Најдобриот светски тенисер Јаник Синер продолжува да доминира на АТП турнејата, откако убедливо го освои турнирот Мастерс Мадрид. Во финалето, Синер го декласира Александар Зверев со 6-1, 6-2 за само 57 минути игра, потврдувајќи ја својата супериорност. Италијанецот стигна до деветта последователна победа над Германецот и ја зголеми предноста во меѓусебните дуели на 10-4. Синер уште еднаш покажа врвна форма, освојувајќи го петтиот мастерс ...

Екипите на Големо Коњари и Преспа го затворија 27. коло во Втората македонска фудбалска лига (ВМФЛ), а мечот понуди еден гол и заврши со три бода за ресенчани (0-1). И двете екипи во следната сезона ќе играат во Третата лига затоа што веќе сигурно се испаднати, но постоеше игра за престиж. Еден гол понуди средбата во второто полувреме, а падна во 56. минута. Нико Пластиновски нафрли од левата страна, а во казнениот простор на топката налета ...

Екипите на Тиквеш и Арсими 1973 ремизираа со конечни 1-1 (1-1) во натпреварот од 30. коло на Првата македонска фудбалска лига. Домашниот состав се избори за херојски бод, затоа што играше со десетмина уште од деветнаесеттата минута. Првото полувреме не понуди многу атрактивна, но прилично содржајна игра. Двете екипи стартуваа поофанзивно, имаше по една прилика на обете страни, но првиот важен момент се случи во 19. минута, кога Фоде Камара ...

Екипата на Брера Струмица направи голем подвиг. Тимот успеа да победи на гостувањето кај Струга Трим Лум (0-1) во меч во кој беше во инфериорна улога и сонува за опстанок во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ). До крајот на шампионатот има уште три кола, во кои ќе се решава судбината на екипите, а Брера во моментов е на позициите за бараж, на плус шест од зоната која води директно во ВМФЛ. Почетокот на средбата го одбележа повредата на ...

Екипата на Мајнц 05 ја извојува деветтата сезонска победа во Бундеслигата, славејќи со конечни 1-2 (0-2) на гостувањето кај Сент Паули во натпреварот од 32. коло. Гостинската екипа одигра далеку подобар меч и сосема заслужено ги впиша бодовите, а стрелци на погодоците беа Филип Тиц и Филип Мвене. Сент Паули се врати во игра со голот на Абдули Сисеи, но немаше сили за целосен кам-бек и продолжување на теоретските шанси за опстанок во елитата. ...

Екипата на Милан ја направи уште поинтересна битката за пласман во Лигата на шампиони, откако загуби на гостувањето кај Сасуоло со конечни 2-0 (1-0) во натпреварот од 35. коло на Серија А. „Росонерите“ немаа свој ден, а тоа се виде по само пет минути игра на стадионот „Мапеи“. Сасуоло поведе со голот на Доменико Берарди, а потоа гостите останаа и со играч помалку, откако два брзи жолти картони заработи Фикајо Томори. Гостите од Милано имаа ...

Фудбалерите на Борнмут остварија убедлива победа од 3-0 против Кристал Палас во 35. коло од Премиер лига, продолжувајќи ја одличната сезона во која се борат за историски пласман во Европа. Тимот предводен од Андони Ираола, кој ќе го напушти клубот по крајот на сезоната, сега се наоѓа на шестото место со 52 освоени бодови и е во одлична позиција за излез на европската сцена. Од друга страна, Кристал Палас, предводен од Оливер Гласнер, беше ...

Фудбалерот на Тиквеш, Фоде Камара, доби директен црвен картон на натпреварот со Арсими, откако стартуваше опасно и директно во главата на противничкиот играч, Арџент Гафури. Камара беше во силен налет и високо ја крена ногата, по што директно со копачката го фаулираше Гафури, кој остана да лежи ја тревата неколку минути. Судијата Влатко Илиоски најпрво покажа жолт картон, но по прегледот во ВАР-собата ја промени одлуката и му го покажа на ...

