Претседателот на Движењето ЗНАМ за Наша Македонија, Максим Димитриевски, во интервју за Фокус порача дека СДСМ продолжува со старата матрица на политички спинови, обиди за дефокус и конструкции насочени кон дискредитација на политичките конкуренти, наместо соочување со сопствените слабости и внатрешна криза, се вели во соопштението од ЗНАМ што МИА го објавува интегрално. „Сите овие приказни што периодично се пуштаат во јавноста дека некој бил ...

Министерството за правда внимателно ги следи информациите објавени во јавноста во врска со наводите дека Никола Груевски стекнал унгарско државјанство. Независно од сите шпекулации и неофицијални информации за евентуалниот статус што го има во Унгарија, Никола Груевски останува државјанин на РС Македонија и е лице кое е предмет на правосилни судски одлуки и активни постапки – се вели во соопштението од Министерството за правда, што МИА го ...

Во струмичкиот регион наредната недела ќе биде инсталиран компјутерски томограф согласно сите стандарди, а граѓаните од овој регион ќе можат да ја користат оваа дијагностичка услуга, најавува министерот за здравство, Азир Алиу. Одговарајќи на пратеничко прашање во Собранието за состојбите со болницата во Струмица, како што соопшти денеска Министерството за здравство, Алиу напомена дека установата била затекната со значителни финансиски ...

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денеска го осуди однесувањето на Русија во војната со Украина, по разговорот со романскиот претседател Нукошор Дан за синоќешното уривање на руски дрон врз станбена зграда во романски град, пишува британскиот весник „Гардијан“. „Неодговорното однесување на Русија е опасност за сите нас. Таа продолжува да ги гаѓа цивилите и цивилната инфраструктура низ цела Украина. И синоќа повторно се покажа дека ...

Кога политиката сака послушен суд, тогаш има проблем со Уставот, а не со судиите – оценува претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски, нагласувајќи дека токму „послушноста“ во минатото довела до „разнишана правна држава и недоверба кај граѓаните“, додека денешната „нервоза“ кај политичките структури е показател дека Судот излегол од компромисноста и си ја врши работата. Во интервју за „Нова Македонија“ Костадиновски се осврнува на ...

Европа во моментов е страна во конфликтот во Украина и затоа не може да биде посредник во решавањето на тоа прашање, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. Тој изјави дека европското оружје „директно пука“ кон Русија и дека, како што рече, не може да се „апстрактира од тоа“, пренесуваат руските медиуми. Песков додаде дека мирот во Украина ќе дојде побрзо ако сите земји престанат да испорачуваат оружје на Киев. Во овој контекст, ...

Љубопитни сме да дознаеме повеќе каква е идејата, вели премиерот Христијан Мицкоски, во однос на предлогот на германскиот канцелар Фридрих Мерц за постепена интеграција во Европската унија. Мицкоски, денеска во одговор на новинарско прашање потврди присуство на претстојниот Самит на ЕУ и Западен Балкан во Тиват, каде очекува да слушне повеќе за овие концепти и идеи. – Тие размислувања и идеи ги слушаме веќе подолго време, не би можел да ...

Со владината одлука за дополнително намалување и усогласување на царинските стапки за полупризводите и суровините, ги правиме нашите извозници и домашни и странски инвеститори уште поконкурентни, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски. По отворањето на трговскиот центар „Mega shopping Park“ во Гевгелија, тој напомена дека на претходните 50 отсто, сега има усогласување за дополнителни 20 проценти. -Донесовме одлука со која се зголеми обемот ...

Бројот на невработени лица во првото тримесечје од 2026 година е намален за еден отсто во споредба со четвртото тримесечје од 2025 година, а за 2,3 проценти е намален во споредба со истото тримесечје минатата година. Од вкупниот број невработени лица, мажи се 62,4 отсто, а жени 37,6 проценти. Како што информира Државниот завод за статистика, бројот на вработени лица бележи намалување од 0,3 отсто. Од вкупниот број вработени, 57,9 отсто се ...

23-годишно момче од тетовското село Сараќино го загуби животот во Австрија. Починатиот, кој потекнува од тетовскиот регион, село Сараќино, бил сопственик на кафе-бар и бил пријавен за исчезнат од понеделник. Неговото тело е пронајдено синоќа во езерото Факер (Faaker See), по интензивна потрага на австриските служби. Поради неразјаснетите околности на смртта, надлежните органи наредиле обдукција. Според австриските медиуми, во четврток вечерта ...

По однос на прашањето за референдум, односно прашањето коешто го наметна лидерот на опозицијата, Венко Филипче е прашањето: дали сте за ЕУ. Ќе се потсетиме дека ние имавме исто такво референдумско прашање со владата на Заев, и тука апсолутно можам да истакнам дека прашањето е апсолвирано, бидејќи оваа Влада недвосмислено одговара и кажува и докажува, со факти и со аргументи, не само декларативно дека е за влез во ЕУ. Со конкретни чекори, еве ...

