Господине Герасимовски ја читаме вашата вчерашна реакција на прес-конференцијата на ОК Центар и не можеме да си поверуваме со каква леснотија ширите дезинформации, квалификации и манипулации, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ, што МИА го пренесува интегрално. Вчера обзнанивме во јавноста дека општина Центар, поточно вие како нејзин градоначалник сте потрошиле 6,6 милиони денари на мобилна апликација, за која никој не знае за што ќе се ...

Осум лица загинале при пад на чартер-авион во близина на оддалечена радарска станица во западниот дел на американската сојузна држава Алјаска – соопшти американската војска. Несреќата се случила во близина на аеродромот на радарската станица „Лонг Ренџ“ кај Кејп Нуенем, речиси 725 километри западно од Енкориџ. Радарската станица е дел од системот на оддалечени пунктови што го следат воздушниот простор над Алјаска и по должината на нејзините ...

Украина треба сама да одлучи кога ќе одржи избори, во согласност со своите закони, а Европската Унија е подготвена да помогне во организирањето на изборниот процес, изјави портпаролката на Европската комисија, Анита Хипер. Таа на брифинг во Брисел посочи дека ЕУ е подготвена да му помогне на Киев, особено во обезбедувањето почитување на демократските стандарди и барања. Хипер нагласи дека ЕУ не прави проценки за условите за одржување избори ...

Со недели СДСМ бара а Владата одбива да објави официјален и целосен извештај за квалитетот и безбедноста на водата во Гостивар. Каде е целиот извештај за водата во Гостивар? Клековски објави само четвртина, стои во соопштението на СДСМ, што МИА го пренесува интегрално. Делче само. За останатото, граѓаните ги упати кај ЦУК, кај АХВ и кај „Комуналец“. Ако сакате да знаете што сте пиеле – шетајте од институција до институција и соберете си го ...

Поминаа 24 часа од барањето за предвремени парламентарни избори. Од ВРЕДИ сè уште ниту збор.Оние што го погазија легитимитетот, сега се кријат штом ќе се побара да го измерат пред граѓаните, се наведува во соопштението од ДУИ, што МИА го пренесува интегрално. Влен знае дека ја немал и ја нема поддршката на Албанците. Знае дека неговата власт се потпира врз милоста на политичките падрони и врз газењето на слободниот глас. Ако добиле дозвола, ...

Украинскиот државјанин Владимир Ж. (46), кој беше уапсен во Пула во средата откога германските власти издадоа европска потерница за негово учество во нападот на балтичкиот „Северен тек“, од синоќа е во притвор по одлука на судија во Окружниот суд во Пула. Украинецот беше донесен во Окружниот суд на сослушување откога беше испрашуван од страна на Окружното обвинителство, кое предложи екстрадициски притвор, а одлуката на судијата им ја потврди ...

Вкупно 757 американски војници се ранети од почетокот на војната со Иран кон крајот на февруари – покажуваат податоците на Пентагон. Од нив, повеќе од 580 се припадници на армијата, 86 се од морнарицата, 64 од военото воздухопловство, а 19 се маринци. Пентагон и Централната команда на САД досега имаат објавено само празни информации за околностите во кои биле ранети војниците, како и за евентуалната штета на американските воени бази во ...

Пет години по оформувањето на предметот, ОЈО ГОКК предводено од Ислам Абази, аргат на Зоран Заев, Венко Филипче и Али Ахмети, донесе одлука да го затвори предметот за 19-те модуларни болници, велејќи дека не постои основано сомнение за злоупотреба на службената положба и овластувања, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ, што МИА го пренесува интегрално. Потсетуваме дека предметот беше оформен на 10 септември 2021 година, непосредно по ...

Сите службени возила со кои располагаат Град Скопје и јавните претпријатија се опремени со GPS уреди и се следат преку современ мониторинг центар. Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски истакнува дека системот овозможува во реално време да се знае каде се наоѓа секое возило, по која маршута се движи, со која брзина, колку време е во движење, но и колкава е реалната потрошувачка на гориво. -Кога со парите на граѓаните се раководи како ...

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 19, а максималната ќе достигне од 35 до 40 степени. Во Скопје, сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 39 степени. Утре и во ...

Русија е подготвена да разгледа нови предлози за решавање на конфликтот во Украина, но тие мора да ја одразуваат реалноста на теренот, изјави денеска рускиот заменик-министер за надворешни работи, Сергеј Рјабков. Во интервју за руски портал Рјабков оцени дека САД покажале подготвеност за „конструктивен дијалог и разбирање на руската позиција“. „Во оваа фаза поважно е до кој степен Вашингтон е во состојба да влијае врз одлуките на режимот во ...

