Без сериозна, детална и болна анализа за причините што доведоа до драматичниот пад на довербата кај граѓаните, СДСМ нема да може да понуди одговор како повторно да ја врати поддршката. Ова отворено го призна поранешниот министер за внатрешни работи и висок функционер на СДСМ, Оливер Спасовски, во емисијата „Ноќно студио“ на 4ТВ. Правејќи ретроспектива на седумгодишното владеење на СДСМ, Спасовски посочи дека партијата направила сериозни ...

Зад владините тврдења за историски економски резултати и стабилна економија, се крие сериозна криза на ликвидноста во државната каса. Ова во емисијата „Ноќно студио“ на 4ТВ го предупреди пратеникот на СДСМ и поранешен министер Оливер Спасовски, коментирајќи го новото задолжување на Владата на меѓународниот финансиски пазар. Според Спасовски, самото брзање на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ да го донесе законот за задолжување по скратена ...

Поранешниот министер за внатрешни работи и актуелен пратеник Оливер Спасовски оцени дека системот „Сејф сити“ претставува важна алатка за подобрување на јавната безбедност и безбедноста во сообраќајот, но предупреди дека институциите мора целосно да одговорат на прашањата поврзани со заштитата на личните податоци на граѓаните. Во емисијата „Ноќно студио“ на 4ТВ, Спасовски истакна дека современите безбедносни предизвици не можат да се ...

Истражните центри во рамките на јавните обвинителства се единствените институции каде што законски може да се врши анализа на прибрани материјали од мобилни телефони и електронски уреди. Ова го истакна поранешниот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски во продолжението од гостувањето во емисијата „Ноќно студио“ на 4ТВ. Спасовски беше дециден дека во периодот додека раководел со Министерството за внатрешни работи, МВР немало ниту ...

Случајот со наводното криптирање и можно истекување доверливи податоци од Кабинетот на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова предизвика сериозна загриженост во јавноста, особено по информациите дека за случајот веќе се води предистрага. За ова прашање, во емисијата „Ноќно студио“ на 4ТВ, реагираше пратеникот и поранешен министер за внатрешни работи Оливер Спасовски, кој побара Обвинителството и надлежните институции итно и целосно да ...

Најновиот скандал со наводното истекување на информации од Кабинетот на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова отвора сериозни прашања за безбедносниот кредибилитет на Македонија пред меѓународните партнери и НАТО Алијансата. Ова во емисијата „Ноќно студио“ на 4ТВ го истакна пратеникот и поранешен министер за внатрешни работи Оливер Спасовски. Тој потенцираше дека Кабинетот на претседателот претставува институција од највисок ...

Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција веќе неколку месеци спроведува предистрага за можни незаконски активности во Кабинетот на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, поврзани со сомнежи за извлекување и енкриптирање доверливи податоци, објави „Слободен печат“. Според информациите, до редакцијата на медиумот и до Обвинителството била доставена анонимна кривична пријава потпишана од „група вработени во МВР“, во ...

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија, Ненад Савески, денеска во Сараево учествуваше на Третиот консултативен форум на државни и специјални обвинители од Западен Балкан, организиран од Европравда. На форумот присуствуваше и основниот јавен обвинител на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, Ислам Абази. Во своето обраќање, Савески порача дека само преку координирани дејствија, брза размена на ...

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска ги посети полициските службеници кои посетуваат обука спроведена од Центарот за обука при Министерството за внатрешни работи и УНФПА, во рамки на проектот „Превенција и заштита од родово базирано насилство – Фаза 3“, поддржан од Британската амбасада во Скопје. Станува збор за еден од осумте циклуси на обуки за „Почетна едукација на професионалците за родово базирано насилство врз ...

Падот на индустриското производство и намалувањето на бројот на рудари отвораат сериозно прашање за иднината на македонската економија. Во услови кога рударството е еден од клучните извозни сектори, нови концесии и инвестиции речиси нема, а дел од постојните рудници се соочуваат со проблеми. Ако економијата треба да се базира на извоз, тогаш како државата планира да го надомести падот токму во гранката што носи значителен извозен приход? ...

Соопштение за јавност на ДУИ: Изјавата на ВМРО- ДПМНЕ дека Владата бара „законско решение” за полагањето на правосудниот испит, кое наводно ќе било во согласност со Уставот и препораките на Венецијанската комисија, претставува уште еден обид за заобиколување и саботирање на Законот за употреба на јазиците. Проблемот не е во недостаток на законско решение. Решението веќе постои во самиот Закон за употреба на јазиците, поточно во член 23, ...

На денешната редовна седница на Управниот одбор на ЗЕЛС беа разгледани актуелните предизвици со кои се соочуваат општините, при што беа донесени повеќе значајни одлуки во интерес на граѓаните и локалната самоуправа. Како една од клучните мерки, Управниот одбор донесе одлука за формирање кризен противпожарен штаб при ЗЕЛС, со цел поефикасна координација меѓу општините и институциите во справувањето со евентуални пожари во текот на летниот ...

