Скопје
17ᴼ /
17ᴼ
Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп синоќа предложи воведување дополнителни царини од 10 или 12,5 проценти за увозот од 60 земји, вклучувајќи ја и ЕУ, со цел, како што велат, да се ограничи трговијата со принудна работа, што ѝ штети на американската трговија. Предлогот на Канцеларијата на американскиот трговски претставник (USTR) е дел од најновата истрага за нефер трговски практики, според Член 301, која беше објавена ...
За поздравување е акцијата на МВР, се надевам Јавното обвинителство и судот во кратка дистанца ќе бидат на висина на задачата, истакна во своето гостување во емисијата „За или против“ со новинарот Љупчо Цветановски на телевизија Алфа аналитичарот Милан Стефаноски, во врска со акцијата на Финансиската полиција во која беше уапсен поранешниот градоначалник на општина Карпош, поранешен пратеник, потпретседател на СДСМ и екс директор на ...
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирана појава на град. Ќе дува слаб до умерен ветер, во западните делови од западен, а долж Повардарието од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 16, а максималната ќе достигне од 25 до 32 степена. Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. ...
Традиционалната слика за европското семејство со повеќе деца брзо се менува. Најновите податоци на Евростат за 2025 година откриваат длабоки демографски промени во Европската Унија: бројот на домаќинства кои имаат деца се намалува, додека драматично расте бројот на луѓе кои живеат сами или како парови без потомство. Дополнително, за оние кои имаат деца, реалноста сè почесто значи дека само еден родител го носи целиот товар на нивното ...
Фудбалската репрезентација на Македонија вечерва се врати во Скопје по проблемите кои што ги имаше денеска во Истанбул. За потсетување нашата експедиција при враќањето се соочи со проблем, откако авионот веднаш по полетувањето се сврте и се врати назад на аеродромот во Истанбул. Стануваше збор за технички проблем со авионот поради што од безбедносни причини тој бил вратен на местото на полетување. Фудбалската репрезентација на Македонија ...
Мрежен кабел за интернет долг 15 километри – купен 15.000 евра, а никаде го нема, набавени компјутери, лаптопи, ајфони за кои постои само барање без реверс каде завршиле, склучен договор од 1.600.000 денари за мобилни телекомуникациски услуги или двојно повеќе од предвидените 800.000 денари, како и договор од 1,1 милион денари за фиксна телефонија, иако биле предвидени 550.000 денари, се само некои од недоследностите во работењето на ...
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова во рамките на официјалната посета на Република Словaчка, денеска во Братислава оствари средба со потпретседателот на словачката Влада и министер за одбрана, Роберт Калињак. Словачкиот вицепремиер ја реафирмираше силната словачка поддршка на македонскиот евроинтеграциски пат. Според него, ние сме неоправдано предолго во чекалната на ЕУ. Процесот на проширување, смета тој, треба да е заснован ...
Јавното обвинителство на Република Македонија денеска го промовираше новото лого, односно новиот симбол на институцијата, кој беше усвоен од Колегиумот на републичкото обвинителство. Логотипот е конструиран врз прецизна геометриска структура со цел да се обезбеди визуелна рамнотежа, стабилност и препознатливост во сите формати и апликации. Колорниот систем е составен од темно сина и златна боја. Темно сината ја симболизира довербата, ...
Министерството за одбрана на Русија соопшти дека во синоќешните напади врз пет украински региони и Киев биле насочени кон транспортната инфраструктура и воените аеродроми. Во градот Киев, како што тврди Москва, погодени се десет воени производствени погони и три центри за регрутација. Мета на нападите биле и фабриките во Харковската, Сумската, Днепаропетровската, Хмељничка и Полтавската област и во регионот Запорожје. Според руското МО, во ...
Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, од Скопје порача дека проширувањето на Европската Унија е заедничка цел, нагласувајќи дека иднината на Македонија цврсто припаѓа во европското семејство. На заедничката прес-конференција со премиерот Христијан Мицкоски во владата, Кошта ги пофали напорите на македонските институции во спроведувањето на реформите и напредокот постигнат во последниот период. -Вашата Влада покажа посветеност и ...
Премиерот на Република Македонија, Христијан Мицкоски на денешната средба со претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, порача дека Македонија останува цврсто посветена на европската интеграција, но очекува процес заснован на принципи, доверба и предвидливост. На заедничката прес-конференција, Мицкоски истакна дека земјава не бара привилегии ниту посебен третман, туку еднакви правила и вистинско вреднување на реформите, трудот и ...
