Скопје
22ᴼ /
22ᴼ
Полициски службеници уапсија едно лице од Тетовско, откако во неговата куќа е пронајдена марихуана, соопшти Министертвото за внатрешни работи. – Полициски службеници од СВР Тетово го уапсија С.С.(26) од с.Мала Речица, тетовско. При претрес во куќата во Тетово, во која престојувал, извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена марихуана – инфрмира МВР. Лицето е задржано во полициска станица и по документирање на случајот против него ...
Актерката Весна Петрушевска жестоко реагираше на последните случаи на булинг во основно училиште во Скопје, отворајќи сериозна и чувствителна тема која повторно го става фокусот на состојбите меѓу младите и улогата на општеството. Преку емотивна објава на социјалните мрежи, таа директно го поставува прашањето како би реагирал секој родител доколку неговото дете стане жртва на насилство, нагласувајќи дека во вакви ситуации не смее да има ...
Охрид, 29. април 2026 (ОХРИДПРЕС) – Со помош на модерните AI алатки, ве враќаме во едно старо и прекрасно време. Модерната технологија овозможува старите фотографии да „оживеат“, да им се даде нова димензија и да се вратат во живот. Погледнете како изгледа стара фотографија од некогашниот хотел „Радиќ“, сега во вид на кратко, AI генерирано видео. – На фотографијата е хотел „Радиќ“, изграден 1923 година во центарот на градот до 1960 година ...
Секоја чест за полицијата на ДПМНЕ и нивната сервилна, селективна и политички мотивирана примена на сила. Ја известуваме јавноста дека претседателот на помладокот на Левица – Црвена младина, Андреј Куцуловски, е пуштен од полициска станица со изречена глоба од 550 евра за поттикнување на насилство и омраза поради внесување на палестинско знаме, велат од Левица. – За овој “прекршок” беше мобилизирана толпа полициски службеници кои приведоа ...
Преспанскиот договор – извор на сите тешкотии за македонските евроинтеграции Коренот на сите проблеми во македонскиот евроинтегративен процес лежат во Преспанската спогодба, со која ѝ беше исполнета желбата на официјална Атина од страна на тогашно официјално Скопје, кое направи отстапки што ја променија историјата (и минатото и иднината) на македонскиот народ и Македонија! Преименување на земјава со географска одредница, понатаму, по системот ...
Министерот за здравство, Азир Алиу, вели дека текстот на Законот за заштита од тутун е завршен и дека се очекува истиот да влезе во собраниска процедура за две недели, пренесува ТВ21. „Го имаме финалниот текст, следната среда имаме завршен состанок со сите засегнати страни, по кој ќе продолжи административната постапка на ниво на Влада, со цел за две недели законот да влезе во процедура во Собранието“, изјави Алиу. Министерот за здравство, ...
За текот на изведбата на булеварскиот влез во Битола од страната на Прилеп и по претходно утврдените забелешки за одредени позиции од надзорот „ЗИМ“ ( Завод за испитување на материјали) – Скопје и стручните лица на Општина Битола, денеска секретарот на општината Борче Димитровски, со одговорните лица од општината и претставник на изведувачот изврши увид на состојбата. „Како што најави градоначалникот еден од проектите кои се реализира и за ...
Расте незадоволството во ЕУ од политиките на Европската комисија (ЕК) Во последните месеци гласовите на незадоволство од земјите членки на ЕУ стануваат погласни, поостри и сè помалку дипломатски. Наместо заедништво, во Брисел денес доминираат конфликти, бирократија и политички приоритети што многумина ги сметаат за отуѓени од реалните потреби на европските граѓани. Словачка: ЕУ не нè штити Словачка е еден од гласните примери на растечко ...
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче оценува дека Владата направила упад во пензискиот систем и со линераното зголемување на пензиите сериозно ги оштети пензионерите. „Оваа власт направи таков упад направи во пензискиот систем, даде два пати линеарно покачување на пензиите и што постигна само ги украдоа пензионерите, затоа што зголемувањето на пензиите со системот кој што ние го поставивме ќе значеше многу повеќе пари сега. Сега ова ...
Македонски бранител од конфликтот во 2001 година со воен инвалидитет, корисник на право на постојана нега и помош, со две малолетни деца повеќе од 15 години чека одлука од надлежните институции за станбено решение. Во 2003 година, на бранителот му бил доделен привремен монтажен објект кој бил уништен по поплава во 2008 година, а од тогаш на семејството не му е доделено нов објект за вселување. И покрај уставно загарантираните права, ...
