Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ му честиташе на светскиот рекет број еден Јаник Синер за комплетирање на трофеите од сите Мастерс турнири. Италијанецот стана вториот играч во историјата на Здружението на тениски професионалци (АТП) кој победил на секој АТП 1000 турнир во календарот. Синер го постигна овој подвиг откако го победи Норвежанецот Каспер Руд (6-4, 6-4) во финалето на АТП 1000 турнирот во Рим. – Честитки, Јаник! Импресивно. ...

На 17.05.2026 во 12:00 часот во СВР Скопје, 21-годишна жена од Скопје пријави дека околу 11:30 часот во семејниот дом во скопско, по претходна расправија, била физички нападната од нејзиниот 23-годишен брат, по што му возвратила. Подоцна, во 21:30 часот, 23-годишникот пријави дека по претходно недоразбирање, бил физички нападнат од неговата 21-годишна сестра, по што ѝ возвратил. Извршен е службен разговор со 23-годишникот и по целосно ...

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски денес оствари конструктивна средба со постојаниот координатор на Обединетите Нации, Рита Колумбиа, на која беа разгледани тековните и идните можности за соработка меѓу Град Скопје и Обединетите Нации. На средбата се разговараше за проектите што Град Скопје ги реализира со цел обезбедување рамномерен и одржлив развој на сите градски населби, со посебен акцент на подобрување на квалитетот на ...

Даночно затајување во износ од 7.426.323 денари утврди Управата за финансиска полиција, која до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против две лица управители на правно лице и едно правно лице. Како што соопшти Управата, пријавените М. Ш. и Ж. Р., како управители на правното лице, се сомничат дека во повеќе наврати, свесно и со намера да стекнат противправна имотна корист, не пресметале, не пријавиле и не платиле ...

Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ одби да даде согласност за предложениот израелски амбасадор Нисан Амдур поради „актуелната политика на израелските власти“, соопшти денеска неговиот кабинет. Милановиќ е остар критичар на израелската воена кампања во Појасот Газа, која ја нарече геноцид, како и на американско-израелските напади врз Иран, потсетува Хина. „Со оглед на постапувањето на израелската страна, Кабинетот на претседателот на ...

Европската комисија денеска го претстави новиот годишен извештај за состојбата со Шенген, во кој се забележува зголемување до 28 отсто на бројот на вратените странци без право на престој во ЕУ во 2025 година во однос на претходната година. Ова е највисокиот удел на враќања во последните 10 години, се посочува во документот. Истовремено, се забележува намалување од 26 отсто на незаконските преминувања на шенгенските граници. Во првите ...

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, денеска одржа работна средба, на која присуствуваа копретседателите на „Вреди“, Билал Касами и Изет Меџити, на која се разговараше на темата за употребата на јазиците при полагање на правосудниот испит. Како што соопшти владината прес-служба, било нагласено дека само преку заеднички, мудар и достоинствен пристап може да се дојде до решенија што ќе значат напредок, меѓусебна доверба и заедничко ...

Причината за смртта на 48-годишниот хрватски државјанин С.М., кој почина пред Велигден во Неготино, и понатаму останува непозната, откако Основното јавно обвинителство Кавадарци не наредило обдукција, иако станува збор за ненадејна смрт, објави 4news.mk. Настанот се случил на 8 април 2026 година, кога на С.М. му се слошило додека престојувал во кафеана во Неготино. На местото интервенирала екипа на Итната медицинска помош, по што тој бил ...

Децата и младите не се во целост заштитени и има многу повеќе што да се направи и во однос на семејството и институциите во државата за што треба поголема будност, следење на состојбата на промените во однесувањето на децата и младите со цел рана детекција и превенција на насилството, покажува годишниот извештај на СОС-линијата +389 70 390 632 за деца и млади „Ало, бушавко“ за 2025 година – истакна денеска на прес-конференција Жарко ...

Колумна на проф. д-р Иван Анастасовски Во нашата Македонија одамна престанавме да живееме во сегашноста, оти ние живееме во очекување, во “уште малку“, или “само уште ова да се реши“. Или во една многу долга, исцрпувачка чекалница која ја нарекуваме наша европска перспектива. Прашањето веќе не треба да биде дали сакаме во Европската Унија, тоа треба да биде силен општествен консензус, туку напротив прашањето треба да биде што е тоа што се ...

Собранието на денешната 102. седница донесе неколку закони, меѓу кои и Законот за младински додаток со кој на младите лица до 23 години и вработени во производните области ќе им се исплаќа младински додаток од 3.000 денари. Пратениците дадоа поддршка и на Законот за изменување и дополнување на Законот за индустриски-зелени зони, со кој се врши усогласување со Законот за организација и работа на органите на државната управа (ЗОРОДУ). Со ...

