Скопје
15ᴼ /
15ᴼ
Владата на денешната седница ја продолжи мерката за намалување на акцизите на нафтените деривати до 15 јуни. Истовремено, како резултат на разговорите што ги водеше со најголемиот домашен снабдувач на нафтени деривати, компанијата „ОКТА“, обезбеден е дополнителен попуст од два денара по литар што ќе почне да се применува од утре, понеделник, први јуни. -Со овие мерки и согласно нашите пресметки очекуваме цената на дизел горивото да се намали ...
Осум лица загинаа, а 33 се повредени во автобуска несреќа во западна Турција, што се случи рано изутрината, јавија турските медиуми. Меѓу загинатите е и деветмесечно бебе и возачот на автобусот. Автобусот удрил во заштитната ограда на автопатот во турската покраина Денизли, а потоа се запалил. Превезувал 38 патници и тројца вработени во автобуска компанија на линија од градот Измир до Анталија. Вчера беше последниот ден од муслиманскиот ...
Претседателот на СДСМ Венко Филипче смета дека дали ќе ги продолжиме преговорите со Европската унија зависи само од власта, која како што вели, тоа очигледно не го сака. Останува на ставот дека внесувањето на Бугарите во Уставот на никаков начин нема да го загрози македонскиот идентитет. – Дали ќе ги продолжиме преговорите зависи од власта, а од власта очигледно не сакаат. Ги плаши граѓаните дека е загрозен јазикот, идентитетот и не знам која ...
Меѓуградскиот воз помеѓу Прилеп и Битола ќе почне да сообраќа на крајот на јуни или почетокот на јули, а наскоро се очекува да стартува и карго железничкиот сообраќај кон двата града. Ова денеска, одговарајќи на новинарско прашање, го најави заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски. При посетата на Општина Могила, Николоски истакна дека железницата повторно ќе добие значајна улога и во превозот на патници ...
Синдикалните членарини не смеат да служат за привилегирани патувања и луксузни игри на Јадранот, изјави Петрушевски Работниците во Македонија заслужуваат чесно, одговорно и транспарентно синдикално претставување, а не раководства кои од нивните членарини организираат скапи патувања и луксузни спортски настани надвор од Македонија. – Деаноски со 60.000 евра, пари на синдикалците, организирал четиридневни спортски игри во Чањ, Црна Гора, и со ...
Македонија нема да спроведе уставни измени без јасни, цврсти и писмени гаранции од Европската Унија, изјави денеска портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, на прес-конференција во Скопје. Тој оцени дека државата во минатото платила „прескапа цена“ поради политиките на претходната власт и нагласи дека актуелната Влада нема да дозволи нови отстапки без конкретни гаранции за напредок во евроинтегративниот процес. „Овој пат уставни ...
Изградбата на автопатот Прилеп-Битола се одвива со одлична динамика, а првите километри од новата автопатска делница се очекува да бидат готови веќе следната пролет. Ова денеска го истакна заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, при посетата на Општина Могила, оценувајќи изградбата на автопатот ќе има големо значење за развојот на целиот Пелагониски регион. „Динамиката на изградбата на автопатот ...
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека е подготвен да заземе побавен пристап кон преговорите со Иран и покрај загриженоста за економското влијание на конфликтот. Тој рече дека брзањето во преговорите би можело да ги поткопа шансите за постигнување поволен договор. „Не брзам. Би сакал да биде побрзо, бидејќи знаете што, цените на бензинот ќе се намалат, но ако брзате, нема да добиете добар договор“, рече американскиот претседател ...
Долготрајната соработка со НСДП, според претседателот на СДСМ Венко Филипче, е доказа дека споделуваат еднакви вредносни политики. Коалицијата и соработката, најави тој пред денешниот конгрес на НСДП, продолжува и понатаму. -Сега и во една нова форма, во Фронтот за слобода и правда. Во Фронтот ги повикуваме и сите други политички партии, не само овие кои што веќе го потврдија учеството, а се дел од сегашната коалиција, туку и другите ...
Врховната оперативна команда на вооружените сили на Иран денеска повтори дека Техеран има контрола врз Ормуската Теснина, предупредувајќи ги комерцијалните и воените бродови да се придржуваат кон прописите што го регулираат минувањето низ стратешкиот воден пат или ќе се соочат со последици. „Управувањето со Ормуската Теснина го вршат вооружените сили на Исламската Република Иран со целосен авторитет“, објави централниот штаб на Хатам ...
