Скопје
25ᴼ /
25ᴼ
Конгресот на СДСМ беше претставен како нов почеток, со големи зборови, со нова енергија и ребрендирана политичка понуда под слоганот „Твоја држава, твоја шанса“, пишува во денешното соопштение на ЗНАМ, што МИА го пренесува интегрално. Но реалната перцепција што го отсликува конгресот е поинаква – празни флоскули, политичко дежа ву и уште еден популистички обид старите политики да се претстават како нова иднина. Таканаречените „6 столба“ ...
Додека криминалната група ВМРО и Мицковски ја водат земјата во изолација, секојдневно ја задолжуваат и го блокираат патот кон Европа, ЗНАМ го напаѓа СДСМ, се наведува во соопштението од СДСМ, што МИА го пренесува интегрално. Исто како што прават и нивните нарачани анкети – кога немаат што да покажат, ја напаѓаат единствена реална опозиција. Исто така и Орбан нарачуваше анкети. Еве и Вучиќ сега го прави тоа. Она што им е јасно на сите е дека ...
Ако биде се во ред очекувам во текот на следната година да имаме и почеток на активностите, истакна премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање, а по најавите за изградба на нов Клинички центар во Скопје, на локацијата пред базенот „Борис Трајковски“. Премиерот посочи дека во моментов се фоскусирани на завршување на процедурата на Клиничката болница Штип, студентскиот дом и Факултетот за медицински науки, Здравствениот дом ...
СДСМ го одржа 32 програмски конгрес каде се промовираше нова партиска програма, која, меѓу другото, ветува промени во енергетскиот сектор, пишува Курир. Партијата ова го нарекува ‘енергетски сувернитет и зелена правда’, во некој реформаторски стил. Во програмата стои дека СДСМ ќе воспостави деполитизација на енергетскиот сектор, ослободен од партиски притисоци, а политичарите ќе ги отстранеле од енергетските компании, додека со струјата ќе ...
Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Попладне ќе има локална нестабилност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирано невреме со појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 19, а максималната ќе достигне од 26 до 34 степени Целзиусови. Во Скопје ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Во делови од ...
Марјан Даскаловски соопшти дека поднел оставка од функцијата претседател на Општинската организација на СДСМ во Струмица. Во објава до јавноста, Даскаловски наведе дека оставката ја доставил до претседателот на СДСМ, Венко Филипче, посочувајќи дека одлуката ја донел од лични причини. „Оваа одлука ја носам со мирна совест и чисто срце, водена пред сè од лични причини“, истакна Даскаловски. Марјан Даскаловски соопшти дека поднел оставка од ...
Владата е пред одлука државава самостојно да го реализира хидроенергетскиот проект Чебрен и Галиште, за којшто инвестицијата би изнесувала до 1,5 милијарда евра заедно со каматите. – Сериозно размислуваме и сме пред носење стратешка одлука државата самостојно да го реализира, без приватен партнер. Конечната одлука ќе зависи и од состаноците што се одржуваат во рамките на ЕСМ, рече премиерот Христијан Мицкоски, на брифинг со медиуми. ...
Ќе побарам и полицајци, уште јавно немам објавено, ексклузивно кажувам во вашата емисија, пензионирани полицајци или лица кои на друг начин ја напуштиле полицијата или армијата кои ќе ракуваат со водните пумпи, оние пумпи со кои се прска изгорената површина. За да немаме побарување кон локалните пожарникари бидејќи минатото лето на таа позиција стававме искусни пожарникари, но верувам дека после интензивната обука која ќе ја направиме и по ...
Фудбалските натпревари не се паметат само по финалињата, головите и преполните стадиони. Понекогаш една фотографија останува во сеќавањето подолго од цел турнир. Навивачите ги забораваат составите, резултатите и табелите, но веднаш препознаваат одредена слика и се присетуваат на приказната зад неа. Затоа што големите фотографии од Светските првенства се многу повеќе од спорт. Во нив има херои, цели нации, епохи и генерации. Во нив има радост ...
На само неколку дена пред почетокот на Светското првенство 2026 во САД, Мексико и Канада, фудбалскиот свет повторно го поставува истото прашање: кој ќе биде играчот што ќе го одбележи турнирот? Историјата покажува дека најголемите мундијали ретко ги освојуваат само најталентираните фудбалери. За да се стигне до признанието за најдобар играч на Светското првенство потребна е комбинација од индивидуален квалитет, лидерство, константна форма и, ...