Украинката Марта Костјук го освои трофејот на Мастерсот во Мадрид, откако во финалето ја надигра Русинката Мира Андреева со 2-0, по сетови 6-3 и 7-5. Мечот траеше нешто помалку од час и половина, сосема доволно за Костјук да ја завери мисијата и да ја освои најважната титула во нејзината досегашна кариера. Од утре, Украинката ќе има и нов „скок“ на ВТА листата, каде ќе го заземе петнаесеттото место. Се очекуваше поголема борба, особено поради ...

Фудбалскиот клуб Тун е вистинска сензација оваа сезона во швајцарскиот фудбал, откако од новајлија во елитата успеа и официјално да ја освои шампионската титула! Тимот кој минатата година ја освои втората лига, одигра доминантно во Суперлигата и забележа историски успех. Пред почетокот на сезоната, речиси сите прогнози беа дека Тун ќе води тешка битка за опстанок. Наместо тоа, клубот од самиот старт го отвори првенството со четири победи во ...

Екипата на Вардар 1961 е пред враќање на тронот во македонскиот ракомет, а ГРК Охрид може да донесе ново европско одличје за Македонија со пласманот во финалето на Европскиот Куп на ЕХФ. По повод пласманот во финалето и мечот за трофеј, вардарци направија господски потег и испратија честитки за успехот. „Пласманот во едно европско финале е потврда за квалитет, посветеност, работа и верба, а воедно и гордост за сите што го следат и сакаат ...

Фудбалерите на Селта Виго извојуваа нов важен триумф во Примера, откако славеа со сигурни 3-1 (2-0) над Елче во натпреварот од 34. коло. Домашниот тим имаше двојна предност во првото полувреме со головите на Хуго Алварез и Јаго Аспас, а конечните 3-1 беа дело на Борха Иглесиас во 85. минута. Елче немаше одговор за играта на мотивираната Селта, па на крајот мораше да се помири со четиринаесеттиот сезонски пораз, иако постигна почесен погодок ...

Екипата на Беласица игра во Втората лига на Македонија, а капитенот кој долги години е дел од клубот, Александар Милушев, го сместува своето име меѓу легендите. 38-годишниот струмичанец кој настапува во дефанзивната линија прослави голем јубилеј. Милушев го одигра 250. натпревар за струмичката фудбалска гордост и влезе во одбрано друштво. Левиот бек е дел од Беласица од 2018 година, кога во Македонија се врати по краток престој во Швајцарија. ...

Екипата на Шалке 04 се врати во Бундеслигата. Тимот од Гелзенкирхен ја оствари целта со победа над Фортуна Дизелдорф и пак е во елитното друштво. Своја забава за време и по натпреварот имаа популарните „Ултрас Гелзенкирхен“. Навивачката група која во повеќе наврати е гостин во Македонија заради збратименоста со навивачите на Вардар, популарните „Комити“, беше во одлична бројка. Oooohhh wie ist das schön! #S04F95 pic.twitter.com/l8lqpTQKJ4 — ...

Фудбалерите на Болоња и Каљари одиграа натпревар без голови (0-0) во натпревар од 35. коло на италијанската Серија А, одигран на стадионот „Ренато Дал’Ара“. Ова беше трет последователен натпревар во италијанското првенство кој завршува без голови, што дополнително ја истакнува тактичката претпазливост на екипите, но и моменталниот ритам во лигата. По победата на Удинезе над Торино (2-0), следуваа дури три меча без погодоци: Комо -Наполи, ...

Португалската фудбалска ѕвезда Кристијано Роналдо призна дека се приближува крајот на неговата блескава кариера, но нагласи дека сè уште ужива во фудбалот и натпреварите. Роналдо истакна дека зад себе има „брилијантна кариера“, но дека и понатаму има мотивација да постигнува голови и да победува со својот тим, a воедно се осврна и на своето семејство и неговите деца. „Крајот на мојата кариера се приближува, тоа е факт. Затоа уживам во секој ...

Аргентинскиот новинар Енрике Макаја Маркес се подготвува за ново историско достигнување - неговото 18. Светско првенство во кариерата. Маркес, кој има 91 година, не пропуштил ниту едно Светско првенство уште далечната 1958 година, со што стана вистинска легенда меѓу спортските новинари. Со децении е дел од најголемиот фудбалски настан и сведок на бројни историски моменти, вклучувајќи ги и титулите на Аргентина. Неговата посветеност и страст ...

