Скопје
-5ᴼ /
-5ᴼ
Регулаторна комисија за енергетика (РКЕ) донесе одлука за зголемување на цената на електричната енергија за домаќинствата, по доставено барање од ЕВН Хоум. Како што информира претседателот на РКЕ, Марко Бислимовски, на денешната прес-конференција, цената на електричната енергија ќе се зголеми по блокови: За евтината тарифа, РКЕ одлучи зголемување од 2,50%. Бислимовски појасни дека ЕВН Хоум побарал значително повисоко поскапување, од околу ...
Прес конференција на Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ ЕСМ Снабдување со топлина, било третирано како партиски плен на СДС и ДУИ, затоа ќерката на Талат Џафери била дел од Надзорниот одбор. Истиот оној Талат Џафери, кој СДС и ДУИ со две раце го гласаа, за да стане незаконски претседател на Собрание и неговата ќерка да биде изгласана да биде дел од Надзорниот одбор на ЕСМ. Затоа на СДС и ДУИ не им се допаѓа темата, затоа што во ...
Поради појава на магла се бележи намалена видливост од 40 метри на патниот правец од Тетово до село Гајре, а сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно влажни коловози. Како што информира АМСМ, интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, ...
Вчера се одржа новогодишниот коктел на Клубот на почесни конзули, на кој присуствуваа членовите на клубот – почесните конзули на странски држави во Македонија, како и министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски. Министерот Муцунски ја истакна значајната улога на почесните конзули во одржувањето и развојот на односите помеѓу земјите кои ги претставуваат и Република Северна Македонија. Тој уште еднаш реафирмираше ...
Денеска во Министерството за внатрешни работи беше отворено ново стрелиште кое што ќе осигура сите форензички испитувања на балистички докази поврзани со мало и лесно оружје да се спроведуваат во безбедна и сигурна средина, во согласност со меѓународните стандарди. „Потребата од вакво стрелиште е повеќе од јасна, бидејќи секоја полициска организација значително ја зголемува својата ефикасност кога располага со стрелиште оформено како ...
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски во својство на претседател на Националниот совет за развој, денеска да ја отвори четвртата седница на Советот, кој според него, како постојано советодавно тело на Владата, има исклучително значајна улога во обликувањето на долгорочната визија и развојниот пат на државата. „Со особено задоволство го поздравувам вашето присуство и ви се заблагодарувам за ...
Учениците ќе следат настава до крајот на месецов и потоа заминуваат на зимски распуст. Ќе нема порано распуштање поради загадувањето. Прашана дали поради загадениот воздух МОН размислува за предвремено завршување на првото полугодие од учебната 2025/2026, министерката Весна Јаневска денеска изјави дека остануваат уште малку денови до распустот. Како што рече, во овој момент немаат информации дека нивното здравје е загрозено и дека не е ...
Овен Денот носи зголемена енергија и силна потреба да преземете иницијатива. На професионален план можно е да се појави нова задача која ќе бара брза одлука, но внимавајте на импулсивните реакции. Подобро е да застанете чекор назад и да ја согледате целата слика. Во љубовта, слободните Овни може да влезат во интересно познанство, додека зафатените треба да вложат повеќе трпение и разбирање. Здравјето е стабилно, но избегнувајте ...
Винс Зампела, визионерски развивач на видео игри и еден од клучните луѓе зад глобално популарната франшиза „Call of Duty“, загина во тешка сообраќајна несреќа во недела попладне. Несреќата се случи на автопатот Анџелес Крест во Јужна Калифорнија кога Зампела ја изгуби контролата врз своето Ферари, пишува NBC Los Angeles. Според извештајот на Калифорниската сообраќајна полиција (CHP), несреќата се случила околу 12:45 часот. Зампела возел ...
Љубителите на класичната музика на 26 декември ќе имаат можност да уживаат во вечер исполнета со емоции, виртуозност и уметничка инспирација. Младиот и исклучително талентиран пијанист Арда Мустафаоглу ќе одржи пијано концерт во Cevahir Mall Skopje, со почеток во 18:00 часот. Публиката ќе биде поведена на музичко патување каде секој тон носи приказна, а пијаното станува глас на емоциите. Настапот ветува длабоко доживување на класичната ...
