Скопје
20ᴼ /
20ᴼ
Иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи изјави дека меѓу Иран и САД продолжува индиректната размена на пораки, иако во моментов не се водат официјални преговори меѓу двете земји, пренесе иранската агенција ИРНА. Во интервју за либанската телевизија „Ал Мајадин“, Арагчи рече дека меѓу последните контакти имало и пораки поврзани со потребата од спречување евентуален израелски напад врз Бејрут. Според него, Техеран случувањата во ...
Либанскиот претседател Жозеф Аун изјави за либанските медиуми дека примирјето постигнато со посредство на САД може да стапи во сила во рок од 24 часа по неговото одобрување од сите страни. Под „сите страни“, Аун очигледно мисли и на либанското шиитско движење Хезболах, кое сѐ уште не се изјаснило за примирјето што го објавија Либан и Израел по разговорите во Вашингтон. Хезболах се противи на директни преговори и продолжува да отвора оган врз ...
Секој ден има нова манипулација на власта во економијата, Мицкоски се обидува од една статистичка бројка да направи економска бајка, додека граѓаните секој ден се соочуваат со сè потежок животен стандард и сè повисоки цени, истакна пратеникот на СДСМ, Фатмир Битиќи, на денешната прес- конференција, што МИА ја пренесува интегрално. Тој додаде дека економијата не се мери со владини самопофалби, туку со тоа што граѓаните реално можат да купат со ...
Вештачки колкови чекаат над 650 пациенти, во три главни јавни здравствени установи има значителен пораст на бројот на интервенциите, а пристапот до операции за замена на колк и колено значително се подобрува, изјави денеска на брифингот со новинарите, генералниот директор на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски. Тој подвлече дека има значителен пораст на операциите на колк и колено. Вкупно 4.044 интервенции имало во 2025 година. ...
Советот на Европската Унија соопшти дека го одобрил почетокот на преговорите со Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Северна Македонија и Србија за проширување на зоната „Роаминг како дома“. Промената ќе им овозможи на корисниците од шесте држави од Западен Балкан да остваруваат телефонски повици, да испраќаат текстуални пораки и да користат мобилни податоци додека престојуваат во ЕУ, без дополнителни трошоци. Истото ќе важи и за ...
Советот на Европската Унија соопшти дека го одобрил почетокот на преговорите со Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Македонија и Србија за проширување на зоната „Роаминг како дома“. Промената ќе им овозможи на корисниците од шесте држави од Западен Балкан да остваруваат телефонски повици, да испраќаат текстуални пораки и да користат мобилни податоци додека престојуваат во ЕУ, без дополнителни трошоци. Истото ќе важи и за ...
Вратите на Европската Унија остануваат отворени за Србија, но сега е време за решителни акции, изјави денеска во Белград претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта. Тој нагласи дека Белград има три задачи – негување на добрососедските односи и регионалната соработка, усогласување со политиките и вредностите на ЕУ и целосно спроведување на реформите. Кошта додаде дека сега повеќе од кога било, проширувањето повеќе не е само можност, туку ...
Во 2025 година се склучени 10 507 бракови и во споредба со претходната година нивниот број е намален за 5.1 %. Бројот на разводи, пак, изнесувал 2 185 или за 8.0 % повеќе од 2025 година. Најмногу бракови, 1 362 или 13.0 %, се склучени во месец август, а најмалку во месец март, 473 бракови или 4.5 %, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Најчесто е стапувањето во прв брак со учество од 92.8 % за жените и 92.1 % за мажите. Во ...
Изјавите на поранешниот претседател, Стево Пендаровски, дадени во емисијата „360 степени“, отвораат едно од најсериозните политички и институционални прашања во поновата македонска историја. Не станува збор за дневнополитичка полемика, туку за сведоштво на поранешен шеф на државата за начинот на кој биле носени одлуки што директно влијаеле врз правниот поредок, функционирањето на институциите и довербата на граѓаните во државата. Граѓаните ...
Во рамки на програма за терапија со животни која привлече внимание во Франција и пошироко, магариња им помагаат на пациенти со ментални проблеми во психијатриска болница недалеку од Париз. Лекувањето се одвива во Вил-Еврар, кој се смета за единствена институција со ваков метод во Франција. Основен дел од терапијата е пациентите да се грижат за животните, водејќи ги на прошетка.Дел од учесниците ја завршија сесијата со прегратка на ...
