Двата реванш полуфинални натпревари од Купот на Македонија беа од особено значење за сите четири екипи, кои во нив влегоа со резултатска неизвесност. На натпреварите имаше неколку предизвикувачки ситуации за судиите, како и за ВАР судиите. На натпреварот во Куманово, помеѓу екипите на Шкендија Арачиново и Шкендија Тетово, во 90. минута беше покажан директен црвен картон за играчот со бр. 11 поради провокативни, неспортски и вулгарни ...

Македонскиот кошаркарски суперлигаш ТФТ Скопје со голем респект, но и оптимизам, ја очекува плеј-ин серијата против Борац Чачак за место во АБА 1 лигата. Тренерот на ТФТ, Боро Смилковски, истакна дека неговиот тим се наоѓа во исклучително тежок ритам на натпревари, но дека дуелите со Борац претставуваат уникатно искуство и можност за потврда на сработеното. „Нè очекува плеј-ин серијата со Борац во пеколна динамика на натпревари за нас, веќе ...

Meѓународниот центар за спортски студии (CIES) со седиште во Нојшател, Швајцарија, објави истражување за просечната возраст на тренерите во 55 фудбалски првенства ширум светот, а резултатите покажаа дека бугарската лига има највозрасни тренери во светски рамки. Според анализата, просечната возраст на 16-те тренери во бугарската елита изнесува 55,6 години, што е највисок просек меѓу сите анализирани шампионати. Најстар тренер во најдобриот ...

Настапот на Иран на претстојното Светско првенство и натаму е под знак прашалник поради затегнатите односи со Соединетите Американски Држави и Израел, а дополнително внимание предизвика и изјавата на претседателот на Иранската фудбалска федерација, Мехди Таџ. Тој порача дека Иран на турнирот ќе настапи како селекција која спортски изборила пласман и нагласи дека домаќин на натпреварувањето е ФИФА, а не американската администрација. „Одиме на ...

Младиот аргентински фудбалер Џанлука Престијани би можел сериозно да биде оштетен пред настапот на Светско првенство, откако ФИФА ја прошири суспензијата што претходно му ја изрече УЕФА. Причина за казната е вербален инцидент со Винисиус Жуниор за време на натпреварот од Лигата на шампиони меѓу Бенфика и Реал Мадрид. ФИФА потврди дека суспензијата од шест натпревари ќе важи за сите натпреварувања под нејзина надлежност. Од тие шест меча, три ...

Екипата на Силекс се избори за учество во големото финале во Купот на Македонија, откако славеше со минимални 1-0 (1-0) над ГФК Охрид Лихнидос во полуфиналниот реванш во Кратово. Во првото полувреме видовме повеќе шанси на двете страни, но Силекс беше тимот што прикажа далеку подобра игра. Кратовчани добија два пенали во првите 45 минути, првиот не го реализираше Ади Алиќ, кој биеше директно во голманот Серафимов, а потоа одговорноста ја ...

Комитетот за итност на ФФМ донесе одлука, финалето на Купот на Македонија во женска конкуренција да се одигра на 14 мај на стадионот на Македонија ЃП со почеток во 15 часот. Во решавачкиот натпревар за трофејот во ова натпреварување ќе се сретнат ЖФК Тиверија Брера и ЖФК Каменица Саса. Согласно пропозициите за финалето на Купот во женска конкуренција оваа година ќе одигра со примена на ВАР технологијата. За фудбалерките на Тиверија Брера ова ...

Европската ракометна федерација (ЕХФ) ги одреди судиите за баражите за Светското првенство (СП) кое ќе се игра во Германија, а дел од нив ќе бидат еден македонски судиски пар и еден делегат. Арбитрите Димитар Митревски и Благојче Тодоровски го добија најатрактивниот бараж за пласман на планетарниот собир. Тоа е натпреварот меѓу Чешка и Франција кој ќе се игра во градот Брно. Македонија во баражот за Светското првенство ќе гостува кај Словачка ...