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, синоќа гостуваше во емисијата „Ноќно студио“ на 4ТВ каде што, меѓу другото, зборуваше и за изјавата на Рубин Земон од СДС, кој во гостување на бугарски поткаст рече дека македонскиот револуционер и великан Гоце Делчев нема ништо направено за Македонија, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ, што МИА го објавува интегрално. Манасиевски посочи дека таа изјава на Земон, наспроти тврдењата на СДС, ...

Населението на Јапонија во последните пет години се намалило за 2,5 проценти, покажуваат податоците од пописот објавени утрово, што претставува најголем пад откако започнаа пописите во 1920 година. Според прелиминарните резултати од пописот, кој се спроведува на секои пет години, населението на четвртата најголема економија во светот се намали на 123 милиони луѓе во 2025 година, што е за повеќе од три милиони луѓе помалку од претходниот попис ...

Претседателката на Европската комисија (ЕК), Урсула фон дер Лајен, утрово го осуди инцидентот со руски дрон во романскиот пограничен град Галаци и најавувајќи нови санкции кон оваа земја. „Руската агресивна војна премина уште една граница. Руски напад со беспилотно летало погоди густо населена област во Романија, при што беа повредени цивили. На територијата на ЕУ. Ние сме целосно солидарни со Романија и нејзиниот народ. Додека продолжуваме ...

Тринаесетгодишно дете од кумановско загина во сообраќајна несреќа, што се случи синоќа на регионалниот пат Куманово-Скопје во село Черкези. Сообраќајната несреќа, како што наведуваат од СВР Куманово, се случила помеѓу патничко возило „мерцедес“ со кумановски регистарски ознаки управувано од дваесет и четиригодишниот Ф.С. од Куманово и електричен тротинет управуван од тринаесетгодишниот малолетник од село Черкези. -По несреќата, малолетникот ...

Пакет нови мерки, со акцент на дополнителното зајакнување на информатичките системи за побрзо спроведување на контролите, како и разгледување на можноста за изградба на привремени технички решенија за олеснување на протокот на патници и возила, било одлучено на вчерашниот состанок што го свика заменик-министерот за внатрешни работи на Грција надлежен за областите Македонија и Тракија, Константинос Гулекас во однос на ситуацијата на граничните ...

Започнува децентрализацијата на добивање третман и терапија за пациентите со мултипла склероза (МС) во три регионални центри, информираше денеска директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски, кој присуствуваше на одбележувањето на Денот на мултипла склероза во Скопје. Од националното Здружение за МС велат дека ова претставува долгогодишно примарно барање на здружението и успешно се имплементира како пилот-програма во три ...

Министерството за здравство ја ажурира есенцијалната листа на лекови и во неа првпат се ставени лекови за одвикнување од пушењето, како трансдермални фластери и никотински гуми за џвакање, кои ќе можат да ги препишуваат матичните лекари, рече денеска министерот за здравство Азир Алиу на прес-конференција во рамките на одбележувањето на Светскиот ден без тутун 2026 година. Во соработка со Светската здравствена организација (СЗО), Институтот за ...

Новата национална проценка на нутритивните средини во училиштата во државава открива дека нездравите опции на храна и пијалоци се широко достапни и се промовираат во и околу училиштата, додека здравите опции се ограничени, обликувајќи ги навиките во исхраната кај децата и отежнувајќи им го изборот на здрава храна, соопшти денеска Канцеларијата на УНИЦЕФ во Скопје. Проценката, спроведена во соработка со Министерството за образование и наука, ...

Венко Филипче и министерката за надворешни работи на Бугарија се на ист став, велат дека преговарале за Македонија со Европа, а не со Бугарија, се вели соопштението од ВМРО-ДПМНЕ, што МИА го објавува интегрално. Но, Венко Филипче исто така цврсто стои на ставот оти смета дека треба да се спроведат уставни измени без никаква гаранција за Македонија на евроинтегративниот пат. Ова би му дозволило на Бугарија и понатаму да ја ветоизира ...

Американскиот Стејт департмент вчера соопшти дека на почетокот на јуни ќе означи две бразилски нарко-банди за странски терористички организации. Бандите – Primeiro Comando da Capital – PCC, и Comando Vermelho – CV „се две од најнасилните криминални организации во Бразил“, се наведува во соопштението на Стејт департментот, пренесено од ДПА. „Заедно, тие командуваат со илјадници членови и досега оркестрираа брутални напади врз бразилски ...

Ракета на „Блу Ориџин“ експлодираше на лансирна рампа во Флорида за време на тест на моторот. Видеата од местото на настанот покажуваат огромна огнена топка како го зафаќа објектот во Кејп Канаверал, а компанијата во сопственост на Џеф Безос потврди дека има проблем, пренесе Би-би-си. Во објава на социјалните мрежи, „Блу Ориџин“ потврди дека доживеале аномалија за време на тестот за палење на моторот на лансирната рампа и дека сите вработени ...

