Скопје
20ᴼ /
20ᴼ
Во периодот од јануари до март годинава, бројот на туристи во Грција се зголемил за 38,3 отсто, додека пак приходот за земјата од туризам бележи пораст од 64,3 проценти, покажуваат податоците од Банката на Грција, јави дописничката на МИА од Атина. Во првите три месеци од 2026 година Грција ја посетиле 3,4 милиони туристи, наспроти 2,5 милиони во истиот период лани, а драстично се зголемени, за 84,3 отсто пристигнувањата преку копнените ...
Вчера полициски службеници од ОВР Струга вршејќи редовна контрола во близина на „Дрвен мост“ кај истекот на река Црн Дрим во Струга го лишија од слобода М.Ч.(45) од Струга, поради тоа што во негова близина била пронајдена риба-крап и средства за ловење, односно трска со канџа. Против него ќе биде поднесен соодветен поднесок поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „незаконит риболов“ по чл.229 од КЗ, а за време на строга ...
Во Франција продолжува топлотниот бран кој главно го засегна западниот дел на земјата и парискиот регион. За утре е издаден портокалов код за опасно топло време за 8 департмани. Денеска 18 департмани во Западна Франција и во областа на Париз беа под жолт код за високи температури. Метеоролозите предупредуваа дека денеска температурите би можеле да достигнат 35 Целзиусови степени во Бретања, а 36 и 37 Целзиусови степени во јужниот дел на ...
Цените на нафтата денеска паднаа под 98 долари на меѓународните пазари, поттикнати од оптимизмот дека САД и Иран се блиску до рамковен договор за прекин на конфликтот и нормализација на транспортот низ Ормускиот Теснец. На лондонскиот пазар цената на барел нафта попладнево беше пониска за 5,65 долари во однос на затворањето на тргувањето минатата недела и изнесуваше 97,89 долари. На американскиот пазар барелот се тргуваше за 91,17 долари, што ...
Вчера во 16:30 часот во СВР Скопје, А.Н.(26) од с.Стајковци, скопско, пријави дека во с.Стајковци тој, додека бил со тројца другари, бил физички нападнат од Б.Ј.(20) од с. Инџиково, а потоа Б.Ј. со тврд предмет го нападнал и А.А. (18). Истиот ден во 18:00 часот во СВР Скопје од ЈЗУ „Св. Наум Охридски“ Скопје било пријавено дека во установата бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу М.Н.(22), А.А.(18) и А.Н.(26) од една страна ...
Со еден ваков паметен систем, државата знае каде е жртвата во истиот момент, кои се најблиските полициски службеници што може да се упатат кон жртвата, каде е најбрзата здравствена услуга којашто може да биде дадена, каде е најбрзиот социјален одговор од страна на експерти коjшто може да биде даден и така натаму, изјави министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во интервју за 360 Степени за можноста за воведување паметен систем за жртви ...
Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, вечерва најави нов развој на настаните во врска со предметот „Мазут“. Станува збор за истражната постапка која траеше повеќе од една година, сè до моментот кога пред две недели надлежната обвинителка Катерина Коларевиќ одлучи да ја затвори. Во случајот беа осомничени 13 лица, меѓу кои бизнисмените Ратко Капушевски, Асмир Јахоски и Ерџан Сулкоски, екс-директорот на ЕСМ, Васко Ковачевски, и ...
Ја разбирам потребата и на Јавното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција и сите останати органи да бидат транспарентни, но во секој случај морам да потенцирам дека предистрага е постапка што сама по себе подразбира тајност во рамки на постапувањето, сѐ со цел да нема повреди на одредени начела во правото дефинирани согласно Устав и закон – изјави министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во интервју за „360 степени“. ...
Генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебрејесус, денеска изјави дека брзото ширење на епидемијата на ебола во ДР Конго и Уганда ги надминува напорите за одговор и оти претпоставените смртни случаи достигнале 220 лица. – Итно ги забрзуваме операциите, но во моментов епидемијата нè престигнува – рече Гебрејесус и додаде дека земјите кои граничат со ДР Конго, каде што е жариштето на заразата, мора ...
Заканата од експлозија на резервоарот со хемикалии, која можеше да доведе до загадување на воздухот во населена област во Калифорнија, е „елиминирана“, соопштија денеска противпожарните служби, пренесуваат светските агенции. И покрај тоа, околу 50.000 луѓе кои беа евакуирани сè уште немаат дозвола да се вратат во своите домови. – Заканата од експлозија е елиминирана – изјави во видеообраќање началникот на локалната противпожарна служба, Ти ...
