На 26.05.2026 година во 12.20 часот, во СВР Охрид е пријавено дека во Специјалната болница во Охрид било донесено малолетно лице од кичевското село Колари кое имало повреди од воздушна пушка. По преземени мерки, полициските службеници утврдиле дека малолетникот, во својот дом ја пронашол воздушната пушка сопственост на неговиот татко и при разгледување испукал еден проектил при што се повредил во пределот на ногата. По целосно документирање ...

Јубилејот „80 години од доселувањето на Македонците во Војводина“ е значаен момент и од историски и од културен аспект, оцени министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, кој е дел од македонската владина делегација предводена од премиерот Христијан Мицкоски, на свечената академија во Нови Сад. Љутков оцени дека станува збор за значаен јубилеј, истакнувајќи дека заедницата на Македонци во Србија има важна улога во општествениот развој. – ...

Километарски колони, десетици туристички автобуси, доцнења и чекања со часови за влез во Грција е ситуацијата претпладнево на граничниот премин Евзони/ Богородица, според медиумите од Солун, кои пишуваат дека туристите се соочуваат со непријатности и задржувања поради биометриските контроли, јави дописничката на МИА од Атина. Утрово, според медиумите, чекањето за патничките автомобили било околу два часа, а за туристичките автобуси дури и ...

Поранешниот словенечки амбасадор, Тоне Кајзер порача дека Западен Балкан и процесот на проширување на Европската Унија остануваат еден од главните приоритети на надворешната политика на неговата земја. -Западен Балкан и проширувањето на Европската Унија, како и зајакнувањето на односите со земјите кандидати и идните земји-членки, како што е Македонија, остануваат клучен приоритет на надворешната политика на нашата држава, напиша Кајзер во ...

– Ја заокружуваме целокупната консултативна и институционална постапка за Предлог-законот за заштита од употреба на производи од тутун или сродни производи. Ова не е закон што се носи набрзина, ниту закон што се носи без слушање на засегнатите страни. Напротив, ова е закон што помина низ широка, инклузивна, детална и аргументирана постапка на усогласување меѓу државните институции, со инспекциските и надзорните органи, со претставниците на ...

Предлог-законот за заштита од употреба на производи од тутун или сродни производи во вторник треба да се разгледа на владина седница, по што се очекува, во најбрз можен рок, да помине и во Собранието. Како што рече денеска премиерот Христијан Мицкоски на завршниот состанок со претставниците од тутунската индустрија и угостителскиот сектор, законот ќе стапи во сила веднаш, освен одредбата согласно која угостителите треба да ги преадаптираат и ...

За душата е најважна молитвата, а храната е благородна ако се раздаде на оние на кои им недостига е порака која теолозите и свештените лица им ја пренесуваат на граѓаните во врска со денешниот празник Задушница, кој е воспоставен во знак на сеќавање на починатите, ден пред утрешниот Духовден или Педесетница – Слегување на Светиот Дух. Многупати граѓани овие два празника ги поистоветуваат, но како што појаснуваат теолозите и свештените лица, ...

Предлог-законот за заштита од употреба на производи од тутун или сродни производи не беше изработуван ад-хок, ниту по принципот на сила, туку во еден инклузивен процес, заедно во консултации со сите засегнати страни, вели премиерот Христијан Мицкоски. Негова единствена цел е, како што нагласува, да има што е можно помалку лица кои конзумираат тутун. Нагласува дека нема да има повластени во однос на неговата примена без разлика во кои делови ...

Премиерот Христијан Мицкоски очекува стабилизирање на цените и поевтинување на дизел горивото за 6,5 денари. За утре најави онлајн владина седница, а, како што рече денеска, одговорајќи на новинарски прашања, земјава ќе остане со убедливо најниски цени на горивата. -Утре во текот на денот ќе имаме онлајн владина седница. Според нашите пресметки, врз основа на анализите како се движеа цените на светските берзи изминатите две недели, односно ...

-Киро Донев е возрасен писател за деца. Автор на педесетина книги. Роден во село Моноспитово, Струмичко, на 21 март – датум кој веднаш потоа е прогласен за Ден на пролетта. Бидејќи е роден во знакот на Овен, постојано удира со главата во ѕид. Тоа удирање понекогаш му се исплатува, бидејќи така си собира тули за градење свој личен став. И надгробниот споменик си го ѕида сам. Денот на неговото „откривање“ сè уште не е познат. До тој ден, како и ...

Деветнаесетгодишен мотоциклист им подлегна на повредите здобиени во сообраќајна несреќа што се случила синоќа на крстосницата од булеварот „Никола Карев“ и улицата „Прохор Пчински“ во Скопје. Како што информираат од МВР, во несреќата учествувале патничко возило „ауди а4“ управувано од Н.Х.(31) од село Визбегово и два мотоцикла – „бмв“ управуван од М.Ф.(19) и „хонда хдв“ управуван од Н.Б.(21), двајцата од Скопје. Мотоциклистот М.Ф. се здобил ...