Српскиот фудбалер Немања Гудељ се најде во центарот на вниманието пред клучниот натпревар на Севиља против Реал Сосиедад во шпанската Примера. Голем број навивачи го пресретнале автобусот на тимот, барајќи од играчите да дадат максимум во борбата за опстанок. Во тие моменти, Гудељ излегол пред нив и се обидел да ги смири жестоките фанови на андалузискиот тим. „Невозможно е овој тим да испадне од лигата. Ќе дадеме сè од себе на теренот“, ...

Италијанскиот гигант Милан повторно покажува интерес за напаѓачот на Кристал Палас, Жан Филип Матета. „Росонерите“ во летниот преоден рок повторно ќе се обидат да го ангажираат францускиот напаѓач, откако и претходно беа блиску до негов премин во Милано. Трансферот пропадна во последен момент поради проблеми откриени на лекарските прегледи, а беа поврзани со коленото на играчот, иако двете страни веќе имаа начелен договор. Во меѓувреме, ...

Американскиот тренер Дејвид Аделман ќе продолжи да го води тимот на Денвер Нагетс и следната сезона, и покрај разочарувачкиот настап во плејофот. Иако Нагетс беа елиминирани уште во првата рунда од екипата на Минесота, во клубот и понатаму имаат доверба во Аделман, кој треба да добие нова шанса да ги подобри резултатите следната година. Тој ја заврши регуларната сезона со солиден учинок од 54 победи, и покрај бројните проблеми со повреди и ...

Тренерот на Реал Мадрид, Алваро Арбелоа, се огласи по шпекулациите за нарушената атмосфера во соблекувалната, порачувајќи дека внатрешните работи на тимот нема да излезат во јавноста. „Она што се случува во соблекувалната, останува таму. Нашите односи во тимот ги решаваме сами“, изјави Арбелоа, алудирајќи на тензиите меѓу дел од играчите и стручниот штаб. Оваа изјава доаѓа во период кога во јавноста се појавија информации за конфликт во ...

Менаџерот на Тотенхем, Роберто Де Зерби, изјави дека тимот сè уште не е испаднат од Премиер лигата и сака да ги прекине негативните гласови во тимот. Тотенхем го доби својот прв натпревар во Премиер лигата во 2026 година минатиот викенд, но тимот останува во зоната за испаѓање, два бода од безбедната зона. Борбата на лондонскиот тим за опстанок ќе биде отежната поради повредите на двајца клучни играчи, Чави Симонс и Доминик Соланке. Доколку ...

Барселона е на еден чекор поблиску до освојување на титулата во Примера откако ја победи Осасуна со 2-1 на „Ел Садар“. Победата ги одведе Каталонците до огромна предност од 14 бода во однос на Реал Мадрид, а остануваат само четири кола од сезоната. Ова значи дека „блауграната“ математички може ќе ја обезбедат титулата уште вечерва, ако нивниот најголем ривал Реал Мадрид не успее да го победи Еспањол. Сепак, тренерот Ханси Флик не планира да ...

Фудбалерите на АП Брера не знаат за победа на последните четири натпревари, а на последните два не само што загубија, туку не успеаја да постигнат и гол. Во една таква ситуација, влегоа повторно и во лавиринтот за обезбедување опстанок во елитата. Тренерот Шефки Арифовски и тимот ќе се обидат да го исправат бродот на струшкото крајбрежје. Денеска АП Брера ја очекува многу важен меч против силен ривал. „Тежок натпревар е пред нас, но ...

Најголемото дерби на англискиот фудбал одамна не се играло за влог на кој стои титулата шампион на Англија. Овој пат влогот не е ни место во Лигата на шампионите (која двата клуба ќе ја играат следната сезона), туку повеќе симболична борба за третата позиција на табелата. Ливерпул во недела од 16:30 доаѓа на „Олд Трафорд“ со цел да го забоде своето знаме во црвениот дел на Манчестер и бодовно да се израмни со најголемиот ривал. Но, покрај ...