Вчера од страна на полициски службеници од мобилен тим од Мобилната единица за компезаторни мерки при ОГРМ на подрачје на СВР Тетово, поточно на магистрален пат кон село Сиричино, запрено е патничко возило „фолксваген голф“ со германски национални ознаки, управувано од М.З.(46) од с.Желино. – Констатирано е дека М.З. постапил спротивно на мерка куќен притвор, односно бил затекнат надвор од својот дом и адреса на која ја издржува мерката куќен ...
Пожар кој избувна синоќа во Радовиш во кругот на поранешен „Декортекс“, настанал во една од халите на фабрика за текстил, во која биле сместени машини и репроматеријали. Министерството за внатрешни работи попладнево соопшти дека вчера во 20:08 часот во Полициската станица Радовиш е пријавено дека настанал пожар во една од халите на фабрика за текстил во Радовиш, во која биле сместени машини и репроматеријали. По интервенција на ...
Во Лондон денеска е регистриран најтоплиот мајски ден во историјата, откако на аеродромот Хитроу беше измерена температура од 33,5 степени Целзиусови. Со ова е надминат претходниот рекорд од 32,8 степени Целзиусови, што беше највисоката температура измерена во мај, пренесува Скај њуз. Највисоката дневна температура е забележана откако во текот на претходната ноќ беше измерена и највисоката мајска ноќна температура во земјата во изминатите ...
Уганда потврди уште два случаи на ебола, соопшти денеска Министерството за здравство, со што вкупниот број на потврдени случаи во оваа источноафриканска земја се искачи на седум. Министерството соопшти дека новите случаи се однесуваат на двајца членови на персонал во приватна болница во главниот град Кампала. Тие примаат терапија, а сите лица со кои биле во контакт се следат и се набљудуваат. Министерството за здравство претходно потврди дека ...
Ванчо Полазаревски е едно од препознатливите имиња во современата македонска литература за деца, но и значаен хуморист и сатиричар кој оставил длабока трага во македонската култура. Неговото творештво претставува спој на хумор, мудрост, игра на зборови и силна општествена порака. Со децении тој успева да ја доближи литературата до најмладите читатели, притоа создавајќи дела кои не само што забавуваат, туку и воспитуваат и поттикнуваат ...
– Свлечиште на земјата настанало денеска во општина Центар при вршење на ископ на дупка за изградба на зграда со работна машина багер, при што бил затрупан багерот, но лицето кое го управувало навреме излегло, информираат од Министерството за внатрешни работи. -Денеска (25.05.2026) околу 13:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул. “Христо Смирненски” при вршење на ископ на дупка за изградба на зграда со работна машина багер, ангажиран ...
Голем сообраќаен хаос денеска се создаде на автопатот Е-75 во правец кон Белград, откако кај местото Крњево целосно изгоре камион со цистерна, објави ТВ Стар. Според првичните информации, пожарот брзо го зафатил товарното возило, а густ црн чад се издигнувал над автопатот, предизвикувајќи паника меѓу возачите. На терен веднаш биле испратени силни противпожарни екипи, додека полицијата го блокирала сообраќајот на делницата кај Крњево, во ...
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во приватни разговори со соработниците изјавил дека Израел има многу ограничена можност да влијае врз донесувањето одлуки на актуелниот претседател на САД, Доналд Трамп, во врска со Иран, додека Вашингтон води преговори за можен договор во војната која трае речиси три месеци, наведуваат две лица запознаени со разговорите. Изјавите на Нетанјаху, кои за некои светски агенции ги пренеле двајца израелски ...
Случајот со Артан Груби се одолговлекува, додека граѓаните чекаат одговор. Човекот кој со години беше живата архива на ДУИ, човекот што знае каде се потписите, договорите, пазарите и аферите на старата власт, сè уште не се соочува со институционален епилог, велат од ВРЕДИ. Артан Груби, заедно со бегалецот Перпарим Бајрами, се сомничи за злоупотреби во вредност од 8 милиони евра во случајот „Државна лотарија“. Ова не е обичен предмет, туку ...
Редот и законот вратени во Тетово со владеењето на Билал Касами станаа трн во око за ДУИ. Тие што сакаа да го претворат Тетово во пашалак на Дака Давидовиќ, човек на американската црна листа, и ја оставија општината со долг од 24.000.000 евра, не можат да сфатат како Билал Касами го трансформираше Тетово за само еден мандат, истовремено намалувајќи го долгот, се вели во соопштението на ВРЕДИ. „Во времето на ДУИ, не можеше да се изгради ...