Неделата на турската кујна се слави секоја година во периодот од 21 до 27 мај, а манифестацијата се организира под покровителство на првата дама, нејзината екселенција Емине Ердоган. Годинешната тема на Неделата на турската кујна е „Трпезата на наследството“ и ја претставува турската кујна како живописно, споделено културно наследство, кое се развивало со векови преку миграција, ритуали, колективен придонес и долгогодишна традиција. ...

Соопштение за јавност на Левица: Денес пратениците на Левица гласаа за укинување на можноста членовите на Владата да поседуваат двојно државјанство, како принцип што треба да гарантира целосна политичка и институционална лојалност кон Македонија. Срамно е што пратениците од владејачкото мнозинство одбија да го поддржат овој предлог и власта, предводена од Мицкоски, практично призна дека нема проблем највисоки функционери во извршната ...

Пратеничката на СДСМ, Славјанка Петровска, остро реагираше откако пратениците на ВМРО-ДПМНЕ од владејачкото мнозинство во Собранието не ги поддржаа предлозите што, како што наведува, директно се однесуваат на интересите и потребите на граѓаните. Петровска посочи дека власта гласала против предлогот членовите на Владата да имаат само македонско, а не и бугарско државјанство, но и против финансиска и институционална поддршка за повеќе ...

Соединетите Американски Држави, во сенка на војната со Иран, спроведуваат еден од најзначајните пресврти во својата надворешна политика во последните децении, повлекувајќи се од голем број меѓународни организации и институции, посочува Хина. По повлекувањето од Светска здравствена организација на почетокот од неговиот втор мандат, претседателот Доналд Трамп потпиша одлуки за повлекување на САД од вкупно 66 меѓународни организации и тела, ...

За нас ЕУ беше и останува не само географски, историски и заеднички културен дом, туку и важен приоритет. Сакам да укажам на опасноста од билатерализацијата на процесот на проширувањето, особено кога таа е врзана за идентитетски прашања за кои не се преговара. Ние не бараме привилегии, ние само бараме доследна примена на европското право и почитување, се разбира, на историскиот и културниот идентитет на народите и на достоинството и ...

За поранешниот шеф на претседателскиот кабинет на Украина, Андриј Јермак, платена е кауција од 140 милиони гривни, која претходно му ја одреди Врховниот антикорупциски суд, соопшти Катерина Шипилова од прес-службата на судот. – Поранешниот шеф на претседателскиот кабинет е пуштен на слобода по уплатата на целосната кауција – изјави таа. Кауцијата од 140 милиони гривни одговара на износ од околу 2,7 милиони евра. Јермак е осомничен во ...

Прввиот вицепремиер во Владата, Беким Сали, денеска изјави дека правосудниот испит и сите други испити кои се поврзани со него во иднина ќе се полагаат и на албански јазик. Оваа информација тој ја соопшти одговарајќи на пратеничко прашање од пратеничката Рина Ајдари од Европскиот фронт. „Ова ќе го покажеме многу скоро пред јавноста“, изјави Сали, додавајќи: „За првпат централната власт го слушнала гласот на студентите и ќе го реши нивниот ...

На 18.05.2026 во 05:25 часот во СВР Охрид е пријавено дека на ул.„7 Ноември” во Охрид, патничко возило „цитроен” со охридски регистарски ознаки, управувано од И.Р.(22) од Охрид, изгубило контрола и излетало од патот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Специјалната болница „Свети Еразмо” Охрид. При извршени проверки, било констатирано дека И.Р. го управува под дејство на алкохол, односно дека има 1,61 ...

Соопштение за јавност на ВМРО-ДПМНЕ: СДС повторно шири паника, манипулации и лажни катастрофични сценарија, истите оние кои 7 години ја уништуваа македонската економија, ја задолжија државата и ги оставија граѓаните со најниски плати и највисока инфлација. Затоа токму СДС нема кредибилитет да зборува за економија. За време на нивното владеење Македонија беше понижена, економски ослабена и заробена во криминал, тендери и неспособност. Да ...

Соопштение за јавност на СДСМ: ЗНАМ се распаѓа. Последната улога што ја има е да ја напаѓа СДСМ со учество во Латасовата кампања за обвинувања на СДСМ. Не помина со ЗНАМ, па сега е активиран уште еден „спијач” на ВМРО и проект на Христијан Мицкоски – Левица. Партија креирана токму за вакви потреби. Анти-ЕУ партија во земја во која 77% од граѓаните се за ЕУ. Анти-НАТО партија во земја која е горда членка на НАТО и во која 72% од граѓаните ...

Соопштение за јавност на Левица: Пратеникот Амар Мециновиќ на денешната прес-конференција најави дека политичката партија Левица ќе поднесе предлог-закон за речиси целосна забрана на коцкањето и ограничување на рекламирањето на игрите на среќа. Со предложените измени на Левица, како што најави пратеникот, се воведуваат суштински ограничувања на дејноста за коцкање и приредување на игри на среќа, односно казината и автомат клубовите ќе ...

