Братислав ДИМИТРОВ Првата и досега единствена Македонска енциклопедија беше објавена 2009 година. После само месец и половина, под притисок беше повлечена. Наместо читатели, сега во некој академски подрум собира прашина, молци и мувла. 260 соработници и исто толку исплатени хонорари никој не ги споменува. А уште помалку споменува нова енциклопедија. Коментарите беа дека таму влегле ликови кои во нормални држави не би ги ставиле ни во ѕиден ...

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека Буџетот е во исклучително квалитетна состојба и оти државава и покрај враќањето на ДДВ за горивата на 18 проценти е натаму е со најевтини цени на горивата. Најавува и нови мерки во зависност од, како што рече, интензитетот на кризата. – Буџетот е во одлична кондиција, ги натфрламе проекциите кои што ги имавме на почетокот на годината и покрај сите оние, би рекол душегрижници кои мислеа дека оваа ...

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека се креирани нови 17 илјади работни места откако е избрана Владата што ја предводи и оцени дека тоа е показател оти има ефект тоа што се работело во изминатите две години. На новинарско прашање за податоците од Државниот завод за статистика за бројот на вработени во првиот квартал годинава Мицкоски оцени дека „тоа е добра вест за сите граѓани, а е лоша вест за оние од опозицијата коишто не сакаат да успее ...

Предизвиците во најголемaта енергетска криза да ги претвориме во наша можност и да видиме што можеме заедно како Западен Балкан да испорачаме за Европа, за нашиот заеднички континент, порача денеска премиерот Христијан Мицкоски, во обраќањето на регионалниот форум за клима, енергетска транзиција и одржлив развој во Западен Балкан – МЕФ 2026. Денеска, посочи, ние го живееме токму тоа време на глобален енергетски предизвик и затоа овој форум ...

Нови фудбалски прволигаши се ФК Скопје и Шкендија Арачиново, а Пелистер и Брера се селат во Втората лига. Ова е драматичниот расплет на двата баражи за пополнување на Првата лига. Скопје славеше со 1-0 против Брера, а Шкендија Арачиново на пенали беше подобра од Пелистер на неверојатниот натпревар во Кавадарци, откако регуларниот тек заврши со резултат 1-1. Дуелот во Битола меѓу Скопје и Брера донесе максимално израмнета борба, со вистинска ...

Ракометна Битола стартува со нов тренер на клупата со желба за враќање на шампионската титула, а за таа цел избран е еден од најдобрите европски тренери Лино Червар. Тој денеска и официјално беше промовиран, а поранешниот тренер на Металург и селектор на Хрватска и на Македонија ја презентираше својата визија и планови за работа. – Чест ми е да работам во Битола. Ова е град со огромна ракометна традиција. По осум години се враќам во мојата ...

Владата на предлог на Министерството за финансии, на последната седница, ја усвои Стратегијата за управување со јавниот долг 2027–2029, со изгледи до 2031 година. Со Стратегијата се потврдува определбата за одговорно и внимателно управување со јавните финансии, одржување стабилно ниво на јавниот долг и обезбедување средства за реализација на развојните проекти. Стратегијата предвидува постепено стабилизирање и намалување на јавниот долг, кој ...

Лагите се специјалност на СДС, Зоран Заев и Венко Филипче, за тоа им нема конкуренција. Така и на оваа прес-конференција, Венко Филипче, по којзнае кој пат по ред, повторно излезе да шири лаги и манипулации. Но, како специјален пратеник и пиун на Румен Радев, кој стана главен промотор за прифаќање на бугарските диктати, друго и не се очекува. Наместо да застане рамо до рамо со Владата и заеднички да се настапи за подобрување на македонските ...

Метеор кој влегол во атмосферата и експлодирал над брегот на Масачусетс предизвикал силен ударен бран и гласен тресок што бил слушнат низ поширокото подрачје, соопштија американските служби. Според податоците на Американското метеорско друштво и НАСА, објектот се распаднал во атмосферата на висина од околу 64 километри над североисточен Масачусетс и југоисточен Њу Хемпшир. Енергијата ослободена при тој процес се проценува приближно до 300 ...

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) спроведе вонредни контроли и зема 91 мостра од млеко, млечни и сувомесни производи од домашно производство и од увоз, со цел да се провери дали квалитетот на производите одговара на она што е наведено на декларациите, објави Курир. Според добиените резултати, кај неколку оператори е утврдено дека производите не ги исполнуваат пропишаните стандарди, односно содржат помал процент на млечни масти од ...

Седум и пол години казна затвор за Вангелица Илијевска изрече денеска судскиот совет од Основен суд Куманово, откако обвинетата призна вина, а Основното јавно обвинителство на денешното рочиште изврши преквалификација на делото од кривично дело „убиство“ по член 123 во „убиство на миг“ по член 125 од кривичниот законик. Илијевска пред речиси две години на 13. јуни, 2024 со нож ги уби сопругот Јован и свекорот Стојан. Јавниот обвинител ...

