Скопје
14ᴼ /
14ᴼ
Рускиот претседател Владимир Путин денеска изрази сомневање дека дронот што падна врз станбена зграда во Романија бил руски и смета дека всушност станува збор за украинско беспилотно летало. Путин предложи остатоците од леталото да бидат предадени на Русија за да може Москва да спроведе сопствена независна истрага. Никој не може да зборува за потеклото на дронот додека не се направи експертиза на остатоците, рече Путин одговарајќи на ...
Во Скопје ќе се гради саем откако објектите на Скопски саем беа урнати и на нивно место се изгради трговски центар, објави „4news.mk“. Директорот на Службата за општи и заеднички работи на Владата Ивица Томовски во гостувањето во Ноќно студио на 4ТВ кажа дека веќе е најдена локација и објектите ќе се градат со јавно-приватно партнерство. Тој на ја откри точната локација, само рече дека е во близина на студиото на 4ТВ кое се наоѓа во зградите ...
Изборите за нов претседател на Генералното собрание на Обединетите нации ќе се одржат во вторник, 2 јуни, а земјите-членки треба да направат избор меѓу двајца кандидати за наследник на Аналена Бербок. Претседателот на Генералното собрание на ОН обично се избира по ротација од еден од петте региони, а овој пат треба да се избере од Азиско-пацифичката група. Кандидатите за таа позиција се искусни дипломати – актуелниот министер за надворешни ...
Казахстан најави дека е подготвен да ги преземе иранските залихи на ураниум збогатен до ниво потребно за производство на оружје, доколку САД постигнат договор со Иран за нуклеарната програма на Техеран, рече за „Фајненшл тајмс“ директорот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси. Казахстан изрази отвореност за складирање на залихите кога претседателот на таа земја Касим-Жомарт Токаев се сретна со Гроси во Астана оваа ...
Ракометниот клуб Е.Пелистер денеска официјално се раздели со четворица ракометари кои во следната сезона нема да го носат дресот на битолскиот состав. Заминуваат Илија Абутовиќ, Усама Хосни, Богдан Радивојевиќ и Домен Тајник, ракометари кои во изминатиот период беа дел од успесите на Пелистер и со клубот освоија две шампионски титули во Македонија, како и еден Суперкуп. Ракометниот клуб Е.Пелистер денеска официјално се раздели со четворица ...
Португалскиот тренер Жозе Мурињо го потпиша договорот и ќе биде следниот главен тренер на Реал Мадрид. Португалецот ги парафираше своите услови, потпишувајќи го договорот до јуни 2029 година. Именувањето на Мурињо беше целосно на иницијатива на претседателот на клубот, Флорентино Перез. На 12 мај, 79-годишниот менаџер повика на претседателски избори во клубот, на кои ќе се соочи со претприемачот за обновлива енергија, Енрике Рикелме. ...
Масар Омерагиќ, првиот човек на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), имаше средба со претставници на Фудбалската федерација на БиХ пред пријателскиот меч во Сараево. Претседателот на македонскиот фудбал истакна дека „секогаш е убаво кога фудбалот спојува луѓе со меѓусебна почит и искрено пријателство.“. Омерагиќ беше на средба со делегација предводена од Вицо Зељковиќ. Првиот човек на ФФМ истакна благодарност за гостопримството во ...
Генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебрејесус, пристигна во Киншаса, главниот град на Демократска Република Конго, за да ги поддржи напорите за спречување на појавата на редок вид на вирусот ебола, со кој медицинскиот персонал во земјата се бори и покрај недостигот на опрема, недоверливо население и внатрешна војна. „Со доаѓањето тука, сакам да покажам дека не сте сами“, рече Гебрејесус и истакна ...
Автобус удри во шест автомобили на автопат во Вирџинија во момент кога сообраќајот се одвивал забавено поради работи на патот, при што загинале пет лица, а 34 се повредени, соопшти денеска полицијата. Несреќата се случила во насока кон југ во округот Стафорд. Сите пет лица кои загинале биле во автомобилите што биле удрени од автобусот, а тројца од повредените се во критична состојба, соопшти полицијата. Автобус удри во шест автомобили на ...
Антонијо Милошоски член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник во македонското Собрание, вечерва гостуваше во „Тема на денот“ на Сител телевизија при што се осврна на предлогот на опозициската СДС за организирање на референдум за ЕУ и најнапред констатираше дека со истиот се потценува интелигенцијата на граѓаните бидејќи предлогот доаѓа од Венко Филипче, министер во владата која веќе еднаш неуспешно организираше референдум за промена на уставното име ...