Министерството за надворешни работи на Русија го повика на консултации во Москва, амбасадорот во Ерменија, Сергеј Копиркин, поради чекорите што ги презеде ерменското раководство кон Европската Унија. Во соопштението за медиумите на руското Министерство за надворешна политика се наведува дека постапките на Ереван ѝ нанесуваат штета на соработката во рамките на Евроазиската економска унија (ЕАЕС). Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, оцени ...

Промени на уставот за внесување на Бугарите, без гаранции од ЕУ во форма на заклучоци – нема да има, стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ што МИА ви го пренесува во целост. Сите се сеќаваме дека последните измени на уставот за промена на уставното име, ги направија Филипче и Заев, откако претходно беа убедувани дека тоа е последниот чекор на Македонија и утре дента ние влегуваме во ЕУ. Да ја потсетиме јавноста дека СДС и ДУИ тогаш промовираа ...

Добрососедските односи се двонасочна улица. Не можете да танцувате сами – или танцувате со партнер или немате партнер. Ме загрижува почетокот на новата влада кај нашиот источен сосед, но се надевам дека со текот на времето рациото и разумот ќе преовладеат. Јас сум свесен дека имаат многу внатрешни проблеми. Гледам дека изгледа ќе бидат првата држава што ќе добие мерки од Европската централна банка, бидејќи ги фалсификувале и ги лажирале ...

Аеродромот во Минхен повеќе од еден час изутрината беше целосно затворен поради нарушувања кои пилоти ги пријавија за време на лет, а за кои имало сомневање дека биле предизвикани од дрон, пренесуваат германските медиуми. Аеродромот беше целосно надвор од функција од 9 часот, пренесува „Билд“. Како што потврди федералната полиција, сообраќајот беше прекинат на двете писти за полетување и слетување. Портпаролот на федералната полиција, Стефан ...

Во Демократска Република Конго, бројот на лица за кои има сомневање дека се заразени со ебола изнесува 1.028, споредено со 906 претходниот ден, изјави министерот за здравство Самуел Роџер Камба. Тој рече дека има 225 потврдени случаи со оваа инфекција. Светската здравствена организација (СЗО) соопшти дека од прогласувањето на епидемијата на 15 мај во Конго се регистрирани десет потврдени и 223 сомнителни смртни случаи од ебола, ...

Шефовите на Меѓународната агенција за енергија, Меѓународниот монетарен фонд, Светската банка и Светската трговска организација предупредија дека војната на Блискиот Исток ги оптоварува испораките на енергија и ги погодува најранливите економии. Војната на САД и Израел против Иран ја наруши трговијата, ги потресе финансиските пазари и предизвика загриженост во врска со глобалните испораки на енергија, особено преку Ормуската теснина, клучен ...

Дронот што падна врз станбена зграда во Романија за време на напад врз соседна Украина, бил руски, соопшти портпаролот на НАТО, Мартин О’Донел. НАТО ќе процени како да ја зајакне одбраната на Романија и НАТО од закани од беспилотни летала, додадоа од Алијансата. Во меѓувреме, постојаниот претставник на САД во НАТО, Метју Витакер го осуди „неодговорниот упад“ во колумна на Икс и вети дека Соединетите Американски Држави „ќе ја бранат секоја ...

Секој договор со Иран за прекин на војната американскиот претседател Доналд Трамп ќе го потпише само ако се исполнат неговите „црвени линии“, изјави синоќа функционер на Белата куќа, кратко откако состанокот во „собата за ситуации“ заврши без одлука. Со тоа продолжува неизвесноста околу исходот од разговорите меѓу Техеран и Вашингтон, откако извори во Вашингтон завчера спомнаа прелиминарен договор со кој примирјето би се продолжило за уште 60 ...

Американскиот претседател Доналд Трамп е во одлична здравствена состојба, со добра срцева, белодробна, невролошка и општа физичка активност. Ова беше наведено во соопштението на Белата куќа, издадено синоќа врз основа на резултатите од медицинскиот преглед спроведен оваа недела, објавија светските новински агенции. По неговата посета на Националниот воено-медицински центар „Волтер Рид“ во вторникот, трета во последните 13 месеци, Трамп рече ...

Американскиот министер за одбрана Пит Хегсет денеска ги повика азиските сојузници да ги зголемат воените трошоци за да се спротивстават на растечката моќ на Кина и да ја спречат нејзината доминација во регионот, предупредувајќи на „оправдана тревога“ поради нејзиното брзо воено засилување. Зборувајќи на Дијалогот Шангри-Ла во Сингапур, водечкиот форум во Азија за лидери во одбраната, војската и дипломатите, Хегсет исто така рече дека ...

На 30 мај 1913 година во Лондон е потпишан мировниот договор со кој завршила Првата балканска војна и со кој за Македонија турско ропство било заменето со распарчување, поделба и ново ропство под Грција, Србија и Бугарија. Лондонската мировна конференција започнала на 16 декември 1912 година со цел постигнување договор меѓу победничките во Првата балканска војна и поразената Турција, која предложила на Македонија и на Албанија да им се даде ...

