелце после цели 12 години, иако оваа одлука беше изненадувачка за многумина во ракометниот свет. Голем дел од јавноста мислеше дека во прашање се лошите резултати на екипата, но новите информации говорат дека постоел и голем внатрешен конфликт во соблекувалната. Според наводите на неколку полски медиуми, проблемите започале после поразот од Висла Плок во полуфиналето на Купот, кога искусниот тренер ...
Левиот бек на Реал Мадрид, Ферланд Менди, заработи сериозна повреда и ќе ја заврши сезоната порано од очекуваното. Менди се повреди на натпреварот против Еспањол, кога мораше да го напушти теренот по само неколку минути игра поради проблем со мускулот на бутот. По дополнителните медицински прегледи, потврдено е дека станува збор за посериозна повреда која бара подолга пауза. Ова е уште еден голем удар за Реал Мадрид, кој во текот на сезоната ...
Владимир Цупара по три години дефинитивно ќе се раздели со Динамо Букурешт. Искусниот голман зад себе остава богато поглавје во романската престолнина, освојувајќи три трипл-круни и вкупно девет трофеи. Разделбата ја потврди со емотивна порака до навивачите. „Нема подобар начин да се простам од неверојатна победа. Уште една титула е обезбедена, вкупно деветти трофеј за мене во овие три години во дресот на Динамо. Да не го заборавам и ...
Младиот Џеси Дери требаше најпозитивно да го памети попладнето во кое дебитираше за Челзи во дуелот од Премиер лигата против Нотингем Форест. 18-годишникот дебитираше за „сините“ во првенството, а овој меч ќе го памети по негативната страна. Пред полувремето Дери имаше жесток судир глава со глава со Зак Абот. Поради тоа, лекарите на Челзи мораа да му укажат помош, а по десетминутна пауза стана јасно дека Дери не може да продолжи. Младото ...
Селекторот на српската репрезентација, Вељко Пауновиќ, се најде на листата желби на Хетафе за позицијата главен тренер. Клубот од предградието на Мадрид бара решение за клупата, бидејќи актуелниот стратег Хосе Бордалас најверојатно ќе замине по завршувањето на сезоната. Пауновиќ е меѓу главните кандидати, но шпанските медиуми пишуваат дека раководството разгледува повеќе имиња за нов тренер на првиот тим. Интересно е што во неговиот договор ...
Челзи е во очајна форма и го запиша дури шестиот последователен пораз во Премиер лигата, губејќи од Нотингем Форест со убедливи 1-3, но мечот го одбележа голот на Жоао Педро, кој постигна фантастичен погодок во судиското надополнување. „Сините“ од Лондон одиграа ужасен меч пред своите навивачи, имаа голема негатива до 93. минута, но почесниот гол беше навистина ремек-дело, а Жоао Педро ја застресе мрежата со прекрасни „ножички“, измамувајќи ...
Екипата на Челзи им приреди ново непријатно изненадување на своите навивачи, откако загуби со убедливи 1-3 (0-2) од Нотингем Форест во натпреварот од 35. коло на англиската Премиер лига. „Шумарите“ одиграа феноменален меч и максимално го искористија лошиот амбиент во таборот на „сините“. Таиво Авонији го отвори резултатот по само 120 секунди игра, а на 0-2 зголеми Бразилецот Игор Жезус, кој прецизно изведе пенал во петнаесеттата минута. Челзи ...
Легендарниот германски тенисер, Борис Бекер, изјави дека Новак Ѓоковиќ има реални шанси оваа година да ја освои својата 25. Грен слем титула и да испише нова историја во светот на тенисот. Бекер посочи дека и покрај силната конкуренција од помладите тенисери, Ѓоковиќ секогаш знае како да го подигне нивото на игра на најголемите турнири. „Верувам дека Новак има уште многу да покаже. Неговото искуство, ментална сила и мотивација се на највисоко ...
