Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска одржа работен појадок со амбасадорот на Европската Унија во земјата, Михалис Рокас, и амбасадорите на земјите членки на Европската Унија акредитирани во Република Северна Македонија. На средбата, министерот Муцунски ги информираше присутните за актуелните политички и реформски процеси во државата, со посебен осврт на напредокот во исполнувањето на обврските ...

Соопштение за јавност на СДСМ: Европската комисија стави на располагање 65,7 милиони евра за Северна Македонија. Овие средства ги добија сите земји кандидати во регионот како дел од Планот за раст за Западен Балкан, освен Србија. Зошто Србија не ги доби? Затоа што сестринската партија на ВМРО – СНС на Вучиќ – со години ги блокира реформите. Не ја спроведоа реформата на правосудството, туку воведоа закони во целосна спротивност со ...

Пет земји членки на Европската Унија предложија „активна и систематска“ постепена интеграција на земјите од Западен Балкан во главните сектори на единствениот пазар на ЕУ пред нивното полноправно членство, врз основа на постигнатите резултати во усогласувањето со европското законодавство и владеењето на правото, со цел да се одржи динамиката на проширувањето, да се забрзаат реформите и да се спречи влијанието на трети земји. Во ...

Новиот унгарски премиер Петер Маѓар, заедно со полскиот премиер Доналд Туск, денеска од Варшава испрати порака дека е време да се обнови старото влијание и сјај на Вишеградската група (В4), при што Маѓар предложи нејзино проширување и со земјите од Западен Балкан кои сè уште не се дел од Европската Унија. – Подготвен сум да ја прошириме соработката на Вишеградската четворка и на други земји – можеби скандинавските држави, Австрија, ...

На 19.05.2026 во 22:30 часот, полициски службеници од Полициската станица за гранични проверки и граничен надзор Богородица го лишија од слобода Т.Х.(51) од Гостивар, со живеалиште во Скопје. Имено, околу 21:40 часот, при опсервација на терен, забележана е и спречена група од пет лица – турски државјани и Т.Х., кој им бил придружба, при обид илегално да ја преминат границата од Р.С. Македонија кон Република Грција. Турските државјани се ...

Прес конференција на претседтаелот на ГО СДСМ, Александар Давчевски Денеска нема да зборуваме за нова епизода од лошо изрежираната ПР серија на градската власт туку за реалноста што ја гледат скопјани секој ден штом излезам од дома. Зад целата таа ароганција, зад навредите и театарот што го гледаме на седниците на Советот, се крие една многу потемна, но и многу појасна слика – слика на неспособност, матни тендери и целосно запоставено ...

Припадниците на Логистичката база (ЛБ) денеска во касарната „Илинден“ во Скопје со воена свеченост го одбележаа 20 Мај – Денот на Логистичката база, единица која претставува носечки столб на логистичката поддршка во Армијата. На свеченоста присуствуваа министерот за одбрана, Владо Мисајловски, заменик-министерот за одбрана, Адмир Шабани, заменикот на началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Азим Нуредин, генерали во ...

„Тоа што го говорев пред неколку недели во интервју за Сител Телевизија, денеска и официјално се потврди – Европската комисија соопшти дека става на располагање 65,7 милиони евра за нашата држава во рамки на Инструментот за реформи и раст, што претставува највисок износ во регионот, во споредба со 49 милиони евра за Албанија и 44,2 милиони евра за Црна Гора”, напиша министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски на ...

Пет години и шест месеци е изречената затворска казна за П.С од Охрид, кој во јануари годинава успеал да измами осум повозрасни граѓани од Штип и Виница, со приказната за лажниот доктор, односно дека се потребни пари за операции на нивните деца или внуци поради скршеници. За само еден месец на наивните граѓани успеал да им земе 56.000 евра. Портпаролот на Основниот суд-Штип, воедно и претседател на Кривичниот совет, судијата Сашко ...

По повод Денот на пожарникарството, беше упатена честитка и изразена длабока благодарност до сите пожарникари за нивната пожртвуваност, храброст и несебична служба кон граѓаните. Во обраќањето беше истакнато дека пожарникарите се херои на секојдневието – луѓе кои секогаш се први таму каде што опасноста е најголема и кои секојдневно ги ризикуваат сопствените животи за да спасат човечки животи, домови и имоти. Беше нагласено дека ...

Со објава на социјалната мрежа „Икс“, иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи, испрати остро предупредување дека евентуално ново разгорување на конфликтот со САД и Израел би донело, како што вели, „многу поголеми изненадувања“. – Нашите моќни вооружени сили се етаблираа како првите што го соборија широко рекламираниот ловец „Ф-35“ – изјави тој. Со научените лекции и стекнатото знаење враќањето во војна ќе донесе уште поголеми ...