Идната сабота почнува полагањето на екстерните испити од матурата за повеќе од 14 500 ученици кои завршуваат средно образование во учебната 2025/2026 година. Во согласност со измените на Законот за средното образование, оваа година матурантите ќе полагаат три типа матурски испит – државна матура, државна стручна матура и државна уметничка матура. За секој испит (предмет) од типовите матура се изработени посебни испитни програми врз основа на ...

Американскиот потпретседател Џ.Д. Венс синоќа навести дека одобрувањето на претседателот Доналд Трамп на можен договор со Иран е далеку од сигурно, во екот на медиумските извештаи дека американските и иранските преговарачи постигнале прелиминарен договор за рамката за завршување на војната, пренесе ДПА. Венс пред новинарите во здружената база „Ендрјус“ изјави дека преговарачите „постигнале голем напредок“, но некои точки, вклучително и ...

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 16, а максималната ќе достигне од 23 до 31 степен. Во Скопје, сончево со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 12, а максималната ќе достигне до 28 степени. Утре ...

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска во рамки на седницата за пратенички прашања во Собранието, истакна дека Владата води кредибилна и одговорна надворешна политика, заснована на заштита на националните интереси, достоинството на државата и стратешките приоритети. Одговарајќи на пратеничко прашање поврзано со евроинтегративниот процес и надворешната политика, министерот Муцунски потенцираше дека ...

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, изјави дека постапката за 100 автобуси е повторно распишана и се очекува да биде успешно завршена, паралелно со плановите за воведување на брз автобуски систем (БРТ). – Денеска е реобјавена постапката за 100 автобуси, искрено се надевам дека овој пат ќе биде успешна. За да не биде градот зависен само од централна власт, владата ќе обезбеди 100 автобуси, но, јас го започнувам за многу скоро ...

Во емисијата „Ноќно Студио“ на 4ТВ гостуваше портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски кој истакна дека тезата на СДС дека државата не сака да биде дел од Европската Унија е неоснована, посочувајќи дека Владата активно работи на исполнување на реформите, зајакнување на демократските капацитети и градење стратешки партнерства со повеќе европски и светски држави. „Сметам дека она коешто СДС сака да го прикаже е тоа дека ние водиме ...

Имаме можеби историски најголема криза, епска криза во енергетиката во последните 50 години, но сепак како влада без да правиме емотивни прес-конференции и без да се жалиме колку е тешко, а тешко е, успеавме да креираме модел кој резултираше во моментот со најдобри резултати, имајќи го предвид регионот, изјави премиерот Христијан Мицкоски на седницата за пратенички прашања. Посочи дека имаме доволно колични нафта и нафтени деривати и дека ...

Претседателот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети и претседателот на АА, Зијадин Села, во Приштина оствариле средба со американскиот конгресмен Кит Селф. Тие велат дека со претседателот на Поткомитетот за Европа во Американскиот конгрес разговарале за политичката состојба во Македонија, правата на Албанците, службената употреба на албанскиот јазик, како и за функционирањето на Уставниот суд и Бадентеровиот принцип. „На ...

weather icon

Скопје

14ᴼ / 14ᴼ
1.6
74%
1019
weather icon

Белград

17ᴼ / 13ᴼ
2.68
70%
1016
weather icon

Загреб

18ᴼ / 18ᴼ
1.42
78%
1014
weather icon

Софија

16ᴼ / 16ᴼ
1.56
80%
1019
weather icon

Сараево

16ᴼ / 16ᴼ
2.65
76%
1016
weather icon

Љубљана

15ᴼ / 12ᴼ
1.06
86%
1016
weather icon

Атина

22ᴼ / 18ᴼ
2.24
57%
1016
weather icon

Тирана

17ᴼ / 17ᴼ
1.85
67%
1017
weather icon

Подгорица

16ᴼ / 16ᴼ
2.96
62%
1018
weather icon

Букурешт

15ᴼ / 15ᴼ
1.34
89%
1014
weather icon

Будимпешта

18ᴼ / 17ᴼ
2.68
76%
1013
weather icon

Истанбул

16ᴼ / 13ᴼ
1.81
100%
1016
Currency

61.6417

Currency

53.2519

Currency

71.4228

Currency

37.518

Currency

38.0513

Currency

66.9089

Currency

7.86455

Currency

0.73496

Currency

0.33234

Currency

0.52573

Currency

1.15189

Currency

0.55992

Сребро

2186.28

Алуминиум

3.54

Калај

53.60

Рутениум

48965.59

Иридиум

253540.09

Платина

55170.68

Цинк

0.00

Кобалт

45.39

Паладиум

40767.15

Злато

135639.33

Бакар

13.01

Родиум

257205.97