„Македонија предолго живееше со страв да не навреди некого ако се сака себеси”, рече министерот за култура и туризам Зоран Љутков на одбележувањето на 150-годишнината од Разловечкото востание во с. Разловци. На свеченоста по повод јубилејот, министерот истакна дека Разловци претставува „највисок пантеон на македонскиот опстој” и симбол на непокорот што, како што рече, „никој не успеал да го замолчи”. Во своето обраќање, министерот нагласи ...

На 18.05.2026 во 22:18 часот на автопат А1 кај клучка Смоквица, гевгелиско, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија од слобода косовскиот државјанин Б.Т.(30). При контрола на патниот сообраќај со радар, полициските службеници констатирале дека Б.Т. управувал патничко возило „ауди а6“ со косовски национални ознаки со брзина од 203 километри на час, на место каде со сообраќаен знак брзината на движење е ограничена на ...

На 18.05.2026 во 19:15 часот во СВР Скопје, О.С.(45) од Скопје пријави дека околу 14:30 часот во средно училиште на подрачјето на Карпош, неговата 17-годишна ќерка била физички нападната од нејзин соученик, кој според пријавеното подолг период психички ја малтретирал. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. На 18.05.2026 во 19:15 часот во СВР Скопје, О.С.(45) од Скопје пријави дека околу 14:30 часот во средно училиште на ...

На 18.05.2026 околу 15:40 часот во СВР Скопје е пријавено дека во с.Јурумлери, скопско, на крстосница од регионален пат Скопје-Велес и општински пат с.Јурумлери-с.Долно Лисиче се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „шкода” со скопски регистарски ознаки, управувано од М.И.(44) од Скопје и мотоцикл со скопски регистарски ознаки, управуван од М.П.(33)од с.Идризово, скопско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил ...

На 19.05.2026 околу 00:10 часот во ОВР Гевгелија е пријавено дека на регионалниот пат Богданци – Гевгелија, патничко возило „фиат” со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од Д.Б.(50) од Богданци, излетало од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот и неговиот сопатник С.П.(52) од Богданци, констатирани во Медицински центар Гевгелија. Извршен е увид од увидна екипа на ОВР Гевгелија. На 19.05.2026 околу ...

Соопштение за јавност на ВЛЕН: ВЛЕН на дело докажува дека политиката ја разбира единствено како обврска за носење решенија, а не како платформа за празни зборови и бескрајни ветувања. Нашата мисија е јасна, институционално да ги исправиме неправдите кои со децении беа наталожувани како последица на половични решенија и политички пазарења од минатото. Студентите и младите генерации се нашето најголемо богатство и нивна обврска е да учат, ...

Потпретседателот на Демократската унија за интеграција, Бујар Османи, ќе учествува на Athens Defence Summit, на панелот „Безбедноста на Европа на раскрсница”, каде ќе се дискутира за новите безбедносни предизвици во Европа по руската агресија врз Украина и импликациите за регионот на Западен Балкан. Во своето обраќање, Османи ќе нагласи дека на Балканот проблемите ретко започнуваат со безбедносни предизвици. Тие започнуваат многу порано ...

Прес конференција на претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче Граѓаните добија уште едно јавно и многу јасно признание од организираната криминална група на Христијан и ВМРО, а тоа е дека во владата врие од луѓе со бугарски пасоши. Одбија да го прифатат предлог-законот наш на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, со кој премиерот, вицепремиерите, министрите и членовите на Владата не би можеле да имаат двојни државјанства. Се поставува ...

Со одржувањето на 11-от Форум на Јадранско-јонската иницијатива (AII) и Стратегијата на ЕУ за Јадранско-јонскиот регион (EUSAIR), што се одржа во Скопје, државата успешно го заокружи своето едногодишно претседателство со AII/EUSAIR за периодот 2025–2026 година. Форумот, кој обедини високи претставници на владите, европските институции, регионалните организации, академската заедница, граѓанскиот сектор и младите, претставуваше значајна ...

Реакција на министерот за правда, Игор Филков за протестите за полагање на правосуден испит на албански јазик Најостро реагирам на обидот, полагањето на правосудниот испит да се претвори во поле за политички притисок и етничка конфронтација. Правосудниот испит не е прашање на политика, туку прашање на стручност, професионалност и почитување на правниот поредок на државата. . Обидите да се прикаже законската обврска за познавање на ...

Регионално признатиот виртуоз, пијанист и композитор Васил Хаџиманов, заедно со неговиот бенд, ќе бидат специјални гости на големиот самостоен концерт на Архангел, насловен „Срцевина”, закажан за 13 јуни на стадионот на АРМ во Скопје. Ова концертно гостување е резултат на новата студиска соработка меѓу фронтменот на Архангел, Ристо Вртев и Хаџиманов. Отворајќи го сопствениот креативен процес кон други врвни музичари, Вртев истакнува дека ...

