Скопје
20ᴼ /
20ᴼ
Претседателот на Собранието Африм Гаши упати честитка по повод празникот Курбан Бајрам посакувајќи благосостојба, здравје, душевен мир и среќа во семејствата. Гаши истакнува дека на денот на Курбан Бајрам, празникот на пожртвуваноста, хуманоста и блискоста меѓу луѓето, се обновуваат највисоките вредности на солидарноста, разбирањето и меѓусебната почит. Овој свет празник, потенцира собранискиот спикер, нè потсетува на важноста од грижата едни ...
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, по повод големиот муслимански празник Курбан бајрам, упати честитка до поглаварот на Исламската верска заедница, реис-ул-улема х. хфз. Шаќир еф. Фетаи и до сите верници од исламска вероисповед. – Дозволете ми Вам, лично, на членовите на Ријасетот, муфтиите, имамите и на сите верници од исламска вероисповед, да Ви упатам искрени честитки по повод големиот празник Курбан бајрам, со желба да го ...
Американскиот трговски претставник, Џејмисон Гриер, синоќа изјави дека администрацијата на претседателот Доналд Трамп планира воведување нови царини за партнерите од договорот за слободна трговија меѓу САД, Мексико и Канада (УСМКА). Гриер наведе дека Вашингтон има сериозни нерешени прашања во трговските односи со Канада и оти е неопходно воведување царини поради големиот трговски дефицит. „Ќе мора да воведеме царини додека го имаме овој ...
Верниците од исламска вероисповед денеска го слават празникот Курбан Бајрам, вториот најголем празник на муслиманите по Фитр Бајрам. На првиот ден од празникот се изведува молитвата за Бајрам – Бајрам намаз, со која верниците бараат милост од Алах. Карактеристично за овој празник е принесувањето жртва – курбан, која има симболика на приближување кон Бога. Како курбан најчесто се принесуваат овни или телиња. Обичајот го изведуваат сите кои ...
Меморандум за соработка во областа на циркуларната економија помеѓу УКИМ, заедно со Градежниот факултет и Економскиот факултет и партнерските институции од Северна Рајна-Вестфалија ќе биде потпишан денеска на настан во Ректоратот на УКИМ, на кој ќе присустува и министерката за образование и наука Весна Јаневска. УКИМ, настанот го организира со Deutsche Gesellschaft für Internationale Zusammenarbeit (GIZ) GmbH, а Меморандумот ќе биде потпишан ...
Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне ќе има изолирана појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура, како што информира Управата за хидрометеоролошки работи ќе биде во интервал од 10 до 17, а максималната ќе достигне од 29 до 34 степени. Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Во ...
На меѓународните берзи денеска е регистриран раст на цената на нафтата по новиот американски напад врз Иран. На берзата во Лондон попладнево барел нафта се тргуваше 104,56 долари, што е за 4,21 долари повеќе во споредба од вчера. Додека на американската берза цената на нафтата се намали за 2,24 долари и барел се тргуваше за 94,36 долари. Американската берза вчера беше затворена поради празник. На меѓународните берзи денеска е регистриран ...
Иранските државни медиуми денеска ги објавија црвените линии Техеран во преговорите со САД. Тоа се нуклеарната програма, Ормуска Теснина и замрзнатите средства. Иранската новинска агенција (ИРНА) наведе дека „инфраструктурата на иранската нуклеарна програма“ не е предмет на компромис. Иран поседува речиси 400 килограми високо збогатен ураниум, за кој Техеран тврди дека е за мирнодопски цели. Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа ...
Товарното моторно возило со косовски регистарски таблички што ја предизвика тешката сообраќајна несреќа на скопската обиколница во која животот го загубија четири лица влегло на граничниот премин „Блаце“, било празно и во царинската постапка нема никакви нерегуларности, изјави Бобан Николовски, директор на Македонска Царина, во вечерашното интервју во „Топ тема“ на ТВ Телма. -Сето она што е поврзано како царинска постапка за товарното моторно ...
Ивица Томовски, директор на Службата за општи и заеднички работи, во гостувањето во „Ноќно студио“ на 4ТВ изјави дека институциите континуирано комуницираат со концесионерот на комплексот „Македонско село“ со цел објектот успешно да функционира и да не биде затворен. Томовски истакна дека државата обезбедува логистичка и институционална поддршка, додавајќи дека комплексот веќе една година работи стабилно. „Комуницираме постојано со ...