Реал Мадрид пушти денеска во продажба во своите официјални продавници ограничено издание дресови со името на папата Лав Четиринаесетти по цена од 195 евра, откако поглаварот на Римокатоличката црква обелодени дека е навивач на Кралскиот клуб. Во горниот дел на позадината од белиот дрес е испишано името на папата на шпански јазик „León“, а подолу бројката „XIV“. Шпанските медиуми јавија дека првиот човек на Реал, Флорентино Перез (79), кој во ...
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова го поздравува нон-пејперот што го иницираа германскиот канцелар Фридрих Мерц и францускиот претседател Емануел Макрон во пресрет на самитот ЕУ – Западен Балкан, но нагласува дека конечни оценки може да се дадат дури откако ќе има официјален документ. – Мојата оценка е дека кога ќе видиме „пејпер“, тогаш ќе можам да кажам за што се работи, оти нон-пејпер значи нешто без наслов, без име, без потписи, ...
Откако Иран и Израел соопштија дека ги суспендираат нападите, иранските државни медиуми објавија дека е укината наредбата за ограничување на летовите и воздушниот простор се враќа во нормална состојба. Претходно беа стопирани сите летови од иранските аеродроми поради страв од нови израелски напади. Во исто време, израелската Команда за цивилна заштита го суспендира речиси сите ограничувања, а Министерството за образование потврди дека утре ќе ...
Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците денеска во прво читање ги поддржа предлог-законите за судска и јавнообвинителска служба, кои се дел од пакетот реформи насочени кон унапредување на ефикасноста и независноста на правосудниот систем, објави на сцојата Фејсбук страница пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Љупчо Пренџов. Со овие закони создаваме систем во кој знаењето, стручноста и резултатите ќе бидат поважни од ...
Селекторот на шпанската фудбалска репрезентација, Луис де ла Фуенте, изјави денеска дека рехабилитацијата на Ламин Јамал, Нико Вилијамс и Виктор Муњоз напредува според планот и оти тројцата треба да бидат подготвени за првиот натпревар на Светското првенство на 15 јуни против Зеленортските острови. -Закрепнувањето на сите тројца оди според планот и доколку не се појави ништо неочекувано во наредните денови, тие треба да бидат достапни за ...
На телевизија Телма во емисијата „Топ Тема“ гостуваше Антонио Милошоски пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, кој се осврна на Предлогот на Законот за изменување на Изборниот законик и посочи дека предложените измени имаат за цел да го направат изборниот процес поефикасен и ја повика опозицијата да не го попречува донесувањето на законските решенија. „Загрижува најавата дека тие планираат да го блокираат Предлогот на Изборниот законик, ...
ФИФА и Меѓународниот одбор за фудбалски правила (IFAB) воведоа неколку значајни измени во правилата на играта кои ќе бидат применети и на Светското првенство 2026. Турнирот започнува на 11 јуни и за првпат ќе собере 48 репрезентации од целиот свет, а натпреварите ќе се играат во САД, Канада и Мексико. Според ФИФА, новите правила имаат цел да ја зголемат правичноста, да го намалат одолговлекувањето на играта, да ја подобрат безбедноста на ...
Попладнево во западните и југозападните делови имаше локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер во околината на Охридско – Преспанскиот, Дебарско – Кичевскиот и Полошкиот регион, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Како што посочуваат, попладнево продолжува нестабилноста во западните и југозападните делови, а до крајот на денот има услови за појава на нестабилност и во југоисточните делови ...
На четврти јуни, за Маржан Сатрапи, француско-иранска писателка, стрип-авторка и режисерка, која ја освои глобалната јавност со својот автобиографски роман „Персеполис“, беше објавено дека повеќе не е меѓу живите. Имаше 56 години. Изјавата на семејството и блиските беше кратка и разорна: „Маржан Сатрапи умре од тага, малку повеќе од една година по смртта на Матијас Рипа, нејзиниот сопруг и љубовта на нејзиниот живот“. Ниту долга болест. Ниту ...
Средствата добиени од планот за раст не се пари што земјата ги добива директно на сметка и потоа ги троши, туку се даваат за одредени чекори и проекти што треба да се реализираат – вели премиерот Христијан Мицкоски и додава дека иако средствата се врзани за проекти, сепак тие придонесуваат за раст на БДП и за финансиска ликвидност. – За планот за раст има многу шпекулации, многу невистини и разни толкувања од одредени политичари. Планот за ...