Финалистот во Првата македонска кошаркарска лига за дами, Бадел 1862 соопшти дека капитенката Јована Петрушевска ја заврши сезоната. Според информациите кои Бадел ги соопшти на социјалните мрежи, веројатно се работи за здравствен проблем. Лидерот на скопскиот тим мораше да биде оперирана. Клубот соопшти дека сè минало во најдобар ред и нагласи дека ја очекуваат својата капитенка уште посилна. Бадел 1862 го загуби првиот меч од финалето ...
Фудбалерите на Барселона ќе имаат можност да ја освојат титулата во шпанската Примера токму во дербито против најголемиот ривал, Реал Мадрид. По последните резултати, каталонскиот тим е на чекор до шампионскиот трофеј и веќе во наредното „Ел Класико“ може и математички да ја обезбеди титулата. За тоа ќе им биде доволен и нерешен резултат на домашен терен. Реал Мадрид со победата над Еспањол само привремено ја одложи прославата, но разликата ...
Кошаркарите на Монако ќе настапат ослабени во важниот натпревар против Олимпијакос во Евролигата, но сепак ќе можат да сметаат на својот лидер. И покрај бројните шпекулации, Мајк Џејмс ќе биде во составот и подготвен е да му помогне на тимот во клучниот меч. Неговото присуство е од огромно значење за играта на Монако, особено во офанзивниот дел. Сепак, францускиот тим ќе биде значително ослабен бидејќи нема да настапат Алфа Диало, Никола ...
Привремениот тренер на Манчестер Јунајтед, Мајкл Керик, сè уште не добил нов договор, и покрај тоа што обезбеди пласман во Лигата на шампионите. „Црвените ѓаволи“ го победија Ливерпул во големото дерби (3-2) и со тоа обезбедија пласман во елитната лига за следната сезона на три кола пред крајот. Керик направи многу добри работи со преземањето на Јунајтед. Откако тој дојде на „Олд Трафорд“, овој тим собра најмногу бодови во Премиер лигата. ...
Ракометарот на ГРК Охрид, Тилен Стрмљан, најавува тежок и неизвесен натпревар против Алкалоид во рамки на седмото коло од плеј-офот во македонскиот шампионат. Охриѓани ги очекува нов предизвик во напорниот ритам на натпревари, а Стрмљан потенцира дека клучно ќе биде тимот најпрво добро да се регенерира, а потоа да прикаже борбена игра на теренот. „Повторно нè очекува еден тежок натпревар против екипата на Алкалоид. Имаме напорен ритам на ...
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ ќе се појави на Мастерсот во Рим. Ѓоковиќ го одигра својот последен меч пред два месеци во Индијан Велс и оттогаш е на пауза. Тој закажа тренинг во Рим, според веб-страницата на натпреварувањето, за понеделник од 18.00 часот, со Перуанецот Игнасио Бусе, што очигледно значи дека ќе настапи во „вечниот“ град. Ноле настапил во Рим осумнаесет пати, а шест пати беше шампион, последниот пат во 2022 година. Минатата ...
Комисијата за натпреварување при ФФМ, на седницата одржана на ден 04.05.2026 година, покрена дисциплински мерки по настаните од натпреварите во 30. коло од ПМФЛ, сезона 2025/26. На натпреварот помеѓу ФК Тиквеш 1930 и ФК Аресими 1973, одигран на 3 мај 2026 година во Кавадарци, било констатирано сериозно прекршување од страна на домашната публика. Навивачката група „Лозари“ употребила пиротехника, при што 38 пати биле фрлани пиротехнички ...
Митко Јанчев, првиот човек на Општина Кавадарци, која воедно е и доминантен сопственик на фудбалскиот клуб Тиквеш со објава на социјалните мрежи се огради и ги осуди сите навреди кон Фудбалската федерација на Македонија и самиот клуб. Градоначалникот вели дека помеѓу клубот и ФФМ има одлични релации и соработка како во професионалниот дел така и во подигање на спортската култура во градот и младинските категории. „Како градоначалник на ...
