Претседателот на САД, Доналд Трамп изјави дека на парламентарните избори во Ерменија, што се закажани на 7 јуни, го поддржува премиерот Никол Пашинјан. Трамп на сопствената мрежа „Трут соушл“ објави дека Пашинјан, кој се обидува да ги зајакне односите со Брисел и Вашингтон, ја има неговата целосна поддршка. Тој додаде дека Пашинјан се залага за посилна, просперитетна и безбедна Ерменија. Како Ерменија ги зајакнува врските со САД и со Европска ...

Во близина на северниот брег на Турција во Црно Море пријавени се напад со беспилотни летала врз три танкери, соопшти турската поморска агенција Трибека. Танкерот „Џејмс II“, што плови под знамето на Палау, е нападнат околу 80 километри северно од областа Туркели во Црно Море. Додека танкерите „Алтура“ и „Велора“, што пловат под знаме на Сиера Леоне, биле нападнати се во истото подрачје додека вршеле претовар. Според Трибека, турски бродови ...

Владата на Мицкоски признава дека нема пари за организирање референдум, на кој граѓаните треба сами да одлучат за својата иднина, се вели во соопштението од СДСМ што МИА го објавува интегрално. Кога буџетот е во „одлична форма“? Ова е уште една потврда дека во буџетот нема пари. Ова го зборуваме со месеци, бидејќи се задолжуваат секојдневно. Има пари само за криминалната група ВМРО. Има пари за 161 тендер за семејната фирма на Томовски, има ...

Лажната скромност на самопрогласените борци за работнички права излегува на виделина. Додека глумат загриженост за работници и, наводно, се борат за повисока минимална плата и тврдат дека во Македонија биле ниски платите, синдикалните претставници се луксузираат на трошок на синдикатите и врз грбот на работниците, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ, што МИА го пренесува интегрално. Еден од овие примери е Трпе Деаноски од УПОЗ, кој со ...

Во 2025 година, вистинското работно време на работниците со полно и скратено работно време во ЕУ на возраст од 20 до 64 години во просек изнесувало 35,9 часа, што е намалување од еден час во однос на 2015 година, објави Евростат. Во Македонија, пак, вистинското неделно работно време било 39,5 часа. Од земјите во нашето соседство, според достапните податоци на Евростат, подолга работна недела има во Србија 41,3 часа и во Босна и Херцеговина ...

Потрошувачката кошничка е готова, беше дадена на Економско-социјалниот совет (ЕСС), очекуваме позитивни сигнали од сите и ќе почнеме да ја пресметуваме, изјави денеска заменик министерот за економија, Марјан Ристески. -Потрошувачката кошничка не е некој пандан на синдикалната минимална кошничка, едноставно ќе биде врз база на релевантни показатели, не само од Државниот завод за статистика, туку и од сите други институции во државата – од ...

Високата претставничка на Европската Унија за надворешна политика и безбедност, Каја Калас, изјави денеска дека Унијата не смее да „падне во руска замка“ со прашањето кој ќе ја претставува Европа на евентуални идни преговори. Таа изјавата ја даде при пристигнувањето на неформалниот состанок на министрите за надворешни работи на ЕУ во кипарскиот град Лимасол. Калас нагласи дека Русија се обидува да го насочи фокусот кон прашањето „кој зборува ...

Предизборната кампања за предвремените парламентарни избори во Косово официјално започна денеска и ќе продолжи до 7 јуни во 7 часот наутро, кога ќе се отворат избирачките места. На овие избори се регистрирани 2.092.174 лица со право на глас, што е за 15.884 повеќе од предвремените парламентарни избори што се одржаа на 28 декември 2025 година. Граѓаните на територијата на Косово ќе гласаат на 2.550 изборни единици и на 47 избирачки места во ...

Заслепен од желбата да дојде на власт, Венко Филипче се претвори во специјален бугарски пратеник и единствен кој верува дека уставните измени се последната и единствена пречка на патот кон Европската Унија, велат во партиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ. Наспроти пораките на официјална Софија дека Бугарите во македонскиот Устав се последно барање, на кои веруваат само СДС и Филипче, бугарскиот премиер, Румен Радев има јавни настапи каде што ...

Со цел одржување на професионалниот стандард, дигнитетот на институцијата и меѓусебната почит, се воведува Кодекс за облекување за сите вработени и странки кои ги посетуваат просториите на Одделот за граѓански работи при Министерството за внатрешни работи, информираат од МВР. Како институција која е постојан сервис на граѓаните, велат оттаму, веруваат дека соодветното облекување придонесува кон подобра работна атмосфера и почитување на ...

Европската Унија би можела привремено да им го одземе правото на вето на идните земји-членки за да ги спречи да се мешаат во надворешната политика на блокот, објави „Гардијан“, повикувајќи се на извори во ЕУ. Според весникот, Европската комисија сега разгледува план според кој новите членки нема автоматски да добијат овластување да ги блокираат одлуките за надворешна политика или други прашања што бараат едногласност. Мерката би можела да се ...