Десет милијарди евра во капитални инфраструктурни проекти и инвестиции во наредните 10 години најавува Владата, во нови автопати, експресни патишта, пруги и обнова на постојните, здравствени и енергетски капацитети. – Во текот на втората половина од годината очекуваме истовремено да се градат шест автопатски делници низ државата – рече денеска премиерот Христијан Мицкоски на брифинг со медиумите. На автопатот Кичево-Охрид (57 километри), што ...
Владата останува на ставот дека клиничката болница во Скопје треба да се гради во близина на базенот кај арената „Борис Трајковски“ и оти тоа е најдобро решение. – Дефинитивно, остануваме на ставот дека Клиничката болница во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“. Тоа е земјиште, кое е во приватна сопственост. Преговараме со приватниот сопственик и сакаме тука да го направиме сето тоа да може со подземен тунел да ...
Братислав ДИМИТРОВ Многупати се обидував да ја напишам оваа приказна и уште повеќепати се откажував. Така е тоа во чудесната мистерија, народски наречена живот. Најдобрата музика најретко ја слушаме. Причината е едноставна и сурова. Не можеме толку често да бидеме на нивото на нејзината убавина. А кога понекогаш ќе успееме, возбудата набргу се распрснува како меур од… Мислам дека беше сапуница. И луѓето што ни се многу драги сè поретко ги ...
Салиу реагираше дека дел од потписите на документите не се негови, иако на нив стои неговото име како директор. Обвинителството посочи дека во 2015 година Кочани немало назначен инспектор, што се гледа и од доказите за годишните програми и распоредот на инспектори. И покрај тоа, во 2015 година инспектори од Скопје извршиле надзор само врз еден правен субјект со низок ризик, што обвинителството го оцени како селективно. Во делот на ...
Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предметот против З.Ј. за кривичното дело Загрозување на безбедноста на сообраќајот, по внимателна анализа на обвинението, изведените докази и релевантните законски одредби, оцени дека дејствијата кои му се ставаат на товар на обвинетиот не ги содржат законските обележја на кривичното дела па заради тоа донесе ослободителна пресуда. Како што информира Основниот кривичен суд Скопје, согласно ...
Луис Хамилтон повторно се најде во центарот на вниманието, а овојпат причината беше емотивниот момент што го сподели со Ким Кардашијан по завршувањето на трката. По завршувањето на драматичното Гран При на Монако, британскиот ас приреди романтичен момент кој не остана незабележан од камерите. Од подиумот испрати бакнеж кон својата девојка Ким Кардашијан, а потоа во препознатливиот победнички стил ја полеа со шампањ, предизвикувајќи насмевки ...
Бродовите моментално плаќаат просечно од 1,5 до два милиона долари такса за да минуваат низ Ормуската Теснина, изјави членот на Комитетот за планирање и буџет на иранскиот парламент, Мохсен Занганех, пренесе иранската агенција Фарс. Потпретседателот на иранскиот парламент, Али Никзад, во мај објави нацрт-план во 12 точки за управување со Ормуската Теснина, потсетува Фарс. Исто така, беше основана нова државна агенција чија задача е да го ...
Полска заплени речиси еден тон хероин вреден 52 милиони евра, што е најголемата заплена на дрога во последните години, објавија властите. Британските медиуми пишуваат дека припадници на полската полиција пронајдоа големо количество наркотици во контејнери што пристигнаа од Обединетите Арапски Емирати во балтичкото пристаниште Гдиња, а властите информации за пратката добиле од британската даночна администрација. „Не треба да ви кажувам што би ...
Работната група за реформи во изборното законодавство денеска ја одржа седмата седница, на која беа разгледани и анализирани предлозите, мислењата и забелешките доставени од надлежните институции, политичките партии, граѓанските организации и другите засегнати страни во процесот на подготовка на измените на Изборниот законик, соопштува Министерството за правда. – На седницата беше потврден досегашниот напредок во усогласувањето на законските ...
Министерството за здравство, со поддршка од Светската здравствена организација, Канцеларијата на СЗО во Македонија и Канцеларијата на СЗО за квалитет на здравствена заштита и безбедност на пациентите во Атина, започна значајна национална иницијатива за зајакнување на квалитетот на здравствената заштита и безбедноста на пациентите во земјата. Иницијативата ја одразува заложбата на Владата за подобрување на здравствените услуги и постигнување ...