Премиерот, Христијан Мицкоски, даде краток коментар во врска со аферата за шпионажа во кабинетот на претседателката, Гордана Сиљановска – Давкова. Тој кусо рече дека станува збор за „глодари“ и за „шпионски талог во општеството“. Мицкоски го спомена и шефот на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, Ислам Абази, за кој рече дека шири паника во јавноста. „Тоа се шпионски талог на општеството, структури од минатото ...

Реакција на Левица за новото задолжување: Новото задолжување од 260 милиони евра кое Владата на Христијан Мицкоски се обидува да го претстави како „финансиски успех”, всушност е уште еден доказ дека државната каса е испразнета од расипничко, нетранспарентно и неодговорно работење. Додека министерката за финансии зборува за „доверба на меѓународните пазари”, граѓаните треба да знаат дека ова не е евтин кредит, туку скапо комерцијално ...

Во Македонскиот културно-информативен центар во Истанбул, утревечер, со почеток во 19:00 часот, ќе се одржи концерт на ансамблот „Алтус НЗ“, составен од уметниците Елена Стојческа – флејта, Гонца Богоромова-Краповски – сопран, Паскал Краповски – виолончело и Ромен Петио – гитара. Музичарите се дел од ансамблот „Алтус НЗ“ (Altus NB) – македонско-француска уметничка платформа посветена на современото музичко творештво и афирмација на ...

Простор за едукација на околу 200 деца ќе се овозможи со доградба на осум училници во ООУ „Јоаким Крчовски“ во населено место Волково-Орман во општина Ѓорче Петров. Камен телемникот на доградбата денеска беше поставен во присуство на премиерот Христијан Мицкоски и општинските власти. Проектот е финасиран со 42 милиони денари преку вториот повик на Владата. – Денеска одбележуваме 80 години јубилеј на училиштето и ги поставуваме темелите за ...

Русија и Кина во голема мера постигнаа согласност за основните параметри на проектот за гасоводот „Силата на Сибир 2“, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, пренесува ТАСС. Претседателот денеска за време на преговорите соопшти дека генерално постои согласност за главните параметри на „Силата на Сибир 2“. Ова се однесува како за маршрутата, така и за начинот на кој ќе се гради, изјави Песков пред новинарите. Тој истакна дека ...

Со изведување докази на обвинителите, денеска продолжи судењето за пожарот што избувна во дискотеката „Пулс“ во Кочани на 16 март 2025, во кој животот го загубија 63 лица, а над 200 беа повредени. На судењето обвинителите приложија докази – видео снимки и фотографии поврзани со објектот – клубот „Пулс“ од критичната вечер, па и низ годините во минатото кога работел. – Ќе може да видите дека постојат околности што се однесуваат на ...

Пратеничка на СДСМ, Сања Лукаревска, во емисијата „Само Вистина” на Канал 5, реагираше на одбивањето на власта да го поддржи предлог-законот на СДСМ со кој премиерот, вицепремиерите, министрите и членовите на Владата нема да можат да имаат двојни државјанства. Лукаревска обвини дека власта избегна да даде јасен одговор зошто законот не доби поддршка и рече дека зад тоа стојат заткулисни игри. „Да објаснат зошто веднаш го тргнаа законот, ...

Загубите на вода на национално ниво во 2025 година изнесувале 63,05 проценти и се помали за 0,16 проценти во споредба со 2024 година – покажуваат податоците од Годишниот извештај за 2025 година за работата на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад(РКЕ). Намалување од 0,33 метри кубни има и кај просечната месечна потрошувачка на домаќинствата на вода која во 2025 година изнесувала 12,59 ...

Вредноста на синдикалната минимална кошница за мај годинава изнесува 68.743 денари и споредена со вредноста од април кога изнесуваше 68.797 денари е намалена за 54 денари, соопшти денеска Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ). Со изнајмен стан од 60 квадрати синдикалната минимална кошница за мај изнесува 84.117 денари. Вредноста на синдикалната минимална кошница за мај годинава изнесува 68.743 денари и споредена со вредноста од ...

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција веќе подолг период нема повратна информација од Министерството за внатрешни работи во врска со сомнежите за оддавање службени тајни и можни шпионски активности во Кабинетот на претседателката, Гордана Сиљановска-Давкова. Како што се наведува, обвинителството ја започнало постапката на 18 декември 2025 година, веднаш по добивањето на известувањето од Секторот за ...

На граничниот премин Табановце е спречен обид за нелегален пренос на кеш пари во износ од половина милион евра, соопшти денеска директорот на Царинската управа, Бобан Николовски. Како што информира Николовски, парите се пронајдени во специјално конструиран бункер во минибус, спакувани во ќеси. Според директорот, чии се еврата ќе треба да утврдат другите надлежни институции, но извесно е дека ќе се влеат во државниот буџет и ќе се ...

На Генералното собрание на Асоцијацијата на издавачки тела (AIB), Националниот оператор на пазар на електрична енергија МЕМО ДООЕЛ Скопје стана полноправна членка на Асоцијацијата. Со тоа, заедно со активностите кои ги преземаат Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини и Секретаријатот на Енергетската заедница за взаемно признавање на Гаранциите на потекло на електрична енергија (Guarantees of Origin – GOs), помеѓу ...