Со одржувањето на денешната работна сесија на Советот на амбасадорите, на која ќе се обрати претседателот на Собранието, Африм Гаши, пратениците се враќаат во собраниските клупи по августовскиот одмор. Првата нова пленарна седница на парламентот е закажана за 2 септември. На собраниската веб-страница на 25 август се најавени две средби на претседателот на Собранието, Африм Гаши, со турскиот амбасадор Фатих Улусој и со постојаната ...

Во Собранието на Република Македонија денеска ќе се одржи работна сесија на Советот на амбасадори. Сесијата, како што е најавено, ќе ја отвори претседателот на Собранието, Африм Гаши. Работната сесија на Советот на амбасадори треба да почне во 10 часот. Собирот на Советот на амбасадори почна вчера, а се одржува првпат по 2019 година. Како што најави шефот на дипломатијата Тимчо Муцунски, целта на состанокот на македоските дипломати е да се ...

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска во Скопје се обрати на Амбасадорскиот совет. Според неа, во новата мултиполарна реалност мора да ја зајакнеме проактивната дипломатија, водени од јасен национален, натпартиски надворешнополитички компас. Таа потсети дека во време на слаб мултилатерализам и растечка мултиполарност, нужни се институционални реформи на меѓународните, но и европските структури заради превенција, или брз одговор ...

На 19.08.2026 во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово ги лишија од слобода Ш.Б.(62), С.Х.(41) и Р.Ѓ.(44), сите од Тетово. Полициски службеници забележале како Ш.Б. се обидува да предаде бела прашкаста материја на С.Х. и Р.Ѓ., кои биле со патничко возило „сеат ибица“ и при обид да биде спречен, нападнал полициски службеник и се обидел да им го одземе службеното оружје. Исто така и неговиот син С.Х. физички ги нападнал полициските ...

Во ФФМ беа одредени двојките за првите натпревари сезонава во Купот на Македонија. Во оваа фаза ќе се одиграат 15 натпревари, додека Силекс, како освојувач на Купот на Македонија за сезоната 2025/26, е слободен во 1/16-финалето и директно ќе настапи во 1/8-финалето. ДВОЈКИ – 1/16-ФИНАЛЕ: Овче Поле Свети Николе – Вардар Победа Валандово – Струга Трим Лум Крошу Спорт Битола – Тиквеш 1930 Могила 2023 – Арсими 1973 БВК Коњари – Башкими 1947 ...

Загрижувачки размери достигнуваат пoжарите во областа Горјан, кај албанскиот град Пук, поради што властите наредија итна евакуација, најпрво, на жителите од селото Голем Гојан. Наредена е итна евакуација на жителите на селото Голем Гојан, во административната единица Ѓеѓан, поради критичната ситуација создадена од ширењето на масивен пожар и директната опасност по животите и имотот на жителите, објави Министерството за одбрана. Процесот на ...

Државниот завод за ревизија утврди сериозни неправилности во работењето на Државниот студентски дом „Пелагонија“ за 2024 година. Ревизорите констатирале слаби внатрешни контроли, набавки по цени повисоки од пазарните и исплати без соодветна документација. Особено е издвоена набавката на леб, каде што во 2025 година цената достигнала 126 денари за килограм. Утврдено е и дека биле набавени 250 душеци за 1,17 милиони денари, кои не одговарале на ...

Од 9 до 11 септември 2026 година, Охрид ќе биде домаќин на Ohrid 2026 Regional Conference, регионална конференција посветена на актуелните предизвици во еврозоната и нивното влијание врз фискалните политики на земјите од Западен Балкан кои се надвор од Европската Унија. Конференцијата, која ќе се одржи во хотелот Inex Olgica во Охрид, е во организација на Balkan Economic Forum (BEF), под покровителство на Министерството за финансии на ...

Мора да имаме владин авион ако сакаме да бидеме сериозна држава, а идејата за негово купување не е повлечена, ниту пропадната, вели директорот на Службата за општи и заеднички работи (СОЗР) на Владата, Ивица Томовски. Според него, владиниот авион не се користи само за потребите на Владата, туку и за да им се помогне на граѓаните во одредени ситуации. Како што напомена Томовски во гостување на Канал 5 телевизија, за само две години се ...

Утре (21.8.2026 година), во 11:00 часот, претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски, ќе биде во работна посета на општина Прилеп. Премиерот ќе изврши увид во градежните активности за реконструкција на водоводната мрежа на улицата „Кузман Јосифовски“, како и во изградбата на кружниот тек кај мостот „Табана“ во Општина Прилеп. Предвидено е премиерот Мицкоски да даде изјава за медиумите. Утре (21.8.2026 година), во ...

Женската македонска одбојкарска репрезентација со пораз го почна настапот на Медитеранските игри во италијанскиот град Таранто. Поуспешни беа одбојкарките на Турција, кои се едни и од фаворитките за освојување медал. Турција победи со 3:0 во сетови (25:4; 25:16 и 25:15). Македонскиот тим до крајот на групните натпревари ќе одигра уште три дуели на 24.август против Косово, потоа на 26.август против Грција и 27.август против Алжир. Утре на ...

