Соопштение за јавност на Левица: Барањето на една третина од советниците во Советот на Општина Ѓорче Петров за одржување на вонредна седница, со единствена точка на дневен ред, „Превенција на врсничко насилство во Ѓпрче Петров со посебен осврт на настанот со малолетничко насилство случен во реонскиот парк Ѓорче Петров” наместо да биде разгледано на посебна седница, е вметнато како точка на дневен на редовната седница на Советот, закажана ...

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова која престојува во официјална посета на Република Словенија, денеска во Љубљана ја посети Македонската православна црква „Св. Климент Охридски“ и оствари средба со членовите на Сојузот на Македонските културни друштва и Црковните одбори. Во црквата македонската претседателка присуствуваше на неделна служба. По нејзиното завршување на барање на црковната заедница таа се обрати пред присутните ...

Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода шест возачи за безобѕирно управување возило. Еден возач во Кичево управувал возило иако имал активна забрана за управување, а петмина (тројца во Скопје, еден во тетовско и еден во Гостивар) возеле иако немале возачка дозвола. Возачот во Гостивар бил и под дејство на алкохол. По целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени ...

Владата на ВМРО катастрофално ја води државата и ни претстои финансиски крах, нагласи претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче на денешната прес-конференција. Филипче укажа дека состојбата во буџетот е алармантна, снемува пари, нема пари за повисоки плати, за мерки на граѓаните, а власта неконтролирано се задолжува и трупа нови долгови за своите криминални тендери. „Загрижувачка е состојбата со буџетот и со финансиите, и сето тоа се должи ...

Грција, Италија, Кипар и Малта предупредија на евентуална нова мигрантска криза поради конфликтот на Блиски Исток и побараа координирани мерки на европско ниво. Во заедничката декларација, објавена на „Форумот Европа – Персиски Залив“, што се одржува на Пелопонез од 15 мај до денеска, се потенцира неопходноста од акција за ограничување на зголемениот миграциски притисок врз Европската Унија. Четирите медитерански земји се согласија да ја ...

Соопштение за јавност на ВЛЕН: Цела јавност веќе сфати дека некои „студенти” влегоа во валканата игра на ДУИ. Овие не ги претставуваат студентите, туку агендата на ДУИ. Ги користат како алатка за да ги вратат во живот Бујар Османи, Блерим Беџети, Талат Џафери и другите фотељаши од ДУИ, кои народот ги избрка на избори. Овие не се гласот на студентите. Овие се гласот на ДУИ. Политички инструмент на партија што 20 години си тераше луксуз, ...

Лидл Северна Македонија продолжува со својата кампања за вработување за позиции во логистичкиот центар во Куманово, како и во маркетите ширум земјата, испраќајќи јасна порака за својата долгорочна посветеност на македонскиот пазар, инвестициите, развојот на локалната економија и отворањето нови можности за вработување. Кампањата „Добра игра. Фер плеј“ има за цел да ги доближи можностите што Lidl ги нуди како работодавач и да охрабри што ...

Премиерот Христијан Мицкоски посочи дека вчерашната одлука на Владата за продолжување на мерките за намален ДДВ за бензините и намалени акцизи за дизелот и за бензините до 1 јуни ќе значи дека и понатаму ќе имаме горива со најниски цени во регионот. -Вчера имваме вонредна онлајн седница на Владата на која до 1 јуни ги продолживме мерките што значат намален ДДВ за бензините и намалени акцизи за бензините и за дизелот. Со тоа ние како ...

Во рамките на престојот во Атина по повод учеството на дводневниот самит „Energy Transition Summit: East Med and Southeastern Europe“, министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска оствари работна средба со амбасадорката на Соединети Американски Држави во Грција, Кимберли Гулфојл. Во пријателска и конструктивна атмосфера беа разменети мислења за билатералните односи меѓу двете држави, со посебен акцент на ...

Германскиот производител на автомобили Мерцедес размислува да произведува оружје. – Светот стана уште понепредвидлив и затоа Европа мора да го прошири својот одбранбен профил. Подготвени сме ако можеме да имаме позитивна улога во овој процес, изјави извршниот директор на Мерцедес Бенц, Ола Керлениус. Тој наведе дека автомобилската индустрија е позната по производство на „висококвалитетни прецизни машини“ и затоа е погодна и за ...

Авион на австралиската авиокомпанија Квантас, кој летал за САД, бил пренасочен откако патник каснал член на екипажот. Авионот во петокот полетал од Мелбурн за Далас, но бил принуден да слета во главниот град на Француска Полинезија, Папете, поради патник под дејство на алкохол. Проблематичниот патник откако каснал член на екипажот бил совладан од патниците. По слетувањето во Папете мажот е приведен и му е изречена забрана за летање со ...