Српската ракометна селекција е пред двата најважни натпревари оваа година. „Орлите“ ќе играат против фаворизираните Унгарци во двомеч за пласман на следното Светското првенство. Интересот за првиот натпревар во „Чаир“ е исклучително голем, уште од пред повеќе од еден месец билетите се продадени, а овој пат Српската ракометна федерација одлучи да ја подигне организацијата на повисоко ниво, па за првпат во историјата, пред салата ќе биде ...
Раководството на Денвер Нагетс е подготвено за прилично радикални промени во своите планови за претстојната сезона, според добро познатиот инсајдер Шамс Чаранија. Раната елиминација на од плеј-офот на НБА од десеткуваната Минесота покрена сериозни прашања за иднината на клубот од Колорадо. И покрај доминацијата на Никола Јокиќ во претходните сезони, впечатокот е дека франшизата не успеа да го искористи максимално неговиот најдобар период. ...
Кошаркарската федерација на Македонија овој викенд ја продолжува сезоната на М12 каравани – проект посветен на најмладите кошаркар(к)и, чија цел е развој на спортскиот дух, пријателство и љубов кон кошарката. А наредната станица на кошаркарските каравани за најмладите ќе биде Тетово, новиот дел од проектот е предвиден за 10. мај, ќе биде реализиран во спортската сала „Економско“ како уште една од неколкуте предвидени локации во оваа ...
Екипата на Прилеп се пофали со нов ракометар за следната сезона и во своите редови ќе го доби кружниот напаѓач Петар Маркоски. 28-годишниот ракометар од Струга во Прилеп доаѓа од редовите на Еурофарм Пелистер 2, носејќи со себе искуство, сила и борбеност на линијата од шест метри. Маркоски стави потпис на договор со времетраење од две години, со што ќе биде важен дел од екипата во наредниот период. Прилепчани во Маркоски очекуваат цврста игра ...
На најновата ВТА листа, првото место сè уште го држи Арина Сабаленка, додека најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа доживеа мал пад. Белорусинката има 10.100 освоени бода и прилично голема разлика на врвот во споредба со второпласираната Елена Рибакина со 8.555. Од оваа недела, Ига Швјонтек е на третото место со 6.948 бода, иако се откажа рано од Мастерсот во Мадрид поради здравствени причини, прескокнувајќи ја Коко Гоф која сега има ...
Предводникот на Вардар, Иван Чупиќ, испрати јасна порака пред реванш четвртфиналниот дуел против Монпелје во Европската лига на ЕХФ: Хрватскиот стратег вели дека вербата не смее да исчезне, и покрај високата негатива од првиот натпревар. „Црвено-црните“ ќе имаат тешка задача да ја анулираат разликата од десет голови, но Чупиќ смета дека шансите не се загубени ако тимот одигра на повисоко ниво и со вистински пристап во текот на сите 60 минути. ...
Ракометарот на Вардар, Мартин Лазаревски, порача дека тимот мора да покаже сосема поинакво лице на реванш четвртфиналниот натпревар против Монпелје. По убедливиот пораз на првиот меч во Франција, „црвено-црните“ се исправени пред тежок предизвик, но Лазаревски верува дека со максимален ангажман и поддршка од трибините, Вардар може да одигра многу подобро. „Имаме утре многу важен меч. За жал не очекувавме така да заврши натпреварот во ...
Пеп Гвардиола навести дека ќе остане во Манчестер Сити и следната сезона, инсистирајќи дека сè уште има енергија да продолжи да работи и да го гради своето наследство. Иако клубот наводно се подготвува за живот без каталонскиот тренер доколку тој замине ова лето, неговите најнови коментари сугерираат дека планира да ја дочека последната година од договорот. Гвардиола се приближува кон една деценија на чело на клубот од „Итихад“, период кој ...
Бразилскиот фудбалски ас Нејмар одново е во центарот на вниманието кај фудбалската јавност, откако се скарал со 18-годишниот Робињо Јуниор, син на славниот Робињо, и го соборил на тренингот на Сантос во недела наутро Според извори од бразилските медиуми, сето тоа се случило за време на еден од тренинг натпреварите за играчите кои не играа против Палмеирас во сабота навечер. Според извештаите, Нејмар бил лут и се чувствувал непочитуван кога ...