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека е ставена во функција веб апликацијата со мобилен интерфејс „Безбеден град“, која во оваа фаза е наменета за странските државјани, односно за сопствениците и возачите на возила со странски регистарски таблички. Преку апликацијата странските државјани ќе можат едноставно и директно да добијат информации за сообраќајните прекршоци евидентирани со системот „Безбеден град“, да имаат ...

Мала Преспа е доказ дека границите можат да ги поделат териториите, но, не можат да ги избришат јазикот, културата и чувството на припадност, напиша попладнево на Фејсбук премиерот Христијан Мицкоски, кој е покровител на македонскиот фолклорен фестивал „Преспа“, што се одржува денеска на плоштадот „Гоце Делчев“ во Пустец, во организација на Македонското друштво „Преспа“, Здружението „ВМРО ДПМНЕ Албанија“ и Општина Пустец. – Со особена чест ...

Околу шест милиони денари беа потрошени за обезбедување вода за пиење за Гостивар изминатиов период, додека траеше кризата. Сите граѓани беа снабдени, а дневно се доставуваа по два шлепера или 50 – 70 тони питка вода, рече попладнево директорот на Службата за општи и заеднички работи (СОЗР) на Владата, Ивица Томовски. Во гостувањето на „Вести плус“ на Канал 5 телевизија, Томовски напомена дека Владата интервенирала веднаш. -Од првиот ден ...

Амбасадорскиот совет е можност за директна и суштинска размена на ставови за европската и евроатлантската агенда, безбедносните предизвици, економската дипломатија и натамошното унапредување на работата на дипломатската мрежа. Целта е јасна – модерна, активна и стратешки координирана дипломатија која ги штити националните интереси, отвора нови можности за државата и им служи на граѓаните, напиша министерот за надворешни работи и надворешна ...

Загрижувачки размери достигнуваат пoжарите во областа Горјан, кај албанскиот град Пук, поради што властите наредија итна евакуација, најпрво, на жителите од селото Голем Гојан. -Наредена е итна евакуација на жителите на селото Голем Гојан, во административната единица Ѓеѓан, поради критичната ситуација создадена од ширењето на масивен пожар и директната опасност по животите и имотот на жителите, објави Министерството за одбрана. Процесот на ...

Енергетската безбедност денес не значи само сигурно производство и стабилно снабдување со енергија. Таа значи и сигурни дигитални системи. Колку повеќе ги дигитализираме енергетските мрежи и инфраструктурата, толку поважно станува нивното обезбедување од сајбер-закани. Затоа сајбер-безбедноста мора да биде интегрален дел од модернизацијата на енергетскиот сектор, рече денеска министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања ...

Бугарската нуклеарна централа „Козлодуј“ е принудена да го намали производството бидејќи реката Дунав се повлекува поради суша, соопшти денеска бугарското Министерство за енергетика. Се наведува дека производството на Блок 5 од „Козлодуј“ ќе биде намалено од утре за околу 120 мегавати. Блокот 5 има капацитет да генерира нешто повеќе од 1.000 мегавати. Одлуката е дел од мерките за безбедно работење на нуклеарната централа Козлодуј, објави ...

Вкупно 22 пожара се регистрирани на отворен простор низ државата денеска до 18 часот. Од нив, осум се сѐ уште активни, еден е под контрола, останатите се изгаснати, соопштија од Центарот за управување со кризи. Од активните, првиот е на територија на општина Прилеп, село Чаниште – крак кон село Крушевица – село Лопатица и крак кон Црна Река, гори ниска вегетација. Ниска вегетација и деградирана дабова шума горат во општина Крушево во ...

weather icon

Скопје

0ᴼ / 0ᴼ
1.03
86%
1029
weather icon

Белград

0ᴼ / -1ᴼ
0.51
93%
1028
weather icon

Загреб

7ᴼ / 2ᴼ
0.51
65%
1028
weather icon

Софија

-2ᴼ / -2ᴼ
1.03
100%
1030
weather icon

Сараево

3ᴼ / 3ᴼ
3.06
93%
1031
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 4ᴼ
1.03
87%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
2.68
65%
1028
weather icon

Тирана

12ᴼ / 8ᴼ
1.54
69%
1025
weather icon

Подгорица

6ᴼ / 6ᴼ
1.54
81%
1026
weather icon

Букурешт

5ᴼ / 3ᴼ
3.09
62%
1032
weather icon

Будимпешта

1ᴼ / -1ᴼ
0.51
86%
1030
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 8ᴼ
3.09
90%
1029
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Алуминиум

3.07

Рутениум

61086.42

Цинк

3.76

Родиум

295786.87

Злато

130856.75

Платина

49319.25

Бакар

12.58

Калај

46.54

Кобалт

33.53

Иридиум

315077.32

Паладиум

32279.35

Сребро

1670.34