Општина Чаир го претставува „Културно лето на Чаир 2026″, едномесечна програма со културни, уметнички, спортски и забавни активности за сите генерации. Од 1 до 30 јуни, Чаршијата и повеќе локации на територијата на општината ќе се претворат во центри на културата, традицијата, музиката и креативноста, преку низа активности кои имаат за цел збогатување на јавниот живот и промоција на културните вредности. „Културно лето на Чаир 2026″ ...

Литванија денеска го запре сообраќајот на аеродромот во главниот град и издаде предупредување за „воздушна опасност“ поради загриженост дека беспилотни летала навлегле во воздушниот простор на земјата. Според информациите на „Делфи“, најголемиот информативен портал во земјата, литванскиот претседател Гитанас Науседа, премиерката Инга Ругиниене и претседателот на Сејмасот, Јуозас Олекас, веднаш биле преместени во засолништа. – Веднаш ...

Прес конференција на Маријан Јовановски, СДСМ: Од општина која некогаш беше пример за спортот и здравиот развој на младите, Аеродром денес е пример за негрижа и целосно запоставување на условите за спортување во општината. Негрижата на градоначалниците од ВМРО-ОКГ во Аеродром, која трае веќе со години, придонесе сликата денес за спортските игралишта да биде очајна. Кошеви без обрачи, голови без стативи, руинирани и неосветлени терени се ...

На 19.05.2026 во 18:00 часот во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово лишија од слобода 16-годишен малолетник од Тетово поради постоење на основано сомнение за сторени кривични дело по член 236 од Кривичниот законик – „тешка кражба“. Имено, тој се сомничи дека во изминатите две недели извршил кражби во неколку џамии, а последен пат во џамија на улица „176“ во Тетово, каде што со употреба на сила ја разбил металната каса за донации и ...

Соопштение за јавност на ВЛЕН: На ДУИ ѝ пропадна уште еден обид. Веќе ништо не им оди од рака. Пробаа со шатори, наводно за заштита на албанскиот јазик, а завршија со нон грата. Пробаа со писма до меѓународните претставници и добија нула одговори. Пробаа со политичката измама наречена референдум и изгубија со 10 општини во корист на ВЛЕН. На крај се обидоа да се перат преку грбот на студентите. И тоа им пропадна. Протестот заврши, но ...

Претставници на земјите-членки на Европската Унија и на Европскиот Парламент постигнаа договор за спроведување на контроверзниот царински договор со САД. Кипарското претседателство со Советот на ЕУ соопшти дека преговарачите постигнале привремен договор за две регулативи со кои се спроведуваат намалувањата на царините договорени во заедничката изјава меѓу ЕУ и САД. Под притисок од неодамнешните закани на американскиот претседател Доналд ...

Украинскиот пристанишен град Одеса е под интензивен напад со дронови, одекнуваат силни детонации, соопшти преку својот профил на „Телеграм“ шефот на Регионалната воена администрација, Олег Кипер. Според локални информации, повеќе од 20 дронови го нападнале ураинскиот град од акваторијата на Црното Море, а локалните власти апелираат граѓаните да се засолнат во скривниците. Инаку, најмалку 11 лица се повредени по руски напади врз градот ...

weather icon

Скопје

27ᴼ / 27ᴼ
2.06
33%
1014
weather icon

Белград

30ᴼ / 29ᴼ
0.89
46%
1012
weather icon

Загреб

29ᴼ / 29ᴼ
1.78
46%
1011
weather icon

Софија

24ᴼ / 24ᴼ
2.52
40%
1015
weather icon

Сараево

29ᴼ / 29ᴼ
3.21
35%
1013
weather icon

Љубљана

29ᴼ / 27ᴼ
0.45
49%
1011
weather icon

Атина

29ᴼ / 26ᴼ
1.79
44%
1015
weather icon

Тирана

28ᴼ / 28ᴼ
3.54
40%
1016
weather icon

Подгорица

27ᴼ / 27ᴼ
2.4
38%
1016
weather icon

Букурешт

27ᴼ / 26ᴼ
3.13
44%
1012
weather icon

Будимпешта

24ᴼ / 22ᴼ
4.02
48%
1011
weather icon

Истанбул

22ᴼ / 22ᴼ
1.17
65%
1015
Currency

61.6417

Currency

53.2519

Currency

71.4228

Currency

37.518

Currency

38.0513

Currency

66.9089

Currency

7.86455

Currency

0.73496

Currency

0.33234

Currency

0.52573

Currency

1.15189

Currency

0.55992

Калај

53.60

Рутениум

48965.59

Платина

55170.68

Цинк

0.00

Иридиум

253540.09

Паладиум

40767.15

Бакар

13.01

Алуминиум

3.54

Кобалт

45.39

Родиум

257205.97

Сребро

2186.28

Злато

135639.33