Новиот корупциски скандал во најблиското опкружување на украинскиот претседател Володимир Зеленски добива сè поголеми размери. Антикорупциските тела во меѓувреме ги објавија имињата на лицата што ги сметаат за осомничени, меѓу кои е и поранешната заменичка-шефица на Претседателската канцеларија, Ирина Мудра, која Зеленски претходно ја разреши. Истражителите и натаму објавуваат инкриминирачки аудиоснимки од осомничените. Украинското општество ...

Во рамките на работната посета на Израел, министерот за надворешни работи и трговија Тимчо Муцунски денеска остварил средба со министерот за надворешни работи, Гидеон Саар, на која биле потврдени одличните билатерални односи и заедничката подготвеност за нивно натамошно продлабочување. -Посетата е можност силните политички односи да ги преточиме во поконкретна соработка, особено во економијата, одбраната и одбранбената индустрија, ...

Премиерот на Република Македонија, Христијан Мицкоски, утре, 25 август 2026 година, вторник, во 11:00 часот, ќе изврши увид во реализираните инвестиции и модернизацијата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). По завршувањето на посетата, предвидено е премиерот Мицкоски да даде изјава за медиумите. Премиерот на Република Македонија, Христијан Мицкоски, утре, 25 август 2026 година, вторник, во 11:00 часот, ќе изврши увид во ...

Пожарникарите го изгаснаа пожарот што избувна во синоќа во источниот дел на турскиот главен град Анкара, објави денеска државната новинска агенција Анадолија. Пожарот во шумското подрачје во градскиот округ Мамак бил ставен под контрола по осумчасовна операција, се наведува во извештајот. Приведено е едно лице осомничено дека го предизвикало пожарот. На снимките објавени на социјални мрежи се гледа како пламените јазици го зафаќаат подрачјето ...

инистерот за одбрана Владо Мисајловски вечерва изјави дека ние сме безбедна и стабилна држава без ризици, како и дека следува период на модернизација и унапредување на Армијата. – Сакам сите да знаат дека сме безбедна држава, стабилна држава. Нема ризици. Знаете дека пред извесно време не оценуваа особено нашата лесна пешадиска група. Ги доби највисоките оценки за борбено способни, но она што секој еден го знае е дека ние сме во НАТО. Сепак, ...

Градоначалникот на Општина Карпош Сотир Лукровски изврши посета и увид во состојбата и условите во градинките „Орце Николов“ во Карпош 2 и „Мајски цвет“ во Тафталиџе. Притоа, првиот човек на Општината разговараше со раководствата и вработените, каде беа разгледани просторните услови, инфраструктурата и секојдневното функционирање на објектите, како и предизвиците со кои се соочуваат тие. Целта на денешната средба како што информираат од ...

Борачите ги донесоа првите (три медали) за македонските спортисти на Медитеранските игри Таранто 2026. Попладнево Иако имавме двајца финалисти, сепак златото беше недостижно, па епилогот е две сребра и бронза. Во првата и тоа финална во во категоријата до 74 килограми настапи Фати Вејсели. Тој за противникот го имаше албанскиот натурализиран репрезентативец, Ислам Дудаев кој ја доби борбата со 0-4. Во втората борба во категоријата 86 ...

Евролигата и Министерството за култура и туризам – Абу Даби го најавија почетокот на Суперкупот на Евролигата, а првиот турнир ќе се одржи на „Етихад Арена“ на островот Јас, со што ќе започне новата европска сезона. Според официјалното соопштение, на турнирот ќе учествуваат актуелниот шампион на Евролигата, Олимпијакос, шампионот од 2025 година, Фенербахче, финалистот од 2026 година, Реал Мадрид, и домаќинот Дубаи. Во полуфиналето на 18 ...

Во Албанија потврден е првиот случај на Западнонилска треска, која е дијагностицирана кај 72-годишен маж од Корча, кој моментно е во карантин во Регионалната болница во Корча и прима соодветен третман. -Заразеното лице е жител на градот Корча. Кога добил увид од комарец бил во градината, каде што го поминувал поголемиот дел од времето. Отишол во болница на лекување, а по тестовите се потврдило дека е заразен од западнонилска треска, објавија ...

Израел продолжува да изведува целни убиства на осомничени членови на исламистичката организација Хамас, за кои се верува дека биле вмешани во масакрот од 7 октомври 2023 година. Израелската армија денеска соопшти дека двајца припадници на Хамас биле убиени во текот на ноќта во Деир ал Балах, во централниот дел на Појасот Газа. И двајцата се обвинети дека влегле на територијата на Израел и учествувале во нападот. Според армијата, во неделата ...

Ставен е под целосна контрола пожарот кој неколку денови беше активен на планинатата Жеден, а којшто навлезе во атарот над село Бојане и најверојатно ќе биде целосно изгаснат, изјави вечерва директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) Стојанче Ангелов. Со тоа, потенцира Ангелов, чадот што од тука одеше во насока на Скопје и се чувствуваше насекаде низ градот, значително ќе се намали. Авни Амети, командир на тетовската противпожарна ...