Најголемиот глобален хуманитарен мото-хепенинг „The Distinguished Gentleman’s Ride“ годинава го одбележува своето 11-то издание во Скопје, како дел од светското движење кое ги обединува љубителите на класични мотоцикли и елегантен стил со цел подигнување на свеста за машкото здравје. Како што информираат организаторите, денеска се очекува на улиците на главниот град да продефилираат повеќе од 220 „дотерани“ моторџии со своите класични ...

Соопштение за јавност на ВМРО-ДПМНЕ: Коалицијата СДС-ДУИ, освен во политиката продолжува беспрекорно да функционира и во судско обвинителскиот систем. Тандемот Ислам Абази – Катерина Коларевиќ, едниот како шеф на ОЈО ГОКК, другата како обвинител во тоа обвинителство кои треба да ги гонат и сузбиваат криминалот и корупцијата, во стилот на коалицијата СДС и ДУИ, прават се само да ги спасат од одговорност лицата блиски до овие партии. Овој ...

Во синоќешниот масовен напад со беспилотни летала врз Москва и околината загинаа најмалку три лица, а 12 се повредени, соопштија руските власти без да наведат кој ги извршил нападите. Градоначалникот на Москва Сергеј Собјанин соопшти дека руската противвоздушна одбрана соборила најмалку 74 дронови во текот на ноќта, а над 120 во изминатите 24 часа. Во нападите врз други руски области повредени се четири лица и предизвикана е материјална ...

Светска здравствена организација (СЗО) ја прогласи епидемијата на ебола во Демократска Република Конго и во Уганда за „јавна здравствена криза од меѓународен интерес“. Генералниот секретар на СЗО, Тедрос Аданом Гебреисус, процени дека епидемијата на ебола предизвикана од вирусот бундибугио претставува „вонредна состојба во јавното здравје со меѓународна значење“ (ПХЕИЦ), иако сè уште не ги исполнува критериумите за пандемиска вонредна ...

На 17.05.2026 во 00:50 часот во с.Бојане, скопско, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода М.Б. (19) од с. Бојане поради основано сомнение за сторено кривични дело „убиство“ по член 123 од КЗ. Претходно, на телефонската линија за итни повици 192 се јавил неговиот татко И.Б. и пријавил дека М.Б. му признал дека на 15.05.2026 во шума во околината на с.Сарај со пиштол го усмртил Б.Д. (18) од Бојане. Од страна на полициските ...

Четиринаесет луѓе синоќа беа уапсени во Виена пред финалето на Избор на песна за Евровизија поради учество во пропалестински протест во близина на настанот. Според полицијата, приведените учествувале во непријавен протест поради учеството на Израел на Евровизија и ја прекршиле забраната за носење маски за лице. Демонстрантите се собраа на скалите од главната Градска библиотека, извикувајќи слогани и држејќи транспаренти. Откако полицијата ...

Поради планирани зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат делови од општина Чаир, информираат oд ЕВН Македонија АД. Прекин во снабдувањето со струја ќе има во периодот од 08:00 до 15:00 часот кај корисниците од Старата чаршија, односно дел од улиците „Покриена чаршија“ и „Самарџиска“. Поради планирани зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат делови ...

На планината Водно денеска ќе се одржи 14-тото издание на најмасовниот планински спортски настан во земјата „Sparkasse Life – Прв до врв“, кој традиционално обединува илјадници љубители на спортот и природата. Како што информираат организаторите, настанот ќе понуди натпреварување во пет категории: планинско трчање на 4,5 километри, планински велосипедизам на 9 километри, друмски велосипедизам на 11,4 километри, Е-bike на 9 километри и ...

Метео анализа на Славчо Попоски: Денешното утро во Македонија 17 Мај 2026 Недела ни донесе променливо облачно време а во западните предели има локални послаби врнежи од дожд а на највисоките планински места над 2000 метри надморска височина се забележани и послаби врнежи од снег. Температурите ова утро беа под просекот за месец Мај насекаде во Македонија. Ова утро повремено дува засилен ветер од западен и од северозападен правец. Ова утро ...

Машката македонска ракометна репрезентација вечерва во Скопје во СЦ „Борис Трајковски“ го игра реванш бараж дуелот против Словачка. Македонскиот тим е пред пласман на уште едно големо натпреварување особено што на првиот дуел во Прешов пред три дена го совлада ривалот со 31:24. Избраниците на селекторот Кирил Лазаров одиграа одличен натпревар на теренот на противникот и ја потврдија фаворитската улога, но сега имаат обврска добрата игра ...

Синоќа во хрватскиот град Дрниш е убиен 19-годишник, а полицијата интензивно трага по 50-годишен осомничен кој избегал по пукањето. Како што соопшти Полициската управа Шибеник-Книн, злосторството се случило околу 23:05 часот на терасата од семејна куќа во Дрниш. Според досега познатите информации, 50-годишниот К.А. со огнено оружје пукал во 19-годишен хрватски државјанин, кој починал на самото место од повредите. Како што дознава Јутарњи, ...