Најдобрата машка кошаркарска репрезентација на Македонија, на стартот на следниот месец, ја очекуваат два натпревари во претквалификациите за Евробаскетот во 2029 година. Селекторот Жозеп Мариа Берокал, го објави поширокиот список на кошаркари на кои ќе смета за претстојните натпревари од третиот „прозорец“. На списокот на шпанскиот тренер се 25 имиња, но ниту еден странец. Како што најавија од федерацијата, ќе следува дополнителен повик и до ...
Со 7,5 милиони евра помош од глобалните здруженија за заштита на животната средина ќе се заштитува Дримскиот басен од предизвиците со загадувањето. Тоа беше соопштено на 10. Дримска конференција што денеска се одржа во Струга. Конференцијата е дел од Меморандумот за разбирање за заедничко управување на Дримскиотт басен потпишан во 2011 година меѓу Македонија, Грција, Косово, Црна Гора и Албанија. Вицепремиерот и министер за транспорт и врски ...
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, денеска во Братислава оствари тет-а-тет средба со претседателот на Националниот совет на Република Словачка, Рихард Раши. Обајцата ја потврдија заедничката определба за интензивирање на парламентарната соработка меѓу двете земји. Во парламентарната дипломатија препознаваат суштински механизам за размена на искуства, градење доверба и зајакнување на демократските институции. Укажувајќи на нејзиното ...
Експедицијата на фудбалската репрезентација на Македонија која што се обидува да се врати денеска од гостувањето кај Турција од Истанбул, во Скопје би требало да пристигне околу 20:00 вечерва. Тоа е последната информација од Истанбул, каде што нашиот национален тим денеска заглави поради неисправност на чартер авионот попладнево. Експедицијата веќе еднаш полета од Истанбул, но поради технички проблеми со леталото, истото се врати повторно на ...
Лудилото на СДС нема крај, немаат чувство за реалност. Очигледно имате кратка меморија, па затоа да ве потсетиме дека пролетта 2025 година Преспанскиот регион беше погоден од мраз и родот на јаболка беше намален за 50%. За разлика од минатото јаболката денес не пливаат по Преспанското езеро. Соберете храброст и признајте дека денес откупот се одвива непречено, нема фрлен род на буништа, што беше во минатото ваше секојдневие. Само оваа година ...
Кирил МИНОСКИ Ниту една држава не може долгорочно да обезбеди стабилност ако во неа владее чувство на неправда. За жал, токму системската неправда е една од главните причини за разочараноста, апатијата и недовербата во државата и нејзините перспективи. На тој начин директно се поткопуваат темелите на општеството и се ограничуваат можностите за развој на демократијата и економијата. Институционалната и општествената неправда не претставуваат ...
Артим Ислами, дипломиран правник со положен правосуден испит од Струга и Феузи Џафери, дипломиран правник со положен правосуден испит од гостиварското село Чајле, се кандидатите кои денеска собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата ги предложи за нов член на Судскиот совет што го избира Собранието. Претседателот на Комисијата за прашања на изборите и именувањата, Ѓорѓија Сајкоски информира дека на конкурсот биле пријавени 10 ...
Поранешниот претседател на државата од редовите на СДСМ, Стево Пендаровски во интервју за јавниот сервис, призна дека во неговиот претседателски кабинет се разговарало за враќање на поранешниот македонски премиер, Никола Груевски и дека за тоа постојат транскрипти, како и што се тврдеше во јавноста. Пендаровски вели дека таквото барање, за враќање на Груевски во Македонија, дошло од неговата, тогаш владејачка партија, СДСМ со крајна цел да ...
Владата денеска го усвои Предлог-законот за заштита од употреба на производи од тутун или сродни производи, соопшти Министерството за здравство. – Ова е важен чекор за јавното здравје и за создавање поздрав, побезбеден и поодговорен јавен простор. Законот е резултат на широк институционален процес, разговори со засегнатите страни, консултации со тутунската индустрија, угостителскиот сектор, надлежните институции, инспекциските органи, ...