Препис на чудотворната икона на Пресвета Богородица Троеручица од Света Гора в сабота ќе пристигне во Штип. Протојереј Добрица Јанев во Брегалничката епархија информира дека иконата ќе биде донесена во градот од монасите од манастирот Хиландар. По литијата, иконата ќе биде поставена во црквата „Свети Димитриј“ во штипско Ново Село, каде што ќе остане на поклонение и молитва. – Голема радост ќе се случи на 6 јуни, во сабота, во нашиот град ...
Филипче секојдневно бара Уставни измени, дури повеќе и од Бугарите. Филипче испадна поголем Бугарин дури и од самите Бугари, вели портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ. На Филипче не му се слушаат пофалните зборови на Антонио Кошта во делот на Реформската агенда, како и добиените финансиски средства од Планот за раст, тој оди со главата во ѕид, работејќи во полза на бугарските власти и знае само за една реформа, а тоа е уставни измени. – СДС важи за ...
Ревизијата во Академијата за судии и јавни обвинители откри серија на слабости и неправилности: Се исплаќале средства за прекувремена работа, неконтролирано се точело гориво, неправилности во набавка на стоки и услуги… Државниот завод за ревизија изрази мислење без резерва за финансиските извештаи на Академијата за судии и јавни обвинители за 2024 година оценувајќи дека тие реално и објективно ја прикажуваат финансиската состојба на ...
Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков, на денешната прес-конференција упати сериозни обвинувања кон поранешниот директор на Царинската управа и поранешен потпретседател на СДСМ, Стефан Богоев, тврдејќи дека е осомничен за местење тендер вреден околу 300.000 евра. „Богоев осомничен за местење на тендер во Царина вреден 300 илјади евра, притоа примил мито во вредност од 2.000 евра за да влијае на исходот на постапката“, изјави Лефков. Според ...
Припадник на специјалната полициска единица „Шќипоња“, Енеа Маколи (34), утрово загина при вршење на должноста, а неговиот колега Едисон Агри (36), е повреден, од истрели од огнено оружје од лице барано со потерница во близина на градот Малиќ, Округ Корча. Во акцијата која била спроведена на планината Боден, барано лице, кое се криело во бачило било неутрализирано и повредено за време на операцијата за негово апсење. -Околу 7:30 часот, ...
Американскиот претседател, Доналд Трамп, најави дека ќе присуствува на Самитот на Г-7 што од 15 до 17 овој месец ќе се одржува во Франција. Трамп преку својата платформа „Truth Social“ соопшти дека во Франција ќе отпатува веднаш по настанот на 14 јуни во Белата куќа, огранизиран по повод неговиот 80-ти роденден на кој, како што најави, ќе бидат организирани и професионални ММА борби. Самитот на групата Г-7 годинава ќе се одржи во бањското ...
Во емисијата „Заспиј ако можеш“ на Алфа телевизија гостуваше генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник, Драган Ковачки, кој упати критики кон СДС, оценувајќи дека партијата треба повеќе внимание да посвети на сопствената организација и коалициски односи, наместо на политичките напади кон ВМРО-ДПМНЕ, се вели во партиското соопштение што МИА го пренесува интегрално. Ковачки изјави дека СДС се соочува со внатрешни предизвици и, според него, ...
Остануваме со јасна стратешка ориентација во надворешната политика, но исто така цврсто остануваме на позицијата дека во овој момент услови за уставни измени нема. Услови за уставни измени може да се создадат врз основа на градење меѓусебна доверба, како што често повторуваме, а меѓусебната доверба може да се изгради прво ако има институционални гаранции за што верувам дека нема проблем кај скоро сите земји членки, освен кај една, изјави ...
Албанската мафија станува сè повлијателна во Белгија, според истражувањето спроведено од Институтот Кнак за локалните медиуми, објави агенцијата Белга. Истражувањето го испитувало учеството на осомничени Албанци во случаи на белгиските судови помеѓу 2020 и 2026 година. Повеќе од 2.000 осомничени Албанци се појавуваат во тековните истраги на федералната судска полиција. -Според Франсоа Фарси, директор на судството во Лиеж, овој феномен ...