Крузерот „Хондиус“, на кој избувна епидемијата на хантавирус, доби одобрение од холандските здравствени власти повторно да исплови по операцијата за чистење и дезинфекција, објавија денеска холандските медиуми. „Од гледна точка на јавното здравје, повеќе нема никакви пречки „Хондиус“ повторно да исплови на море“, соопшти Агенцијата за јавно здравје во холандското пристаниште Ротердам, по завршната инспекција. Во соопштението се додава дека за ...
Колумбијците денеска избираат нов претседател, во услови на длабока политичка поларизација меѓу поддржувачите на продолжување на политиките на левичарската влада и оние кои се залагаат за премин кон поголема безбедност и економски раст. Кандидатот на левичарската коалиција Историски пакт, Иван Сепеда води на анкетите по ветувањата за продолжување на социјалните програми на колумбискиот претседател Густаво Петро и продолжување на мировните ...
Американскиот претседател Доналд Трамп соопшти дека резултатите од неговиот систематски преглед се „исклучително добри“, наведувајќи дека постигнал максимален резултат од 30 од 30 поени на тестот за когнитивни способности, кој го опиша како индикатор за „екстремна интелигенција“. „Резултатите од мојот преглед, спроведен во Воено-медицинскиот центар „Волтер Рид“, кои се штотуку објавени, се исклучително добри. За разлика од другите американски ...
Соединетите Американски Држави планираат да го забрзаат повлекувањето на војниците од базите во Европа и ќе презентираат предлози за ова прашање на своите сојузници од НАТО идниот месец, објави германскиот весник „Велт“, повикувајќи се на неименуван извор од Пентагон. Вашингтон месецов најави планови за повлекување на 5.000 војници од Германија, што е широко протолкувано како резултат на расправијата меѓу американскиот претседател Доналд ...
Седум полицајци се повредени, а 416 лица од кои 283 во Париз се уапсени за време на синоќешните немири предизвикани од навивачите на фудбалскиот клуб Пари Сен Жермен (ПСЖ) на улиците на Париз по победата на нивниот тим во финалето на Лигата на шампионите против лондонски Арсенал. Според тврдењата на неименуван полициски извор, една жена доживеала срцев удар и била лекувана, а друга жена е повредена со нож во близина на парискиот Плоштад на ...
Морето кај Истра е полно со медузи, а експертите ги предупредуваат луѓето кои се капат да бидат внимателни. Како што објавија хрватските медиуми, капачите на западниот брег на Истра во последните денови доживеаја непријатно изненадување. Морето е полно со компас медузи, вид познат по своите долги пипала и клетки кои предизвикуваат жежење на кожата и можат да предизвикаат болни изгореници, црвенило и оток на кожата. Според експертите, главна ...
ВМРО-ДПМНЕ обвини дека политичкото влијание на СДСМ во синдикалните структури на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) станува сѐ поочигледно, посочувајќи го како последен пример организирањето на четиридневни спортски игри во Чањ, Црна Гора. Според партијата, зад организацијата на настанот стои членот на Претседателството на ССМ и претседател на УПОЗ, Трпе Деаноски, а за реализација на спортските игри биле потрошени околу 60.000 евра. ...
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Попладне ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 16, а максималната ќе достигне од 24 до 33 степени, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Во Скопје, сончево со мала со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од ...
Деведесет и една мостра од млеко и млечни производи и од сувомесни производи, од домашно производство и од увоз, земаа официјалните ветеринари на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) во рамки на вонредните контроли кои имаа за цел утврдување, дали реално производите по својот квалитет соодветствуваат со означеното на декларациите. Засега комплетирани се резултатите од тестираните примероци млеко и млечни производи земени од поголемите ...
Д-р Огнен Ивановски, хирург-уролог на Универзитетската клиника за урологија и научен советник на Медицинскиот факултет во Скопје, апелира за подигнување на свесноста за значењето на органодарителството. Видео-обраќањето на д-р Ивановски е во рамки на националната кампања, што се реализира под мотото „Органодарителството ѝ дава највисока смисла на човечноста!“. – Сакам да апелирам до целата македонска јавност, до сите етнички заедници, во ...