Општина Аеродром воведува нов, транспарентен и целосно анонимен начин преку кој граѓаните ќе можат да дадат оцена и мислење за квалитетот на работењето на Општината, како и за работата на секој вработен поединечно. Целта на оваа иницијатива е директно вклучување на граѓаните во процесот на унапредување на локалната самоуправа, преку идентификување на позитивните практики, како и на областите во кои постои простор за подобрување. На тој ...
ЈП Паркинзи на Општина Центар во периодот од 15.12. до 21.12.2025 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ отстранија 123 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот. За трајно решение на сообраќајниот метеж и проблемот со неправилното паркирање неопходна е поголема сообраќајна култура, затоа ЈП ПОЦ во наредниот период ќе продолжи со секојдневно отстранување на сите непрописно и ...
Од 24 до 28 декември, просторот пред СЦ „Борис Трајковски“ ќе се претвори во вистинска празнична сцена исполнета со вкусна улична храна, богата музичка програма и зимска атмосфера за сите генерации. WINTERFESTIVAL носи градска предновогодишна дружба каква што Скопје одамна посакува. Посетителите ќе имаат можност да уживаат во внимателно одбрани street food брендови, меѓу кои: Jojo’s, Sorelle, Destan, Milkey, Oljo’s, La Pizza, Smash ...
Лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг-ун заедно со неговата ќерка Џу Ае присуствуваше на отворање на хотели и го пофали економскиот напредок на земјата, објавија денеска севернокорејските државни медиуми. За време на викендот беа отворени пет хотели во туристичката зона Самџијон, во близина на границата со Кина. Ким истакна дека хотелите се „јасен доказ за растечкиот статус на нашиот народ и потенцијалот за развој на нашата земја“. Тој само ...
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата на две нови транши кон Развојната банка за поддршка на домашните компании. Имено, исплатени се транша во вредност од 305 милиони денари и транша од 568 милиони денари, односно вкупно 873 милиони денари или 14,2 милиони евра. Со исплатата на овие транши вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 217,5 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на ...
Управата за Јавни приходи Ве потсетува дека како организатор на зелен пазар, имате обврска до Управата за јавни приходи да поднесете Извештај за корисниците на продажните места на зелените пазари (образец ПДД-И/ЗП), преку системот https://e-ujp.ujp.gov.mk./ureg/login.seam Извештајот ПДД-И/ЗП се поднесува посебно за секој одделен зелен пазар. Доколку во текот на годината настане промена на бројот на корисници на зелениот пазар трговецот е ...
И покрај вложените над 143 милиони евра за изградба на трите магистрални гасоводи, тие се уште не се ставени во употреба, утврди Државниот завод за ревизија (ДЗР) во ревизијата на усогласеност на АД за вршење на енергетска дејност пренос на природен гас НОМАГАС Скопје во државна сопственост за 2024 година во која изрази неповолно мислење за реалноста и објективноста на финансиските извештаи за 2024 година и за усогласеност со законската ...
Денеска во Кино Фросина – МКЦ ќе се одржи хуманитарен настан по повод одбележување на јубилеј – 15 години од формирањето на Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство. Настанот ќе започне во 18:30 часот и е од хуманитарен карактер, а прибраните донации од истиот се предвидени за Интервентниот женски фонд наменет за помош на жени кои се жртви на насилство и кои сакаат да ја напуштат насилната средина. Националната ...
Во текот на претстојниот празничен период, ризикот од пожари во објектите се зголемува поради невнимателната употреба на празничните украси, од светла до свеќи и прскалки. Особено е важно да се нагласи дека новогодишните елки и разните пластични украси лесно горат, а огнот може брзо да се прошири на околниот мебел, соопштија денеска од ТППЕ Струмица. Според пожарникарите, важно е да се следат нивните совети и препораки и да не се оставаат ...
Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Куманово поднесе кривична пријава против В.Б., во својство на извршен член на Одборот на директори на Друштвото за спортски дејности Кошаркарски клуб Куманово 2009 АД Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „Злоупотреба на службената положба и овластување“ од член 353 став 4 и 5 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Според пријавата, В.Б., ...