Ракометарите на Охрид останаа со шанси за второто место и вицешампионската титула, откако во првиот натпревар од последното десетто коло на плеј-офот го совладаа Тиквеш со 22-29 (12-17). Нојаниќ, Јасухира, Лиапис и Софкоски со по четири гола беа најефикасни кај Охрид, а Томче Стојановски постигна десет погодоци во поразениот Тиквеш, Од исходот на натпреварот в четврток меѓу Е.Пелистер и Алкалоид директно зависи на кое место ќе завршат ...
Повеќе лица се повредени при денешната експлозија во фабриката за целулоза и хартија „Нипон“ во градот Лонгвју, во американската сојузна држава Вашингтон. Властите не прецизираа колку луѓе се повредени, а локалните жители се предупредени да го избегнуваат реонот, каде се случи експлозијата. Фабриката е лоцирана на реката Колумбија, на граница со сојузната држава Орегон. Повеќе лица се повредени при денешната експлозија во фабриката за ...
Штотуку, објавената книга, „Македонските идентитетски прашања“, од Јованка Кепеска, произлегува од потребата за приоѓање кон македонскиот идентитет, претпоставувајќи го филозофскиот приод кон македонскиот народ дека, од аспект само на една наука, па дури ниту преку збирно поврзување на сознанијата од различните науки, одговорот за идентитетот на народот не е целовит. И дека народот е претпоставен со неговото дејствување такашто кон народниот ...
Во емисијата „За или против“ на Алфа телевизија гостуваше пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Тони Јаревски кој истакна дека актуелната власт успеала да го запре, како што рече, „падот на државата“ и веќе ги дава првите резултати преку реализација на капитални проекти. Според Јаревски, граѓаните имаат можност транспарентно да ја следат реализацијата на проектите преку новиот портал каде во реално време може да се видат капиталните ...
Министерството за внатрешни работи ќе ја прекине соработката со српската компанија „Памитекс тим“, која била задолжена за набавка на еднобојни униформи за специјалните полициски единици, најави министерот Панче Тошковски во интервју за „360 степени“. Одлуката доаѓа по извршената суперанализа во странство, која потврдила дека доставените примероци не го исполнуваат бараниот квалитет пропишан во тендерската документација. Покрај раскинувањето ...
Светиот архијерејски синод (САС) на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија (МПЦ – ОА) денеска на редовна седница формира комисија за решавање на материјалната состојба на новоформираните епархии. На седницата за нов член во постојаниот (работен) состав на Синодот е избран митрополитот Струмички г. Наум, а негов заменик митрополитот Европски г. Пимен. – Светиот архијерејски синод (САС) на Македонската Православна Црква – ...
„Треба да знаеме дека во наредните три години ние како држава треба да вратиме шест милијарди евра стари долгови, а во наредните од 2026-2031 некаде отприлика 9 милијарди евра долгови, коишто без исклучок сите се земени од претходната влада. И токму голем дел од овој заем ќе биде за потпирање и за враќање на стариот долг, а во јуни месец треба да ја исплатиме втората транша од еврообврзницата од 700 милиони евра којашто е земена во 2020 ...
Во свет кој се соочува со бројни економски и глобални предизвици, соработката не е избор – таа е неопходност. А токму платформата за соработка меѓу Кина и земјите од Централна и Источна Европа претставува пример како преку дијалог, почит и заедничка визија може да се создаваат нови можности за сите, порача денеска од Ѕинан, главниот град на кинеската провинција Шандонг вицепремиерот и министер за односи меѓу заедниците Иван Стоилковиќ. Во ...
Шефот на ерменската дипломатија Арарат Мирзојан и американскиот државен секретар Марко Рубио денеска во Ереван потпишаа договор за стратешко партнерство помеѓу двете земји. Тие потпишаа и рамковен договор за критични минерали и договор за соработка за предложен транзитен коридор од 43 километри што би поминувал низ јужна Ерменија и Азербејџан за да обезбеди директен пристап до нејзината енклава Нахчиван, а со тоа и до Турција, близок сојузник ...
Во рамки на посетата на хрватскиот премиер во Македонија, претседателот на Стопанската комора Бранко Азески на Андреј Пленковиќ, претседател на Владата на Хрватска и на Христијан Мицкоски, претседател на Владата на Македонија им врачи Награда на Стопанската комора на Северна Македонија за личности кои најмногу допринеле за регионална бизнис интеграција. Наградата е признание за нивиот особен придонес кон поддржувањето на регионалната ...