Портпаролката на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова изрази „огорченост поради одлуката на Романија да го затвори рускиот генерален конзулат во Констанца и да го протера конзулот“. Таа ѝ се закани на Романија со „соодветни мерки“ за одлуката што ја објави романскиот претседател Никушор Дан. „Соодветните мерки во врска со прогласувањето на рускиот генерален конзул за персона нон грата и затворањето на Генералниот ...
Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека наскоро ќе донесе конечна одлука за можен договор со Иран и наведе голем број услови за негово постигнување, вклучувајќи го трајното откажување на Техеран од нуклеарно оружје и целосното отворање на Ормуската теснина за меѓународен превоз. – Иран мора да се согласи дека никогаш нема да има нуклеарно оружје или нуклеарна бомба, напиша Доналд Трамп на социјалната мрежа Трут Соушл. Тој додаде ...
Антонио Милошоски, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ на гостување во централниот Дневник на Сител телевизија нагласи дека ВМРО-ДПМНЕ останува на јасен став дека уставните измени не треба да се прават доколку тие ја водат државата кон нова неизвесност, без конкретни гаранции за остварување на полноправно членство во ЕУ. „По однос на тоа прашање ние сме јасни, сме го искажале нашиот став. Ние не сметаме дека уставните измени треба да се ...
Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Петар Марков, на вчерашната седница за пратенички прашања поставил прашања до претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, и до министерот за здравство, Азир Алиу. Како што информира Марков преку објава на социјалните мрежи, двете прашања упатени до премиерот се однесувале на напредокот на Република Македонија во спроведувањето на реформската агенда, како и на мерките за заштита на животниот стандард на граѓаните во ...
Италијанската Влада соопшти дека добар дел од запленетите 200 милиони евра – откриени тајни пари на мафијата – ќе инвестира во безбедноста на железницата, особено на станиците и патниците. Владата во Рим го објави тоа по откритието од страна на италијанските власти за битката против мафијата – финансиската и независна судска полиција – дека во „даночниот рај“, но и во банките, синџирите луксузни хотели, криптовалути и други бизниси во повеќе ...
Романскиот претседател Никушор Дан, по состанокот на Советот за национална безбедност, ја соопшти одлуката за затворање на Генералниот конзулат на Руската Федерација во Констанца и протерување на конзулот, пренесе телевизијата Диџи24. Состанокот на Советот се одржа откако руски дрон удри во станбена зграда во градот Галаци, источно од границата меѓу Молдавија и Украина, предизвикувајќи експлозија и пожар во стан на 10-тиот кат од зградата. ...
Претседателот на Движењето ЗНАМ – за Наша Македонија, Максим Димитриевски, во интервју за неделникот Фокус истакна дека ЗНАМ останува доследен на принципите на владеење на правото, институционална одговорност и почитување на Уставот и законите, при што целосна поддршка дава министерот за правда Игор Филков и неговиот професионален пристап во раководењето со ресорот. Во интервјуто, Димитриевски потенцира дека ЗНАМ не ја гледа Владата низ ...
Првиот пациент за кој беше потврдено дека е носител на вирусот во основата на тековната епидемија на ебола во Демократска Република Конго е излекуван, јавија светските агенции, повикувајќи се на соопштение од Светската здравствена организација. „ДР Конго соопшти дека еден пациент се опоравил и ја напуштил болницата“, изјави Анаис Леганд, технички експерт на СЗО за вирусни хеморагични трески, за новинарите во Женева. Таа рече дека тој е ...
Видео од автопатот Охрид Кичево на кој сообраќаат многу возила за овој продолжен викенд. Овој пат ќе го користат бројни туристи за викендот. Видеото е добиено од странски турист, стои во објавата на Фејсбук страницата „Shilo Magazine Шило Магазин“. Инаку, траба да се напомене дека после промената на власта во јуни 2024-тата година работите речиси во сите свери во општеството се променија, особено во делот на инфраструктурата, каде што по ...
Мицкоски и Алиу на средба со здруженијата за Предлог-законот за заштита од употреба на производи од тутун или сродни производи Почитувани, Ве известуваме дека утре 30.05.2026 година (сабота) во 12:00 часот претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски и министерот за здравство Азир Алиу по повод Предлог-законот за заштита од употреба на производи од тутун или сродни производи ќе одржат состанок со еснафските ...
