Се помасовни се протестите во Албанија против изградбата на луксузен ресорт во „Зврнец” и островот Сазан. Во Тирана синоќа на главниот плоштад се одржа седмиот по ред протест, на кој четири часа учесниците го изразуваа своето противење за проектот, порачувајќи дека „Албанија не е на продажба”. Учесниците меѓу кои и културни работници дури и новинари, побараа оставка на владата, укинување на статусот и законската рамка поврзани со стратешките ...

Грчките власти уапсија 37-годишен Палестинец на Крит, осомничен за врски со палестинската група Хамас и планирање терористички активности, вклучително и можни напади врз израелски цели, јавија грчки медиуми повикувајќи се на безбедносни извори. Апсењето е извршено во заедничка операција на грчката разузнавачка служба EYP и Дирекцијата за борба против специјални насилни кривични дела (DAEEB), по информациите добиени од службите пред десет ...

Најавеното зголемување на банкарските провизии претставува уште еден удар врз животниот стандард на граѓаните и уште еден доказ дека банкарскиот сектор продолжува да ги става профитите пред интересите на населението, се вели во соопштението од Левица, што МИА го пренесува интегрално. Иако банките веќе остваруваат рекордни добивки, наместо да ги намалуваат трошоците за своите корисници, тие најавуваат нови поскапувања на услуги за кои имаат ...

На 06.06.2026 во 15:30 часот, полициски службеници од СВР Тетово го лишија од слобода Ј.С. (58) од село во тетовско, поради сомнение за сторено кривично дело „демнење“. -Полицијата постапила по пријава од неговата поранешна 53-годишна невенчана сопруга дека вчера во неколку наврати Ј.С. ја следел, вознемирувал и упатувал закани по нејзината безбедност, барајќи од неа да почнат повторно да живеат заедно, информираат од СВР Тетово. Ј.С. е ...

Граѓаните на Ерменија денеска гласаат на избори за нов состав на парламентот, а гласањето се смета за важен тест за поддршката на премиерот, Никол Пашињан, и неговата политика на зближување со Западот и нормализација на односите со Азербејџан по конфликтот околу Нагорно-Карабах. Според предизборните анкети, владејачката партија на Пашињан „Граѓански договор“ води со поддршка од до 32 проценти од гласачите, додека проруската опозициска партија ...

Два нови директни лета до охридскиот аеродром, до Македонија кои ќе значат многу повеќе патници, туристи, повеќе луѓе за бизнис и отвореност кон светот. -Утрово слета првиот лет од Броцлав, Полска, целосно нова дестинација која никогаш претходно не оперирала во Македонија. На 9 јуни ќе слета лет од Катовице, исто така од Полска. Со ова охридскиот аеродром целосно се отвора кон Полска. Отвораме две значајни рути кои ќе значат дека полските ...

Мнозинство британски граѓани не сакаат да ги поништат правилата за Брегзит, покажува новото истражување спроведено од организацијата „Britain Unbound“ во соработка со YouGov. Според тоа истражување, околу 60 отсто од испитаниците изјавиле дека не би биле подготвени да се откажат од дел од законодавниот суверенитет заради поблиска економска соработка со ЕУ. Околу 27 отсто од анкетираните изјавиле дека би прифатиле таква размена, додека 14 ...

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) денеска во Скопје ќе го одржи 32. Конгрес кој е посветен на финализирањето и усвојувањето на новата идеолошка платформа и програмска рамка на партијата, документи кои треба да ги дефинираат идните политички насоки и приоритети на партијата. Конгресот, како што информираат од партијата, ќе се одвива во два дела – отворен и работен. Во рамки на отворениот дел ќе се обрати претседателот на СДСМ, ...

СДС и Венко Филипче не можат да ја скријат нервозата, па се претворија во бугарска испостава. СДС и Филипче не можат да го прифатат фактот што државата конечно има државничка Влада која ги штити државните интереси и забележува позитивни резултати, и на внатрешен и на меѓународен план, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ, што МИА го пренесува интегрално. Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ покажува дека Македонија може да води европска политика ...

Повеќе од милион луѓе се собраа денеска на главниот плоштад во Мадрид за да присуствуваат на миса што ја служеше поглаварот на Римокатоличката црква, папата Лав Четиринаесетти. Денешната миса се совпадна со католичкиот празник Corpus Domini, на кој поворки граѓани, предводени од свештеник кој ја носи Евхаристијата, минуваат низ градовите и местата. Папата дојде во Шпанија вчера, ќе биде во посета една недела со намера да ја истакне ...

Кина објави дека почнала „специјална поморска операција“ источно од Тајван, дополнително заострувајќи го својот одговор на неодамнешниот договор меѓу Јапонија и Филипините. Тие две земји, имено, планираат да започнат преговори за поморските граници во таа област и подлабоко да ги поврзат своите одбранбени сили, јави Блумберг. Кинеското Министерство за транспорт организираше „специјална операција за спроведување на поморскиот сообраќај“ , јави ...