Сообраќајот на граничните премини Евзони и Ники кон нашата земја за влез и излез од Грција, во следните денови, до петок ќе се одвива непречено, со оглед на тоа што грчките земјоделци одлучиле привремено, поради Божиќ, да ги стават во мирување блокадите, според грчката новинска агенција АНА-МПА, но тракторите ќе останат паркирани на границите, јави дописничката на МИА од Атина. На граничниот премин Евзони (Богородица) земјоделскиот блок ...
„Инфлацијата во земјава е стабилизирана и инфлациските очекувања се закотвени, додека девизните резерви се на високо ниво и обезбедуваат силна гаранција за стабилноста на девизниот курс”, порача гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, во гостување во емисијата „24 анализа”. Гувернерот истакна дека трендовите кај инфлацијата во изминатите месеци укажуваат на јасна стабилизација, при што во два наврата е забележано и месечно ...
Македонската машка ракометна репрезентација ги почна денеска подготовките за настап на јануарското Европско првенство на кое во групната фаза за противници ќе ги имаат Данска, Португалија и Романија. Селекторот Кирил Лазаров истакна дека репрезентацијата максимално квалитетно ќе се подготви за противниците во групата која ја оцени како исклучително тешка. Македонскиот национален тим првите денови од подготовките ќе ги мине во Скопје, по ...
Македонската фудбалска репрезентација е на 66. место на најновата ранг-листа на ФИФА, последна за 2025 година. Македонските фудбалери на декемвриската ранг-листа, објавена денеска, назадуваа едно место со идентичен број бодови (1378.57) како и на претходното рангирање. Шпанија остана на првото место, пред Аргентина, Франција и Англија. Од последното рангирање објавено на 19 ноември, одиграни се само 42 меѓународни натпревари, па затоа ...
Поранешниот бразилски фудбалер Дани Алвеш ги договори сите детали за купување на португалскиот третолигаш Сао Жоао де Вер, јави денеска ЕСПН. Според истиот извор, Алвеш, воедно, ја разгледува можноста да потпише шестмесечен договор и да настапува за португалскиот нисколигаш. За клубот во моментов настапуваат тројца бразилски фудбалери. Алвеш последен пат се најде на теренот во јануари 2023 година, кога беше уапсен во Барселона откако жена ...
Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, откри дека неговите играчи ќе бидат измерени штом ќе се вратат од краткиот божиќен одмор. Целта е да се провери дали ја одржале потребната физичка подготвеност за натпреварот против Нотингем Форест закажан за 27 декември, пишуваат британските медиуми. По победата од 3:0 над Вест Хем во саботата, Гвардиола јасно стави до знаење што очекува од својот тим за време на празниците. Играчите беа ...
Со силна емоција, препознатлив вокален израз и празнична атмосфера, Sarah Mace & The Girlzz синоќа го одржаа првиот концерт во рамките на декемврискиот музички караван „Нека трепка“, настапувајќи пред бројна публика во Битола, во рамки на манифестацијата „Зимска приказна“. Сара Мејс, заедно со Ана Петановска, Калина Велковска – Кали и Теа Богатинова, во придружба на Божиќниот оркестар под диригентската палка на Иван Еминовиќ, на ...
Сите кои ќе сакаат да го посетат Рим, а истовремено и да уживаат во глетката на фонтаната Ди Треви од февруари ќе мора да плаќаат две евра. Одлуката, која ја соопшти градоначалникот на Рим, Роберто Гвалтиери, се очекува на градот да му донесе околу 6,5 милиони евра годишно. Гвалтиери посочи дека пренатрупаноста и зачестените кражби биле една од главните причини за воведување контролиран пристап. Фонтаната Ди треви е една од ...
Инженерка од Германија стана првиот човек во ортопедска количка во светот кој отпатува во Вселената. Михаела – „Михи“ Бентаус, која претрпела повреда на ‘рбетниот мозок во несреќа со планински велосипед пред седум години, потоа преку интернет контактирала пензиониран вселенски инженер, во обид да го следи нејзиниот сон и да стане астронаут. Тоа сè уште било можно. Таа во саботата беше патничка на 10-минутен лет со „Блу ориџин“ (Blue ...
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денес беше во посета на средните училишта во Скопје, каде што изврши увид во новата опрема и подобрените услови за настава и работа. Градот Скопје интензивно работи на унапредување на условите во средното образование, со конкретни и видливи резултати за краток временски период. Посветеноста кон создавање современи, безбедни и достоинствени услови за учење и работа во училиштата претставува ...