Министерот за здравство, Азир Алиу, денеска изјави дека е обезбедена современа медицинска опрема вредна половина милион долари за четири болници – во Гостивар, Велес, Струмица и Струга, во партнерство со Проект ХОПЕ. „Денеска во Општата болница во Гостивар присуствуваме на настан по повод обезбедена медицинска опрема за четири регионални болници, опрема којашто има многу конкретна и човечка вредност, а тоа е зајакнување на грижата за ...
На седми ноември 2018 година, тогашната Комисија за заштита од дискриминација (КЗД) утврди дека поранешниот премиер Никола Груевски бил дискриминиран од страна на Основниот суд Скопје 1 и судијката Добрила Кацарска, при што му било нарушено и ограничено правото на правично судење. Само пет дена подоцна, откога во меѓувреме избега од државата, Груевски објави фејсбук-статус, со кој ја информираше јавноста дека е во Будимпешта и дека таму ќе ...
Охрид, 29. април 2026 (ОХРИДПРЕС) – Со порастот на дневните температури и зголемувањето на фрекфенцијата низ градот се актуелизира потребата од редовно и навремено средување на зелените појаси. Читатели на OhridPress повторно испратија фотографии со апел да се искоси високата трева кај поранешното игралиште кај Историскиот архив. – Просторот може да биде засолниште за живина, а во топлите денови што ни претстојат и потенцијален ризик од ...
Еден ден, три деманти, една тешка навреда кон нацијата и караница со новинари. Ова е рекорд во политичката историја на Македонија. А шампионот е кој друг, ако не Венко „звани“ Заев Трети. Мислевте дека не може полошо од Заев, се појави Таче. Заев Втори бриљираше како западнобугарски премиер. И таман, кога мислевте дека подолу од ова не може, Зоки го промовираше Филипче. Тачета го шеткаше кај Рама и Вучиќ, за да од старт ја презентира ...
Инспекторите на Општина Центар заедно со колегите од Град Скопје пред помалку од две недели ги отстранија нелегалните тезги што го узурпираа влезот на Скопската чаршија од страната на плоштадот „Филип Втори“, но акцијата донесе кратко решавање на проблемот, ако се има предвид дека уште од минатата седмица на истата локација никнаа пет дрвени куќарки, кои повторно го стеснија шеталиштето. Шеталиштето ни две недели не „здивна“ од дивите тезги ...
Започна поставувањето на 40-те камери во рамки на системот „Безбеден град“ во туристичките центри Охрид и Струга, а неговото целосно активирање се очекува пред почетокот на летната сезона. Според надлежните, новиот систем треба значително да ја зголеми безбедноста во сообраќајот, особено во периодите на зголемен метеж кога овие градови се преполни со туристи и возила. Граѓаните генерално го поздравуваат проектот, оценувајќи дека ќе придонесе ...
Работната група за реформите во Изборниот законик е составена од претставници на парламентарните партии и независни пратеници. Невладините организации кои работат на следење на изборните процеси се изоставени од работната група со можност да им ги испратат и презентираат своите препораки. На еден од состаноците на Советот за соработка меѓу Владата и граѓанскиот сектор, на барање на организациите, Советот подготви официјално барање упатено до ...
Првиот столб – недвижности. Логиката е брутално едноставна. Зошто да плаќате кирија на некој друг кога можете да поседувате земјиште? Шварц група е еден од најголемите сопственици на недвижности во Германија. Сепак ни овде не се застанале. Сега и самите градат целосни станбени комплекси. Тоа не е само заштеда, тоа е долгорочна инвестиција која им дава огромна моќ и стабилност. Вториот столб – логистика. И овој потег на Групацијата сè и сите ...
Охрид, 29. април 2026 (ОХРИДПРЕС) – Поранешниот Евроамбасадор во Република Македонија, ирскиот дипломат Ерван Фуере, деновиве е повторно во Охрид, каде го искористи сончевото време за априлско капење во Охридското Езеро, а утрово беше во друштво на еден прекрасен лебед. И по завршувањето на функцијата тој e чест гостин во Република Македонија, а особено во Охрид. За охриѓани тој е посакуван гостин и за многумина и пријател, пред се’ поради ...
Уставниот суд денеска треба да ја одржи 11. седница, на која, како што е најавено, ќе се дискутира по две иницијативи за оценување на уставност и законитост, едно барање за заштита на слободи и права и донесување на две конечни одлуки на Судот, меѓу кои барањето за заштита на слободата на јавното изразување на мислата согласно член 110 алинеја 3 од Уставот од новинарот Давид Илиески и одлука за Програмата за празници и одбележување на ...
Претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија, Слободан Трендафилов, во својата објава на социјалните мрежи соопшти дека околу 260.000 од вкупно 530.000 работници во 2025 година примаат плата под 600 евра. Според неговите податоци, тоа значи дека нешто над 50 отсто од вработените имаат месечни примања под нивото кое, како што посочува, било барано како минимална плата. — реклама — Трендафилов отвори и прашање за реакцијата на ...
Неформалната депонија Вардариште, повторно во два наврати гореше изминатите седмици, а од иницијативата Стоп за Вардариште алармираа, по што вчера одржале средба со надлежните од Град Скопје, каде им било ветено блокирање на приодите, дополнителни камери, постојано присуство на инспектори, хумано згрижување на луѓето кои таму живеат во импровизирани куќи… Сето ова се ветува со месеци, пред и по локалните избори, но одвреме навреме, повтоно ...
Лагите на СДС повторно паднаа во вода, средствата од ИПАРД програмата се целосно достапни за македонските земјоделци, без никакви блокади и без никакви неправилности, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ. Во текстот е додава: „Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ реагираше брзо, одговорно и државнички. Наместо да шири паника, како што тоа го правеше СДС, по случајот со злоупотреба на претходниот директор на платежната агенција, институциите ...
Високиот национален претставник во Комитетот за градење отпорност при НАТО, Стојанче Ангелов, вчера (28 април 2026) учествуваше на годишниот состанок во седиштето на Алијансата во Брисел. На средбата се дискутираше за инвестициите на сојузниците во отпорноста, цивилната подготвеност и исполнувањето на обврската од Самитот во Хаг – издвојување 5% од националниот БДП за одбраната. Определбата за зајакната цивилно-воена соработка беше повторно ...
Изградбата на нов мост на реката Вардар кај Башино Село, веднаш до постојниот, сè уште е во фаза на проектирање, додека асфалтирањето и замената на оградата на постојниот мост остануваат во фаза на испитување на можностите за целосно завршување на санацијата, ни одговорија од Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП), на прашањата за санацијата на постојниот и изградба на нов кои беа најавени на почетокот на јули 2025. „По проектот за ...
„Венко Филипче повторно се фати во сопствената мрежа на лаги. Во очајничка потрага по политички поени и со жед за власт која очигледно не познава граници, Филипче агресивно ширеше невистини за две теми“, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Прво, Филипче со месеци сугерираше дека македонските земјоделци се оставени сами. Вчера пристигна официјално известување од Европската комисија, Генералниот директорат за земјоделство и рурален развој, со јасна и ...
Регулаторната комисија за домување (РКД) информира дека одзедела лиценци на четири правни субјекти – управители на станбена згради, при вонредна периодична проверка за исполнувањето на условите врз основа на кои им е издадена лиценцата со барање на податоци. Целта на вонредната периодична проверка, информираа денеска од РКД, беше добивање на податоци за постапување согласно член 42 од Законот за изменување и дополнување на Законот за домување ...
ВМРО-ДПМНЕ обвини дека СДСМ и лидерот Венко Филипче се подготвени на нови отстапки во однос на јазикот, културата и идентитетот, со цел, како што велат, повторно да дојдат на власт. Според партијата, отстапките, компромисите и сервилноста се „генетски код“ на СДСМ, особено кога станува збор за клучните државни одлуки и промени кои ја обликувале државата. Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека Филипче, како и неговиот претходник и ментор Зоран Заев, ...
Новата „5 минути со Чавез“ е филмска. Посветена е на главниот глумец во фимот „Како да си го промениш името на сопствената земја“. Премиерата беше минатата недела и е вистински блокбастер. Сите сакаат на големото платно да видат кој е тој што си го сменил името на својата земја и за какви цели. Гледајте „Чавез“. Новата „5 минути со Чавез“ е филмска. Посветена е на главниот глумец во фимот „Како да си го промениш името на сопствената земја“. ...
Во време на тешка криза премиерот Мицкоски наместо да преземе мерки, да им помогне на граѓаните, тој се однесува како аналитичар, нагласи претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во интервју за Алсат М Телевизија. Филипче, посочи дека ваквиот однос на премиерот јасно покажуваа дека оваа власт не сака државата да напредува, ниту пак има волја да им помогне на граѓаните. „Тие не сакаат ниту државата да оди напред, ниту нешто добро да направат за ...