Демократската унија за интеграција (ДУИ) денес објавува официјални документи од Агенцијата за катастар кои отвораат сериозни сомнежи за имотно-правните и деловните односи меѓу поранешниот градоначалник на Општина Чаир, Висар Ганиу, и актуелниот директор на НОМАГАС, Недим Рама, еден од најблиските соработници на Изет Меџити, се наведува во соопштението од ДУИ, што МИА го пренесува интегрално. Според официјалните податоци од Катастарот: • Во ...

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Од пладневните часови ќе има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирана појава на краткотрајно невреме со град, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Утринските температури ќе се движат од 10 до 17 степени, а максималните дневни ќе достигнат од 23 до 34 степени Целзиусови. Во Скопје, сончево и топло со мала до ...

Централната изборна комисија (ЦИК) на Косово објави дека 3,04 проценти од регистрираните гласачи, или 59.619, гласале на вонредните парламентарни избори денеска до 10 часот наутро, врз основа на податоци од 97,4 проценти од гласачките места. Тоа е малку повеќе од бројот на граѓани кои гласале во исто време на претходните вонредни парламентарни избори во декември лани (2,68 проценти), покажуваат податоците на ЦИК. Податоците за излезноста на ...

Целосна дигитализација на системот на издавање и контрола на лиценци што ги издава државата преку систем на СМАРТ лиценци претстави денеска Министерството за дигитална трансформација. Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски, денеска на брифинг со медиумите посочи дека моделот овозможува лесна и брз проверка на валидноста на издадените лиценци преку систем што содржи електронско барање, електронски регистар, QR проверка, ...

Криминалната матрица на СДС не се менува и не исчезнува. Таа се наследува од сениорите како Венко Филипче, Зоран Заев и останати, на партискиот подмладок, велат од ВМРО-ДПМНЕ. Од партијата посочуваат дека младинската организација на СДС, наместо да биде прогресивна сила која ќе се спротивстави на криминалните и корупциски навики на партиските функционери, членовите на СДММ ја надминаа шемата на Заев, едно евро за црквата едно за Вицето, па ...

Папата Лав XIV ја започна повеќедневна посета на Шпанија, за време на која ќе престојува во Мадрид, а планирано е и неговото патување во Барселона. Пред пристигнувањето во каталонската престолнина, на интернет се појавија огласи во кои жителите нудат да ги изнајмат своите дневни соби и балкони за да можат луѓето да ја гледаат папската колона. Цените на ваквите понуди се движат од 250 до дури 1.600 евра. Еден од огласите, кој се однесува на ...

Папата Лав XIV призна за време на летот за Шпанија, каде што е на повеќедневна посета, дека е навивач на Реал Мадрид. Иако нагласи дека неговата улога е да „припаѓа на сите тимови“, тој приватно има наклонетост кон мадридскиот клуб, објави шпанскиот весник Марка. Папата Лав XIV, роден како Роберт Франсис Превост, ги откри своите фудбалски симпатии за време на неговото апостолско патување во Шпанија. Во авионот на пат кон Мадрид, во неформален ...

По 45. пат денеска во Кочани родителите на жртвите во пожарот во „Пулс“ маршираа барајќи правда и вистина за своите блиски. Од овој марш кој започна во 18:05 часот од Паркот на Револуцијата беше упатено прашање до институциите дали секој што имал должност ја извршувал совесно, професионално и во рамките на своите овластувања. -Со секоја должност доаѓаат обврски. Со секое овластување – одговорност. Со секоја униформа – очекувања дека ќе се ...

Македонија во последните две години бележи напредок во областа на социјалниот дијалог и е тргната од листа на Меѓународната организација на трудот (МОТ) за земји кои треба дополнително да ги образложуваат состојбите поврзани со синдикалните права и колективното преговарање, но истовремено се соочува со сериозен недостиг на работна сила, повеќе од 10.000 слободни работни места и иселување на кадар кој покрај плата бара и подобар квалитет на ...

Бугарија која со „мека моќ“ и закани во Македонија ја губи битката, за разлика од Романија која со умна политика создава пријатели меѓу граѓаните на Молдавија, коментира Михаел Мартенс, еден од најдобрите познавачи на состојбите во Југоисточна Европа. Мартенс, како што објави Експрес, со два твита на социјалната мрежа Х поранешен Твитер дава прецизна анализа за пропаста на бугарската надворешна политика во Македонија. Мартенс, новинарот на ...

Скандал во фудбалска Италија. Контроверзниот италијански бизнисмен Фабрицио Корона предизвика големо внимание во јавноста со објавувањето на неколку видеа за кои тврди дека прикажуваат фудбалери на Милан како имаат секс со неколку девојки. Поранешниот играч на Милан, Тео Ернандез, сега играч на АЛ Хилал, исто така наводно е на видеото. Корона тврди дека на видеото се прикажани голем број девојки во друштво на фудбалери, како и дека во еден ...

Францускиот фудбалер Килијан Мбапе има голема желба да игра против Португалија и Бразил на претстојното Светско првенство. Мундијалот ќе се одржи од 11 јуни до 19 јули во САД, Канада и Мексико. – Сонувам да играм против Кристијано и Нејмар на Светското првенство. Тоа ќе биде нивното последно Светско првенство, изјави Мбапе за „Сораре“. Франција ќе игра против Сенегал, Ирак и Норвешка во групната фаза. Дваесет и седумгодишниот Мбапе одигра 44 ...