Се потврди уште една јасна и недвосмислена лага на Христијан Мицкоски и намерно неспроведување на реформската агенда – обвини денеска претседателот на СДСМ Венко Филипче, нагласувајќи дека премиерот ја кочи европската перспектива на државата и не ја спроведува реформската агенда, по истекот на рокот, 1 јуни поставен за усвојување на клучните закони. Според Филипче, од предвидените 16 закони кои требало да бидат донесени до јуни 2025 година, ...

Македонија нема да отстапи од своите позиции во процесот на евроинтеграциите сè додека не добие јасни, цврсти и писмени гаранции од Европската Унија, истакна денеска на прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски. Тој оцени дека државата веќе еднаш платила висока цена поради, како што рече, погрешните политики на СДСМ и тогашното раководство на партијата. Според Манасиевски, промената на уставното име била направена со ...

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 3,84% во однос на одлуката од 26.5.2026 година. Од полноќ малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалуваат за 6,50 ден/лит. Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 ...

Дури 80% од граѓаните кај нас би одбиле за паричен надомест да потпишат петиција што е спротивна на нивните политички убедувања, што претставува највисок процент во Европа, а високи 78% од македонските испитаници одбиле да разгледаат парична компензација за воздржување од гласање на избори . Истовремено, друга анализа констатира дека 98% од онлајн коментарите насочени кон политичарите содржат елементи на омраза. Ова само дел од наодите од ...

Во рамки на меѓународната соработка во областа на Community Policing, организирана од страна на Japan International Cooperation Agency (JICA), во периодот од 12 до 30 мај 2026 година во Токио, Јапонија, беше реализирана студиска посета и обука посветена на современите концепти и практики на полициското работење во заедницата. Обуката обедини претставници од повеќе земји и овозможи размена на искуства, добри практики и современи пристапи во ...

Најголемиот музички фестивал што ќе се одржи ова лето на 8 август во Битола на Ракометното игралиште под отворено небо, ќе биде С.О.С. фестивал, кој не е само музички настан со внимателно избрана концертна програма, туку и своевиден симболичен повик на музичка борба за спас против турбофолкот, шундот и кичот, што би рекол познатиот македонски шоумен и блузер, Игор Џамбазов. Први учесници на С.О.С. фестивал ќе бидат предводниците на новата ...

Француската морнарица на отворено море во Атлантикот пресретнала танкер за нафта на руската т.н. флота во сенка – соопшти францускиот претседател Емануел Макрон. Според поморските власти, танкерот што пловел кон Мурманск бил пресретнат на речиси 400 наутички милји (околу 740 километри) западно од Бретања. Спроведената проверка на документите ги потврдила сомнежите за неправилно истакнување на знамето. Случајот е предаден на јавниот обвинител ...

Истече рокот што самиот Христијан Мицкоски го постави пред граѓаните – до 1 јуни да ги исполни сите точки од реформската агенда. Уште едно ветување на Мицкоски останува неисполнето – се вели во соопштението на СДСМ, што МИА го објавува интегрално. Уште една лага на Мицкоски е разобличена, не се исполнети сите точки од реформската агенда. Христијан Мицкоски дојде на власт со лаги и продолжува да лаже. Ветуваше дека ќе го врати името, дека ќе ...

Татко на трагично загинатиот тапанар на групата ДНК, Ѓорѓи Ѓоргиев, Драги, на Фејсбук сподели видео објава во која повторно реагира на, како што тврди, кражби од гробот на неговиот син. На видеото што го сподели Драги, може да се забележи како повозрасна жена од пред гробот краде саксии со цвеќе. Во емотивната објава, тој наведува дека ова е 14-ти пат гробот на Ѓорѓи да биде ограбен. „14 кражби на нашиот ангел и ден-денес не го оставаат ...

Силна експлозија во фабрика за огномет во областа Магџтаб рано наутро во понеделник се слушна низ голем дел од Малта. Жителите пријавија скршени прозорци и тресење на зградите поради силата на детонацијата, објави Малта Тудеј. Експлозијата, велат тие, се случила околу 6:30 часот наутро во фабриката Та’ Лурдес. Полицијата е на местото на настанот и истрагата е во тек. Според првите информации, експлозијата избувнала во фабриката за ...

Премиерот Христијан Мицкоски ќе присуствува и ќе се обрати на регионалниот форум за клима, енергетска транзиција и одржлив развој во Западен Балкан – МЕФ 2026 во Скопје, информираат од Владата. Форумот се одржува денеска и утре со мотото „Унапредување на климатската отпорност и енергетската транзиција на патот кон COP31“, а организиран е во партнерство со Делегацијата на Европската Унија во Македонија и Министерството за животна средина и ...