Денеска во организација на Здружението за спорт и рекреација „Прв до врв“ – Скопје, ќе се одржи четиринаесеттото издание на традиционалниот спортско-рекреативен настан насловен како „Прв до врв“. Во рамки на настанот ќе се реализира велосипедска трка со почеток во 09:45 часот, со траса на движење од пред Музеј на град Скопје по ул. „Св. Кирил и Методиј“, лево по бул. „Св. Климент Охридски“, право по бул. „Мајка Тереза“, лево по ул. „Тодор ...

Бугарската пејачка Дара е победник на 70. Натпревар за Песна на Евровизија, што се одржа синоќа во Виена. Дара настапи со песната Бангаранга и победи со гласовите од жирито и гласовите од публиката, а второ и трето место освоија претставниците на Израел и на Австрија. Бугарија, која се врати по три години пауза, беше далеку од фаворит пред почетокот на раскошното европско музичко натпреварување, но сложената кореографија и заразниот ...

Времето денеска ќе биде променливо облачно и посвежо со сончеви периоди. Претежно во крајните западни и источни региони ќе има услови за повремен локален дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од западен и северозападен правец наместа со брзина од над 60 километри на час. Мининалната темепратурата ќе биде во интервал од 3 до 13, а максималната од 13 до 23 степени Целзиусови. Во Скопје времето ќе биде променливо облачно и посвежо со сончеви ...

Поранешниот министер за финансии Кирил Миноски преку објава на социјалните мрежи испрати силна порака за значењето на просветителството, знаењето и критичката мисла во современото општество. Во својата објава, Миноски потсетува дека просветителството историски било поврзано со светлината како симбол на знаење кое го трансформира човекот и општеството. Тој наведува дека токму преку просветителските идеи Европа ги поставила темелите на ...

Во врска со видео објава споделена на социјалната мрежа Фејсбук, на која се забележува лице кое управува скутер на едно тркало и со таквото однесување ја загрозува безбедноста во сообраќајот, полициски службеници веднаш презедоа мерки и активности за идентификација на лицето, информираат од МВР. По преземените активности, од страна на СВР Штип утврдено е дека на 11.05.2026 година околу 21.00 часот, на раскрсницата помеѓу улиците „Сремски ...

Висок функционер на Хамас изјави за Ројтерс дека шефот на военото крило на организацијата, Из ал-Дин ал-Хадад, е убиен, еден ден откако Израел соопшти дека извршил воздушни напади врз него. Началникот на Генералштабот на израелските одбранбени сили, Ејал Замир, ја потврди смртта на Изат ал-Дин ал-Хадад и ѝ нареди на Јужната команда да остане во состојба на готовност поради стравувањата дека палестинската организација би можела да ...

Основното јавно обвинителство Тетово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека вршело кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик. При претрес во домот на улица “Илинденска” во Тетово, во кој осомничениот живеел како потстанар, полицијата пронашла вкупно околу 44 грама ...

Владата одлучи да ги продолжи мерките за заштита на животниот стандард и ублажување на ценовните шокови до 1 јуни 2026 година. Одлуката била донесена на денешната вонредна владина седница, информираше министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска. Според неа, продолжувањето на мерките има за цел да обезбеди економска стабилност и да ги намали инфлаторните притисоци врз граѓаните и компаниите, во период кога голем број држави се ...

Цезар салата

46 минути - МИА
weather icon

Скопје

27ᴼ / 27ᴼ
1.06
32%
1011
weather icon

Белград

31ᴼ / 29ᴼ
3.65
46%
1007
weather icon

Загреб

24ᴼ / 24ᴼ
3.21
57%
1008
weather icon

Софија

25ᴼ / 25ᴼ
1.85
47%
1012
weather icon

Сараево

28ᴼ / 28ᴼ
3.3
42%
1010
weather icon

Љубљана

26ᴼ / 24ᴼ
1.79
54%
1009
weather icon

Атина

27ᴼ / 25ᴼ
3.58
56%
1013
weather icon

Тирана

26ᴼ / 26ᴼ
1.64
50%
1014
weather icon

Подгорица

26ᴼ / 26ᴼ
2.88
49%
1014
weather icon

Букурешт

28ᴼ / 27ᴼ
6.26
41%
1009
weather icon

Будимпешта

22ᴼ / 21ᴼ
3.13
64%
1010
weather icon

Истанбул

24ᴼ / 23ᴼ
0.61
57%
1013
Currency

61.6417

Currency

53.2547

Currency

71.3983

Currency

37.518

Currency

38.0513

Currency

66.9089

Currency

7.86455

Currency

0.73496

Currency

0.33234

Currency

0.52573

Currency

1.15189

Currency

0.55992

Платина

55170.68

Рутениум

48965.59

Злато

135639.33

Паладиум

40767.15

Алуминиум

3.54

Иридиум

253540.09

Родиум

257205.97

Кобалт

45.39

Калај

53.60

Сребро

2186.28

Цинк

0.00

Бакар

13.01