Новиот македонски репрезентативец Дин Аломеровиќ одговори на првиот повик од селекторот Гоце Седлоски. Бекот кој настапува со успех во Романија за УТА Арад ги сподели првите по собирот. „Чувството е прекрасно, со голема чест и задоволство сум тука. Желба ми беше од мали нозе да дојде денот да заиграм за А-репрезентацијата. Порано бев член во сите младински категории, а сега фала му на Господ се најдов тука и во сениорскиот тим. Со добрите ...
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека, покрај тоа што се очекува да се склучи „голем договор за сите“ или „никаков договор“ со Иран, во исто време земјите од Блискиот Исток би требало да ги потпишат Абрахамовите договори за нормализирање на дипломатските односи со Израел. „Земјите за кои се расправа се Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати (веќе членка), Катар, Пакистан, Турција, Египет, Јордан и Бахреин (веќе ...
Агенда за посетата на претседателот на Влада на Република Хрватска Андреј Пленковиќ Охрид – 26 мај 2026 Локација: ХОТЕЛ ИНЕКС ОЛГИЦА час Опис 10:30 Тет-а-тет средба Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски и Претседателот на Владата на Република Хрватска Андреј Пленковиќ во премиерската вила 11:15 до 12:00 Владина билатерална средба Во хотел Инекс Олгица 12:25 Потпишување на меморандуми за соработка ...
Е.Пелистер во сезоната 2025/26 ќе биде посилен за уште еден ракометар од Босна и Херцеговина. По потписот со Едвин Џелиловиќ, нов член на битолскиот клуб е и средниот бек Омер Мехмедовиќ. Овој 26-годишен ракометар потпиша на една сезона, со опција за уште една со деветкратниот македонски шампион. Мехмедовиќ е етаблиран ракометар, кој поникна во Грачаница, кратко играше во Барнбах Хофланд во Австрија, а во Битола доаѓа од Рико Рибница во ...
Фудбалската репрезенатција на Македонија на чело со селекторот Гоце Седлоски, денеска ги стартуваше подготовките за пријателските мечеви против репрезенатциите на Босна односно Турција, селецкии кои ќе бидат дел од следниот Мундијал во САД, Мексико и Канада. Нашиот состав денеска и официјално ги започна мини подготовките. Ќе биде присутен во Скопје до четврток кога се лета за Сараево, и на 29 мај се игра дуелот против домаќинот на стадионот ...
Менаџерот на Манчестер сити, Хозеп Гвардиола, им се обрати на навивачите по неговиот последен натпревар како тренер на тимот. Во 38. коло од Премиер лигата, Манчестер сити вчера загуби со 2:1 дома од Астон вила. – Толку сум нервозен во моментов. Зошто ме сакате толку многу? Никогаш не замислував таква љубов. Беше неверојатна, огромна чест да бидам ваш тренер 10 години. Чувствувам неверојатни емоции. Мојот татко е тука на трибините денес, има ...
Фудбалерот од средниот ред на Арсенал, Макс Думан, стана најмладиот играч во историјата на англиската Премиер лигата кој започнал натпревар. Со 16 години и 144 дена, Думан го постави рекордот вчера. Тој беше стартер во натпревар во 38. коло од англиската Премиер лига против Кристал Палас (2-1). Претходно рекордот му припаѓаше на Хозе Бакстер од Евертон, кој го имаше својот прв старт во 2008 година на возраст од 16 години и 198 дена. Во ...
Годишниот аџилак – хаџот, еден од петте столба на исламот, официјално започна денеска во услови на нестабилно примирје во иранската војна и зголемени регионални тензии и неизвесност. Повеќе од 1,5 милиони аџии пристигнаа во Саудиска Арабија, соопшти претставникот задолжен за хаџот, Салех бин Саад ал Мураба. Аџилакот е еден од петте столба на исламот и секој муслиман кој има можност треба да го изврши најмалку еднаш во животот. Тој опфаќа низа ...
На 24.05.2026 во 15:50 часот во ЈЗУ УК „Гинекологија и акушерство“ при комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ја лишија од слобода 38-годишната С.К. од Скопје, постапувајќи по претходна пријава од установата во 13:40 часот дека кај нив била донесена малолетната ќерка на С.К. со породилни болки. Со таткото на малолетничката Б.К.(38) извршен е службен разговор и известен е јавен обвинител. Се преземаат ...
Неколку дена откако беа наредени масовни евакуации во Оринџ Каунти, следните неколку часа би можеле да бидат клучни во справувањето со нестабилниот хемиски резервоар во авиовселенска компанија во Гарден Гров, кој се заканува дека ќе експлодира или ќе предизвика големо истекување. Најновиот развој на настаните се случи синоќа, кога официјални лица најавија „целоноќна мисија“ за да се утврди дали резервоарот во Гарден Гров сè уште е во опасност ...