На 18.05.2026 во 21:10 часот во село Неготино, гостиварско, полициски службеници од Полициското одделение Галате, го привеле В.А.(52) од село Неготино. Тој бил баран со наредба од Основен суд Гостивар за издржување на затворска казна во траење од една година и шест месеци за сторено кривично дело по член 215 од Кривичниот законик – „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. Тој ...

Новите законски решенија воведуваат значителни промени во начинот на финансирање на студентското сместување и распределбата на стипендиите. Со новиот закон се воведува категоризација на студентските домови во два типа: Тип 1: Енергетски ефикасни и реконструирани објекти. Тип 2: Постојни, односно нереновирани студентски домови. Министерството за образование го менува моделот на финансирање на сместувањето и исхраната, па така за домовите ...

Соопштение за јавност на СДСМ: По падот на Виктор Орбан, во Унгарија започна процес на нормализација – Унгарија и Украина сега разговараат за правата на унгарското малцинство. Со години Орбан намерно го блокираше овој процес за да ја чува тензијата, да ја држи Унгарија во конфронтација со ЕУ и да ги штити руските интереси. Иста политика применува и Христијан Мицкоски. Тој намерно ја блокира уставната измена за малцинствата, не за да го ...

Вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар Николоски на својот фејсбук профил објави дека во Хрватска е усвоен Закон со кој професионалните возачи ќе можат да добиваат долгорочни визи. “Во Хрватска е усвоен законот со кој професионалните возачи ќе можат да добиваат долгорочни визи. Тоа е чекор напред во решение на проблемот кој произлезе со воведување на ЕЕС системот во Шенген зоната. Овој закон многу ќе помогне на ...

Соопштение за јавност на Левица: Додека партиите на власт пропагираат многудетни семејства и апели за зголемување на наталитетот, фактите укажуваат дека државата воопшто или многу малку се грижи за детскиот стандард. Фрапантни се податоците кои укажуваат на фактот дека секое трето дете во Македонија е сиромашно. Најсклони кон сиромаштија се повеќедетните семејства, децата на самохрани родители, децата со социјален ризик. Иако во државата ...

Во пресрет на првиот „Digital Bridge & Business ICT Forum 2026″, помеѓу Северна Македонија и Грција, претседателот на МАСИТ, Јордан Димитровски и директорката на Извршната канцеларија на МАСИТ, Елена Петрушевска, остварија средба со амбасадорката на Република Грција во земјава, Н.Е. Софија Филипиду. На средбата беше потврдена заедничката заложба за продлабочување на економската и технолошката соработка меѓу Северна Македонија и ...

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека постои „многу добра шанса“ Соединетите Американски Држави да постигнат договор со Иран за да се спречи Техеран да дојде до нуклеарно оружје. Изјавата доаѓа само неколку часа откако Трамп соопшти дека го одложил планираниот воен напад врз Иран со цел да продолжат преговорите. Тој рече дека лидерите на клучните американски сојузници на Блискиот Исток побарале од него да го одложи нападот, ...

weather icon

Скопје

28ᴼ / 28ᴼ
1.71
30%
1012
weather icon

Белград

33ᴼ / 30ᴼ
3.56
47%
1009
weather icon

Загреб

30ᴼ / 30ᴼ
0.45
42%
1009
weather icon

Софија

28ᴼ / 28ᴼ
2.25
38%
1012
weather icon

Сараево

29ᴼ / 29ᴼ
3.97
34%
1010
weather icon

Љубљана

29ᴼ / 27ᴼ
1.79
50%
1008
weather icon

Атина

28ᴼ / 25ᴼ
4.02
53%
1014
weather icon

Тирана

27ᴼ / 27ᴼ
2.05
48%
1015
weather icon

Подгорица

27ᴼ / 27ᴼ
3.3
43%
1014
weather icon

Букурешт

29ᴼ / 27ᴼ
3.58
38%
1010
weather icon

Будимпешта

21ᴼ / 19ᴼ
2.68
79%
1011
weather icon

Истанбул

25ᴼ / 24ᴼ
1.08
55%
1014
Currency

61.6417

Currency

53.2519

Currency

71.4228

Currency

37.518

Currency

38.0513

Currency

66.9089

Currency

7.86455

Currency

0.73496

Currency

0.33234

Currency

0.52573

Currency

1.15189

Currency

0.55992

Алуминиум

3.54

Родиум

257205.97

Рутениум

48965.59

Кобалт

45.39

Злато

135639.33

Цинк

0.00

Паладиум

40767.15

Платина

55170.68

Бакар

13.01

Иридиум

253540.09

Сребро

2186.28

Калај

53.60