По потпишувањето на Договорот за стратешка соработка меѓу Македонија и Хрватска, вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски порача дека двете земји влегуваат во нова фаза на економско, транспортно и инфраструктурно поврзување, со посебен акцент на изградбата на брзата пруга на Коридорот 10, зголемувањето на трговската размена и отворањето на нови туристички и инвестициски можности. Вицепремиерот и министер за транспорт ...
Потпретседателот на Собранието, Антонијо Милошоски, замениците на генералната секретарка, Бобан Стојановски и Никола Ѓошевски, учествуваа на презентацијата на анализата на јавното мислење „Поглед на Собрание: перцепциите на граѓаните за работата на Собранието на Република Северна Македонија (2026)“ спроведена од Институт за демократија „Социета Цивилис“. Анализата, како што информираат од Собранието, е подготвена во рамките на Програмата за ...
Важноста на поддршката од Европската Унија во јакнењето на институционалните капацитети и унапредувањето на безбедносниот систем беа во фокусот на денешната средба меѓу министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и амбасадорот на ЕУ во Македонија, Михалис Рокас. – На средбата беа потврдени одличната соработка и континуираната поддршка што Европската Унија ја обезбедува за Министерството за внатрешни работи во процесот на спроведување на ...
Организацијата за поморска трговија (УКМТО) на Велика Британија денеска соопшти дека еден танкер пријавил надворешна експлозија во близина на брегот на Оман. Експлозијата се случи на 60 наутички милји (111 километри) од главниот град на Оман, Мускат. Експлозијата се случила на крмата, во задниот дел од бродот, поради што протече гориво во морето. И покрај инцидентот, танкерот и екипажот се безбедни. Организацијата за поморска трговија ...
Возило во кое се превезувале возач и сопатник попладнево излетало од улицата „Панче Караѓозов“ во Штип, по што заврши превртено во двор од една од куќите. Според очевидци возачот на автомобилот се обидел да избегне и да не удри во жена која сакала да ја премине улицата, по што нагло свртел и изгубил контрола над возилото. Автомобилот излетал од коловозот и завршил превртен на кров во дворот од куќата. Возачот и совозачот по несреќата биле ...
Пратеничка група на Собранието на Република Северна Македонија за соработка со Парламентот на Италија оствари средба со италијанскиот амбасадор, Н.Е. Паоло Палминтери во земјава, на која, како што информираат од Собранието, било разговарано за севкупната билатерална соработка, процесот на евроинтеграција и нашата дијаспора во Италија, која е успешно интегрирана и добро етаблирана во италијанското општество, претставувајќи мост за унапредување ...
Јавното претпријатие за државни патишта ги известува корисниците на услугите на наплатните станици дека согласно со оперативните измени во функционирањето на системот за наплата, почнувајќи од 15.06.2026 година, на наплатните станици (патарините) лентите означени за MTAG ќе бидат наменети ИСКЛУЧИВО ЗА КОРИСТЕЊЕ ОД СТРАНА НА КОРИСНИЦИ СО ЕЛЕКТРОНСКИ ТАГОВИ. Со наведената измена, вршењето на наплата со MCard на овие ленти се укинува. ...
Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска и нејзиниот хрватски колега, министерот за економија на Република Хрватска, Анте Шушњар, денеска, во Охрид го потпишаа Меморандумот за разбирање и соработка во енергетскиот сектор меѓу двете земји. Меморандумот беше потпишан во рамките на работниот дел од посетата на висока хрватска делегација на земјава, предводена од премиерот на Хрватска, Андреј Пленковиќ. Во ...
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во својство на покровителка, денеска на церемонија во Кабинетот на претседателот ги додели наградите за иновација, лидерство и влијание во ИТ екосистемот „Women in Tech® Macedonia Awards“. Добитнички на наградите се: Кристина Мукаетова – Награда за најперспективна тинејџерка, Маја Наумовска Савеска – Награда за најголем поддржувач, Биљана Пејоска Ристеска – Награда за највлијателна иницијатива, ...
Прмиерот Христијан Мицкоски на денешната прес-конференција со хрватскиот колега Андреј Пленковиќ, кој е во посета на Македонија, истакна дека нашата стратешка цел е да бидеме дел од Европската Унија. -Нема повеќе можности за идентитетски отстапки, за чекор назад кога станува збор за нашите национални одредници, колкава и да е за тоа цена. Ако тоа е цената што треба да ја платиме и покрај тоа што сме вистинскиот фронтранер, додека е оваа ...