Струга Трим Лум почувствува дека има шанса за втората позиција и има максимално големи мотиви да ја победи АП Брера на денешниот дуел од 30. коло во Првата лига. По ремито на Шкендија во Кратово, стружани заостануваат шест бода, но таа негатива можат да ја преполоват со евентуален триумф против АП Брера, а потоа следи и дербито во Тетово со второпласираната Шкендија. Марко Ангелети, италијанскиот голман кој ја игра својата прва сезона во ...

Во последниот саботен натпревар од 32. коло на француската Лига 1, играчите на Ница и Ленс одиграа нерешено, 1-1. Ленс ја пропушти можноста да триумфира и со тоа да се приближи до лидерот ПСЖ на само четири бода, по денешното реми на парижани против Лориент. Иако водеше, Ленс мораше да се задоволи само со бод, па ПСЖ пак има шест бода повеќе од првиот придружник. Овој бод е од големо значење за тимот на Ница во борбата за опстанок. Ленс ...

Во пресрет на денешниот првенствен натпревар против Тиквеш, фудбалерот на Арсими, Суби Мустафа, зборуваше за важноста на оваа средба, потенцирајќи дека неговиот тим патува во Кавадарци со јасна цел освојување на позитивен резултат. Мустафа истакна дека екипата е свесна за тежината на натпреварот, но дека подготовките се одвивале на високо ниво и со голема концентрација. Според него, секој бод во оваа фаза од сезоната има голема вредност и ...

Големото дерби на холанскиот фудбал помеѓу Ајакс и ПСВ донесе вистинска голеада и дуелот на „Јохан Кројф Арена“ заврши со резултат 2-2. Гостите од Ајндховен подобро го отворија натпреварот и поведоа по 34 секунди игра преку Рикардо Пепи, кој ја искористи почетната несигурност на одбраната на Ајакс. Резултатот не се промени до крајот на првото полувреме, но вториот дел донесе нова драма. Двата тима играа отворено, со многу ризик во нападот, ...

Шампионатот на Португалија е одлучен на две кола пред крајот, а од синоќа, нов првак на земјата стана екипата на Порто. Веќе некое време беше јасно дека „змејовите“ нема да го пропуштат пехарот, само беше прашање кога математички ќе го обезбедат, а „коцките“ се совпаднаа во 32. коло. Порто го направи тоа што му требаше, победувајќи ја Алверка со 1-0 на својот стадион со гол со глава на Беднарек во 40. минута, но знаеше дека е шампион уште ...

weather icon

Скопје

16ᴼ / 16ᴼ
0.75
66%
1014
weather icon

Белград

16ᴼ / 15ᴼ
1.76
91%
1013
weather icon

Загреб

15ᴼ / 15ᴼ
3.17
88%
1014
weather icon

Софија

14ᴼ / 14ᴼ
0.62
71%
1013
weather icon

Сараево

17ᴼ / 17ᴼ
2.98
95%
1012
weather icon

Љубљана

16ᴼ / 16ᴼ
1.34
85%
1013
weather icon

Атина

22ᴼ / 20ᴼ
0.89
67%
1013
weather icon

Тирана

18ᴼ / 18ᴼ
1.26
70%
1014
weather icon

Подгорица

17ᴼ / 17ᴼ
1.94
62%
1015
weather icon

Букурешт

18ᴼ / 16ᴼ
0.89
84%
1009
weather icon

Будимпешта

15ᴼ / 14ᴼ
1.79
57%
1012
weather icon

Истанбул

18ᴼ / 18ᴼ
1.42
98%
1013
Currency

61.645

Currency

53.2547

Currency

71.3983

Currency

37.518

Currency

38.0603

Currency

66.8565

Currency

7.86455

Currency

0.73493

Currency

0.33253

Currency

0.52573

Currency

1.15121

Currency

0.55992

Платина

55170.68

Алуминиум

3.54

Сребро

2186.28

Родиум

257205.97

Рутениум

48965.59

Злато

135639.33

Калај

53.60

Цинк

0.00

Иридиум

253540.09

Паладиум

40767.15

Бакар

13.01

Кобалт

45.39