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,84% во однос на одлуката од 11.5.2026 година. Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 2,00 ден/лит, додека малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се ...

Соопштение за јавност на СДСМ: Пратеничката на СДСМ, Сања Лукаревска, на собраниска седница апелираше дека е потребна посилна и посеопфатна медицинска поддршка за децата со попреченост и лицата со ретки болести, преку измени во Законот за здравствено осигурување. Таа посочи дека предложените измени предвидуваат воспоставување на посебна позитивна листа на лекови и суплементи, како и проширување и ревидирање на правото на ортопедски и ...

Пишува: Мирослав Трлин, дипломиран економист во пензија Додека увозот на храна се приближува до 900 милиони евра годишно, државата и понатаму троши огромни суми за субвенции што не носат суштински резултати. Земјоделците се незадоволни, потрошувачите плаќаат високи цени, а институциите продолжуваат да создаваат привид дека спроведуваат реформи. Проблемот не е кај земјоделците – проблемот е во системот што не произведува резултати. ...

Соопштение за јавност на Левица: Согласо со податоците на министерството за финасии за јавниот долг на институциите заклучно со првиот квартал од 2026 година општина Ѓорче Петров вкупно должи 132 050 066 денари или 2 147 155 евра. Основниот долг на општина Ѓорче Петров на доспеани а неплатени фактури заклучно со првиот квартал од 2026 година изнесува 90 156 638 денари. Алатката на министерството за финансии за јавниот долг на институциите ...

Во текот на изминатите два дена (16/17.05.2026) како резултат на редовните сообраќајни контроли што ги реализираат полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи на патиштата низ земјава, од вкупно 1026 издадени платни налози, 316 прекршоци се однесуваат на возачи кои не ја почитувале пропишаната брзина на движење. Лишени од слобода за безобѕирно управување на возило се 34 лицa, од кои девет за возење под дејство на алкохол, ...

Прес конференција, Каја Шукова, претседателка на Форумот на жени на СДСМ Во денови кога Македонија е потресена од грозоморни случаи на убиства на жени, фемициди, кога расте насилството врз жените, а институциите потфрлаат во заштитата, повампирените ликови од времето на Груевски, меѓу кои и Миленко Неделковски и Сашо Тасевски, јавно шират навреди, понижувања и омраза кон жените. Последни жртви на срамни напади и говор на омраза се ...

Соопштение за јавност на СДСМ: Македонија е шеста најсиромашна земја во Европа, објави „WorldAtlas” додека Христијан Мицкоски секојдневно раскажува бајки за трета економија во Европа. Реалноста е сосема поинаква. Граѓаните секој ден ја чувствуваат вистината преку празните паричници, високите цени и се потешкиот живот. Алармантно лоша е и состојбата со Буџетот, снемува пари. Се случува токму она на што СДСМ подолго време предупредуваше. ...

Ако летово планирате пат со автомобил во Грција ќе треба навреме да ја проверите задолжителната опрема во возилото. Од 18 јуни 2026 година во земјата стапуваат во сила нови правила за комплетите за прва помош, а за возачите кои нема да имаат соодветна опрема е предвидена казна од 30 евра. Според новите правила, возилата во Грција ќе мора да имаат ажуриран комплет за прва помош со 16 задолжителни предмети. Правилото се однесува на ...

weather icon

Скопје

28ᴼ / 28ᴼ
1.71
30%
1012
weather icon

Белград

33ᴼ / 30ᴼ
3.56
47%
1009
weather icon

Загреб

30ᴼ / 30ᴼ
0.45
42%
1009
weather icon

Софија

28ᴼ / 28ᴼ
2.25
38%
1012
weather icon

Сараево

29ᴼ / 29ᴼ
3.97
34%
1010
weather icon

Љубљана

29ᴼ / 27ᴼ
1.79
50%
1008
weather icon

Атина

28ᴼ / 25ᴼ
4.02
53%
1014
weather icon

Тирана

27ᴼ / 27ᴼ
2.05
48%
1015
weather icon

Подгорица

27ᴼ / 27ᴼ
3.3
43%
1014
weather icon

Букурешт

29ᴼ / 27ᴼ
3.58
38%
1010
weather icon

Будимпешта

21ᴼ / 19ᴼ
2.68
79%
1011
weather icon

Истанбул

25ᴼ / 24ᴼ
1.08
55%
1014
Currency

61.6417

Currency

53.2519

Currency

71.4228

Currency

37.518

Currency

38.0513

Currency

66.9089

Currency

7.86455

Currency

0.73496

Currency

0.33234

Currency

0.52573

Currency

1.15189

Currency

0.55992

Родиум

257205.97

Цинк

0.00

Сребро

2186.28

Паладиум

40767.15

Бакар

13.01

Кобалт

45.39

Платина

55170.68

Калај

53.60

Иридиум

253540.09

Рутениум

48965.59

Алуминиум

3.54

Злато

135639.33