Управата за финансиска полиција, во координација со Основното јавно обвинителство, денеска спроведе акција во која се обезбедени четири лица осомничени за наводни злоупотреби поврзани со тендерска постапка која произлегува од Управата за царинско работење. Според првичните информации, меѓу приведените е и поранешниот директор на Царинската управа, Стефан Богоев, поранешен потпретседател на СДСМ и екс градоначалник на Општина Карпош. Меѓу ...
– Препорачаната доза витамин Д во САД е 15 пати пониска отколку што би требало да биде, а во Обединетото Кралство е дури 22 пати пониска отколку што би требало да биде – вели британскиот професор Џон Кембел анализирајќи ја содржината на трудот „Статистичка грешка во процената на препорачаното дневно внесување витамин Д“, објавен во 2014 година. Британскиот професор вели дека количината што навистина би била потребна за 97,5 отсто од ...
На 01.06.2026 во 14:38 часот во СВР Битола е пријавено дека на крстосницата од ул.„Партизанска“ и ул.„Македонска фаланга“ во Битола се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „мерцедес“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Л.Х.(21) од Битола и патничко возило „пежо“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од З.Т.(67) од Прилеп. -Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката од патничкото возило „пежо“, ...
Во насока на зголемување на безбедноста на капачите и учесниците во пловидбата, а заради заштита на човечките животи и непречено користење на езерските води, Владата на предлог на Министерството за транспорт донесе Одлука за ограничување на пловидба на пловни објекти на Охридското, Преспанското и Дојранското езеро, информираат од министерствто. Имено со Одлуката се ограничува: -Пловидба на скутери во период од 1 јули до 31 август 2026 година ...
Претседателот на Словачка Петер Пелегрини смета дека ниту една земја, без разлика во колку тешка состојба и да е, не смее да има предност и по скратен пат да влезе во ЕУ. Таа треба да го изоди патот на преговори и реформи, и потоа да стане дел од Унијата. Затоа, смета, земјите кои имаат право да станат членки на Европската Унија, првенствено се земјите од Западен Балкан, вклучително и Северна Македонија. -Што се однесува до предлогот на ...
Летовите кон и од Белгија денеска ќе биде прекинат од 14 часот по локално време поради штрајк на вработените во компанијата за контрола на воздушниот сообраќај „Скајс“. Штрајкот на контролорите на воздушниот сообраќај синоќа веќе предизвика сериозни нарушувања во воздушниот транспорт. На аеродромот Шарлроа беа откажани 30 патнички летови, а на аеродромот во Лиеж беа погодени околу 40 товарни летови. „Скајс“ потврди дека воздушниот сообраќај ...
На 01.06.2026 околу 11:40 часот во СВР Скопје, од Итна медицинска помош е пријавено дека во хотел на подрачјето на Бит Пазар бил пронајден починат З.Ј.(74) од Тетово, кој бил гостин во хотелот. -Лекар констатирал смрт без видливи траги на насилство, информира МВР. Извршен е увид, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот е предадено за обдукција. На 01.06.2026 околу 11:40 часот во СВР Скопје, од Итна медицинска помош е пријавено ...
Министерството за финансии денеска изврши исплата на 327,9 милиони евра (316,3 милиони евра за главница и 11,6 милиони евра за камата) со што во целост е заокружено сервисирањето на обврската по Еврообврзницата издадена во 2020 година во вкупен износ од 700 милиони евра. Средствата за сервисирање на оваа обврска државата, односно Министерството за финансии, ги обезбеди преку издавање Еврообврзница во текот на јануари 2026 година. Еден дел, ...
Билатералниот спор со Бугарија треба да биде врз база на реципроцитет, а не врз база на потчинување, како што сакаат Венко Филипче и СДС. Времето кога Македонија водеше потчинета и понижувачка политика, предводена од Филипче, неговиот ментор Зоран Заев и СДС, заврши – стои во соопштението од прес-конференцијата на Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ, што МИА го објавува интегрално. Граѓаните во најголема мера даваат недвосмислена ...
Козметички промени нас не не интересираат. Кој и да го стават, знаеме кој вистински води и каде оди. Мицкоски и неговата криминална група водат во изолација. Продолжува кражбата додека народот осиромашува. Неговата влада е иста како и партијата – само фан-клуб на Мицкоски. Затоа е сеедно дали тој седи и потпишува или некој друг. Други имиња, иста приказна. А кој работеше добро? Мицкоски за себе и за својата банда – тоа сигурно работеше добро, ...