Европска ракометна федерација (ЕХФ) ги објави официјалните лица за завршниот турнир во Европската лига (ЕЛ) во женска конкуренција кој ќе се игра во Дижон, а меѓу нив ќе има и македонски претставник. Искусниот Марјан Начевски е назначен за делегат на второто полуфинале, во кое домаќинот Дижон ќе се соочи со унгарскиот Естергом. Начевски ќе има улога и на финалниот ден од турнирот, а дополнително ќе биде одредено кој меч ќе му припадне. ...

Во пресрет на претстојниот пријателски натпревар меѓу репрезентациите на Македонија и Босна и Херцеговина, кој на 29 мај ќе се одигра во Сараево, денес „Куќата на Фудбалот“ ја посети Амбасадорот на Босна и Херцеговина, Драган Јаќимовиќ. На средбата со претседателот на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), Масар Омерагиќ, стана збор и за пријателските односи на двете земји , особено во спортот. Исто така се разговараше и за големиот ...

Охрид деновиве живее за ракометот. Градот и навивачката група „Рибари“ се мобилизираат за дербито со Вардар 1961 во македонската Суперлига, а воедно се подготвуваат и за финалето во Еврокупот на ЕХФ против унгарската Татабања. По повод мега-дербито со скопските „црвено-црни“, клубот упати апел до сите љубители на ракометот да ја исполнат салата „Билјанини извори“ и да им дадат голема поддршка на своите миленици. ГРК Охрид ги повикува охриѓани ...

Женската репрезентација до 16 години триумфално го отвори настапот на УЕФА развојниот турнир што се одржува во Струмица. Избраничките на селекторката Катерина Милеска ја совладаа репрезентацијата на Сан Марино со 5-0. Серијата погодоци на мечот што се одигра на теренот на Тренинг центарот „Горан Пандев“ ја отвори Христина Јорданова во 30. минута. Четири минути подоцна, Јорданова повторно се запиша меѓу стрелците и зголеми на 2-0, а во ...

Дисциплинската комисија на Фудбалската федерација на Македонија ги изрече мерките и казните за сите сторители на прекршоци во последните кола од Првата и Втората македонска лига. Беа разгледувани повеќе ситуации од различни натпревари, по што беа донесени следните одлуки: Фудбалерот на Тиквеш 1930, Камара Фоде доби забрана за настап на три натпревари, заради грубиот старт и директниот црвен картон на натпреварот против Арсими во неделата. ...

Македонскиот фудбалер Андреј Тодороски повторно го привлекува вниманието на јавноста во српското фудбалско првенство, каде периодов е во одлична форма и бележи одлични настапи за својот тим, ТСЦ Бачка Топола. Тодороски постигна пет голови на последните четири натпревари, со што повторно се наметнува како потенцијален репрезентативец на Македонија. Српските медиуми на големо пишуваат за неговата форма, а воедно и жалат што не беше во сличен ...

Светската фудбалска асоцијација (ФИФА) се соочува со неочекувани проблеми во пресрет на Светското првенство, откако сè уште нема договори за телевизиски права во Кина и Индија - два исклучително големи и богати пазари. Иако ФИФА веќе обезбеди договори во повеќе од 170 земји, преговорите со овие две држави сè уште траат и се далеку од финален исход. Главниот проблем е финансискиот јаз меѓу барањата на ФИФА и понудите на телевизиските компании. ...

Чичкото и поранешен тренер на Рафаел Надал, Тони Надал, повторно привлече внимание со една своја изјава, а овој пат се осврна на ривалството помеѓу Јаник Синер и Александар Зверев. Надал откри дека Зверев има посебен респект кон Синер, до тој степен што го смета речиси за непобедлив. „Го прашав со кого повеќе би сакал да игра, со Синер или со Алкараз, и ми рече Алкараз. За него, Синер веќе тогаш беше недостижен и претставуваше вистинска ноќна ...

Раководството на АБА лигата одржа состанок со извршниот директор на Евролигата, Чус Буено, во седиштето на елитното натпреварување во Барселона. На средбата се разговарало за можностите за понатамошно зајакнување на европската кошарка, како од спортски, така и од комерцијален аспект. Посебен акцент бил ставен на одржлив раст, подобрување на структурата на натпреварувањата и отворање нови можности за создавање вредност во кошаркарскиот систем. ...