Денеска е Задушница, кај народот уште се нарекува и Мртва сабота, Мртвен, Мртвени дни, односно деновите во кои според народните верувања душите на покојните претци и блиски доаѓаат од оној свет кај своите блиски, барајќи од нив храна, пијалак, затоплување, чистење итн. Задушница е секогаш во сабота, ден кој црквата го одредила за помен и молитва за упокоените. Се верувало дека заборавањето на душите на покојните може да предизвика суши, ...

Во Нови Сад попладне со свечена академија ќе бидат одбележани „80 години од доселувањето на Македонците во Војводина“. На свечената академија ќе се обратат македонскиот премиер Христијан Мицкоски, претседателот на српската Влада Ѓуро Мацут, претседателката на покраинската влада на Војводина Маја Гојковиќ, како и претседателката на Национален совет на македонското национално малцинство во Србија Зорица Митровиќ. На 25 мај премиерот на Србија ...

Премиерот Христијан Мицкоски и министерот за здравство Азир Алиу по повод Предлог-законот за заштита од употреба на производи од тутун или сродни производи ќе одржат состанок со еснафските здруженија и заинтересирани страни. Средбата, како што информираат од владината прес-служба, ќе се одржи во Свечената сала во Владата. Предвидено е обраќање да има премиерот Мицкоски. Фото: архива Премиерот Христијан Мицкоски и министерот за здравство Азир ...

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а во источните делови повремено засилен северозападен ветер (над 40 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 14, а максималната ќе достигне од 24 до 31 степен. Во Скопје, сончево со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 12, а максималната ќе достигне до 30 степени. Во ...

Деветнаесетгодишниот Жоао Фонсека направи сензација во шеснаесетфиналето на Ролан Гарос, нокаутирајќи го српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ со 4:6, 4:6, 6:3, 7:5, 7:5. Младиот Бразилец, кој моментално е на 30-то место во светот, го запре Ѓоковиќ во неговата потрага по 25-та титула на Гренд Слем по речиси пет часа игра. Во осминафиналето, тој ќе се соочи со победникот од натпреварот помеѓу Каспер Руд и Томи Пол.Ова беше само седмиот Гренд Слем ...

Петнаесет деца загинаа, а 62 се ранети минатата недела во Либан, каде Израел продолжува со воздушните напади и покрај прекинот на огнот, соопшти денеска Фондот за деца при Обединетите нации (УНИЦЕФ). УНИЦЕФ ги нарече овие бројки „запрепастувачки“ и истакна дека, според меѓународното хуманитарно право, децата мора да бидат заштитени во секое време за време на конфликтот, пренесува Ал Џезира. Израел, кој се бори против проиранското движење ...

Најмалку 50 герилци се убиени во судири меѓу сопернички вооружени групи во југоисточна Колумбија, наведува една од вклучените групи. Најсмртоносните борби во последните месеци се случија во колумбискиот департман Гвавијаре, стратешки коридор за трговија со кокаин и нелегална сеча на шума, што стана клучно бојно поле меѓу сопернички вооружени групи кои бараат контрола врз патиштата што го поврзуваат регионот на Амазон со границите на Бразил и ...

Албанија го отфрли барањето на Русија, дипломатите и странските државјани да го напуштат украинскиот главен град Киев. Во исто време го осуди инцидентот со паднатиот руски дрон во Романија и ја на нагласи континуираната поддршка за Украина. Министерот за Европа и надворешни работи (МЕНР), Ферит Хоџа ова известување од Русија го оцени како „целосно неприфатливо“ и порача дека Албанија нема да се повлече. „Албанија го смета известувањето на ...

weather icon

Скопје

15ᴼ / 15ᴼ
2.13
71%
1020
weather icon

Белград

17ᴼ / 14ᴼ
3.13
74%
1017
weather icon

Загреб

17ᴼ / 17ᴼ
0.95
85%
1016
weather icon

Софија

17ᴼ / 17ᴼ
1.15
77%
1019
weather icon

Сараево

17ᴼ / 17ᴼ
3.26
76%
1017
weather icon

Љубљана

16ᴼ / 14ᴼ
1.14
82%
1017
weather icon

Атина

21ᴼ / 19ᴼ
1.79
56%
1016
weather icon

Тирана

18ᴼ / 18ᴼ
1.86
68%
1018
weather icon

Подгорица

18ᴼ / 18ᴼ
3.42
62%
1019
weather icon

Букурешт

18ᴼ / 16ᴼ
0.45
77%
1015
weather icon

Будимпешта

19ᴼ / 17ᴼ
1.79
75%
1014
weather icon

Истанбул

17ᴼ / 15ᴼ
1.66
100%
1016
Currency

61.6417

Currency

53.2519

Currency

71.4228

Currency

37.518

Currency

38.0513

Currency

66.9089

Currency

7.86455

Currency

0.73496

Currency

0.33234

Currency

0.52573

Currency

1.15189

Currency

0.55992

Паладиум

40767.15

Кобалт

45.39

Бакар

13.01

Платина

55170.68

Родиум

257205.97

Цинк

0.00

Алуминиум

3.54

Иридиум

253540.09

Сребро

2186.28

Рутениум

48965.59

Злато

135639.33

Калај

53.60