Осумдесет и петгодишна жена го загубила животот во пожар што ноќеска избувнал во куќа во скопската населба Пинтија. Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, ноќеска во 01:48 часот во СВР Скопје било пријавено дека избувнал пожар во куќа сопственост на С.К.(45), во која живеела и нејзината мајка М.В.(85). Од здобиените повреди во пожарот, М.В. починала на местото на настанот, а смрт констатирал лекар од Итната медицинска ...

Армијата на Република Македонија денеска на градскиот стадион во Штип организира презентација на воена опрема, возила и способности на единиците на Армијата. Како што соопшти АРМ, настанот се реализира по повод успешно реализираната вежба „Блесок 26“, во чии рамки се изврши оценување на борбената готовност (CREVAL) на Лесната пешадиска баталјонска група (ЛПБГ). -Граѓаните ќе имаат можност да се запознаат со дел од вооружувањето, опремата, ...

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, силен ветер (над 60 километри на час) и услови за изолирана појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 18, а максималната ќе достигне од 23 до 32 степена. Во Скопје, променливо ...

Изложбата „Вибрантни идентитети“ претставува современ визуелен дијалог меѓу традиционалната уметност и дигиталниот израз, каде што глината и пикселите се спојуваат во уникатен креативен простор исполнет со контрасти, експерименти и динамични визуелни енергии. Изложбата е поддржана од Министерството за култура и туризам како проект од национален интерес за 2026 година, а ќе биде поставена во ЈУ Дом на културата „Кочо Рацин“ во Скопје од 1 до 5 ...

Ракометарите на Вардар 1961 го совладаа вечерва градскиот ривал Бутел со 36-34 во рамки на последното коло во македонската Суперлига и со триумф ставија печат на сезоната во која по пауза од три години ја освоија шампионската титула. Во пресметка без резултатско значење, Вардар беше во негатива до завршните 15 минути, кога со серија од 5-1 дојде во водство од 34-31 и ја забележа својата 30. победа во сезоната. По завршувањето на натпреварот, ...

Четири лица лишени од слобода за семејно насилство од вкупно 10 пријави во последното деноноќие На 26.05.2026 околу 21:00 часот во СВР Скопје, Н.Ѓ.(34) пријави дека во село во општина Зелениково, по претходно недоразбирање, била физички нападната од нејзиниот свекор В.Ѓ.(65). На 26.05.2026 во 21:50 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Д.К.(30) од Скопје, постапувајќи по претходна ...

Уганда денеска ја затвори својата граница со Демократска Република Конго за да го спречи ширењето на еболата. Границата ќе биде затворена четири недели за сите освен за медицински, хуманитарни и безбедносни операции, како и за транспорт на храна и товар. Предвидено е секое лице кое ќе добие дозвола за влез во Уганда од ДР Конго ќе мора да биде изолирано 21 ден. Во Уганда регистрирани се седум случаи на ебола и еден смртен случај, а во ДР ...

Државата подготвува нов пакет мерки за финансиска поддршка, со кој е предвидено одредени ранливи категории граѓани да добиваат по 3.000 денари месечно. Целта на оваа мерка е да се ублажат трошоците за живот и да им се помогне на најпогодените домаќинства во земјата. Кои граѓани се опфатени со мерката иако официјалните критериуми сè уште се прецизираат, досегашните информации укажуваат дека помошта ќе биде насочена кон следните групи: ...

Конвенционалната дипломатија многу често зборува со јазикот на интересот и затоа зад нејзините прагматични цели лесно може да се појават сомнежот и поделбите. Културната дипломатија е ослободена од тој товар бидејќи не бара ништо за возврат. Таа единствено се обраќа на човечката душа и дух, создавајќи простор каде што се рушат стереотипите и предрасудите, истакна вечерва претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова во обраќањето во ...

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски побара од американскиот претседател Доналд Трамп противвоздушни системи и пресретнувачки ракети, истакнувајќи оти балистичките ракети се „главната предност на Москва на бојното поле“. – Ве молам да помогнете во заштитата на украинското небо од руските ракети. Веќе предложивме Украина да купи одреден број системи Патриот и пресретнувачки ракети што ни се потребни, се наведува во писмото на Зеленски ...

Со цел одржување на професионалниот стандард, дигнитетот на институцијата и меѓусебната почит, се воведува Кодекс за облекување за сите вработени и странки кои ги посетуваат просториите на Одделот за граѓански работи при Министерството за внатрешни работи, информираат од МВР. Како институција која е постојан сервис на граѓаните, велат оттаму, веруваат дека соодветното облекување придонесува кон подобра работна атмосфера и почитување на ...