Постои едно едноставно прашање на кое Блерим Беџети им должи одговор на секој студент, правник и Албанец: што направи во текот на 1058-те дена додека беше министер за правда за правосудниот испит да може да се полага и на албански јазик? Одговорот е болен, но јасен: НИШТО!, велат од политичката партија ВРЕДИ. Цели 1058 дена беше на чело на Министерството за правда, со целосни надлежности, целосна моќ и целосна можност да го реши ова прашање. ...
Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а во источните делови повремено засилен северозападен ветер. Утринските температури ќе се дижат од 4 до 14 степени, а максималните дневни од 19 до 31 степен. Како што информира УХМР, во недела и понеделник во попладневните часови ќе има услови за локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во вторник и среда времето ќе биде променливо облачно ...
Суд во Австрија осуди 19-годишен маж на 15 години затвор поради планирање терористички напад за време на концертите на светската поп-ѕвезда Taylor Swift во Виена. Според австриските и германските медиуми, станува збор за Беран А., роден во Австрија од родители со потекло од Македонија. Тој бил прогласен за виновен за обид за убиство и терористички активности поврзани со планиран напад на концертите на Свифт, кои требало да се одржат минатото ...
Авиосообраќајот во државава се одвива без никакви потешкотии и никакви проблеми согласно меѓународни процедури за навигација, информираа денеска од М-НАВ, АД во државна сопственост за вршење на дејноста давање услуги во воздухопловната навигација. М-НАВ посочува дека поединци со дневополитички дезинформации сакаат да постигнат цел за личен бенефит. – Ве известуваме дека информациите кои излегоа во јавноста за потешкотии во авиосообраќајот се ...
Бившиот градоначалник на Скопје и екс независен пратеник Трифун Костовски ќе формира политичка партија, објави Експрес. Контроверзниот Костовски објави повик за формирање нов политички субјект, велејќи дека Македонија е „на крстопат“ и дека граѓаните мораат да ја „вратат државата“ од корупција, иселување и безнадежност. Костовски кој три децении е во блиски врски со политичката елита од сите партии сега ја критикува истата таа целокупната ...
Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) изрази попладнево сочувство по повод смртта на младиот фудбалер на ФК Куманово, Аган Асани (13), кој го загуби животот во сообраќајна несреќа што во четвртокот вечер се случи во атарот на селото Черкези. „Со голема тага ја примивме веста за загубата на нашиот фудбалер, Аган Асани. Неговото заминување остави огромна болка кај соиграчите, тренерите и целото семејство на ФК Куманово. Изразуваме искрено ...
Модерен трговски центар „Мега шопинг парк” на површина од над 20 илјади квадратни метри е пуштен во употреба денеска во Гевгелија, во присуство на премиерот Христијан Мицкоски, градоначалникот на Гевгелија Андон Сарамандов, генералниот директор на трговскиот центар, Сотирис Јанакудакис, како и владини и општински претставници, и претставници од компанијата инвеститор „А ПЛУС 1″. Новиот трговски центар, според најавите, отвора простор за ...
Венко Филипче уште еднаш покажува до каде е подготвен да оди за власт, амнестија и моќ, кога се во прашање македонските национални интереси. Прво уставни измени, а потоа редефинирање на историјата и идентитетот, стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ што МИА ви го пренесува во целост. Филипче не го интересира македонскиот идентитет и интегритет. Тој само сака прифаќање на бугарските позиции и ставање на Македонија во подредена положба, мислејќи ...
Премиерот Христијан Мицкоски очекува при претстојната посета на претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта да разменат повеќе идеи за надминување на пречката за интеграцијата на државава во Европската унија од, како што рече, вештачкото билатерално барање. Порача дека ставот на државава не е променет и оти ќе се бара решение кое нема да го допре достоинството на македонскиот народ и македонските граѓани. Мицкоски повтори дека нема ...
Двојните аршини на Трпе Деаноски и синдикалната организација на виделина, од една страна велат живееме во сиромаштија од друга страна 60.000 евра луксуз во Црна Гора, истакна на денешната прес конференција пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Бране Петрушевски. Наместо ваков настан да биде организиран во домашен туристички центар, со што средствата би останале во македонската економија, Деаноски одлучил синдикалните пари да завршат во ...