Тренерот на Арсенал, Микел Артета, не го криеше задоволството по победата над Атлетико Мадрид (1-0) во Лигата на шампионите и пласманот во големото финале, истакнувајќи дека целиот вложен труд конечно дава резултат. Шпанскиот стратег потенцираше дека играчите заслужуваат признание за напредокот, особено поради континуитетот и начинот на кој реагирале во тешки ситуации. Тој додаде дека ваквите резултати се плод на долг процес и посветена ...

Поранешниот ракометар на Металург и Вардар, како и капитен на српската репрезентација, Мијајло Марсениќ, ги изнесе своите очекувања за баражот за Светското првенство, каде нашиот северен сосед ќе ги одмери силите со секогаш незгодната Унгарија. Марсениќ очекува тимот да даде максимум од своите можности, потенцирајќи дека го познаваат квалитетот на ривалот, но ќе се борат до крај за остварување на целта. „Очекувам полна сала и одлична игра. ...

Фудбалска Србија уште многу години ќе го памети денешниот ден. На 6 мај 1995 година на легендарната „Маракана“ се одигра 100. вечно дерби меѓу лутите ривали Црвена Звезда и Партизан. На тој дуел „црвено-белите“ извојуваа минимална победа од 2-1, а човек на одлука беше тогашниот репрезентативец на Македонија, Митко Стојковски. Битолчанецот стави печат на историското дерби со гол и асистенција и стана миленик на навивачите на Црвена Звезда. ...

Целиот свет со нетрпение го очекува реваншот од полуфиналето на Лигата на шампионите во кој Баерн Минхен ќе се сретне со ПСЖ, и сите се надеваат дека ќе бидат сведоци на уште еден фудбалски спектакл, сличен на оној што беше виден на 28 април на „Паркот на принцовите“ кога официјалниот шампион на Стариот континент славеше со 5-4. Во пресрет на претстојниот натпревар во главниот град на Баварија, тренерот на ПСЖ, Луис Енрике, истакна дека ...

Диего Симеоне, тренерот на Атлетико Мадрид, спортски го прифати поразот од Арсенал во Лондон (1-0), по кој „јорганџиите“ беа елиминирани во полуфиналето на Лига на шампиони. Аргентинскиот стратег истакна дека противникот заслужено се пласирал во финалето, нагласувајќи дека неговиот тим не бил доволно конкретен во клучните моменти. „Елиминирани сме затоа што нашите противници заслужија пласман во финалето. Тие ја искористија својата голема ...

На „Паркот на принцовите“ Пари Сен Жермен и Баерн Минхен одиграа луд натпревар на кој славеше домашниот тим со 5-4. Според зборовите на тренерот на Баерн, Винсент Компани, љубителите на фудбалот одново ќе уживаат, бидејќи вечерва ги очекува не помалку спектакуларен реванш од полуфиналето на Лигата на шампионите на УЕФА. Белгискиот стручњак истакна дека Баерн нема да ги промени своите принципи, а убеден е дека ниту ПСЖ нема да ја промени ...

Играчот на Лос Анџелес Лејкерс, Џаред Вандербилт, го повреди малиот прст на десната страна на натпреварот против Оклахома Сити. Вандербилт се повреди обидувајќи се да го блокира забивањето на домашниот кошаркар Чет Холмгрен. Тој веднаш го зграпчи прстот и отиде до клупата на Тандерси, а играчите на домашниот тим беа шокирани од глетката. The Thunder's reaction to Jarred Vanderbilt's hand injury pic.twitter.com/k9qHwGXyh7 — Bleacher Report ...

Попладнево се играат реванш натпреварите од полуфиналето во Купот на Македонија. Четири тима во решавачките деведесет минути влегуваат со желба за победа и пласман во големото финале и завршната битка за трофејот во ова натпреварување. Во Кратово, Силекс го пречекува Охрид кој по елиминацијата на еден од главните фаворити и се уште актуелен победник, Вардар посакува уште една сензација и победа против екипата која три пати во својата историја ...