Белата куќа денеска соопшти, дека наводите на иранската државна телевизија за првиот неофицијален рамковен меморандум за разбирање помеѓу Иран и САД за завршување на војната, „не се точни“ и оти се „целосна фабрикација“. Иранската државна телевизија денеска објави дека Техеран добил нацрт на првиот неофицијален рамковен меморандум за разбирање помеѓу Иран и САД за завршување на војната. Во документот, како што јави иранската телевизија, Иран ...

Словенија денеска е погодена од невреме со силен ветер и дожд. Ветерот носеше кровови од комерцијални и станбени згради, а беа соборени и неколку дрвја. Словенечката управа за заштита и спасување соопшти дека ситуацијата е најлоша во подрачјето на Марибор. На аеродромот во близина на Љубљана ветерот достигна брзина од 85 километри на час. Според метеоролозите можни се поројни дождови и грмотевици. (МИА) Словенија денеска е погодена од ...

Времето утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, силен ветер (над 60 km/h) и услови за изолирана појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 18, а максималната ќе достигне од 23 до 32 степена. Во Скопје, променливо облачно со сончеви ...

За најдобар тренер во англискиот клупски фудбал во сезоната 2025/26 е прогласен Френк Лампард, кој со Ковентри избори пласман во Премиер лигата и го врати клубот во елитата по пауза од 25 години. Поранешниот англиски репрезентативец го предводеше од клупата Ковентри до титулата во Чемпионшип лигата со 11 бодови предност пред најблискиот ривал, што му го обезбеди „Трофејот Сер Алекс Фергусон“, доделен од Здружението на фудбалски тренери (ЛМА). ...

Албанската влада планира до 2030 година да инвестира 7,9 милијарди евра во транспортна инфраструктура, железнички линии и неколку важни патни правци – дел од Коридорот 8 и Јадранско-јонскиот коридор. Според транспортната стратегија усвоена од владата, железницата Драч – Приштина е на прво место. Железничката линија што ќе ги поврзува Албанија и Косово ќе чини 750 милиони евра и треба да биде завршена до 2030 година. Според албанските медиуми, ...

Осум лица досега се повредени, меѓу кои и едно 12-годишно дете, како резултат на денешниот напад врз Одеса, соопшти началникот на Одеската обласна воена администрација, Олег Кипер, на Телеграм. Според неговите информации, неколку лица се во тешка состојба и на сите им се укажува неопходната медицинска помош. Одескиот регион денеска беше нападнат со дронови, при што сирените беа активирани во 12:09 часот и траеја до 13:15 часот. (МИА) Осум ...

„Инвестирај во твојата иднина“, од идеја до реализација, работен состанок за економски напредок на Битола, денеска организираше Општина Битола и Јавното претпријатие индустриска зона „Жабени“ на која учествуваа владини претставници и стопанственици. Во своето обраќање градоначалникот на Битола Тони Коњановски кажа дека и Владата на Македонија и Општина Битола создаваат услови за инвестирање кон создавање подобра иднина за нашата општина, ...

Малолетничка и две млади девојки на возраст од 19 и 20 години се повредени во сообраќајна несреќа. Од полицијата информираат дека околу 14:20 часот добиле пријава дека на автопатот Скопје-Велес, на мостот после наплатна станица Сопот, автомобил се превртел на патот. -Патничко возило „опел“ со велешки регистарски ознаки, управувано од 19-годишната Л.Ќ. од Велес, се превртело на коловозот. Во несреќата со телесни повреди се здобилe Л.Ќ. и ...

weather icon

Скопје

14ᴼ / 14ᴼ
1.6
74%
1019
weather icon

Белград

17ᴼ / 13ᴼ
2.68
70%
1016
weather icon

Загреб

18ᴼ / 18ᴼ
1.42
78%
1014
weather icon

Софија

16ᴼ / 16ᴼ
1.56
80%
1019
weather icon

Сараево

16ᴼ / 16ᴼ
2.65
76%
1016
weather icon

Љубљана

15ᴼ / 12ᴼ
1.06
86%
1016
weather icon

Атина

22ᴼ / 18ᴼ
2.24
57%
1016
weather icon

Тирана

17ᴼ / 17ᴼ
1.85
67%
1017
weather icon

Подгорица

16ᴼ / 16ᴼ
2.96
62%
1018
weather icon

Букурешт

15ᴼ / 15ᴼ
1.34
89%
1014
weather icon

Будимпешта

18ᴼ / 17ᴼ
2.68
76%
1013
weather icon

Истанбул

16ᴼ / 13ᴼ
1.81
100%
1016
Currency

61.6417

Currency

53.2519

Currency

71.4228

Currency

37.518

Currency

38.0513

Currency

66.9089

Currency

7.86455

Currency

0.73496

Currency

0.33234

Currency

0.52573

Currency

1.15189

Currency

0.55992

Кобалт

45.39

Сребро

2186.28

Цинк

0.00

Родиум

257205.97

Платина

55170.68

Калај

53.60

Рутениум

48965.59

Паладиум

40767.15

Иридиум

253540.09

Злато

135639.33

Бакар

13.01

Алуминиум

3.54