Рускиот претседател, Владимир Путин, денеска е предвидено да одговара на прашања од новинари од Западот, на вториот ден од Меѓународниот економски форум што се одржува во Санкт Петербург. Путин ќе се сретне со претставници на меѓународни медиумски организации за да разговара за внатрешната и надворешната политика на Русија, соопшти неговиот советник за надворешна политика, Јури Ушаков. Претходните години таквите сесии со новинари вообичаено ...
Националната единица за сузбивање на криумчарење мигранти и трговија со луѓе при Секторот за криминалистички истраги во Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал поднесе кривична пријава против Ф.А.(63), Ѓ.К.(57), И.Ш.(35), Џ.Ш.(35), сите од Скопје, како и против С.Ј.(35) од Куманово и И.А.(38) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „трговија со дете“. -Во текот на 2024 и 2025 година, Ф.А. и Ѓ.К. ...
Сенаторот Ренд Пол, по сослушувањето во Комитетот за внатрешна безбедност на коешто се појави соработник на ЦИА, проговори за она што според него претставува систематско прикривање на вистината за потеклото на Ковид-19, гостувајќи во поткастот на Мат Кибе (либертаријанскиот активист, економист и политички коментатор). Според Пол (американски политичар кој и самиот е лекар, а од 2011 година и сенатор во американскиот Сенат, претставувајќи ја ...
Кошта потврди дека Мицкоски лаже – Вајц потврди дека реформи нема. Пораките на Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, и најновиот извештај на Вајц усвоен од Европскиот парламент се две силни потврди за она што СДСМ го говори со месеци, се наведува во партиското соопштрение, што МИА го преенсува интегрално. Мицкоски ги лаже граѓаните за европската иднина на Македонија, неговата криминална Влада не испорачува никакви реформи. Кошта ...
Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта денеска во Белград треба да се сретне со претставници на државниот врв и претставници на граѓанското општество. Кошта синоќа беше пречекан на аеродромот во Белград од српскиот претседател Александар Вучиќ, кој на социјалните мрежи објави дека Србија е посветена на забрзување на реформите и „одговорен пристап кон процесот на европска интеграција“, додека членството во ЕУ останува стратешка цел. ...
Билатералните односи, како и теми од заемен интерес и од европската агенда, се очекува да бидат во фокусот на разговорите на премиерот на Бугарија Румен Радев и неговиот колега од Грција Кирјакос Мицотакис во Софија, според официјалното соопштение од бугарската Влада, јави дописничката на МИА од Атина. Посетата на Мицотакис на Софија е на покана на Радев, планирана е тет-а-тет средба на двајцата премиер, а потоа и состанок на делегациите на ...
Филипче да престане да работи против македонските национални интереси. Венко Филипче не ги брани македонските позиции и македонските интереси, туку упорно ја застапува агендата која целосно им одговара на официјална Софија и на бугарските интереси, велат во партиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ. И покрај тоа што Македонија се соочува со постојани негирања на својот национален идентитет, јазик и историја, Филипче секојдневно настапува како ...
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во своето гостување во „Топ Тема“ на телевизија Телма најави засилени контроли и нови мерки за подобрување на безбедноста во сообраќајот, откако статистиката за изминатиот месец покажала загрижувачки број жртви на македонските патишта и нагласи дека полицијата ќе дејствува многу построго кон возачите кои ги прекршуваат правилата и ја загрозуваат безбедноста на другите учесници во сообраќајот. – ...
Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, локално проследени со грмежи. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд (20 литри на метар квадратен), елекстични празнења, силен ветер и појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 16, а максималната ќе достигне од 21 до 29 степени, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Во Скопје, ...
Градежниот сектор во првиот квартал од 2026 година забележал раст од 7,2 проценти во споредба со истиот период лани, покажуваат најновите податоци на Државниот завод за статистика. Според вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, овие резултати се доказ дека градежништвото и натаму е еден од најсилните двигатели на домашната економија. „Овие бројки претставуваат силен показател за континуираната градежна активност низ целата ...
Кривичниот суд определи 30-дневен притвор за поранешниот директор на Царинската управа, Стефан Богоев и уште три оосмничени лица, на барање на Обвинителството. Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, како што оттаму соопштија вечерва, постапувајќи по предлог на ОЈО ГОКК за определување мерка против 4 лица за кои постои основано сомнение дека сториле кривични дела Злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување на ...