Еми Марибел Муњиз, ќерката на музичките ѕвезди Џенифер Лопез и Марк Ентони, го промени своето име во Оскар Муњиз. На профилот на Инстаграм каде што се објавуваат информации за изборот на факултети на матурантите од училиштето „Виндвард“, 18-годишната Муњиз е потпишана со новото име, Оскар. Според првичните информации, наесен таа ќе се запише на колеџот „Сара Лоренс“ (Sarah Lawrence College), каде што ќе студира театарски уметности. Во ...

ВМРО-ДПМНЕ денеска упати обвинувања кон претседателот на гранковиот синдикат УПОЗ и член на претседателството на ССМ, Трпе Деаноски, тврдејќи дека организирал четиридневни спортски игри во Чањ, Црна Гора, за кои биле потрошени околу 60.000 евра. Од партијата наведуваат дека на настанот учествувале лица кои биле привилегирани при изборот, иако, како што велат, УПОЗ има повеќе од 3.000 членови. Според ВМРО-ДПМНЕ, предност при учеството добиле ...

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 16, а максималната ќе достигне од 26 до 34 степени, најави Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Попладне во делови од котлината ќе има ...

Американската војска потврди дека извршила нови воздушни напади врз цели во Иран, кои ги опиша како чин на „самоодбрана“ по неодамнешното соборување американско беспилотно летало. Според Централната команда на САД (CENTCOM), цел на нападите биле ирански радарски системи, како и командни и контролни центри за управување со беспилотни летала во местото Горук и на островот Кешм, што се наоѓа во стратешки важната Ормуска Теснина. Американската ...

Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, од денеска до 5 јуни ќе го посети Западен Балкан за да се сретне со лидерите од регионот и да биде копретседавач на самитот ЕУ – Западен Балкан во Тиват, Црна Гора, што ќе се одржи на 5 јуни. Како што информираат од Канцеларијата на Делегацијата на ЕУ во Скопје, Кошта ќе разговара за можностите и предизвиците околу проширувањето, постепената интеграција, регионалната соработка, безбедноста и ...

Контролата врз Ормуската Теснина за Иран е поважна од поседување нуклеарно оружје, изјави високопоставен претставник на Иранската револуционерна гарда. Заменик-политичкиот командант, Јадола Џавани, изјавил дека воспоставувањето суверенитет над Ормуската Теснина претставува „стратешко оружје“ кое, според него, е поважно од нуклеарниот арсенал бидејќи и овозможува на земјата да „казнува агресори“. Тој додал дека воената конфронтација со ...

Американскиот претседател, Доналд Трамп, на својата социјална мрежа Truth Social напиша дека „Иран всушност навистина сака да постигне договор“. Истовремено, тој жестоко ги нападна сите критичари кои ги доведуваат во прашање неговите напори во преговорите со Техеран. „Не разбираат ли овие „демократи“ и разни навидум непатриотски републиканци дека ми е МНОГУ потешко добро да си ја работам работата и да преговарам кога политичките платеници ...

Американскиот државен секретар, Марко Рубио, разговарал со либанскиот претседател, Жозеф Аун, и израелскиот премиер, Бенјамин Нетанјаху, за дипломатските преговори меѓу Израел и Либан при што предложил план за „постепена деескалација“ на конфликтот. Неименуван американски претставник соопштил дека предлогот на САД како прв чекор предвидува прекин на сите напади на проиранското движење Хезболах врз Израел, а за возврат израелските сили да се ...

weather icon

Скопје

15ᴼ / 15ᴼ
2.13
71%
1020
weather icon

Белград

17ᴼ / 14ᴼ
3.13
74%
1017
weather icon

Загреб

17ᴼ / 17ᴼ
0.95
85%
1016
weather icon

Софија

17ᴼ / 17ᴼ
1.15
77%
1019
weather icon

Сараево

17ᴼ / 17ᴼ
3.26
76%
1017
weather icon

Љубљана

16ᴼ / 14ᴼ
1.14
82%
1017
weather icon

Атина

21ᴼ / 19ᴼ
1.79
56%
1016
weather icon

Тирана

18ᴼ / 18ᴼ
1.86
68%
1018
weather icon

Подгорица

18ᴼ / 18ᴼ
3.42
62%
1019
weather icon

Букурешт

18ᴼ / 16ᴼ
0.45
77%
1015
weather icon

Будимпешта

19ᴼ / 17ᴼ
1.79
75%
1014
weather icon

Истанбул

17ᴼ / 15ᴼ
1.66
100%
1016
Currency

61.6417

Currency

53.2519

Currency

71.4228

Currency

37.518

Currency

38.0513

Currency

66.9089

Currency

7.86455

Currency

0.73496

Currency

0.33234

Currency

0.52573

Currency

1.15189

Currency

0.55992

Алуминиум

3.54

Иридиум

253540.09

Платина

55170.68

Калај

53.60

Цинк

0.00

Рутениум

48965.59

Сребро

2186.28

Паладиум

40767.15

Злато

135639.33

Бакар

13.01

Кобалт

45.39

Родиум

257205.97