Европските лидери, меѓу кои и британскиот премиер Енди Бурнам, денеска се собраа во Киев за одбележување на 35-годишнината од независноста на Украина, додека Европската Унија и Велика Британија ветија нова воена помош за земјата во нејзината одбрана од Русија. Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, беше меѓу лидерите кои отпатуваа за Киев, откако Брисел одобри транша од 6,1 милијарда евра (7,1 милијарди долари) наменети за системи ...

Фудбалската топка со која аргентинската легенда Диего Армандо Марадона го постигна својот познат гол „Божјата рака“ на Светското првенство во 1986 година е продадена на аукција за 2,5 милиони фунти, јави денеска Би-Би-Си. Во 51. минута од четвртфиналниот натпревар одигран на 22 јуни 1986 година во Мексико Сити, Марадона ѝ донесе водство на Аргентина, постигнувајќи гол со рака, а само четири минути подоцна ја удвои предноста со фантастичен ...

Министерот за правда Јетон Шасивари остварил средба со амбасадорот на Република Полска во земјата, Мариуш М. Бримора, на која биле разменети мислења за актуелните состојби и за приоритетите во областа на правосудството, како и за можностите за натамошно унапредување на соработката меѓу двете земји. Во фокусот на средбата, како што се наведува во соопштението од Министерството за правда, биле законите од реформската агенда, со посебен акцент ...

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) попладнево информира дека во одредени делови од земјата има појава на град, пороен дожд и засилен ветер. – Источно од Крушево има појава на град, пороен дожд, засилен ветер и грмежи. Северно од Велес има појава на пороен дожд и можна појава на суградица – посочуваат од УХМР. УХМР информира дека до крајот на денот наместа ќе има услови за пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во вечерните часови ...

Три деца загинаа во голем украински напад со дронови врз градот Краснодар во јужна Русија – соопшти денеска регионалниот гувернер Венијамин Кондратјев. Тој изјави дека во текот на ноќниот напад остатоци од дрон паднале врз приватен центар за згрижување деца, при што загинале три деца. Шест лица се повредени, а две возрасни лица биле пренесени во болница. Кондратјев соопшти дека остатоци од соборени дронови погодиле и магацин, неколку куќи и ...

Екстремните горештини и повеќенеделната суша ја чинеа германската економија најмалку 36 милијарди евра, што е еквивалентно на 0,8 до 0,9 проценти од економскиот учинок на земјата, соопшти денеска еколошката организација „Гринпис“. Цифрата е пресметана со собирање на економските штети од пропаднатите земјоделски приноси, шумските пожари и здравствените трошоци, како и од загубите во продуктивноста и трошоците во образованието предизвикани од ...

Кире МИХАИЛОВ, заменик директор на Македонски Шуми Почитувани, јавноста мора да знае одредени факти за пожарот кој веќе десетина дена беснее на планината Китка. Тоа е пожарот кој најпрво започна на територијата на општина Студеничани од каде за неколку дена се префрли и на територија на општина Зелениково и се разви во голем сериозен пожар ширејќи се на места кои буквално се недостапни за човечка нога. Тоа се места кои посебно во вакви ...

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска соопшти дека „Иран доживува целосен колапс“, само неколку часа пред објавувањето на деталите за новите американски економски санкции против Техеран. Тој оваа изјава ја даде на социјалната мрежа „Трут соушл“ откако американскиот министер за финансии Скот Бесент претходно за денеска најави „економски Д-ден“ против Иран. Трамп претходно најави почеток на „економска војна и изолација“ против Иран во ...

Мирисот на чад што се чувствува во некои делови од Скопје доаѓа од пожарот на планината Жеден, некаде во атарот на селото Бојане, пожар што од тетовска страна сега полека се префрла на скопска страна. Пожарот е на тешко пристапен терен – соопшти попладнево директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов. Тој додаде дека како поддршка на скопските пожарникари во гаснењето на пожарот се вклучени и колеги од Тетово. – Очекувам ...

Во последните три години, само 13 албански затвореници се префрлени од британските во албанските затвори, за да продолжат да ги издржуваат своите казни, иако договорениот трансфер предвидува 200 лица. Весникот „Сан он Сандеј“, на кој се повикува Топ ченел , посветил статија на ова прашање, наведувајќи дека „договорот вреден 8 милиони фунти, меѓу британската и албанската влада, имал за цел трансфер на 200 затвореници“. Но, според овој весник, ...

Техеран денеска повторно ја предупреди Бугарија, која е членка на НАТО, да не дозволува користење на нејзината територија за израелски или американски воени операции против Иран, порачувајќи и дека го задржува правото да го нападне изворот на каков било напад. – Немаме никаков проблем со бугарскиот народ. Сепак, јасно дадовме до знаење дека секое дејство кое според меѓународното право претставува поддршка на американско-израелската воена ...