ПСЖ вечерва го победи Арсенал во финалето на Лигата на шампионите за сезоната 2025/26 со 4:3 на пенали. Натпреварот се одигра на „Пушкаш Арена“ во Будимпешта, Унгарија и по основните 90 и дополнителните 30 минути заврши нерешено 1:1. Во 6. минута, Каи Хаверц им донесе водство на лондонци. Во 65. минута, Усман Дембеле го реализираше пеналот за израмнување на резултатот. За прв пат по 10 години, победникот на Лигата на шампионите беше решен во ...
Македонскиот атлетичар и член на АК Работнички, Андреас Трајковски, го освои златниот медал во скок во далечина на Европското првенство во атлетика за мали земји (European Challenger Championships), кое денес се одржа во Монако. Андреас уште во втората серија го постави победничкиот резултат од 7.62 метри. По првиот скок од 7.43 метри, тој значително го подобри резултатот и изби на првата позиција. Поради грчеви во мускулот беше принуден да ...
Советникот на иранскиот врховен лидер, Моџтаба Хамнеи, Мохсен Резаи, денеска изјави дека американскиот претседател Доналд Трамп „по трет пат прави предавство на дипломатијата“ со продолжувањето на поморската блокада наметната врз Иран. -Како што беше предвидено, американскиот претседател по трет пат ја предава дипломатијата. Со продолжување на поморската блокада и претерување со преговорите, тој докажа повеќе од кога било дека не е преговарач ...
Полскиот премиер Доналд Туск денеска реагираше на објавата на поранешниот руски претседател Дмитриј Медведев, кој напиша на социјалните мрежи дека „мирниот сон на граѓаните на Европската Унија е завршен“, предупредувајќи дека сите земји од НАТО конечно треба да почнат сериозно да ги сфаќаат ваквите зборови. -Полска, балтичките држави, а сега и Романија. Има сè повеќе руски провокации. Вчера, поранешниот руски претседател Медведев рече дека ...
Проф. д-р Бранко САРКАЊАЦ Македонија допрва треба да почне да гради една транскултурална, мултидисциплинарна перспектива. Притоа, не може многу да се очекува дека историската наука, како автопоетски, автореферентен подсистем во државата, лесно ќе може да направи нешто посериозно на планот на каква било, како што ја нарекуваат, транскултурална транснационална историографија. И тука на самиот почеток работите се усложнуваат. На планот на ...
Премиерот Христијан Мицкоски и неговиот српски колега Ѓуро Мацут денеска на средба разговарале за унапредување на билатералната соработка, регионалната стабилност и можностите за продлабочување на економските и институционалните врски меѓу двете земји. – Во пријателска и конструктивна атмосфера разменивме мислења за актуелните предизвици и заедничките приоритети, со посебен акцент на јакнењето на регионалната поврзаност, инвестициите и ...
На 30.05.2026 година во 02.20 часот, во СВР Охрид лишен од слобода е Л.Ш.(19) од Ресен кој претходно, на кружниот тек на булеварот „Туристичка“ со улицата „7 ноември“, управувајќи патнички автомобил „Фолксваген“ со ресенски регистарски ознаки, изгубил контрола и удрил во метален столб. При извршено алкотестирање, полициските службеници кај него утврдиле 1,77 промили алкохол во крвта. По наредба на јавен обвинител, возилото е одземено и по ...
Народот кој ги чува свои корени никогаш не се губи, народот кој го чува својот јазик никогаш не останува без дом, а народот кој ја чува својата култура секогаш ќе има иднина, порача премиерот Христијан Мицкоски на свечената академија „80 години од доселувањето на Македонците во Војводина“, што се одржува попладнево во Нови Сад. Идентитетот, потенцираше, не се чува сам од себе. Јазикот не преживува сам по себе. Традицијата не се пренесува без ...
Американскиот министер за одбрана Пит Хегсет изјави дека САД се во „добра позиција“ да постигнат договор со Иран за прекин на војната и дека досегашните преговори биле „продуктивни“. Сепак, тој нагласи дека американскиот претседател Доналд Трамп нема да брза да склучи договор. „Секој договор што претседателот е подготвен да го прифати, ќе го прифати само ако смета дека е одличен договор за нашата земја и за безбедноста на светот“, изјави ...
Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки на покана од сестринската партија од Република Албанија се обрати на Конгресот на Националното собрание на Демократската партија на Албанија и во своето обраќањe ги пренесе поздравите од претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и претседател на Владата, Христијан Мицкоски, и истакна дека „иднината на Западен Балкан ја градиме заедно како партии кои делат исти вредности: слобода, одговорност, традиција, ...