Европска ракометна федерација (ЕХФ) ги објави официјалните лица за завршниот турнир во Европската лига (ЕЛ) во женска конкуренција кој ќе се игра во Дижон, а меѓу нив ќе има и македонски претставник. Искусниот Марјан Начевски е назначен за делегат на второто полуфинале, во кое домаќинот Дижон ќе се соочи со унгарскиот Естергом. Начевски ќе има улога и на финалниот ден од турнирот, а дополнително ќе биде одредено кој меч ќе му припадне. ...
Крушево, 7 мај 2026 (МИА) – Македонската машка одбојкарска репрезентација во одлични услови и мирна работна атмосфера ги стартуваше во Крушево подготовките за настап во Европската лига 2026. Комбинираниот тим кој селекторот Јошко Миленкоски и неговиот стручен штаб го имаат на располагање полека влегува во тренажниот процес според планот, кој е поделен на претпладневни и попладневни тренинг сесии, со дозиран интензитет и од различен карактер. ...
Македонската машка одбојкарска репрезентација во одлични услови и мирна работна атмосфера ги стартуваше во Крушево подготовките за настап во Европската лига 2026. Комбинираниот тим кој селекторот Јошко Миленкоски и неговиот стручен штаб го имаат на располагање полека влегува во тренажниот процес според планот, кој е поделен на претпладневни и попладневни тренинг сесии, со дозиран интензитет и од различен карактер. Организаторот на играта и ...