РК Е. Пелистер од Битола ја информира јавноста дека нов член на нашиот клуб е младиот хрватски репрезентативец Диего Басанесе. Овој 18-годишен кадетски и младински репрезентативец на Хрватска игра на позицијата десен бек и доаѓа со одлични препораки од хрватската ракометна критика. Пред да дојде во Битола, Басанесе со успех го носеше дресот на Умаг, а со кадетската репрезентација на Хрватска блесна и се врати со медал од Медитеранските игри. ...

Полициски службеници од ПС Ѓорче Петров го лишија од слобода Г.А. (43) од с.Шишево, скопско, постапувајќи по пријава околу 16:10 часот од И.Ш. од с.Шишево, дека Г.А. пукал со пиштол кон него на влезот во с. Шишево и му нанел повреда во пределот на увото, информира МВР. Според пријавеното, Г.А. и С.А., двајцата од с.Шишево, го пресретнале пријавителот, по што Г.А. извадил пиштол и пукал кон него. По целосно расчистување на случајот, ќе биде ...

Програмата на годинашните 63. Рацинови средби продолжува утре (7 јуни) со акција за крводарување насловена „Ти подарувам бесмртност“ што ја организира Општинскиот Црвен крст Велес во соработка со Институтот за трансфузиона медицина од Скопје и Општина Велес од 9 до 15 часот во Ликовниот салон. Програмата почна на 31 мај со атлетската трка „Трчаме за Рацин“, а Рациновите средби ќе бидат заокружени со свеченото отворање на 15 јуни кога ќе биде ...

Европа се соочува со „инвазија“ на опасни идеологии што ги носи имиграцијата – изјави денеска во Франција министерот за одбрана на САД, Пит Хегсет, по повод годишнината од „Денот Д“, истоварувањето на сојузничките трупи во Нормандија во 1944 година, што го забрза поразот на нацистичка Германија и крајот на Втората светска војна во Европа. Тој ги повтори критиките на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп дека Европа е ...

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче организирал конференција на која зборувал за нивниот таканаречен, антикорупциски Закон, но дали на присутните им кажал дека во редовите на највисокиот партиски орган има лице осудено на затворска казна, Филип Андонов, и дека во притвор им е Стефан Богоев, некогашен младински претставник на партијата, се вели во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на Венко Филипче, што МИА ја пренесува ...

Генералното собрание на Европската слободна алијанса (ЕФА), што се одржува во Гандија, Шпанија, едногласно ја усвои Резолуцијата, предложена од Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ), за заштита на македонското малцинство во Албанија и на правата на малцинствата во процесот на проширување на ЕУ. Со Резолуцијата се повикува на доследен и принципиелен пристап како од страна на албанските власти, така и од институциите на ЕУ, за да ...

Речиси 500 случаи на инфекција со вирусот ебола досега се потврдени во Централна Африка, додека расте загриженоста за потенцијалните размери на епидемијата на хеморагична треска, соопшти денеска Светската здравствена организација (СЗО). Во дневниот извештај, СЗО евидентираше 452 потврдени случаи, вклучувајќи 82 смртни случаи во Демократска Република Конго, каде што епидемијата беше прогласена пред три недели. Во соседна Уганда се пријавени 19 ...

weather icon

Скопје

25ᴼ / 25ᴼ
2.79
41%
1017
weather icon

Белград

25ᴼ / 24ᴼ
4.02
56%
1019
weather icon

Загреб

28ᴼ / 28ᴼ
1.88
41%
1016
weather icon

Софија

20ᴼ / 20ᴼ
3.85
53%
1018
weather icon

Сараево

25ᴼ / 25ᴼ
6.43
52%
1016
weather icon

Љубљана

27ᴼ / 25ᴼ
1.79
46%
1017
weather icon

Атина

26ᴼ / 24ᴼ
4.02
50%
1015
weather icon

Тирана

23ᴼ / 23ᴼ
4.46
55%
1017
weather icon

Подгорица

25ᴼ / 25ᴼ
1.34
47%
1017
weather icon

Букурешт

25ᴼ / 23ᴼ
4.02
43%
1015
weather icon

Будимпешта

24ᴼ / 23ᴼ
3.13
52%
1015
weather icon

Истанбул

17ᴼ / 17ᴼ
6.63
99%
1014
Currency

61.6317

Currency

53.2519

Currency

71.4228

Currency

37.5429

Currency

38.0838

Currency

66.8246

Currency

7.86334

Currency

0.73441

Currency

0.33232

Currency

0.52507

Currency

1.15091

Currency

0.56002

Паладиум

40767.15

Бакар

13.01

Сребро

2186.28

Кобалт

45.39

Рутениум

48965.59

Родиум

257205.97

Цинк

0.00

Алуминиум

3.54

Злато

135639.33

Платина

55170.68

Иридиум

253540.09

Калај

53.60