Шеесет и тригодишна жена е уапсена откако на Закинтос убила мачка, а за стореното дело ѝ е изречена казна од 30.000 евра, соопшти денеска локалната полиција. Жената, жителка на Ромири била пријавена од страна на сопственикот на мачката, пренесе грчкиот портал „Катимерини“. Според информациите на Здружението за благосостојба на животните на Закинтос (ЗОМЗ) станува збор за возрасна мачка што жената ја задавила со јаже, а причините за убиството ...

Потврдени се вкупно 44 случаи на западнонилска треска досега, од кои 43 се хоспитализирани, а повеќето од нив со невроинвазивна форма на болеста – изјави денеска министерот за здравство Сашо Клековски, кој ги посети Клиниката за инфективни болести и Институтот за јавно здравје, каде што се сретна со медицинскиот персонал вклучен во справувањето со епидемијата на западнонилската треска. Тој упати апел до граѓаните – доколку забележат симптоми, ...

Пет пожари од вкупно 14 регистрирани на отворен простор денеска до 13 часот, се сè уште активни. Еден е ставен под контрола, а останатите се изгаснати, соопштија од Центарот за управување со кризи. Првиот активен пожар е на територија на општините Студеничани и Зелениково. – Во регионот на селата Моране, Вртекица и Рамни Габер во општина Студеничани, со крак кон село Палиград и село Вражале во општина Зелениково, гори мешана шума – појаснија ...

Зачаденоста на Градот е од ветерот кој го носи чадот од актуелниот пожар во Китка, Општина Студеничани и Општина Зелениково, информираа од Центарот за управување со кризи- Сјопје. Од наму, наведуваат дека на тој пожар до сега дејствувал хеликоптерот на МВР. -До овој момент ЦУК нема пријава за можен пожар на Водно, освен двата пожари на сува трева и ниско деградирана шума во Општина Илинден, соопшти ЦУК. Зачаденоста на Градот е од ветерот кој ...

Венко е сосема одлепен од реалноста, она што му го диктира Заев тоа и го повторува, во однос на изборите јасен му е епилогот, затоа и бега од соочување со граѓаните, пишува во денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ, појаснето како реакција на прес-конференција на Венко Филипче, што МИА го пренесува интегрално. Филипче на денешната прес-конференција, ги повтори трите постулати на СДС, а тие се ширење на лаги, манипулации и дезинформации. Впрочем, ...

Kога зборуваме за здравството, зборуваме за нешто што директно го засега секој граѓанин. Затоа определбата на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ е да изградиме здравствен систем кој ќе биде модерен, функционален и достапен за сите, изјави Александра Николовска, пратеничка на ВМРО-ДПМНЕ. Николовска кажа: „Затекнавме здравство со сериозно запуштена инфраструктура, нефункционални установи, недоволна опрема и објекти во кои со години речиси ништо ...

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,62% во однос на одлуката од 17.8.2026 година. Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување и тоа во просек: кај бензините за 3,795%, кај дизелот за ...

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски денеска соопшти дека со Албанија веќе се работи на изнаоѓање алтернативна рута за автопатот Ќафасан – Требеништа. Добро оди, рече Николоски, и работата на патот Извор – Гарски Мост, а автопатот од Тетово кој има три делници, се очекува да биде завршен за три години. Како што информира Николоски, до крајот на годинава треба да се изготви и законот за крајбрежјата на Охридско, ...

weather icon

Скопје

5ᴼ / 5ᴼ
1.54
70%
1026
weather icon

Белград

5ᴼ / 4ᴼ
2.06
73%
1028
weather icon

Загреб

8ᴼ / 5ᴼ
2.06
61%
1028
weather icon

Софија

3ᴼ / 1ᴼ
1.03
82%
1027
weather icon

Сараево

6ᴼ / 6ᴼ
0.47
83%
1028
weather icon

Љубљана

8ᴼ / 6ᴼ
1.03
84%
1027
weather icon

Атина

13ᴼ / 11ᴼ
3.13
63%
1025
weather icon

Тирана

16ᴼ / 13ᴼ
1.03
60%
1022
weather icon

Подгорица

11ᴼ / 11ᴼ
1.03
66%
1023
weather icon

Букурешт

8ᴼ / 6ᴼ
3.6
69%
1029
weather icon

Будимпешта

7ᴼ / 5ᴼ
1.03
58%
1029
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
5.14
87%
1027
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Платина

49319.25

Злато

130856.75

Паладиум

32279.35

Рутениум

61086.42

Цинк

3.76

Алуминиум

3.07

Бакар

12.58

Иридиум

315077.32

Калај

46.54

Кобалт

33.53

Родиум

295786.87

Сребро

1670.34