Букајо Сака, првата ѕвезда на Арсенал, се врати во првиот состав на Микел Артета и беше најзаслужен за пласманот на лондонскиот гигант во финалето во Лигата на шампионите. Во Лондон „топџиите“ славеа со минимални 1-0 над Атлетико Мадрид, а стрелец на единствениот гол беше токму Сака. „Сè е толку убаво вечерва. Видeтe што значи оваа победа и ова финале за нас и нашите навивачи. Се надевам дека оваа прекрасна приказна ќе заврши добро во ...

Екипата на Арсенал може да се критикува за начинот на кој што игра во последните месеци, но пред фактите и боговите молчат! Лондонскиот гигант испишува импресивна европска приказна оваа сезона, обезбедувајќи пласман во финалето на Лига на шампиони без ниту еден пораз. Арсенал до големото финале стигна со фантастична серија од 14 натпревари без пораз, при што забележа дури 11 победи и само три ремија. Ваквата конзистентност го потврдува ...

Фудбалерите на Арсенал, по дваесет години, одново ќе играат финале во Лигата на шампионите, а по завршувањето на реваншот во Лондон, камерите го уловија спортскиот потег на стратегот на домашниот тим Микел Артета. Откако судијата досуди крај на средбата, Диего Симеоне влезе на теренот за да ги поздрави своите играчи, но неговото внимание го украде помладиот колега од Шпанија. Артета, се разбира, еуфорично ја прослави големата победа и ...

Антоан Гризман, еден од најдобрите фудбалери во модерниот фудбал, без трофеј за кого сонуваше ќе ја заврши својата блескава кариера во Атлетико Мадрид. Францускиот ас, синоќа го одигра последниот натпревар во Лигата на шампионите како член на мадридскиот гигант и поразот од Арсенал во реваншот од полуфиналето значеше и крај на сите надежи за трофеј. Покрај неуспехот во европската елита, Гризман со Атлетико не успеал да освои трофеј ниту во ...

Екипата на Охрид славеше победа во уште едно ракометно дерби. Финалистот во ЕХФ Купот беше поуспешен од актуелниот шампион во истото натпреварување Алкалоид, откако во „Автокоманда“ триумфираше со минимални 26-27. По средбата македонскиот ракометар Дејан Кукуловски не го криеше задоволството од новиот голем успех на „гладијаторите“, потенцирајќи дека сите ракометари изгинаа на паркетот. „Честитки за противничката екипа, за фер и коректната ...

weather icon

Скопје

17ᴼ / 17ᴼ
1.5
67%
1014
weather icon

Белград

16ᴼ / 15ᴼ
1.91
91%
1014
weather icon

Загреб

16ᴼ / 16ᴼ
3.58
86%
1015
weather icon

Софија

15ᴼ / 15ᴼ
0.64
71%
1014
weather icon

Сараево

17ᴼ / 17ᴼ
2.76
94%
1013
weather icon

Љубљана

18ᴼ / 18ᴼ
1.34
80%
1014
weather icon

Атина

23ᴼ / 20ᴼ
0.45
66%
1013
weather icon

Тирана

18ᴼ / 18ᴼ
1.16
72%
1015
weather icon

Подгорица

17ᴼ / 17ᴼ
1.97
62%
1015
weather icon

Букурешт

19ᴼ / 17ᴼ
4.02
73%
1011
weather icon

Будимпешта

15ᴼ / 12ᴼ
1.34
61%
1012
weather icon

Истанбул

18ᴼ / 18ᴼ
1.47
100%
1014
Currency

61.645

Currency

53.2547

Currency

71.3983

Currency

37.518

Currency

38.0603

Currency

66.8565

Currency

7.86455

Currency

0.73493

Currency

0.33253

Currency

0.52573

Currency

1.15121

Currency

0.55992

Калај

53.60

Сребро

2186.28

Паладиум

40767.15

Родиум

257205.97

Кобалт

45.39

Рутениум

48965.59

Бакар

13.01

Цинк

0.00

Злато

135639.33

Алуминиум

3.54

Платина

55170.68

Иридиум

253540.09